Се што побараа западните вазали овие нашиве слуги го исполнаа, на ред и за крај остана да се донесат и мигрантите и тоа од земји каде просечната плата е 200 евра, значи земји од третиот свет како Пакистан, Бангладеш, Индија и Африканските држави.. Е дури тогаш ќе се запраша овај народ, пред се за безбедноста т.е личната зошто промената на името, идентитетот, надополнувањето на рамковниот договор со секое отварање на устав и толку и толку не му беше важна, е сега кога на улица ќе се дешаваат секојдневни силувања, насилства, криминал што е секојдневние на запад, можеби малку од малку ќе се опаметиме. Ама важно сме НАТО ЧЛЕНКА! Рамо до рамо со сојузниците ! Ќе не штитат од Русија и Кина. ДУИ и овие нашиве што се продаваат ја уништија државава. Малку ние.
Наставничка дилала дрога после часови, запленета е роба во вредност од 500.000 евра. И дилери почнаа да ни ги учат децата... Има ли дно оваа дупка?
ОСУМ ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ МЕЃУ КОИ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПАРТИЈАТА И КООРДИНАТОРОТ НЕ ГЛАСАА ЗА АМНЕСТИЈА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!
@Bratot тие од ВМРО се лажни патриоти. Си тераат кампања со осудените, а ваму не гласале. https://360stepeni.mk/eu-ke-ni-dade-devet-milioni-evra-za-opremuvane-i-modernizatsija-na-armijata Туку зошто воопшто Европа си ги троши парите за Македонија која 30 години една реформа не направи како што треба? Франција има проблеми со пензискиот фонд, ама „лошиве“ Французи, Германци и други ќе ни даваат пари по сите можни основи. Ние сте само за една шут карта. Не правиш реформи, нема Европа, чао, изолација и готово.
Отфрлена тужбата против центарот за македонски јазик во Грција: Грчкиот суд пријатно ги изненади македонците во Леринско
Ова беше најавено на почетокот и всушност беше услов за СДС да формираат власт. Не знам зошто сега сите као изненадени. А за ова требаше да биде јасно уште кога лобираа за Косово и Албанија, а тие се министри на Македонија и официјално дат во посета како министри на Македонија. И тогаш никој не беше изненаден, ниту посочи, ниту пак се позамара да спречи повторно да се случи истото.
Македонците се најнесреќни во регионот и меѓу најнесреќните во светот. Македонците се најнесреќен народ на Балканот и на дното во Европа. Ова го покажува најновиот извештај „Среќата во светот 2023“ објавен од Обединетите Нации. Од вкупно 137 држави Македонија се најде на 87-то место во друштво на Конго, Венецуела и Украина. Први на листата најсреќни се Финците, а од регионот Словенците на 22 –та позиција. Oд соседните земји Косово е на 34, Србија е на 45, Грција на 58, Бугарија на 77 и Албанија на 83 место. Црна Гора е 67-ма во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е 71-ва. Секое дно го бушиме.
Слушам сега ЕУ ни дава пари за прочистителна станица. Па што фино си кажаа, овие пари не се заем, ниту ќе ги вратиме, ниту ќе има камата. Не знам дали некогаш Македонија сама ќе реновира некоја амбуланта, ќе стави некој контејнер. Дефинитивно Европјаните кога протестираат за други работи, инфлација, Украина, пензиски фонд, треба да си бараат парите да не им одат за расипници како Македонија и сличните на нас.
Дефекролог кој работел во градинка во Центар нанел повреди на малолетно девојче. Каде ги наоѓаат за да ги вработат вакви...
Браво за нив. Нивното си го барат и не се плашат од ништо, никави изјави. Нивната цел е јасна и тоа го кажуваат отворено. Камо нашите да беа вакви националисти сега ќе цветавме.
Се срамам ,жалам и плашам каде живеам. А највеќе од се ми се плаче. Не сме вредни за ниедна жртва што ја направиле нашите предци за нас.
Луѓе мои, го читнавте ли новиот предлог закон за родова еднаквост? Видовте ли, начувте ли какво чудовиште од закон сакаат да ни спопикаат? Ова е лудило, обид за тотално расчовечување! Денес го читам, ме фркна глава . Маж, жена, колку тоа релативно звучи! Род и родов идентитет? Па тоа ти е апсолутно индивидуално внатрешно доживување, можност „да се биде“ (тоа што не си), кое не морало да соодветствува со твојот биолошки пол, и телесното доживување е чисто лично толкување на „нештата“ со кои си се родил. На пример, се раѓаш со патлак меѓу нозе, според сите земни и биолошки закони си маж, ама еден ден се будиш и сваќаш дека си жена, дека тоа меѓу нозете ти е всушност, украс-клопотарец кој ти е даден за да ја истакне твојата женственост. Облакаш фустан, натнуваш паларија на глава и идеш на работа. Таму им велиш на колегите дека од тој ден не си веќе Перо, туку госпоѓица Дафне и мора така да ти се обраќаат. Одиш мочаш во женско веце, се пресоблекуваш во женска соблекувална, ако завршиш во затвор ќе бараш да те стават во ќелија со жени, итн. А ако некој не те прифати како таков/ва, и ти забрани на пример, да користиш женско веце, тогаш фино лепо ќе го тужиш за родова дискриминација, законот ќе ги активира многуте предвидени инспекторски надзори, секретаријати комисии предвидени со Законов, и „дискриминаторот“ ќе биде соодветно и законски казнет! Но тоа не е се! Со овој закон мора да има исполнување на одредени квоти и процентуална застапеност на овие нови категории бирај-родов-идентитет во сите сфери на општествениот живот. Нешто како Рамковен Договор, кој во овој случај ќе го наречам Законот „Некои тоа го сакаат жешко“ . И воопшто не мора да бидеш полнолетен за да одлучиш за твојот род и родов идентитет, и претпоставувам и за евентуалните медицински интервенции кои ќе одлучиш да ги извршиш врз себе за да бидеш во склад со твоето внатрешно родово доживување. Тоа би значело дека родителите не смеат да зуцнат ако нивното 15-годишно дете реши да го промени полот по хируршки пат, бидејќи законот ќе го штити неговиот избор и право на полово самоидентификување! Јас сум без зборови...
Касниш неколку години, уште Дангел беше на форумов ко го отвори како тема. А и некои други закони и решенија си пропуштила ми се чини.
Не каснам, ти не ги памтиш дискусиите .Темата ја начнавме кога РМ ја ратификуваше Истанбулската Конвенција. Малкумина на Форумов укажуваме што ќе произлезе од тој Тројанец. Мнозинството сметаа дека ќе има само придобивки за жената. Еве ги сега придобивките главом и брадом. Законов е предлог закон, не е уште изгласан.
Хмм, па не знам, еве стави се во улога на родител на 15 годишно дете кое еден ден ќе ти каже дека решило да почне со примена на хормонална терапија за промена на пол. Џабе ќе биде тоа ти што мислиш дека е емоционално, ментално и со возраст несозреано за да донесе една таква одлука која го менуваа неговиот интегритет во целост. Законот вели дека може и смее. Разгледај и прочитај колку самоубиства и ментални растројства се случиле кај малолетни и полнолетни лица, кои отпосле осознале дека направиле непоправлива грешка. Ако не гледаш ништо страшно во овие случувања, што понатаму да ти кажам?