Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ммммммммммммм, батооооооооооооо хтели смо љетети,
    .............................................
    неком че сузе, неком бисери.


    Честит 11 Октомври :) :hai:

    http://www.youtube.com/watch?v=yshcDwe8hjc
     
  2. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    За пензионерите, човек да не смее ништо да каже, бидејки се наши родители за кои ние треба да се грижиме, но има некои работи кои некои од нив ги злоупотребуваат , односно нема закон, или барем јас не знам за следново:
    во моја работа и во уште неколку области имам зебележано дека пензионерите поради тоа што имаат врски од времето кога работеле, сеуште земаат работа хонорарно, која јас и моите колеги можеме да ја завршиме исто така. Е сега прашање е дали тие пари и воопшто ги пријавуваат, односно дали се плака данок на државата или работат по пониска цена, па земаат кеш.

    Истите тие пензионери земаат пензија за која мораме јас и колегите да работиме, и плус ни ја земаат работата.
    Во врска со оваа прашање во Словенија на пример, има ограничено сума кој може пензионерот да ја оствари како хонорар, но да не надминува еве да речеме висина на една просечна плата/месечно
    (за наши услови и тоа е многу, јас би одела на пола просечна плата /месечно).
    Дури и после одредена возраст не треба да им се дозволи и да работат.

    Значи : данок не плаќат бидејки земаат пари во готово за работата која ја извршиле на црно, ние им ја одработуваме пензијата а тие ни ја земаат работата, а плус на помладите луѓе повеќе им треба пари се разбира, бидејки тие подигаат семејства, создаваат потомство.

    Некоја идеа за ова проблематика?
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Знам за ова,и свекор ми е еден од тие пензионери кој е баран и работи хонорарно, затоа што е еден од неколкуте експерти во неговата област.
    Кај нив нема ограничување на износот, ако е се регуларно - значи потпишале договор и се платил персонален данок на приходот од истиот, и тоа е тоа. За тие што работат на црно единствено решение е пријава до Трудова....

    Проблемот во општеството наше е што вработените се намалуваат во однос на пензионерите. Никој нема ништо против нив, едноставно пензискиот систем ќе колабира ако соодносот не се промени...државата се задолжува за нивните пензии наместо истите да бидат покриени од нас, не е нормално 1 човек да работи за 1 пензионер....
     
  4. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Има ислкучоци, и тое е сосема во ред, подобро наши да бидат платени отколку од странство, па да имаме одлив на пари. Такви исклучителни области не се многу.
    Реков, работат работа која можам јас и мои колеги да ја завршиме.
    Ако се донесе закон конкретно за оваа работа, ќе се регулира малку нема да биде баш така.

    За пензионерите мислам дека е 1,3:1, оптимално е 3:1.
    Како што тргнало може и под кец ке паднеме. Замисли 0,8:1 :( ?
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Мене не ми е јасно :drunk:
    Како тоа пензиите се плаќаат од данокот на сегашните работници. Не иде тоа така.Или да речам, не треба да иде така.
    Збориме за некоја старечка пензија која ги следува сите старци и е иста во износ и бенефит буквално, ама е мал износ, или кој колку ставал од своја плата во пензиско додека работел, па таква пензија добил.
    Пример, јас, од мојата плата да платам данок кој ми го пресметале, овоа иде во буџет за здраство и бенефиции на социјалци и симболична старечка пензија за стие кои никогаш не работеле за да добијат своја пензија, плус едно 4℅ од плата месечно во пензиски фонд посебно, фирмата става од неа уште 4℅ еквивалентно. Јас имам избор каде ќе се инвестира, екстремно безбедна берза или поризична, зависи дали играм безбедно, што ставиш тоа добиеш назад и ништо повеќе, значи од твоја пара земаш пензија, или на коцка со надеж дека акциите ќе скокнат во инвестицијата ама и со ризик дека ќе изгубам, и пензискиот фонд секоја година ми проџектираат според маркетот, со таа контрибуција досега, кога би останала иста секоја година, колкава би ми била пензијата месечно после 30 години. Ако ми е малку на изглед, покачам со контрибуција или мењам левел на ризик. Мојата пензија, да бидам жива, зависи од мене, и од маркетот каков е на денот кога се пензионирам.

    Ако сакаат од влада да ги ставам со некој батка да им објасни како се одвиваат овие работи, Грујо, лп :wasntme:
     
    На rici.aaaaa, tessie и karenin им се допаѓа ова.
  6. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Имел, зборуваш за искуства од Запад? Инвестициони фондови , трет столб како што е Граве?

