Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.189
    Допаѓања:
    136.056
    Во истата акција беше уапсена и една жена, втор човек во УЈП поставена во време на ВМРО и нивни член.
    Не е дека се недопрени, ама никој не прави протесто за нив, уште помалку па заложува станови, како Шеќеринска што го нуди станот залог за Шипо.
    И знае некој бе кој ја знараи тортана Еден е Шипо? Ја видов сабајле со кафе пиење, се засркнав :))))
     
  2. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Imelda, затоа ли Црнците пред 2 години го запалија дел од Лондон и ограбија, а полицијата беше немоќна да стори било што?

    Со тие малодушни и шаблон муабети и реченици што се служите сте патетично досадни. Вмро е на власт само последните 6 години, а претходно на власт беа 70 години комунисти. Каква сина крв зборуваш ти жено?

    Британија, Франција, Германија сеуште држат контрола, затоа што се многу моќни и богати држави. Можеби, велам “можеби“ на Англичаните не им е битно етникумот, но ќе видиме за 30-50 години колку ќе им е битно. Последиците не се чувствуваат преку ден, туку треба децении. Демографски тивко ги газат. Утре кога тие млади имигранти ќе пораснат ќе имаат право на глас и да одлучуваат, па ќе бараат двојазичност, државни муслимански празници, двојазични пасоши, двојазичен парламент. И, Британија генерално има многу помал процент на малцинства отколку што има Македонија. Кои националисти ја продадоа државата во Македонија? Што продадоа наведи пример? Еве јас сум националист и ништо не сум продала никому. Моето семејство исто така. Британија нема 38% малцинства и муслимани како што има Македонија, туку 5-6% според последниот попис. Ние не сме ни во таква ситуација да покажуваме некаква моќ спрема никого. Биди среќна што и толку сме опстанале и издржале.

    Точно така. Македонија е најголема дупка, но остави ме мене глупата и проста да си умрам во оваа дупка. Ете ти си успеала да избегаш од оваа дупка, живеј си го животот таму среќно и убаво и немаш ни потреба воопшто да посетуваш македонски портали и форуми.
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Извор

    Дури и во US, федерација на 50 држави, се гледа сконцентрираноста на имигрантите. Секаде е така, не е само Европа, нормално е луѓето да се населуваат во нивни сродни групи, во места каде има голема концентрација на бизниси за да можат да најдат работа.


    Па ваљда ти рече :)

    Дискутабилно дали ќе крахираа. Ако немаше толку имигранти, тие работи ќе ги работеа државјаните на таа држава, вака се дисперзираа работните места помеѓу сите и голем број луѓе се невработени. Кога имиграцијата беше најмала (почеток на минатиот век), а наталитетот најголем, пензиските системи цутеа, дури 10 луѓе работеле за 1 пензионер.
    И сега може да е така, само да има работни места кои сите (и локалци и дојденци) ќе ги пополнат, за да се оддржува системот.


    Не сме 4.000, туку 1.800, те молам без трескање бројки од ракав.

    И јас се согласувам дека мора да се зголеми наталитетот, тоа го кажав од старт. Ама во време кога сите бизниси и можности се сконцентрирани во Скопје, се наоѓаме во магичен круг - младите бегајќи од помалите места, внатрешно мигрираат во Скопје и тука ја продаваат својата работна сила. Помалите места остануваат празни, старите лица се мнозинство зошто само тие останале, а тоа повлекува неинвестирање зошто нема кој да работи. Без работни места, младите пак бегаат или надвор или кон Скопје, со што се нарушува функционирањето на системите. Колку повеќе тониме, толку повеќе луѓе бегаат надвор, за жива егзистенција, и ето ти крах.
    Кај албанците, жените им седат тука, а мажите работат надвор, од таму им доаѓаат парите, пази да не живеат 7 деца со платата на административецот. И искрено, јас никогаш не би сакала да „паднеме“ на нивно ниво, зошто ова е племе, не е народ кој треба да ни биде репер за развој. Дури и Албанија, од која „потекнуваат“, има пониска стапка на фертилитет од Македонија:

    Albania

    1.49 children born/woman (2013 est.)


    Во Крит не функционираат закони, ниту полиција може да влезе, а е дел од Грција, населена со Грци.
    И по твоја логика, секоја држава треба да е затворена за надворешни, само и само да си ја зачува својата култура и традиција, за ти кога ќе ја посетиш, да не гледаш други култури? Може ќе ти се смешаат, нема да знаеш кој од каде беше :)

    Не се ова мамбо џамбо мулти-културни глупости, ова е правото на СЕКОЈ човек на планетава Земја да живее каде сака, колку сака, притоа негувајќи го своето, а почитувајќи го туѓото.
     
