Не знам од каде да почнам со коментаров. Толку работи истрескани на едно место, крајот не им се знае... Имаше доволно одзив за војната, дури и Лавовите беа формирани. Човечки сили не фалеа, фалеше оружје, кое го добивме од Бугарија и Украина. Секако дека УЧК имаше помодерно оружје кога им беше давано од Запад. Со падобрани пакети со оружје им спуштаа. Западни инструктори ги обучуваа и им ги командаа единиците. Потоа ги вадеа од Арачиново со автобуси. Никој не сакаше да ни даде оружје, затоа што НАТО војуваше на страната на УЧК. Мислам, кој сакаш да ти даде? Прочитај во западни медиуми, УЧК не беа терористи, туку побуненици за права. Украина тогаш беше про-руска и Русија преку нив, како прокси ни дадоа оружје, како и пилоти кои управуваа со авионите. Со староседелците претходно имаше мир затоа што беа во помал процент, и го немаа западот позади нив како поддршка. Демографијата се смени со бегалците од Косово, и така станаа 25%. Прочитај мемоари на генерали на АРМ, ќе видиш како им било забрането од страна на НАТО да продолжат да напредуваат во Липково и Арачиново. Воено победивме, изгубивме поради закани од САД. Македонските сили беа предадени од НАТО неколку пати и масакрирани, како на пример Вејце. Нашите политичари не сакаа да им државјанства, ниту пак да ги примат. Ете ти го говорот на Борис Трајковски, затоа и потоа го ликвидираа во Босна. Цел Рамковен договор е склучен поради притисок од НАТО. Тој ден, наместо да и ја дадат западна Македонија и да направат голема Албанија, им ја дадоа цела Македонија на управување. Ама ги поделија во 3 земји за да немаат премногу сила. Раздели, па владеј. Позната НАТО стратегија. Да не се заборави и дека војната почна со тоа што го признавме Тајван, па Кина ги тргна нивните мировници кои ја обезбедуваа границата со Косово. И во право е @Biljarkata кога ти вика да одмориш малку. Тресиш небулози и невистини за крајно осетлива тема. Ја мешаш Украина, а таму е скроз друга ситуацијата. Плус, кај нив имаш масовна мобилизација и забрана за секое машко над 18 да ја напушти земјата. Затоа војуваат.
Аминн И уште у другине теми ќе зборат проруси, Путинофили, НАТО најјако. НАТО нѐ заебаа за век и векова, и може у пм да се тераат. Америка, прееска читав, за 4ти Јули потрошила 2.7б за огномети. Им се може. А нас овде ќе нѐ цицаат до гола кожа и ќе ни диктираат само. А помош они кај шо сакаат и коа им треба, као Украина. Ма мрш бе Ја ко што сум егоист, жив срам ме јаде.
Пред три дена жителка на Виница ми се жалеше дека преку ред ги примале во државна, па морала да моли да ја примат оти автобусот ќе избега, а тие јадни од Источна едвај 1-2 автобуси на ден имаат. Се исплашија од нашата јака победа во 2001, па многу бизниси косовари ги купија и купуваат уште и демографски изгубивме неколку општини. Нашите бранители вода во очи немаат. Повеќето се невработени. Читајте Тоа сум јас, автобиографија од Љубчо, ја има по библиотеките и ќе ви се разјасни. Од што јако сме беделе на терен, и од што имало реки народ да ја бранат државата, премиерот пиел таблети за смирување.
Просто се чудам Русија како не се сети да не спаси како Косово што им го спаси на Србиве. Ти па отепа со тоа платеници. Како збориш како Македонија да е центар на светот. Не ве носи Макрон, Меркел по бугарски пасоши во Софија, сами си идете и си замислувате изговори дека морало. Македонецот сам си ја продаде иднината. Чим толку бил народов против Нато, нека излезе на протести, нека бара да излеземе од сојузот. Сега и Косово има армија, Србиве коментираа дека добро се вооружиле со турски оружја, а нашава армија е мешана, одамна не е македонска. Србија се плаши од воената моќ на мочаното Косово, ние бестрашни, незнајни јунаци, сами против сите, голи, боси, гладни...
Сме побарале ли помош ние од Русија? Нашите политичари мантраат само евро-атлански интеграции од 92-ра. Од таму бараат помош. Од таму треба и да не спасат. Си кажа народот на референдумот со бојкотот дека е против НАТО. После тоа се прекрши уставот на Македонија, со што треба кривично да си одговараат, а Преспанскиот договор да се поништи.
Јас не гласав на референдумот. Еве Србиве се цел живот проруски, се оправија, што да ти кажам. Имаш неколку руски научници, историчари кои тврдат дека Македонци не постојат, тие си ја поддржуваат Бугарија. Ние сме поделени, нестабилни, мали, без став, а такви никој не сака. Со Бугарите допрва ќе има патрдии, секој ден на хартија има се повеќе Бугари, доказ ти е темата бугарски пасоши.