    Јас сепак чувствувам одговорност кон пензиите на моите(нашите) родители, бидејки, за образованието ништо не плаќавме. Има скапи технички факултети со употреба на реагенси и опрема, за кои никој ништо не палќаше. На крај само оштета за скршен инвентар, но тоа беше минимална сума.
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Да, за запад зборувам. Затоа не знам како функционира системот во МК.
    Ама нели треба да е така, кој работел и ставал пари во економијата, да може и да си земе на стари години колку му следува од тоа, а не да живее од грб на младите во земјата затоа што децата му учеле бесплатно. Која логика е тоа? Јас немам деца, за мене кој ќе плаќа кога ќе остареам, од тугите ли деца да ми даваат? :^) :P

    Значи вака е тука. Секој работник, на крајот од месецот му одземаат од плата за национално осигурување(здравствено+социјално+пензиско). И ова се тие пари што одат во буџет за социјални работи и од него се делат платите во државни болници, детски додатоци, законско болување, социјална помош... и старечка пензија. Секој кој стигне до пензија мора да има плаќано ваква контрибуција 30 години, стаж. Ако работи 28 години стаж, и му фалат две години, сам мора да плати контрибуција на фондот за тие две години или не го следува полна старечка пензија. Работи и плаќа, работи и плаќа, и утре зема старечка пензија за која поштено му тргале од платата 30 плус години. Тоа што парата се врти и сега зема старечка пензија од буџетот директно не е човекот крив дека така им изгледа на младите, оти и он додека полнел буџет од свој џеп, одела кај друг таа пара. Зборот е, не дека заслужил па да му се даде, туку ја заработил таа пензија.

    Друга работа е математиката на економските глави, и тука и таму, колку треба придонеси да плаќа еден работник за колку пензија да зема кога остарее, или од ракав да вади бројки(или да купува гласачи :D )


    Сепак, макар јас зборам за системот на запад како функционира, оваа пензија тука е многу мала, колку да ја има за фала за сите придонеси и воопшто не ја рефлектира контрибуцијата, а не е ни приближно доволна само на неа човек да рачуна кога ќе остарее. Нема ни сметката за струја и гас да ја покрие а тек за јадење и сл. Затоа во секоја фирма има пензиска шема со некои од тие компании кои специјализираат во тие работи(Aviva/Standard Life/AXA/L&G), и секој вработен е приклучен на таа шема(освен привремени работници), директно му се двои од месечна плата, која е всушност таа пензија што ја опишав во претходниот пост, од која старите живеат, додека луѓе на државната пензија само се многу ретки(цел живот социјалци кои немале шанса да градат лична пензија), и се баш оние луѓе по весници со наслов премрзнала стара баба од студ.
    Можеби тоа било финтата на овие влади, да ги изумрат така старците, ќе им дадеме трошки - ќе умрат за јадење :^) :!: :P Грујо па уште на бањање ги праќа. Абе :fubar:
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Женче, правиме муабет за ист пензиски систем и UK и кај нас, РМ го прифати западњачкиот (Pay-As-You-Go (PAYG)) уште пред 60 години, а тоа е системот на генерациска солидарност. Нормално дека пензионерите си ја заработиле пензијата, исто како што и ние сега си ја заработуваме за кога ќе дојде време, проблемот е што пред 20 години соодносот вработен - пензионер бил 3:1 (тројца вработени издвојувале за пензијата на 1 пензионер), а сега е близу 1,2 : 1, што е страшно ниска стапка за опстанок на фондовите.

    И кај нас, во 2000 година се донесе реформата на пензискиот систем, кога:

    Значи, за ист систем збориме....и кај вас во UK последниве децении опаѓа овој сооднос:

    ама сепак сте каде каде подобри од нас, нормално :)

    Нови работни места во приватниот сектор и зголемување на наталитетот, само тоа му е мајката...
     
    На Ariel, kva и imelda им се допаѓа ова.
  9. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Тој сооднос во Британија е опаднат уште многу одамна, ама се пумпаат со имигранти и тоа ги одржува во живот. Кој денес ја сочинува младината во Британија? Само во Лондон мнозинство новородени бебиња се на Индијци, Пакистанци, Арапи, Црнци, а каде се други места? Бели Британки да си прашаат да раѓаат, затоа што се заслепени од феминизам и “ропството брак“, па поубаво им е да се тркалаат мртви пијани секој викенд отколку да родат и создадат семејство. Франција исто така, Скандинавија исто така, Германија уште поголема катастрофа. Цела Западна Европа дише вештачки. Немаат младина, наталитет и нема кој да им работи по фабрики.