    На mimiiiii и Filiposka им се допаѓа ова.
  4. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Moira, толку голема во години, а толку тинејџерски во размислување.

    Албанија има 1,49 деца по семејство со 97% Албанци во истата држава, па сега ти спореди каде се Македонците со наталитет, а каде се Албанците. Плус, дали ти имаш претстава дека приближно 600,000 Албанци од Албанија се иселија последните 15 години претежно во Италија, Грција, а некои и во Западна Европа, Америка. Дали ти имаш претстава колку албански деца се раѓаат во Италија и Грција? Само во Италија се раѓаат 9,000 деца, а каде е Грција, Западна Европа? Значи не ги сметам тука Албанците од Косово и Македонија. Нив најчесто им опадна наталитетот дека многу младо продуктивно население се исели и пола деца им се раѓаат во дијаспора со оглед на фактот дека Албанците претежно се муслимани и ретко се мешаат со други. Значи во Македонија Албанците раѓаат со 25% 7,900 деца, а Македонците со 64% 12,800 деца, па направи ти разлика.


    Да паднеме на нивно ниво? А кое е нашето ниво? Тие со нивното ниво те газат каде стигнат на секое поле. Ние Македонците со нашето ниво не можеме да се избориме за едно училиште во Албанија на македонски јазик, а тие со нивното ниво добија рамковен и еден куп права пред се затоа што те згазија со наталитет. Тоа што Албанците одат на печалба и работа, а Албанките се посветени на семејство доволно кажува за нивниот менталитет, домаќинство, традиција за разлика од кај нас што на секое ќоше имаш разводи, изневерување, швалери, пропаднати бракови, дрога, проституција. Сега види кој добива , а кој губи.

    И јас не би сакал да паднеме на ниво на Грци Цигани, затоа што тоа е племе коешто 70 години Европа го рани со кредити вештачки, затоа што им одговара морето, местоположбата и подобра концентрација на Америка спрема Блиски Исток и Турција.

    Неможе човек да живее каде сака и што сака. Тогаш ајде цела Нигерија, Гана, Индија, Малезија да ја преселиме во Европа, може? Имиграција е анти хуман чин, затоа што со тоа ти уништуваш други култури и традиции. Гледам јас колку имигрантите почитуваат во Америка и Европа. Почитуваат тие што се од европско потекло.

    Во Европа и Америка никогаш немаше вистински бејбу бум во права смисла на зборот. Имаше обична репродукција само. Економијата имаше огромни потреби од работа сила пред се поради загубите од Втората светска војна. Тие имигранти не ги примаат за џабе не дека многу ги сакаат!
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Валерија, јас никаде не те нареков проста или глупа. Не ме самари со навреда додавајќи си ги тие атрибути во одбрана. Ниту пак те сожалив. Напротив, гледам дека си кажуваш добро ти е, не се жалиш од државата како се однесува спрема тебе па што би те јас сожалувала?

    Ајде, да не се мешам од страна во македонската политика, на македонски портал. Како прогонета :P

    Туку еве еден аир има, ќе ти одговорам на прашањето. Ќе ти објаснам за нередите во Лондон од прва рака, како дописник :D
    Имаше и црнци и чоколадни и бели кои немируваа, кршеа и грабеа, меѓу белите и припадници на ЕДЛ и БНП, ака нацисти. Полицијата уапси над 3000 души, судски процеси уште траат. Економијата е силна да поправи штета, народот излезе со метли да исчисти по децата и никому ништо. А да, децата :!: Од тие што лудуваа 60% беа испод 21 година, од кои пола испод 17 години со најмлади 10 годишни. Што требаше полицијата да прави? Да тепа деца со пендреци за да му покаже на светот колку се јаки, оти родителите не си ги знаеја каде се? Имаше мајки кои си ги познаа децата на ТВ и сами ги пријавија. Што и како пренеселе медиумите во МК не знам, ама новинар сака драма и ексклузив што не ме чуди да ти дале слика на црнци го запалија Лондон а полицијата беспомошна.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    И ние имаме Македонци кои се пораѓаат надвор, ама за тебе тие не биле Македонци. Среќа што Албанците од дијаспората се Албанци и влегуваат во твоите просеци :D

    97% Албанци во Албанија, и пак имаат просек ПОД 2 деца по жена - ми го сфати моето тинејџерско размислување сега? Значи, и тие не се како ова племе, кое знае само да раѓа деца (без разлика дали од мажот, деверот или свекорот) и кое опстојува само од криминални дејствија, надвор или во МК. Жена без права, без глас, ја користи кој ќе стигне, им забрануваат школување, носат бурка, не смеат да писнат. За каков развод правиш муабет во едно вакво неандерталско опкружување, кога само и да помисли на такво нешто - ќе ја снема од лицето на земјата.
    Ако тебе ова ти е репер за добар развој на нашата Македонија - повели, па научи ги твоите деца на овие принципи. Јас фала, ама ќе го прескокнам ова.

