Се убивте од плачење за бугарски пасош. Темата за бугарски пасоши е полна и затоа ова е само почеток. Допрва ќе има услови.
Ако се бројат издадените бугарски пасоши овде има најмалку 15% бугарски државјани. Сега борба за подобар живот ама им даде тоа сила на бугарите. А ако стварно има шанси да влеземе во ЕУ веќе ништо не е ни битно. И онака реално ретко кој сака да живее овде повеќе.
Ок е да оданочуваат јутјубери, инфленсери, како што е во најава, ама пак со усул. Да отвораат фирми тие коишто навистина добро заработуваат, затоа што нема логика пола држава да не плаќа данок, да не поседува ни фискална каса, цели сиви зони имаме, ама некој со 1.000 претплатници на јутјуб да го натераат да отвора фирма. Фирма не е играчка. А некој со 100.000 следбеници, е тој треба да отвори, да. Да не биде дестимулативно.
Дали само мене ме плаши сето ова? Имам чувство како никој да не го интересира ништо, и дека ќе бидеме второ Косово. Дојде време да ти се смеат луѓето ако си ја сакаш државата.
Францускине протестанти ја запалија Франција од револт за најавените пензиските реформи. Кај нас е во тек пљачка на столетието врз македонските граѓани и обид за враќање на робовладетелско општество со 60 работни часа неделно, па мукла сме сите. Шо ни е убаво. Кому му чуе за договорот "Бехтел и Енка" од една страна, и Груби и Ќурка од друга? За чувство на бес веќе немам капацитет. Единствено ми е жал што не сум кадарна сама да ги расчепам и да ги наденам на колец на сред Камени Мост ликовиве - гниди "носители на проект коридори - кои- нема- со очи- да- ги- видиме".
https://kurir.mk/makedonija/ekonomi...ni-mesta-i-investitsija-nad-200-milioni-evra/ Кога Тајван ја одбира Македонија за инвестициска дестинација, треба да го бараме "ѓаволот во деталите". Еднаш не толку одамна Тупурковски имаше кратка и лажна бизнис "афера" со Тајван, па го признавме Тајван, па Киро плачеше, па го отпризнавме Тајван.. Сега не знам што значи ова, ама се надевам дека нема да ја повториме таа неславна епизода. Уште со Кина фали да ги усе&еме работите, и таман сме. А знаејќи ги лејкиве на власт, се кладам дека ќе се "прослават" и со тајванскиов проект.
Не ме држи за збор, ама мислам дека Тајван сеуште е признат од нас, и после таа работа се заташка, нели збореа демек кој зема пари - зема, кој не - да е жив и здрав.
Јок. Со филмска брзина ги отпризнавме, т. е. ги раскинавме дипломатските односи со Тајван уште тогаш.
Пошто гледам имаш историска меморија...си играше Гвујо со кинезите шо играше, сега се знае кој е газда...отприлика тоа би било. Тоа шо има и кинески кредити за отплаќање, за кинески коридори, автобуси, шо и да беше...тоа небитно.
Тие работи барем се завршени. Овие сега којзнае дали воопшто ќе почнат. Да не зацрши работава како онаа фабриката за електрични возила што требаше да се отвори пред една година.
Ама тоа е, колективно имаме меморија на златна рипка. Киро не плачеше за џабе, знаеше добро што значи да му свртиш грб на еден таков џин како што е Кина. Сега кој ќе плаче? Стево?