Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    907
    Допаѓања:
    8.352
    Пол:
    Женски
    Да не мрчиме еве и на Бигорски ќе донирале, ама кандило и темјан (facepalm)
     
    На Billy Idol и mandrace им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.036
    Untitled 11111.png

    Вистина така кажале? Веројатно да. Македонците кои и онака се За геноциди и војни, за цепање на територии, веројатно веќе се спремаат за референдум. Пред некој ден видов една државјанка на Бугарија се зезаше со Македонците да и кажат колку Македонци има во Дебар и ставаше албанско знаме, демек Дебар е во Албанија. Ама Македонците не би требало да имаат проблем со тоа, напротив сигурно се среќни. И навистина Дебар има над 15.000 жители, а само 1.500 се Македонци. Поразително.
     
    На christinnn и Касија им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    40.275
    Пол:
    Машки
    Ништо не требаат. Ние сме секуларна држава и верски институции не треба да добиваат никаква помош, ниту донација од државна каса, па макар се работело за комбе, или темјан.
    Ама да, игнорантноста во случајов е голема.
     
  4. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    907
    Допаѓања:
    8.352
    Пол:
    Женски
    Не треба да, ама кај нас што функционира како што треба и верските институции не треба да лобираат за партии и политички прашања ама го прават тоа. Ама ова со темјанот за Бигорски е трагикомично.
     
    Последна измена: 19 јули 2023
    На Tanjamm и Billy Idol им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.036
    https://www.slobodenpecat.mk/loga-g...iumi-otkako-dade-mini-intervju-za-albanskite/

    Македонци мои, до кај сте, дали се запишавте на курс? Ако разбираш добро, ако не, пак добро, твој проблем. Ама ок, Македонците имаа многу шанси да си ја средат државата, ама не им се сакаше.
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.036
    https://sdk.mk/index.php/neraskazha...rstvoto-za-finansii-koe-se-pravi-nenadlezhno/

    Значи злоупотребиле податоци на инвалид. Тоа е македонскиот народ, речете ми дека народов не е мрзлив. Попрво ќе заглави некоја сирота баба или болен човек за брзи кредити, отколку да работи. И овие од Министерство за финансии не знам зошто постојат. Не знам зошто ЕУ преговара со бандитска држава. Ако некој чита од странските амбасади, крајно време е да почнат поостро со нашиве никакви власти, да ги скинат сите можни пари, да бараат назад се што ни дадоа, а ефект немаше и крајно да ни ги вратат визите. Јас да сум, да ми злоупотребат податоци, одам сама пред Министерството за финансии и Влада, и нема да се тргнам од влез додека не го решат проблемот. Народов да почне по странски амбасади да ги пријавува своите проблеми, од власта ќар нема. Колку култивиран народ сме, се гледа, на секое ќоше, брзи кредити, казина, па сигурно нема да никнуваат музеи, галерии, библиотеки. Каков народ, таква држава.
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.484
    Допаѓања:
    127.301
    Пол:
    Женски
    Господ да ги казни пратениците на власта.
    Оваа не смее да се дозволи.
    Screenshot_2023-07-25-11-25-07-786_com.android.chrome.jpg Screenshot_2023-07-25-11-25-21-795_com.android.chrome.jpg
     
    На Cvekarka, Tanjamm, Касија и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.036
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.628
    Допаѓања:
    21.791
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.036
    https://www.vecer.press/каде-плови-овој-брод-македонија-лидер/

    Запирање на сите пари, веднаш, и назад да врати кој што злоупотребил. Тоа се нечии пари, нашите не се, а на дрво не растат нели?

    https://a1on.mk/economy/globi-za-fi...lstvo-i-turizam-za-zadrzhuvanje-lichni-karti/

    По овие да се удри жестоко. Казни и казни. Сите хотели задржуваат лични карти до крај на престој. Јас се јавив во Агенцијата, пријавив и по мејл пишав дека ама сите така прават, тоест сите каде сум одела, а ги има доста.
     