    И „газењето“ има сосема друга позадина, нема врска со нивната многубројност (која е пак дискутабилна), државата ќе ни функционираше и без тој рамковен договор, како и до тогаш.
     
    На Daydream, bittersweet, Nymeria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ај да се вратиме на 1600 вработувања во ЈП Македонски шуми...
    еве сторија...најнова...


    http://www.plusinfo.mk/vest/109927/Osum ... go-odminaa

    за да има излез од сиромаштија, треба да има работни места!

    ах да...мора и овој наслов да го додадам

    извор: http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemI ... AFFD832901
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Се изреволтирав кога го прочитав ова, не затоа што не го вработиле,туку затоа што направиле 100 деца, а немаат да ги прехранат со млеко, ниту да ги обезбедат со памперси! Зашто бре земаат невини дечиња на душа кога знаат каква им е состојбата дома?!

    Како тоа: 2 сестри, 1 брат, а живеат од пензијата на мајка им??? Тој фатен ли е, да оди да бери јаболка во Ресен, а и тие исто така?? Па нека оди во Авганистан, на крај краева, како и многу други кои оставиле жена и деца дома за подобра иднина, зошто дреми и чека пари од мајка му???

    Не се издржувала сиромаштијата??? Па не се издржува бе чоек кога сте склепале 10 деца, а не мрднувате од место да ја промените ситуацијата! Пу, се изнервирав за децата....
    Ама добро, барем придонесува за наталитетот, ќе ја израдува Валерија, ете, ги копирал албанците наши...а какви деца ќе произлезат од тие семејства, ќе видиме за неколку децении.
     
    На Daydream, LilBaby, Nymeria и 4 други им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.675
    Допаѓања:
    22.679
    Пол:
    Женски
    Пошо швалерајот и проституцијата Македонците ги измислиле...Итар Пејо поконкретно, како човек од иновации. :D
     
    На cecilia, Hipster и mimiiiii им се допаѓа ова.
  10. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406

    Па ти не си имала контакт со Aлбанци ни оддалеку, затоа толку стереотипно ги доживуваш. Какви млади Албанки познавам, а не сум ни блиска со нив, само да ги гледаш отстрана е доволно.... Не можеш некој да го оцениш дека е морален или не само поради националноста на која и припаѓа.
     
    На tessie, Hipster и Daydream им се допаѓа ова.
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Токму така, башка јас како што разбрав, човеков нема ни жена ниту деца, живее со мајка му и сестрите, а децата се од сестрите. Греота навистина, и заслужува работа секој од нив, ама пак работа никому не дошла на послужавник (добро, да ги занемариме сега новите случаи :D ).
    Еве јас не доаѓам од многудетно семејство, не сум ниту социјален случај па пак ме фрустрираат некои работи околу финансиите, а не пак тие деца, што ќе раснат во таква атмосфера...а што ги чека на школо кога ќе почнат со оглед на тоа дека децата скоро никогаш не се воздржани.

    Инаку не знам како уште се расправате со Валерија, типичен пример за лисицата на која и било кисело грозјето. Не била во Лондон можеби никогаш во животот ама знае дека таму не е убаво бидејќи црнците протестирале, избројала колку џамии има, па и колку имигранти се собрале. Има само едно дете, ама знае како е да гледаш 10, прашање е дали познава некое просечно албанско семејство, ама знае дека сите жени ко кинески кралици живеат, американ хаусвајф во Македонија. Мислам, навистина, мило ми е што некој е загрижен за наталитетот, што има сеуште верба во државава, ќе речам и дека е за пофалба покрај црнилава кои владеат, барем во очите на повеќето, ама последните неколку постови се само млатење празна слама колку да се докаже некоја поента.
     
