Во врска со дојавиве за бомби, прееска прочитав едно многу легитимно прашање: - како тоа ниеднаш немаше дојава за бомба поставена во Влада или Мвр? Па ако некој сака однадвор да изремети некоја држава (како што тврди досетливиот Обиџуко) има ли подобар ремет од ова, да ги растрчува господава по скали секој ден со месеци? Па министрине со Таче да се преселат надвор во трева сосе столици и маси, па таму нека држат седници. Вака излегува дека сите други се засегнати и под штрек, освен скапаницине неспособни. Чудничко.
Пред да влезе во политичкиот живот, Трајковски работеше во фирмата на татко ми. Тогаш беше анонимус, абер немало дека ќе биде политичка фигура и затоа што човекот бил добар, колегите го сметале за наивен. Кога стана претседател сите му се упикувале со цел да си издејствуваат вработувања за децата, ако можат секако. Приватно бил многу добар, чесен и културен човек.
Ни ја е*аа и продадоа државата дегенерици алчни за пари и моќ. Ова со бомбиве е да се остават генерациите неписмени и неинформирани за полесно да бидат овци за да ги лажат и манипулираат. Ова со лебов, наеднаш улетоа косооварите да носат леб и тоа за 30 ден. Како на нив им се исплати и транспорт и царина за да носат? Се е смислено фино тактички да заземат што повеќе места на пазарот Македонецот полека полека да го исфрлаат од игра и за некоја година како што викаше Ахмети. "Македонија, Албанија и Косово како мала Швајцарија". Ние граѓани од 3 ред во своја држава. И после бегале луѓето па ќе бегаат во друга држава бар знаеш дека си странец дури и повеќе те почитуваат одколку во своја држава да бидеш странец.
Ова не секаде. А, за овде, колку што е крива власта, толку е крив и народот. Како да се смени нешто кога народот не се обединува и не се буни? На тастатура сме јаки, а на улици нè нема.
Македонците се познати по тоа. И сто стапа секој ден да ни удираат ќе си ќутиме, трпиме и викаме " ќути има и полошо", а од ова полошо у Сирија можеби...
Да. Сигурно Јилдиз сама му рекла на докторот да ѝ пресече артерија и да извади здрави матка и јајник. И она сигурно била судијата што му даде условна.
За бомбиве ваљда веќе не сме глупи до толку да мислиме дека некое дете си игра со ВПН оти не научило за тест, нели? Палеше тоа првите пати коа беа само мета школи и тоа повремено. И да е стварно детиште, значи нашиве се краааајно неспособни да го најдат. Еве лаик сум за такви работи, ама ваљда државава комуницира со други земји за вакви работи, и со ВПН би го нашле. Имаше еден човек што на заебанција направи сајт vaksajn.mk. Абе експресно брзо најдоа кој е и беше викнат во станица Инаку близок работи во едно од местата каде стално има најави. Па после прекувремено остануваат на работа ако треба. Се возам баш пред некој ден во автобус и едни средношколци ги слушам на телефон и меѓу себе се прашуваат што да прават оти по пат разбрале дека има најава. Читав разни теории кој и зашто би го правел ова и некои имаат смисла ама не знам.
Све експерти за рандман. Ако некому не му е јасно, би се вложила да објаснам. Задачка од СРЕДНО економско, предмет сметководство, толку е просто. А шегите со колачите стануваат досадни. Кој сака да гледа политика - ќе види. Економистите ќе видат економска логика која во главата на пекарите има поинаква смисла - да ќаруваат пари на грбот на народот.
И додека во Македонија се изменуваат, поточно олеснуваат протоколите за што после дојава за бомба, денес во Основниот Суд во Подгорица маж активирал бомба и се разнел. https://www.danas.rs/svet/region/u-...ici-eksplodirala-bomba-vise-osoba-povredjeno/
Во Грција масовни протести поради железничката несреќа во која загинаа 57 души. Е така се прави тоа така се бара правда не го нас овци. Луѓе ни горат во болници, автобуси, органи вадат на родилки, луѓе ни умираат за лек, а ние ќути и јади г**на на фб и форуми. Толку глупав народ како Македонскиот не постои.
Во Грција министерот за транспорт си дал оставка после несреќата со железница. Ја не видов до сега министер кај нас да даде оставка заради сите глупости којшто ги направија. И да се потсетиме
Немаат доблест ниту морал кај нас за да си дадат оставка. Расипани сите од еден до последен, невини душички тие, се' некој друг е крив.
Најлошо е што не знаеш кого да гласаш на парламентарни избори што следат... Нит Вмро сакам да заокружам ни Сдсм. Исти идиоти се и едините и другите. А ако ние Македонците не искочиме да гласаме највеќе ќе добијат браќата. И тука највеќе грешиме.