    Кај нас фертилитет е 1,35 дете по семејство што е далеку од една обична репродукција, а да не зборуваме и за раст на население. Да ги тргнеме Албанките, Турчинки, Ромкињи настрана (затоа што тие го пумпаат нталитетот во Македонија) фертилитетот кај етничката Македонка ќе е многу помал. Значи ако фертилитетот за обична репродукција е 2,1 дете по семејство ние дали имаме 1,00 дете по семејство. Сега ти види на какво ниво сме. Подигање на наталитетот во Македонија кај етничките Македонци е минато свршено време и тоа треба еднаш да го сфатиме дека ништо не помага. Младината е веќе програмирана на 1-2 деца максиум. Колку и да имаат пари , колку и стандардот да е висок пак исто ќе се раѓаат деца. Ако беше до стандардот Западна Европа треба да имаат по 3-5 деца, а не едвај 1 дете. Максимално форсирање на жената низ сите пори на општеството, а притоа одземање на биолошката и историската улога на мајка не е баш за пофалба. Не знам со каква цел се прави сето тоа, но веќе некој мора да каже стоп на тоа. Нискиот наталитет носи и многу социјални и економски проблеми во иднина. Се е залудно на владата во врска со кревање на наталитетот. Без разлика тоа што како систем ќе крахираме за 30 години, туку и се помалку и помалку Македонци ќе работат, затоа што Албанци, Турци и Роми ќе бараат се поголеми и поглеми квоти за вработување што им следува според процентот што го застапуваат во општеството.
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.675
    Допаѓања:
    22.679
    Пол:
    Женски
    Кај нас не ми се допаѓа тоа што мора да направиш одреден број на години стаж за да ти следува пензија (15, 16, колку ли беше). А се знае со тој стаж колку знаат некои работодавци навикнати на минатиот благо речено опуштен систем да манипулираат. Што бе ако некого цел живот вака вуцараат на хонорари? Или пак ако не успеам да остварам тој стаж во целост? Не може сама да си уплаќам од тој фонд за да ми се загарантира пензија? Мора од бруто плата да е? Не може ланец да продадам? Не може од хонорар да дадам за да ми следува? Ми се свиѓа тој закон за стаж како закон, неам ништо против, ама околината ни` е навикната на времето кога не беше толку строго законски одредена работава па неговата лоша имплементација му дава лоша шминка.
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685

    Па нормално дека во Лондон се мнозинството имигранти, така е во главните градови на скоро сите држави. И мање битно е кој го прави соодносот, битно е дека тоа општество ќе опстојува, зошто тие имигранти ќе се прифатени како такви, таа држава ќе е нивен дом, без разлика дали ти сметаш дека треба да се таму или не. Тоа е веќе твој проблем, не нивни.

    И бројката за МК ти е грешна:

    United Kingdom

    1.9 children born/woman (2013 est.)

    Macedonia

    1.59 children born/woman (2013 est.)

    Извор

    Да не ги копирам сите, проверете сами.

    Пак ќе кажам, не е проблем од кој етникум се мајките кои раѓаат се` додека тие деца, кога ќе пораснат, ќе имаат работни места и ќе придонесуваат за сите системи (меѓу кои и пензискиот), за да може државата нормално да функционира. На дискриминацијата по етникум не и` е место тука.

    И како тоа „ние дали имаме 1.0 по семејство“? Од каде ги вадиш бројкиве?
    Колку фамилии знаеш ти што немаат деца, или имаат само 1? Колку што имаат 2 или 3?

    И етникумите во Македонија ќе можат да бараат % учество во вкупниот број вработени само во државни фирми, тоа никој не може да му го наложи на приватното, затоа и мојот став - повеќе работни места во ПРИВАТНИОТ СЕКТОР и зголемување на наталитетот.
    Не ја мешај секогаш истата тема секаде низ форумот, етничките та етничките групи. Може ти (ако си невработена и си се посветила на многудетното семејство и домот) земаш пари од некој албанец кој работи во моментов за твои *условно кажано* потреби. Фино е, а?
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    А кај нас?
    http://a1on.mk/wordpress/archives/220963

    И кај нас најголема сума на пари е сконцентрирана кај мал број на луѓе.
    И истите тие имаат по 2 деца. Што ќе им прават на парите :o ?
    Кое е задоволството да гледаш бројки на жиро сметка?