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Јас сум за спроведување на законот,почитување на хиерархија-та ,поставување на правила и норми и нивно почитување (за добро-то ) на сите а не гледање-то на својот интерес (најчесто финансиски ).Ми значат и материјални работи во животот што ги сакам и посакувам но некако човечноста ми е во преден план ... Ова го пишав после една вест што ја прочитав (негативна ) од нашава држава и водењето на правото во неа .Станува збор за познатата УЈП.
    http://www.plusinfo.mk/vest/110105/UJP-ja-zatvori-edinstvenata-prodavnichka-vo-Lakavichkiot-region

    Навистина ли е можно да се случува ова :o ?Да не испадне дека се негирам себеси со правилата но сметам дека треба да имаат поволности некој категории на бизниси како во овој случај ...Мизерно е да се затвори и казни ТОЛКУ МНОГУ само 1та продавничка ( што претпоставувам само за најосновни работи ) ги снабдува-ла околните села и жители.Можеле со опомена или по блага мерак да настапат :!: ....Не велам да не платат тие сопственици данок ддв итн но толеранција ( 0 -нула ) е сега ке видиме дали ке има протест од жителите (бидејки никој друг несака да работи со несиплатлив бизнис на тој регион а е потребен )После кога ке кажат дека сакале да заживеат руралните подрачја :geek: ма дај бре кого вие е**те :swear: :fubar: .СИТЕ ВО СКОПЈЕ на протест ! Со вакви работи ги бркаат луѓето ,запустуваат селата и само 2-3 града функционираат ( релативно ) :@


    редактирам

    -Па зарем ова е опасност за буџетот и овие луѓе да останат без основни намирници :devil: МИЗЕРИИ ујп

    http://brif.mk/rakurs/foto-pogledente-g ... -da-vie-e/
     
  13. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    А во градот од кој што сум ниту еден бутик не издава фискална, фрчат пријави и жалби од граѓани па пак никому ништо. Затвориле некоја селска продавничка - удираат таму каде што е најслабо.

    За лотаријата на Македонски шуми шта речи.
     
  14. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Што ми останува?
    Само да се најдам каде сум на оваа пирамида.
     

    Прикачени фајлови:

    • files.jpg
      files.jpg
      Големина на фајлот:
      71,3 KB
      Прегледи:
      243
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.238
    Допаѓања:
    140.303
    УЈП стварно направи невидена рација деновиве.
    И јас сум за ред и дисциплина, ама како удрија по малите бизниси, а бе ги сотреа. И после прв приоритет на Влада бил економски развој, вработување, раст, блабла.
    Не се прави така, само на муабет. А делата кај ви се, не ли тие зборуваа?
     
    На AnaKarenina, rici.aaaaa, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  16. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Па тие знаат :) арно ама знаат и дека никој нема да се побуни ееее и зошто да не им се може!!!
    тоа е тоа...
    Страшно многу страшно и јас сум за ред и дисциплина ама ова е нешто сосем поинакво!!!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    @Moira

    Албанија во 2012 година имаше 14,000 во позитива, Косово во многу голема позитива, Македонија исто така во голема позитива, а да не зборуваме за нивната дијаспора.

    Точно е тоа дека во Албанија не е висок споредено со Африка или Азија, но кога споредуваш Албанци од Албанија и етнички Македонци е многу повисок од нас. Нив емиграција многу ги јаде.

    Се раѓаат и деца на Македонци надвор од Македонија секако и никако јас не ги сметам за помалку Македонци од нас самите тука. Без разлика дали се родени тука или надвор тие се Македонци, затоа што родителите им се Македонци. Но, кога правиме споредба за менталитет и традиција без разлика каде и да живеат Албанките земаат маж Албанец или евентуално ако не најде Албанец земаат Турчин. Кај нив скоро многу ретко можеш да видиш Албанка од дијаспора да е мажена за некој што не е Албанец. Дали истото тоа го прават Македонките? Тоа беше можеби пред 30 години кога бевме многу традиционални. Денес тоа е веќе реткост. Затоа ние и не се репродуцираме, туку се намалуваме, а тие се зголемуваат , затоа што се раѓаат деца во етнички чисти бракови што е многу различно од мешан брак во секаква смисла на збор.

    Дали Албанците во Албанија се исто племе како нив или не тоа е многу дискутабилно. Пак нивната политика ги подржува, во школо ги учат за Голема Албанија и цело време стигнува подршка од Албанија кога е во прашање Косово и македонските Албанци. Во многу работи се подржуваат. Тоа што ние си бараме оправдување е друга работа. Тоа е оној ист муабет “ Турците се различни, они не се сакаат со Албанците“ што нема никаква врска со реалноста.