Абе парадоксално, ама пред 2001 во Скопје имаше Мекдоналдс, ако си мала да памтиш. Ваљда го укинаа после како одговор на анти-америчкиот сентимент. Нема протести, ништо нема, и по удба удба. Имало некои протести некад, па некои луѓе уште се во затвор, така слушнав на телевизија. Тоа е.
Агелер фати да збори дека они имат принципи и ги почитуваат. Пола саат се смеев. Американците и принципи... Они ни ги тупнаа терористите и они ни ја цепаат државава. И нивниот трошок за струја да го плаќаме. Море, треба све живо да превртиме како Французите.
Така е. 2001 ти си бил дете и појма немаш што збориш. Немаше резервисти. Во нашата улица во Тетово само 5 луѓе земаа оружје кое се делеше за заштита на населението. Другите што дојдоа беа резервисти од Битола,Струмица,Кавадарци. Имаше проблем со резервен состав во Тетово и тетовско. Во Скопје 2001 се живееше ко да нема војна,се пиеше кафенце во кафиќ. А само 30 км од него се пукаше. И За кој црн соживот пишуваш кога куќа каршија мене пукаа на нас,а еден месец пред тоа баклави ни праќаа. Поголем дел од локалците Албанци беа со оружје и ден денес ги сретнувам. Никогаш немало соживот,фарса е тоа ,само паралелен живот. Деца ученици наши беа редовно тепани,едно беше и убиено на мост. Разбирам дека сте биле деца тогаш и нешто сте слушнале или прочитале но не има живи сведоци кои тогаш сме имале 20 +год. Знаеме како беше. Знаеме и зошто загинаа специјалците кај Вејце и кој ја предаде патролата,па и лично го познаваме. Луѓето па во селата во тетовско колку беа незаштитени,само во едно с.Ратае беа лавови. И тој муабет локалците не биле учк тие од косово биле е толку неточен. Не само што беа,туку беа и извршители во масакрите,не беа само косоварите. Така со тој муабет и ги амнестиравме. Не биле”нашиве” Така и ни останаа власт 20 год Не биле криви тие сироти угнетени Албанци, лошите американци ги натерале. Дедовски муабет пренесуван на поколение.
Да, јавна тајна е,бивш мој сограѓанин. Наш,се исели од Тетово после тоа. Сами си ја изгубивме војната.
Имаше новинарски текст за двајца загинати Роми од Прилеп. Отишле со цел од заработените пари од дневници за војување да купат коњ и со него да работат. Загинаа во масакр. Тие шура и зет. Каде беше таа професионална армија и полиција, а не да збираат обични луѓе што не ни знаат оружје да користат. За Бриони извршителите наводно биле од Гургурница, никому ништо, за Лешок, Непроштено, никому ништо. Јас знам неколку терористи од мојот град, кои се појавуваат на пресови на УЧК, одбележуваат јубилеји, не се кријат, и уште неколку за кои имам сомнежи. По завршување на војната, терористи фатија и убија македонско момче малолетник на Шар Планина, Крсте, никој не одговараше. Суд немаш, кој ќе ги гони. Ратае и Жилче беа без вода за пиење, соседите Албанци од другите села им ја матеа да ги протераат. И што читав мислења вака по форуми, Хрвати ја осудуваат Македонија, таа била крива за војната, требало да си мисли затоа што има големо албанско малцинство, а тоа што раселените Македонци не смееја дома да се вратат, прашуваат, добро имате ли полиција вие, вие сте си криви. Во Дебар тие какви се? Староседелци ли се? Пред неколку години Албанка од Дебар вербално ме нападна, ми упадна во збор додека говоревме за Галичка свадба на семинар, со хистерична реакција да прекинеме да зборуваме за македонска свадба, таа не сакала да слуша, ќе поддржела само ако говориме за албанска свадба. Домаќините што ја поканиле на семинарот беа Македонци од Тетово. Се викнале со нив да седиш, јадеш, пиеш, а ти се дереш и навредуваш на национална основа како да излегла од камено доба. Не множат со нула, вие верувајте во бајки, продајте уште некое нивче, па НАТО ќе е крив.
МкДоналдс имаше уште максимум 10 години у Скопје, иам идено. Го затворија оти им ја укинаа франшизата, не ја поштуеле...
