Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.239
    Допаѓања:
    140.307
    Мене ми се допаѓа иницијативата. Се вработуваат социјално загрозени лица, од кои голем дел секако земаат некаков паричен надоместок, иако многу помал од платата која би ја земале. На тој начин луѓето ќе бидат продуктивни, и ќе се интегрираат во општеството. И луѓето среќни што ќе работоат, и Владата среќна што ќе си купи социјален мир со пари од светска банка (ако не грешам, а многу би сакала да грешам)

    Имаше прашање од каде парите. Од буџет :D
    Мислам дека беа предвидени, лани читав некоја ваква програма, ама не можам да се сетам која и не сум сигурна дека тоа е тоа. Нејсе.

    Идејата е добра, ама реализацијата не чини.

    На страна од скандалите кои беа сосема предвидливи, во реализацијата на идејава има еден многу голем проблем, а тоа е стручноста на кадарот. Сите критериуми што ги слушнав беа поврзани со социјалниот статус на кандидатите, но не и со квалификациите. Ок, да речеме дека треба ССС, ама кое? Луѓево ќе работат во Македонски шуми, не треба ли за таму некое посебно образование? Или било кое средно ќе заврши работа? Да де, и онака образовниот систем ни е катастрофа, што има врска кое училиште, кога и онака никаде не се учи. Оваа мерка го девалвира образовниот систем до бескрај. Аплицирале ли кандидатите воопшто за некоја позиција или само за работа? И што конкретно ќе работат? Каде ќе бидат сместени, имаат ли Македонски шуми капацитет да примат 1600 нови вработени? Ги интервјуираше ли некој да види дали би се снашле?

    Ова е уште еден „Рамковен договор“. Како првиот да не и направи доволно штета на државава. Каква било квота или селекција која не е заснована на стручност и квалитет прави повеќе штета отколку корист. Квалитетните луѓе си одат затоа што не се цени квалитет, остануваат само „просечните“ (без намера да навредам некого). А со просечните полесно се манипулира.
     
    На MIA-SK, mimiiiii, Moira и 5 други им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Мене најновото што ме интересира, со оваа нова работна рака сега, ќе откажат ден на дрвото :?:
     
    На mimiiiii, Moira, slavica999 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    :D :D :D :D :D
    Kако ти текна ова?

    Не најверојатно не, па нели треба да се дружиме? :)
    Па нормално, од буџет, од каде друго? Значи пак доаѓаме до приватниот сектор.
    Во Италија на пример, не е престиж да работиш во државно. Во помали места во општините работат најчесто жени на побогати луѓе, со скратено работно време, 4 часа, за да имаат време и за семјството.
    Работат чисто малку да се социјализираат и бидејки таму свеста достигнала поголема еволуција, да бидат општествено корисни лица.
    А кај нас владее: арно си се намисти на државна работа, гајле си нема.
    Повеќе ќе се израдував доколку тие 1600 беа вработени во фабрики, па од која партија сакат нека бидат.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.239
    Допаѓања:
    140.307
    ^ Ова од буџет на шала беше напишано, затоа е смајлито :)
    Страшното е што мислам дека се од заем од светска банка иако не сум 100% сигурна.
    Тек ќе треба да се враќа. Како растат долговите, ќе ни се е*e матер за некоја година. Да сме живи и здрави.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    :clap:

    Ама тогаш ќе немаше 30 000 пријавени и ќе немаше жени на партиски заслужни граѓани, за партиските заслужни граѓани воопшто и да не спомнувам.
     