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    40.275
    Пол:
    Машки
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    16.137
    Пол:
    Машки
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Кој што сака нека објавува...Кој високо лета ниско паѓа...Кој гроб копа на друг-сам во него паѓа..И за крај свако теле има своје весеље така што да им допуштиме на гнидите, коишто што блујат отров и на силеџиски начин се закануваат на мирољубив народ, да доживеат јојо ефект... вакво инфантилно однесување покажува од кого всушност планетава треба да се заштити и да ги лиши од самоволијата да поттикнуваат омраза и паразитски да грабаат територии ама за секоја акција си има соодветна реакција така што секое чудо за три дена...ако изживувањево ширењево на територијални претензии толку ги прави среќни, нека се разонодат со илузиите и заблудите ама со ваков модел на чудовишна агресија се поставува прашањето како вакви луѓе, народи и промотори на неконтролирано зло би му користеле човештвото и би го направиле светот подобро место за живеење...А дека би го претвориле во идеално место за дивеење, тоа несомнено да...Што мисли камилата е едно ама што мисли камиларот е сосема друга работа...
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.036
    Гледав дебата деновиве на ТВ, Македонец и Албанец, нема да именувам, еден од најкултурните Албанци во земјава кој не е националист, но тој кажа „Вие имате 300.000 Македонци кои се пишале Бугари, а за 10 години ќе имате уште 100.000, Албанија оди напред, дел од граѓаните ќе земат и српски пасоши и што ќе правите?“. Дополнително си кажа дека доаѓа од крај каде луѓето работат, заработуваат, праќаат пари, со тоа индиректно и културно ни кажа дека ние пари немаме. И навистина е така. Картата е исцртана многу одамна, само да си официјализираат. Македонецот збореше мислиш сами против сите можеме, не ни треба ЕУ, не ни треба никој, моќни сме. Еве сега кога ќе не казнат за злоупотребени ЕУ пари, доволно е една Германија да прекине тргување со нас, оти ни е партнер број 1, нека ги вратат визите, како малцинствата ќе имаат ќар од оваа држава која ќе биде во економски колапс? Албанија допрва ќе прави пари од туризам. Деновиве видов моја пријателка од Молдавија чекирана на одмор во Албанија, објавува слики. Кој порано мислел за Албанија?
     
  15. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Машки
    Што пишуваш , ајде малку посаглам .. ЕВН е приватна фирма и они треба да си го решат проблемот. Нема што полиција да интервенира.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.036
    Ама државата мора да гарантира безбедност. Полицијата одржува јавен ред и мир. И вработен во ЕВН има право да повика полиција ако го тепаат, нели? Гледаш дека упаднале во КЕЦ Куманово, што треба, да не викаат полиција воопшто?
     
  17. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Ако де нека си збори што сака...Секој има право на свое мислење ама штом некој помоќен и поинтелигентен и дај Боже со поседување на етичка интелигенција види каква судбина му посакуваат „културните„ и „ненационалистички„ души кои љубезно меѓу редови со лажно-смирени и самоуверени пораки ти кажуваат дека посакуваат твој масовен геноцид...и иселенички и по пат на вооружено и физичко насилство врз еден мирољубив народ...Сигурен сум дека вакви „добронамерни„ предвидувања за македонскиот народ некој сериозно ќе ги одмери и ќе ја земе во предвид нивната опасност...мора да постои барем некој барем малку свесен народ, чиј збор и мудрост надалеку се слуша во цивилизираниот свет кој би се запрашал дали вреди да се збрише еден космополитски народ кој може многукратно да придонесе за градење на подобар свет само ако му се даде шанса и се верува во него, а и ние самите пред се да си веруваме во себе дека секој сам си ја крои својата судбина
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    13.036
    Да не го именувам, ама тој е еден од најлибералните албански аналитичари. Плус на Македонецот му посочи дека оваа држава ја покрадоа Македонци, а не Словенци, Австријци, Германци.
     
  19. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Не е баш така.Секогаш има две страни од медаљата...Можеби ти само не си го чула вистинскиот човек кој на далеку поаргументиран и понепобивлив начин ќе ти ги разобличи слабостите и отсуството на објективна проценка и малоумно генерализирање спрема цел македонски народ дека само ние сме ја искрале државата...Смешно и илузорно е да поверуваш во такво перење на мозок од самопрогласен „најлиберален„ претставник на промовирање на „културата„...секаде имаш и добри и лоши луѓе...Кој се залага за заедничко делење и на добро и на зло и заедничко живеење и поддржување еден со друг тој ќе ти пружи рака на пријателство и нема од зад грб да ти кова злобни планови и да ти мудрува како тебе не те бива за ништо, а себеси се претставува како избрана раса ко да родил теле од јалова крава ама тоа ти е.Кога немаш под капата тоа е загрижувачки проблем...тоа не се купува...Не сакам да се трујам со негативна енергија..А кој што си дробел, тоа ќе си го срка иако никогаш не е предоцна за позитивни промени...само треба да си ги проголтаат набилданите ега и излишно самољубие...јас разбирам човек кога е арогантен зошто обично тие што се интелигентни, се чувствуваат супериорни во однос на другите па ај и да ги разберам донекаде зошто се толку арогантни иако така не треба да биде и не го оправдувам тоа ама кога некој ѓон без грам памет ти се топори, а поседува само сурова сила и притоа е олицетворение на зло, е од такви гнаси ми се повраќа...не џабе се рекло: ум царује, а снага кладе ваља ама од секое дрво не бива свирка за жал. Не ми текнува кој рече, дали Ганди или некој друг ама неговата мисла фино звучи, а вели: бидете промената која сакате да ја видите во светот...е таква промена ни треба во земјава и регионов, а не промена на личен опис со силеџиство, насилство и убиства...Не пишувам повеќе на оваа тема...Ми ги исцрпува позитивните мисли и расположение.
     
  20. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Машки
    Да не бегаме од темата. Секој има право на заштита од полиција кога неговата безбедност е загрозена, околу тоа нема дилеми. Што се однесува до ЕВН тоа е приватна фирма и она самата треба да си го реши проблемот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.