Ова погоре што е пишано е делумно точно освен дека Русија ни е закана со 4%. Русите не се ни замараат со нас а немат ни зашто. Иначе јас сеуште се чудам кои се поверува дека ќе влеземе во ЕУ? Па и вие што гласавте за промена на името. Сериозно мислевте дека ќе не примат ? Па еве човече име сменивме, во лична карта стоиш граѓанин на С.Македонија те дуп*** во здрав мозок и уште ништо нема. Упорно ни даваат некои ултиматуми и нема крај на сето ова. Во врска со Бугарија сами си го баравме. Врв ми се овие што имаат Бугарски пасоши е тие се најголеми патриоти . И после Бугарите ќе барале да бидат во Устав. Па ќе бараат.Зошто сте извадиле пасош? За подобар живот? Супер извади ама барем не се брукај и не се прави патриот кога не си .
Сами сме виновни за многу проблеми. Едноставно сме нација која не знае за ред, поредок, владеење на закон. Не гледам вина што некој во Еу не не сака. Државата ја направивме депонија. Ниту еден сектор не функционира ни просечно, а не добро или одлично. Сто години ни кажуваат да си ја средиме корупцијата. Дури е грешка што ЕУ се замара со нас и другите како нас. И јас не разбирам зошто ни даваат пари постојано да си градиме патишта, да реновираме школи. Кој е нивниот интерес тука? Фрлаат пари во ветер.
Точно е дека ништо не функционира. Затоа ми се темни ако треба нешто државно да средам. Е сега ЕУ ако ги притисне нашиве политичари и те како може да среди и корупција и криминал и се остало. Е арно ама не сака. Зошто во оваа наша земја ни пиле не може да прелета без нивен Амин и на Америка .
Најголеми се, мавтаат и се сликаат со знамињата низ Њемачка по улици. Оти да не кредити ни даваат, ги враќаме со камати.
Има мали држави, мали нации кои се многу ценети затоа што се вредни, културни, доследни, а ние ништо од тоа не сме. Еве јас да сум на местото на Макрон, Фон дер Лајен, ќе прекинам преговори со сите држави кои сто години не можат ни една сфера да си ја средат, не па да бидат спремни за во ЕУ. И Романија и Бугарија не се за во ЕУ. Дури и за Унгарија е дискутабилно, а сите тие држави се проблем во дворот на ЕУ.
Обавезно! Исто како да кажеш дај Таче и Ахмети нека ги притиснат оние евробирократине, да си средат проблем со корупција и мито во Брисел. #Учимеоднајдобрите# #алашверишевропскачколија# #делимеевропскивредности# Итн.
Па и Урсула и Макрон се небитен фактор. Што направиле тие за нас, па да факторираат како битен фактор?
Тоа е работата не направиле ништо зошто не се замараат со нас . Како што пишав погоре си бараат глупи ултиматуми кои ние им ги исполнуваме и се правиме будали. А по се изгледа битен фактор се чим сменија и име и нација итн.
Име сменија зошто се потрудија да најдат и да ни насадат плиткоумен шутрак, пазарџија. Со сесрдна помош на "шарените" и невладините, разбира се'. Што не му сменат мислење на Вучиќ за Косово? И пак за нив има многу повеќе европски пари, инвестиции и почит, за разлика од нас. А за нас веќе не мора да се трудат за било што. Во нивни очи сме факинг зулу црнци робови. Веслачи на галија, со оковани нозе. Кога ќе папсаме, ќе не фрлат во море и толку. А на светот ќе му речат "само што ги научивме без леб и вода да живеат, умреа" Ете таков е "факторот".
Па тоа зборам. Фактор се бре. Кој го стави Заев 2017 година? ЕУ и САД. Вмровците победиа ама не дадоа да прават влада со нивните омилени ДУИ. Што да смени Вучиќ кога ЕУ го призна Косово? Косово беше покраина на Србија. Дотичните што викаш ти дека не се фактор ја направија независна држава. И се зависи од нив. Тоа е на жал колку и да збориме тука.
Колку да му сменат повеќе мислење на Вучиќ за Косово, кога веќе наголемо пробува да ги убедува Србите дека најдобро е сега веќе да го дадат Косово за кеш и инвестиции од ЕУ.
Да, на прес после условите од ЕУ што му биле предложени излезе и кажуваше како треба да се помират со тоа и дека доколку не ги прифатат ќе останат без странски инвестиции и изолирани како држава, пак после тоа следуваа и нередите во собрание кога му скокнаа од опозиција да го нападнат Вучиќ.
Сите балкански државички се окупирани. Платени многу евтино, воглавном во приватни џепови. Нема ништо од ЕУ ни за Македонија, ни за Србија, помина тој воз веќе ...
Па нели ги гледавте патетиките на Вучиќ? По најмалку 30 минути зборува на Пинк, кога ќе има обраќање. Кажа дека инвестициите му се многу важни, затоа што без нив нема пари, нема плати, нема придонеси, празен ПИОМ и ќе нема пензии. Како пример ја спомна Русија дека за 15 дена си заминале 95% од странците. Сакаше да каже и со Србија можат да го сторат истото, зошто да не. И не е крив ни Макрон, ни Меркел, ни Урусла, ни никој што Косово е денес албанско, туку српската алчност за пари. И да не беше независно и да не беше признаено од никој, српските политичари немаше да стапнат таму, а за Србите пак немаше да има мир. И нас не ни е крив Макрон што имаме 100.000 граѓани со бугарски пасоши. Во групата за пасоши не ве советува Макрон да земете, ниту ве води во Благоевград по пасош, ниту Макрон ни ги отвора клубовите, туку тоа сме ние. Погледнете ги Словенците. Што не им сменат име, што не ги условуваат, што не ги зезаат? Не. Тоа е нација која знае кај тера. На нас и Србите никој не ни е крив.
Нека не е Словенија. Погледни ја Црна Гора. Црногорците се многу мал народ и Србите на попис кај нив излегоа повеќе од претходно. Практично Црногрците се малцинство, под 50% во својата земја, а разлика меѓу Црногорци и Срби во Црна Гора е некаде 100.000, дали и толку. Србите во Црна Гора немаат ни пола од правата кои ги уживаат Албанците во Македонија. Море не пола, ни третина немаат. Е зошто нас сите не уценуваат? Зашто попуштаме и сме наивни, непособни. Зошто Западот успеал да ја притисне Македонија, а не и Црна Гора, ако тврдите дека друг не притиска, а ние демек сме чисти како солза и немаме никаква вина?