Голема работа ако си имала 20 години тогаш кога секој твој пост ти е бранење на НАТО. Да не беше тоа НАТО да ги поддржува со оружје, инструктори, и буквално они да ја почнат војната, ниту тука, ниту на Косово ќе ја имаше. Со падобрани им пуштаа пакети со оружје на Шара. Тоа не го знаеш? Некој што бил дете тогаш треба да ти го каже? Демек ако некој бил мал нема меморија, нема пријатели и познаници кои биле во војната. Никој не рече за доброволци од Тетово, иако имаше и од градот, имаше и од селата... Колку имаше само од Брвеница? Од цела Македонија имаше. Од Прилепско беа само 150тина. Никој не рече дека локалните Албанци не војуваа, ги превртуваш зборовите за да извлечеш некоја поента во твоја корист. Туку, дека пред војната немавме проблеми со локалците, како што рече, на баклава не викаа. Не беше само на твојата куќа пукано, па само ти да знаеш. За Вејце зборуваш што се случувало локално, јас зборувам што се случуваше глобално, кој стоеше позади тоа, и кој нареди. Без наредба од горе, никој не правеше таков масакр, а сите знаеа. Исто како и Диво Насеље. Нека почиваат во мир. АРМ откога се консолидираше беше бројчано поголема, подобро вооружена, имаше тенкови Т72, Град и БУК (мислам) системи, авионите, хеликоптерите, БТР, итн. итн. Ние на воено поле ја добивме војната. Арачиново беше опкружено, во Липково беа растурени УЧК. Беа спремни да се предадат. Се додека не дојде повик од НАТО да се сопрат сите воени дејствија, и ги извлекоа со автобуси од Арачиново, заедно со сите нивни западни инструктори. Ако ова го негираш, не е битно дали си имала 20, 30, 50 години во 2001, не си меродавна ништо да зборуваш на темава.
Никој никого не амнестира овде. За промената на демографска структура и 200 илјади државјанства збори. И нив знаеме кој ги подели. И ако немало резервисти од Тетово, еве јас од Скопје знам резервисти, знам и дека со денови без оружје и без никаква наредба за акција седеа. Сами ја изгубивме војната, не оти немаше луѓе спремни да се борат, туку оти така било наредено. И затоа сега нема луѓе за ништо, оти тие кои застанаа зад националните интереси, од двете подолгото го добија. Како и многу генерации претходно.
https://plusinfo.mk/shoumen-e-pacie...da-se-slikash-po-televizii-ako-si-vo-bolnica/ дали е овој нормален? И ти не смееш да нѐ остаиш без лекови. Па нѐ остаи. Ако тоа апче му треба да преживее нема тебе да те праша шо да праи. Ќе се снаоѓа како умее
@Billy Idol Немаш врска што збориш.Отече со НАТО веќе. Имавме проблеми пред војната,кој те лажеше дека немавме. Па западна Мк беше одамна зацртана во ткн Голема Албанија. Соживотот беше само фарса и баклавите и се друго,се чекаше да пукне. Да не беше така ,немаше дома да ги прибираат сите и сите да ги подржуваат,ќе ги избркаа. Сите беа учк. А војната беше фингирана,од нашите. А тоа дека сме ги добиеле војно. Да ги добивме војно ,ќе ги добиевме и политички. Ние војната ја изгубивме. Заради нас самите.Не сакавме да се бориме з адржавата. А за Арачиново има и друго прашање, со какви загуби ќе беа таму нашите. Тоа никој не го знае.Во битката кај Радуша беа 50 наши наспроти 700 од учк. Инаку Брвеница е џандарско село,затоа ти се чини дека нешто многу имаше. Немаше доброволци. Имавме проблем. Проблем со координација. Кај нас беа стационирани снајперисти од Струмица,што дека,кога акциите беа предадени од нашите. Да ја добивме војно немаше да се испразнат Непроштено,Теарце и Тетово. Да имаше војска и полиција немаше народот да не знае кај да бега. Оставени беа сами да се бранат. Немаше сега да живееме во Скопје во Тетово ќе живеевме. Егзодус има од тој регион тој збори за Нато Кој се врати во Непроштено да живее? @Biljarkata Државјанствата за кои толку год. зборевме,а бројката е околу 150 000 не беа виновни за војната. Виновни беа нашите што ја договорија војната. Вие зар не гледате вина во нашите? Можеби биле кумановско. Ни наредиле!!! Таа песна долго тука ке се збори во наш регион,се нешто некој не тера,ни наредува,само да не сме самите криви,измеќарски менталитет. И да наредиле војна,ајде што ќар имаа од војната тука. Ни ресурси ,ни море ни ништо. Што не ја отцепија западна ако беше тоа наредбата? Штом остана се исто. Што не им дадоја големо Косово?! Повеќе нашите македонски политичари се продадоја на албанците,од се друго.
И ти си права Косми Башка од тоа шо сум читала, они имале поише жртви него ние.. ама дошол некој паметен и им помогна. Ем губеа, ем им дадовме све шо сакаат. Војна да посакаш… обично тој шо води диктира Ама јбг