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.191
    Допаѓања:
    136.059
    Не можам да си го најдам мислењето, а можеби и не сум стиснала Испрати, затоа ке си го напишам уште еднаш.
    Се отвори тема за вработувањата на мајките од повеќедетни семејства, и страните беа следните - зошто да се вработи кога има ЛЦД телевизор, не е сиромашна, а другата страна, која кажа дека мајките од такви семејства треба да бидат поддржани од државата(не зборувам за оваа на тв што ја дадоа, туку за сите од таа категорија).
    Една феминка од Австралија кажа дека таму особено многу повластувања добиваат жените кои родиле, што е за поздравување. Во Австрија пак, имаат породилно до 3 години, со иста плата како да работат.
    Кај нас, имаат само 9 месеци породилно за секое дете, и плус паричен надоместок за трето, четврто...
    Е сега парите биле малку за 3то дете. Се сложувам. малку се. Не се како во Австралија, ама...
    Се сеќавате ли на тоа како беше донесен првобитниот закон, оној кој Уставен реши да го преиначи???
    Тој закон викаше дека ке се дава надоместок само за оние мајки кои се во општините со мала популација, онаму каде повеќе умираат отколку што се раѓаат. СО оглед дека се помалку такви мајки, ке имаше повеќе пари. Надоместокот ќе се зголемуваше и наместо сегашните 8000 или 10000 (не знам точно) висината ќе растеше.
    Арно ама оние паметни глави од Уставен, решија дека и оние од Тетово и Гостивар, оние што се котат како зајци, треба да земаат кеш. А врие од такви. Не знам колку ги платија и потплатија тие гласови, ама, драги феминки, никој од нас уста не отвори. На форум сме јаки пи*ки, се знаеме, ама кога жените требаше да се изборат за тоа да земаат надоместок, ние македонките си кутевме како пи*ки под кошули. А тука знаеме да кажеме дека многудетните не требало да се вработат.
    Е затоа не не бива. Од таквите си платиме. Сакаме да се плескаме, а да не ни влезе. Во една тема викаме, браво, раѓајте, множете се, во друга викаме дека требало спирала да стави за да не бара да ја вработат, и ги колнеме децата што ги родила.
    Е затоа, драги мои, никаде нема да тргнеме. Не е крива власта, имавме секакви власти и лево и десно ориентирани. Ние ги бираме. АМа ние сме глупите. ДА, да ние. Оти за да побараме нешто, сами не знаеме да кажеме. Чекаме да не организира партија. Чекаме да не лажат дека се невладина, за после Макрадули да се појави и да му направиме без пари реклама. Оти наместо да бидеме вистински жени кои го создаваат светот и животот, ние пишуваме во теми за креончиња и дали сме трудни иако свршил настрана, и веќе три месеци ни иде редовно, па може сме трудни.
    Наместо да се посветиме на можностите да добиеме нешто, ние кукаме како не чинел овој, оној...
    Демек у странство било многу убаво. Тука не чинело. А уствари, живееме како Кардишјан и она ни е рол модел, ама па од друга страна, знаеме за политика да коментираме. Ах.
     
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Претходно Kva добро напиша, сите за буџетски вработувања, иако во некои земји како на пр.Италија не е престиж да работиш државно.
    Е тоа е многу голем проблем кај нас во МК.

    Се додека приватниот сектор не зајакне, сите ќе бараат буџетско вработување, нормално ради сигурност.

    Замислете во МК да се створат услови за јак, стабилен и конкурентен приватен сектор. Па да може човек да си обезбеди мобилност на пазарот на трудот...пр. ако не во оваа фирма, одам во друга, таму има подобри услови, поголема плата и слично!
    Тогаш во МК државните институции ќе молат за вработување, бидејќи квалитетниот кадар ќе работи во приватниот сектор и никој нема да биде оптеретен со огласите за државно вработување!
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    И јас се си мислам дека ќе е со заем. Не сме ние толку моќни да плаќаме толкава администрација, пак и, стално заем за секоја плата,секој месец ќе зимаме и, така ќе сме безбедни од економска криза. :D
    Ми се чини или Ставре пред некој ден кога зборуваше (се жештеше во Собрание) за ребалансот на буџетот рече, нешто во стил дека, ако не се задолжувавме ќе влезевме во рецесија. :wasntme: :D
    Одговорот од некој од пратениците од опозицијата, не му видов нит сурат, нит име му чув (миев садови дур ги слушав :tmi: ) му рече нешто во стил, гајле ти е тебе Ставрески, ти си имаш резерва,ама граѓаните на оваа држава немаат. Ти и твоите деца потоа ќе си заминете во Њу јорк. Твоите деца нема што да се сеќираат. :D

    А, што било тоа со Шеќеринска и Ставре пред некој ден? Има ли негде да се види тоа,чуе?
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Си го најдов мислењето од пред 6 месеци, мислам дека ова и нас не` чека:

     
    На zhap4e, kva и Ariel им се допаѓа ова.
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Стружани масовно поставуваат македонски знамиња во пресрет на “11 Октомври”

    Стружани масовно се одзваа, на повикот од Каприкорн 2010, поставуваат државни знамиња во пресрет на “11 Октомври”. Но се појавија и проблеми.

