Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Религиозен на хартија и религиозен во права смисла на зборот се два различни поими. Со ц*цки на мегдан во дискотека, кафич, град и мини каде што пола задник ти се гледа не е мерило баш за религиозност.

    За европски стандарт Босанците баш имаат доста солиден наталитет. Највисок наталитет во Србија и Црна Гора има баш во места населени со Босанци како на пример Нови Пазар ( 15 промили). Во Македонија Босанците се во плус на новородени деца.

    Нема врска, и во град и во село ги има забулени Албанки, Турчинки и Босанки. Немој да ме сфатиш погрешно. Јас не зборувам дека сите се такви и дека им судам што се такви, туку дека ги има во поприлично голем број особено Албанките и Турчинките.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ууу пази. Ти рече пред пет минути религија и облека нема врска, а ваму деколтеа и мини ти се нерелигиозни. Упс :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Да се цитам сам 8)

    БРАВО ! Еден добар потег од УЈП :fubar:

    http://www.plusinfo.mk/vest/110271/UJP- ... o-Lakavica
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Bosnia and Herzegovina

    1.25 children born/woman (2013 est.)

    European Union

    1.59 children born/woman (2013 est.)

    Ептен солиден, нема збор.
    И те молам, следен пат кога ќе фрлаш информации, ставај извор, било каков, ако воопшто постои, зошто вака се` е рекла казала и нема основа за губење време во коментирање.
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.238
    Допаѓања:
    140.301
    Мене нешто не ми е јасно со математиката околу раѓањето деца и соодносот на пензионерите и вработените.
    Си мислам, а наместо да ни се запнуваат за многу деца, како би било да се вработат тие 30% невработени во земјава (пардон, 28.8%, тоа е под 30% |( ), па и тие да придонесуваат за пензискиот систем? И евентуално, како би било да се среди малку сивата економија, можеби и тоа ќе помогне? Сите што ги познавам, а работат во приватни фирми, официјално земаат минимална плата, значи плаќаат минимални придонеси за здравствен и пензиски фонд, а на рака им се дава обично уште барем толку, а најчесто два пати повеќе. Да не зборам за тиа што работат на црно - помалку се од порано, ама уште ги има многу.

    Пошто нели, ако само раѓаме деца, со ваква економија единствено нешто што ќе зголемиме е стапката на невработеност. После ни Македонски шуми, ни ништо не не крпи :D

    Во однос на споредбата на семејствата кај македонците и албанците, се заборава една важна работа. Не е само бројот на деца во прашање, туку и возраста а која се раѓаат. кај нас вобичаено првото дете се раѓа на околу 30 години, а кај нив на 20. Така, за 60 години ние ќе имаме 2 генерации, а тие ќе имаат 3, што на подолг рок прави многу поголема разлика. Ај да не зборам многу, ќе ме прочита некој по грешка, ќе им текне уште некоја мерка - задолжитено раѓање на 20 години :D
     
    На lolyta777, Filiposka и imelda им се допаѓа ова.
  6. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    @Moira

    Нема губење време во коментирање, затоа што ти очигледно незнаеш да разликуваш основни поими. Во Босна не живеат само Босанци муслимани, туку и Срби и Хрвати. Србите се 33% од популација, а Хрватите 16 или 18%. Босанските муслимани таму не се мнозинство. Земена е средна вредност, затоа што Србинките и Хрватици го намалуваат просекот многу. Освен во Сараево и уште два-три други града каде е послаб наталитетот Босанците стојат многу добро со наталитет. Во Србија први две места со најголем наталитет се едно село населено со Босанци и Нови Пазар.

    Европска унија? Хах, со 50-60 милиони емигранти од Африка и Азија што им го пумпаат наталитетот, затоа што тие раѓаат деца. Ало девојче! Во Франција една третина од новородени деца се на Африканци. Германија е жива катастрофа со наталитет и тоа со 3 милиони Турци, Курди, Пакистанци и секакви. Значи тие што раѓаат уште неможат да го прикријат дефицитот на тие Германки што не раѓаат.