    Теси, и кај нас имаме трет пензиски столб (Граве, зградата карши соборен) и ако човек има пари може слободно да си уплаќа.Имаат различни програми. Ама и за да уплаќаш таму, треба пак пари човек да има, да си вработен. И врти сукај доаѓаме до состојба кога се е креирано само за тие што имаат пари.

    Инаку за вториот столб, од банките (зависи која си ја избрал) на одредени временски периоди ти доаѓаат извештаи за тргувањето со твоите пари.
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Добро за да имаш повеќедетно семејство само пари ли се потребни?
    Не знам зошто сите си мислат ако имаш пари треба 100 деца да имаш, па тие деца треба да ги носиш 9 месеци, па да ги родиш, па да не спиеш со години, да ги воспитуваш, за сето ово ти се потребни љубов, трпение, нерви а не пари.

    А Валерија ти е како поповите, слушај што ти зборам, не гледај што правам. :!:
    И ти спаѓаш во тие етнички македонки што толку ги критикуваш и напаѓаш, давај пример од себе, раѓај, зголемувај го наталитетот ако мислиш дека така треба, а не да си седиш со едно дете и да солиш памет, роди 3,4 и после кажувај гачки, за тоа какви се македонките, германките итн.
    Ете првиот син уште нема 2 години веќе имам уште еден син, не раѓам додуша етнички Македонци ама раѓам православни чеда. ;)
     
    На mimiiiii и imelda им се допаѓа ова.
  14. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Друга ми беше поентата, луѓето кои имаат поголема финансиска сатисфакција, сепак можат да си дозволат поголемо семејство. Љубовта како појдовен параметар си се подразбира сама по себе.

    Таман работа само пари да се потребни. Пред 50-60 години луѓето имале многу детни семејства, па никој за леб не умирал. Но проблемот е што денес не сакаат само леб, сакаат и компјутери и сл. работи.
    Ја читам темата снаи и свекрви, и гледам дека многу проблеми би се решиле сепак ако се има малку повеќе финансиски средства. Одењето под кирии и немањето свој сопствен кров над глава, секако не е добар предзнак дека некој и покрај големата љубов кон децата ќе се одлучи на повеќе деца.
    Теоретски секако ќе збориме, но денес децата се фрустрираат уште во школо.
    Мојот теоретски став може да биде дијаметрално различен од она што го перципирам за реалноста.
     
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    кај отиде муабетов...многудетни семејства, стандард...економски кризи и слично
    ај баталете тоа...

    Актуелни политички натсани...еве ...
    1. „Амадеус дивелопмент“ ќе ги гради шпанските скали во центарот на Скопје
    2. Шиповиќ уапсен на аеродромот во Виена!


    на здравје бричење
     
  16. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    На Valeriya, Silver.E и Dvolicen им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Шиповиќ уапсен на аеродромот во Виена... Добро бе, не ќе избегаше човекот...
    А, се спасија овие од протестите за него...
    Колку криминалци се шетаат по патиштава, никому ништо...а, за некои вакви луѓе (кои не се опасни) толку прашина се крева. :x
     
  18. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    @Moira

    Не е така во сите главни градови. Така е само во Европа и на никое друго место.

    Дали ти мене ме читаш воопшто јас што пишувам? Кој кажа дека фертилитетот не е толкав во Македонија и Британија? Јас ти зборувам дека малцинствата во тие држави го пумпаат наталитетот како што е случајот со Македонија инаку уште одамна тие општества ќе крахираа. Колку Македонците имаат фертилитет е бројот на умрени и родени. Тоа се кажува. Во минус сме од 4,000 секоја година за разлика од другите малцинства во Македонија што имаат многу младо население во просек 3-5 деца.

    Како не е битно од кој етникум се раѓаат децата? Тогаш ајде Британија да ја прекрстиме во Јамајка, Гана, Индија, Пакистан за 30 години, може? Еве пошто кај нас исто така не е битно кој етникум е ајде да ја прекрстиме Македонија во Албанија или Турција? Доста веќе со тие мулти култи глупости. Баш Франција, Германија, Британија функционираат сеуште дека етничките Британци, Германци, Французи ги држат конците во тие општества. Тие новородени деца утре на имигранти кога ќе пораснат ќе имаат право на глас, а кога ќе имаат право на глас ќе можат да менуваат цели закони, општества. Немој да те чуди зошто во Лондон има над 300 џамии, а пред 50 години немало ни 10 и зошто полиција не може да влезе во поголем дел од градот. Таму закони не функционираат.