    Комуналните инспектори им забрануваат да подигнуваат македонски знамиња на јавни места.

    - Интересот е огромен значи во текот на денешниот ден се јавија околу седумстотини граѓани да подигнат знаме. Но имавме проблеми со општинската власт се појави комунален инспектор и не спречи во нашата активност. Веднаш прекинавме да поставуваме знамиња иако не постои законска одредба да не спречи македонското знаме да се поставува во пресрет на празник, вели за “Охриднет “ Васко Јолески од “Каприкорн 2010” Струга.

    Онаму каде што македонците поставуваат македонски знамиња низ градот, веднаш до нив непознати личности ставаат албанско знаме. Стружани се сомневаат дека тоа го прави јавното комунално претрпијатие.

    - “Каприкорн 2010” испровоцирани и изреволтирани од игнорантскиот однос од страна на општинската власт во изминатите осум години во однос на поставувањето на државни знамиња за време на државен празник се одлучивме кога веќе тие не ги поставуваат да ги поставиме ние, вели Васко Јолески

    Како што вчера објави Охриднет "Каприкорн 2010" револтирани од односот на локалната самоуправа, која изминативе месеци не поставува државни знамиња во пресрет на националните празници ги повика стружани сами да поставуваат македонски знамиња.

    Во градот на мостовите ниту на “Илинден” ниту на “8 ми Септември” не се вееше македонското државно знаме. Затоа стружани одлучија на “11 Октомври” македонските знамиња да се веат по балконите и прозорите на струшките куќи.

    (Prevzemeno od Ohridnet.com)

    ****************************************************************************

    Брат ми беше вчера во Струга и кажа дека на одење имало многу македнонски знамиња, се зачудил, и било преубаво, а за враќање имало и албански знамиња (некој ги наредил отпосле).

    Еден празник да не може да си го испразнуваме како треба, достоинствено, како Македонски народ. 11 Октомври е, што има да бараат нивните знамиња бе.
    Раат да се немало од овие албанциве !
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.239
    Допаѓања:
    140.307
    Не знам дали ви текнува, пред неколку години платите во јавниот сектор беа многу пониски, баш и не беше конкурентно да се работи државно, освен поради „клати врата, земај плата“. После им ги зголемија 3 пати по 10%, и оттогаш се конкуренти.

    Искрено, тогаш мислев дека идејата им е супер. Ќе зголемат, ќе се вработи поквалитетен кадар кој подобро ќе работи и приватниот сектор ако сака да привлече добар кадар, ќе мора да го следи покачувањето, па и платите во приватниот сектор ќе рипнат.

    Излезе дека предвидувањето ми е скроз утнато. Не се вработи поквалитетен кадар, туку партиски неспособен кадар, а платите во приватниот сектор не пораснаа. Совршена мерка за производство на послушни партиски војници. Они веројатно така си го планирале, ама јас наивна, па си викам супер било...

    **********************
    Инаку, за вработување на многудетните или било кои поранливи категории - јас сум за, ама ако понудат ист квалитет како некој друг, па да им се даде предност. А не да се вработат само и само затоа што се многудетни. Законот мислам дека се знаеше дека ќе падне на уставен, дискриминациски е. Плус не знам што би повлекол таков закон, ништо чудно да се преселеа во Мариово за да земаат пари за трето дете :D

    **********************
    Многу ми е мило што нашите во Струга се освестија. Едно време беа многу изреволтирани од тоа што им се случува (за што се сосема во право), ама не го манифестираа како што треба. Наместо да се здружат и насочат кон изборување за местото што им припаѓа, тие се повлекуваа и си ги чуваа фрустрациите во себе. Време е за нешто поорганизирано.

    **********************

    Бреее, ко некоја свекрва сум станала. Ако не искоментирам за нешто, ќе се разболам :D
     
    На zhap4e, Silver.E и tessie им се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Цело време се жалиме како некој со средна се тапосал во државно.

    И сега пак се тапосаа, пред очите на сите. Колкумина од нив не знаат да работаат на компјутер, не знаат Англиски, друг јазик...
    А, некој се образовал, фрлал пари на свое надградување, за ништо.
    Парите ни се како ветер во магла, за џабе фрлени.

