Два дена по ред гледа откако стартуваше гратис превоз во Куманово, гледам само Куманово е ниско загадено, се друго „гори“. Па дури и Охрид е многу загаден. Ако продолжи Куманово да биде во зелено со денови, значи до возилата е.
Додека огнениве жарат и палат, Ахмети лабаво на песна ја свртил https://m.facebook.com/582771707/vi...k-o-qe-i-dole-keqës-përpara/1305454676959101/
Па убО му е Бивши терорист, денешен политичар, докторанд, утрешен премиер Зошто да не си запее, кога знае дека СДС ја продадоа државата, останатото во нивни раце е, само се чека момент. е вака.
Не е од сега на власт 20сет и кусур години е, а за продавање арни се и едните и другите, инаку Аљи најново сега е и во бизнисот со казина.
Па нигде не пишав дека е од сега, сегашен политичар се мисли периодот после договорот до ден денешен, пред и за време на војната - терорист. За продавањето имаат удел СИТЕ политички партии и оние што потпишувале и оние што молчеле. Ама поголеми квислинзи од овие мргудиве на власт, Македонија нема да има сигурно. ПС. Кои казина, што, како?
Кучињата лаат, караванот врви. Се појави новата амбасадорка на ју-ес-еј кај вистинскиот управител на т.н. државичка наша (иако реално сме протекторат) али „убивам кого сакам и врвам неказнето“ ахмети со пораки да нема корупција и... не бидна ништо освен реклама. Нив тој им одговара најмногу. Тие го создадоа, тие го наместија на власт и тие го држеле и ќе го држат и натаму. А ако сакаат да го скинат - бујрум во хаг, воени злосторства не застаруваат за прогон. Само што целава посета на плавушата на вистинскиот властодржец веројатно не беше само реклама, туку и најверојатно примопредавање на куферче со пари. Плавушата нема да е вечно на функција, ако ништо друго и нејзе некогаш ќе и се смачи и ќе сака да се пензионира и лежи по цел ден на некоја плажа, а за помош за да се тоа оствари и те како помага куферче со кеш кој вистинскиот властодржец али ахмети со задоволство го припремил однапред за кој било да дојди од калето. Ова не е ново, тој амбасадорот од калето бејли кој го скина грујо едно време си се огласи превентивно за да си се покрие дека НЕМА ВРСКА со продавањето правда кога канцеларијата на еден адвокат близок до заев и власта (чинам медарски беше) фактурираше „правни консултации“ за мијалков и сл. прогонети после шарениот државен удар односно продаваше пресуди со врските кои се имаат. Сето тоа е и легално, само што е јасно како бел ден дека ова е трговија со влијание. Така да, не се надевајте на некоја промена во корупцијата туку само смена на имиња на приматели на „социјална помош“ од Македонија за да им се најде во старечките денови при пензија. Веројатно парите ќе завршат парите на флорида, убаво е времето и плажите им се бескрајни. Ова не е ново. Слушавме своевремено лепа брена велеше дека комшија на флорида им е љубчо (со Б) георгиевски - мешетар за продажба на ОКТА. А и се слушаше лицето бранко црвенковски одел и има имот таму, зошто па да нема, цела транзициона пљачка отиде преку него и срамота е да не се офајдил. Да се најде на стари години. Друг заклучок од објавава - преселете се на флорида.
Ковачевски не знаел што ќе му разговарале коалиционите партнери во Тирана, ама сигурно немало да биде платформа.. Уставни измени за преспанскиот договор: Албанските партии на состанок во Тирана - позиции т.е уцена: албанскиот јазик за втор официјален и службен јазик инаку нема мнозинство за измени 2023 - уставни измени за францускиот предлог: Состанок во Тирана - повторно нови позиции и уцени овај пат сигурно за измена на "20% од населението кои го говорат нивниот јазик" плус други барања
Од ноември 2023 ќе плаќаме за влез во Шенген. Ова ми е како пак визи да ни вратија. Крајно неповолно. Ти текнува да одиш во Хрватска, ама нема да биде доволно само пасош, пари во џеб и билет, туку и да се најавиш на апликација, па да те проверат, а тоа не бива за ден, два.
Драган Даравелски уапсен по долгогодишно бегство Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, денес е уапсен по долгогодишно бегство во Србија, објавуваат медиумите, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи (МВР). – Денеска (10.1.2023) на ГП Табановце е приведен Д.Д., кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа – соопшти МВР. Даравелски беше осуден со правосилна судска пресуда за проневера на 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот од 1999 до 2002 година. Беше познато дека престојува во Белград, но Македонија не успеа да издејствува екстрадиција.
Човекот си живееше лагодно од неговите бизниси со години во Србија. Дури и две деца успеа да направи таму. Ептен сензационално ко да е благодарение на нашиве стручњаци , а всушност човекот се обидел да влезе свесно во земјава.
Зависи каква апликација ќе направат т.е. каков систем. Слично имаат американците за државјаните на земји учеснички во Visa Waver Program од 2008 навака и таму одговор обично пристига за неколку секунди или минути, а најмногу за 3 дена. Во секој случај глупа одлука на ЕУ за Македонија.
Британија со закон ќе ги ограничува протестите Британскиот премиер Риши Сунак најави дека неговата влада ќе објави нови нацрт-закони за да ги спречи протестите што се шират во Велика Британија и ѝ отежнуваат на полицијата да спречи сериозни нарушувања во функционирањето на општеството. Тоталитаризам?
Мех. Далеку е Британија...и...глупи се. Треба од Македонија да учат, и без закон протести нема...освен ако не треба да има
7 годишник лажно пријавил бомба во училиште Почнаа и децата да си играат мајтап со полицијата Сигурно други поголеми деца го натерале да се јави да пријави, ама сепак ова што се случува не е нормално... https://nezavisen.mk/sedumgodishnik-od-prilepsko-lazhno-prijavil-bomba-vo-uchilishte/