    И ова не е дискриминација, туку хуманост и право на секој народ да има своја држава во којашто ќе си ја негува својата култура и традиција. Јас не одам во Британија да гледам индијски и пакистански квартови, туку да ја видам британската култура. Ако на некој му е до таква култура нека оди во Индија и Пакистан многу логично.


    @Bittersweet

    Јас имам едно дете и второ на пат.

    Никој тука не зборува за машини за раѓање, туку дека едно просечно македонско семејство може да си дозволи 3 деца, а и 4. Тоа би довело многу поголеми позитивности како на пример: млада популација, здрав пензиски систем, многу работни места во училишта, а не затворање на истите, не мора да увезуваш работна сила, туку ќе имаш своја работна сила и многу други работи.

    Тоа што си родила “православно чедо“ е мање-више небитно. Сепак пак не е Македонец. Наместо ти да репродуцираш нови 2-3 Македонци ти си го намалила бројот на Македонци. Чиста логика.

    @Silver.E

    Нормално дека има пресметки помеѓу Вмро и Сдсм. Така ќе биде и кога Сдсм ќе дојде на власт ќе апсат од Вмро коишто правеле криминал, но тоа не ја намалува одговорноста на Шиповиќ дека украл 1 милион евра. Не мора да се служиме со малодушност, туку реално да гледаме на работите. Функционерите на Вмро се недопрени , но ќе бидат и тие после паѓање на Вмро од власт што и треба ако правеле криминал.
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Како сум го намалила бројот на Македонци, мене лично ми нема логика тоа, ај просветли ме. :?:

    Што подразбираш под Македонец?
    Моите родители се Македонци, јас до пред две години немав македонско државјанство и тоа принудно го извадив а брат ми воопшто нема, значи ли тоа дека и моите го намалиле бројот на Македонци?
    На брат ми трите деца исто од двајца Македонци бидејќи немаат државјанство се во минус а не во плус? :^)

    И да, можеме за сите деца да извадиме Македонско државјанство ама само ако одиме во Македонија, тука амбасадата и конзулатот им постои само за плати да си земаат не се јавуваат на телефон во времето кое сами го одредиле |( , а ние на жалост не сме патриоти за да си платиме од џеб $20.000 само за карти за да ни бидат децата Македонци.
     
    На rici.aaaaa и imelda им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Makedonija e veke prekrstena vo Albanija, samo formalnost fali. Si kazav jas na druga tema koga prv pat se vrativ i dobiv dobrodosla na albanski, ili moze i me propcuval na pasosna kontrola toj, koj ti go znae, od kade toa tug jazik oficijalen vo druga drzava, ama ne se osetiv na makedonsko tlo, znaci go snemalo, barem taka go gledam jas.
    Davas primer na multietnicki centar na kultura, kade BNP e mnogu mala so svoite ekstremisti da podiga svest za etnicitet koj ocigledno ne mu e biten na narodot, ne site se vmrovci vo svetot so potreba od sina krv i samo sina(vmrovska) krv, sporedeno so dupka na balkanot koja ja snajde invazija i se prodade pola drzava, bas od strana na nacionalistite koi se cukaat vo gradi za potomci na aco, koja ironija ej. Pa posle vie ste krivi zeni oti ne ragate kako zajci. Aham, udirajte po samarot kolku sakate.

    For the record, jas ili ne vidam, ama dosega vo london nemam zabelezano da strci ni edna djamija.Vo skopje gi imalo koga sum bila vo 90tite, sega ne znam. I pak, nema tuka nitu edno mesto kade policijata ne odi. Kvartovi ima so pretezno malcinstvo, ama deka se kako mala zasebna drzava ne se. Ist zakon gi goni site, kako i istoto pravo na beneficii. I kaj niv odat ne poljaci, ne indijci i ne pakistanci da im donesat mlekoto sabajle, da im soberat gubreto, da im ugasat pozar ili pratat ambulanno vozilo, i da uapsat. Nema ovde aracinovo.

    Mi padnala poddrskata za kirilica, izvinete, me mrzi da opravjam.
     
    На rici.aaaaa, Nymeria, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.