    Жал ми е за таквите семејства, ама жал ми е и за татко ми кој фрлал пари ние да се школуваме, а сега ни 1% немаме повратено од таа инвестиција.
    А, и очите си ги расипав од бубање над книга и пишување семинарски, и грбот си го искривив од читање со саати скоцкана под ќебе... (студентски живот)... Да не правам муабет за нервирања... Животот ми се скрати со тој факултет. (кој бил на државен универзитет, најдобро си знае, не е лесно). И сега над глава ми стои една девојка која одвај завршила средно, поим си нема во главата, ама ете, ја пикнале.
    И после била исфрустрирана младинава...и после не ни се работело...и после сме бегале од државава...
    Па, секој ќе се снаоѓа како знае, тоа е, дали имаме избор?

    За жената која беше коментирана, Господ да и ги чува дечињата, навистина симпатични луѓе беа на тв, ми е грев да зборувам лошо, ама немаш работа, зошто толку деца?

    ************************************************************

    За стружани, и од мене браво на идејата, шуќур се сетија на нешто вакво, и браво за дечкото Васко кој беше на тв, навистина храбро момче. Но, штета што повеќето не се храбри, можеби е така зошто немаат подршка од останатите... Некако градовите станаа себични, секој мисли за себе, нема сочувство и помош. Испаѓа, абе јас не сум од Струга, што ми е гајле. Нема единство за жал.
     
    На Bozica1980, Nymeria, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Многу јаки зборови за многу слаба поента (конкретно за болдот). Ми личи ко да пробуваш да се оправдаш што ја бранеше вработената со ЛЦД(чисто за асоцијација) а испадна дека случајот врска си немаше.

    Не знам кој тоа колнел деца, од каде ваквиот впечаток, бидејќи јас такво мислење не најдов, ниту пак некое ме асоцираше на тоа. Како вадите зборови од контекст, преувеличувате, тоа најмногу ве издава дека сакате самите да си го скриете газот.
    Тоа дали има ЛЦД, или расипани заби, не го менува фактот дека е крајно нелогично, себично и неодговорно да имаш 5 деца и да чекаш милостина од влада. Ако после 3тото гледаш дека не ти стигаат, не знам која е потребата да глумиш херој на денешницата и да продолжиш да се размножуваш ко животно кое се води по нагони, без контрола. Конкретно за таа со телевизорот, се испостави ете дека навистина не и биле толку потребни парите, и дека целиот проект е уште една партиска фама за да се докаже колку државата ги сака граѓаните (само што, не ги сака сите подеднакво очигледно), ама има други случаеви кои ете не стасале да земат нафорче од владиката, па сеуште се чудат како ќе сврзат крај со крај. За тоа се самите виновни, бидејќи се свесни дека не живеат во Австралија, туку се тука во мизеријава. Заради такви непромислени постапки кои резултираат со живот, децата трпат, страдаат.

    Мене ме интересира, колку од вработувањата всушност се доделени на Македонци, со оглед на фактот што ретки сме со многудетни семејства, макар биле и партиски.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Каква милостина чекала жената од влада кога 13 години била невработена и тие 5 деца сама си ги изгледала со сопругот? До сега ја имавте видено на тв да бара помош, да се жали дека не може да ги изгледа децата па власта треба да ја вработи или финансиски да ја помогне? Излегла прилика, добила работа. Сигурно не и кажале од влада -ти само продолжи да раѓаш за неколку години ќе те вработиме, па она со намера раѓа за да еден ден добие работа...
    Неодговорно или не не е наше да кажуваме затоа што не и ги изгледавме ние децата, не идеше на нашите врати да бара леб за нив туку сега првпат слушаме за неа. Колку има-толку, како знае и како сака така си живее...
     
    На kva и Cka им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Немам потреба ни да и се радувам, а пак ни да не и се радувам на таа работна позиција која ја добила.

    Имам потреба само да кажам дека некој се обидува на нечесен начин да дојде до одредена цел, а притоа повеќето граѓани го прифаќаат сето тоа и ја искривуваат целата поента на овие вработувања.

    Имам потреба да напишам дека не се согласувам толку леко да и се дава работа на жена чии што маж сведочел во полза на убиецот на една млада недолжна жртва.