    Кој тоа те лаже дека Албанка нема право на глас, дека ја користи кој ќе стигне, носи бурка и не смее да писне? Оди прошетај на Државен универзитет во Тетово, Штулов , Универзитет на Југоисточна Европа и види колку Албанки ќе видиш со бурка или покриени. Било каде и во Приштина, Тирана секаде. Од друга страна оди да ги видиш Турчинките студентки сега што се на УГД во Штип секоја втора забулена иако јас тоа не го гледам како немање права, туку почитување на својата традиција и религија. И не само во Скопје има забулени Албанки, туку и многу Турчинки, Босанки. Турчинките и Босанките не се ништо помалку религиозни и се држат до своето од Албанките. Тоа што кај нив не секоја втора е дрво пијана секој викенд, не знае на 16 години да си ги избори сексуални партнери и да шмрка кокаин со старци од 30 години не ги прави дека имаат помалку права од нас Македонките. Погледни ја нашата младина на што личи. Немаат почитување спрема постари лица, тепаат и навредуваат професори, креваат раце на родители дома, еден куп наркомани, алкохоличари. Ти тоа го сметаш за права?

    Спомна какви деца ќе излезат од многудетни семејства? А какви излегуваат децата од семејства со едно или две деца? Подобри да не се? Што им фалеше на генерациите Македонци кога беа по 4-5 деца во семејство, па дочекаа и по 90 години повеќето?

    Не е се во парите, туку и во менталитетот и воспитувањето. Да беше се до парите Западна Европа ќе потонеше од деца, а Африка, Азија и Јужна Америка ќе изумреа. Се е до вредности коишто ги пропагира општеството.

    Јас се радувам на секое родено Македонче, затоа што си го сакам својот народ и држава. Не патам од комплекси да бидам Англичанка, Германка или Французинка. За жал и кај нив се изопачено се пропагира преку телевизии и наметнува. Таква сум каква што сум со сите свои мани. Најлесно е да плукаш по се , но бар се трудам да сум позитивна и да гледам моите деца да живеат тука во поубаво и посредено место.

    @ Ariel

    Има тука две страни. Некои плаќаат данок, а некои не. На тие што плаќаат данок им е криво за тие што не плаќаат данок. Тоа е исто како ти на концерт си платила 1,500 денари карта, а некој влегува гратис. Без разлика дали е мало или големо претпријатие сите треба да плаќаат данок, но проблемот е што вмровски компании не ги дираат, а на УЧКИТЕ да не правиме муабет. Сите работат на диво. Ќе го стрижат тоа Македонче, затоа што е мирно и кротко.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    ^Ама не можам да разберам зошто упорно ги идеализираш Албанците :^) не ги познаваш доволно и крај. А и онака како што ги опишуваш ако тие треба да бидат пример некому .... И каде најде забулени Босанки и Турчинки ме интересира? Па младите генерации Албанки не носат шамии. Освен ако не мислиш на јуручките села.
     
  19. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Каде најдов забулени Турчинки или Босанки? Каде сакаш! Во Турција има многу забулени, во Германија и Австрија има исто така многу забулени. Исламска партија е на власт во Турција 8 години :) Не гледај многу идеализирани турски серии. Тие немаат никаква врска со реалноста.

    Забулени девојки кај Босанките реално не е некој енормно висок број, но ги има поприлично доста забулени девојки. Еве прашај ги твоите родители што е интересно за Босанките е тоа што за време на Југославија скоро ретко си можел да видиш забулена Босанка. Ги имало, но не многу. Кај нив Исламот е во голема експанзија последните 15 години. Во Босна има цели села со муџахедини населени. И кај нас во Македонија ги има забулени, но претежно не се реално. Зборувам од лично искуство, затоа што јас сум видела неколку забулени Босанки.

    Млади генерации Албанки не носат шамии, но има и голем број што носат. Не како нивните мајки, но ги има особено по селата.

    Ние мешаме многу работи. Облека нема врска со религија. Ако некоја носи “нормална“ облека според наши критериуми незначи дека е и нерелигиозна. Интересно е што на пример кај Албанки, Турчинки, Босанки има полно девојки што по влегување во брак се забулуваат, а пред тоа не биле.
     
  20. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Јас не гледам турски серии кои не се ни интересни и ништо идеално нема во нив за мене, те прашувам каде во Македонија гледаш забулени Босанки и Турчинки и како се тие поконзервативни од Македонките? И во Босна жените не одат забулени и нателитетот им е нормален, по едно-две деца, како овде. За тие другите, мене пример не можат да ми бидат луѓе од најзаостанатите планински средини па уште згора на тоа верски фанатици.
    Оди во Религија декларирај се како атеист и види колку се Македонките нерелигиозни, ќе ти ги ископаат очите.