    Да ја оставиме настрана сентименталноста која ја провоцира снимката со среќното семејство со 6 деца. Дали сето тоа вреди доколку навистина им се исцрнети рацете со лажно сведоштво за убиство на еден млад човек кој тогаш го започнувал својот живот?!
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Ниту се знае точно дали, за што и како сведочел, важно ние заклучивме дека им се исцрнети рацете. Жената очигледно спаѓа во категоријата што се бара за овие вработувања, што барате подалеку?
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.191
    Допаѓања:
    136.059
    Јас немам што да се правдам, јас на никој не сум му рекла што рагаш деца, поарно да немаш толку. А за другото, веќе ти пишала Шкорпионка
     
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Па мислам дека кажаа дека се пријавила и како самохрана мајка?
     
  19. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Девојки, греота е да се збори зошто и се тие деца, кога веќе се родени.
    Дајте малку, живи здрави нека и се.

    Пак ќе повторам прболемот не е кој добил работа
    (според мене, незнам може така велам дека сум во приватен сектор).
    Еве нека не ја добиеше работата таа жена, и 50% од тие што добиле нека не добиле работа, на нивно место други да ја добиле работата еве на пример тие што конкурирале а не добиле.
    (и останати кои се овде на оовј форум)

    И пак исто, пак имаме 1600 вработени кои треба плата да земат.

    Според мене постот на Моира(каде сама се цитира, од пред 6 месеци ;) :) ) кажува многу.
    Од тоа треба да се плашиме - најмногу. Да ги гледаме работите унапред 20-30 години, бидејки ако не ние кои сме ја добиле денес работата, да не испадне после нашите деца да патат.

    Дај Боже приватниот сектор да зајакнува и да се отвараат нови места, а газдите да ги пуштат ќесињата и да вработуваат повеќе луѓе, а не две работни места еден човек да работи. И плус да не се срамат младите од земјоделие, бидејки може сосема солидно да се живее и од земја.
     
    На Annath, imelda, Nymeria и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Оваа држава МОРА да крахира некогаш, за или да се издигне како треба, или да не` поделат веќе еднаш и ајт у пм.

    Власта ќе има следбеници се` додека ги „храни“ со државни пари, ама се` ми мириса дека од преголеми заеми за нивно јадење, ќе почнат да лажираат бројки (исто ко грциве), ќе пробуваат да се одржат во живот најдолго што можат, и кога ќе заминат - ќе се сруши кулата од карти.

    Економски не е оправдано ова што се прави....односот вработен-пензионер ни е (ако не се лажам) 1,1, а за нормална економија треба да е барем 3. Стануваме стара нација + бројот на невработени е многу висок, ни фалат инвестиции во приватниот сектор и зголемени стимулации за раѓање (не само реклами) кои би го зголемиле овој сооднос

    Сооднос на бројот на корисници на пензија и бројот на вработени

    Соодносот на бројот на корисниците на пензија и бројот на вработените според официјалната статистика и податоците на Фондот за работници кои плаќаат придонес е следна :


    1.Година
    2.Број на вработени
    3.Број на корисници на пензија
    4.Број на корисници на пензија на 1000 враб.
    5.Број на враб. на 1 корисник на пензија

    1 2 3 4 5
    1991 534.887 180.749 338 3,0
    1992 531.083 193.294 364 2,7
    1993 503.010 210.537 418 2,4
    1994 468.632 216.834 463 2,2
    1995 427.658 219.307 513 2,0
    1996 403.820 222.727 552 1,8
    1997 381.723 227.099 595 1,7
    1998 370.869 232.216 626 1,6
    1999 374.025 235.839 631 1,6
    2000 367.162 241.221 657 1,5
    2001 351.009 247.200 704 1,4
    2002 332.728 249.421 750 1,3
    2003 321.105 254.267 775 1,3
    2004 348.212 260.075 747 1,3

    Извор ПИОМ на РМ

    Во време кога растат пензиите и платите во јавниот сектор, а приватниот отпушта се` повеќе луѓе - тие одлучуваат да довработат уште 1600 јавни работници (за ова се знае затоа што беше јавна лотарија, колку има што не се кажуваат, како сега РЕК Битола, нови 200 вработени) и парите да ги инвестираат во споменици.

    Среќа на крај ги ставиле и автопатите, коридорите и железничките пруги, искрено се надевам ќе го доживееме моментот кога Македонија конечно ќе си ја искористи местоположбата за која од 1во одделение не` трујат...
     
    На Dentina, Annath, kva и 4 други им се допаѓа ова.