    Не мора да значи дека ако некоја држава има фертилитет под 2,1 дека и неможе да се репродуцира. И со 2 -3 деца ќе има репродукција ако тој процент е висок, а процентотот на луѓе што не стапуваат во брак е многу мал. Но, проблемот е што во Западн Европа го немаат ни второто дете( зборам глобално), а се богати со голема средна класа.

    @Ariel

    Тоа е точно дека колку е се повисока границата за стапување во брак толку и се намалува шансата за второ и трето дете. Кај Македонците последните 7-8 години многу се зголеми границата за стапување во брак пред се поради некое помодарство и имитирање американски стил на живот и дел поради економски причини.

    Не сите Албанки стапуваат во брак на 20 години, но генерално стапуваат во брак многу порано од нас. На пример ако стапиш во брак на 24 години ( кога оваа возраст генерално и е најдобра за оплодување) до 35 години имаш многу поголеми шанси да одиш на второ и трето дете отколку кога ќе стапиш на +30 години во брак.

    Никој тука не збори за штанцање и фотокопир на деца, туку дека многу од нас можеме да си дозволиме 3-4 деца по семејство и дека не е воопшто проблем да се подигнат, но материјализмот и хедонистичкиот живот си го прават своето.

    Кај нас најголем проблем е и политиката и етничките претензии што ги имаат кон нас. Ние едноставно ако продолжиме со ваков тренд за 30 години ќе бидеме малцинство во сопствена држава гледајќи го фактот дека веќе и сме малцинство во новороденчиња. Сме паднале под 50% во вкупен удел на новороденчиња. Затоа и ни се случуваат еден куп проблеми , затоа што нашето влијание опаѓа. Луѓето не го сфаќаат значењето на наталитетот. Тоа и ми е поентата.
     
  7. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    @Valeriya

    Јас да ти реплицирам на ова:

    „На пример ако стапиш во брак на 24 години ( кога оваа возраст генерално и е најдобра за оплодување) до 35 години имаш многу поголеми шанси да одиш на второ и трето дете отколку кога ќе стапиш на +30 години во брак.

    Никој тука не збори за штанцање и фотокопир на деца, туку дека многу од нас можеме да си дозволиме 3-4 деца по семејство и дека не е воопшто проблем да се подигнат, но материјализмот и хедонистичкиот живот си го прават своето.“

    Јас се омажив на 29 и го родив своето дете на 29. Сега имам 32 и имам уште едно дете. Сакам и трето ама знаеш зашто не го раѓам??? Бидејќи НЕМАМ ПАРИ!!!!!!

    А двајцата со сопругот работиме на добри места, имаме ралативно средни (нормални) примања, и пак не стигаат за две а не па за три. И немој да ми продаваш демагогии зашто нема наталитет.

    Наталитетот не се крева со бесплатни возачки на пензионерите!!!!!!!!!, туку со поттикнување на младите да раѓаат.

    А тоа не се прави со 5000 ден. еднкоратна помош од општина, туку со намалени акцизи за играчи, алишта, пелени, козметика, лекови и сл. Се прави со тоа што јас ќе имам породилно боледување НАЈМАЛКУ до 1 година, а не сега на 7,5 ќе го дадам во градинка, бидејќи немам кој да ми го чува. И тоа ќе се разболува, јас ќе отсуствувам, пари за лекови и сирупи, па ќе ми скинат од плата и ќе добијам само 70 %. И тоа се секако ако добијам боледување, бидејќи матичните сега се плашат и на даваат боледување. Ако не добијам боледување ќе си оди детето болно во градинка, ќе се разболат и други дечиња, и тоа ќе се врти во круг.

    Треба место пари за возачки на стариве, нека ми дадат мене барем по 5000 месечно надомест за ДВЕ деца а еднократна парична помош што не се ни примети на сите давачки.

    Јас со две деца во градинка имам од старт 3000 градинка. Нека ми намали за второ дете. Кај се материјали, радосници, и слично, бидејќи не ги раѓам за да преживуваат тику да ЖИВЕАТ како сите!

    Ама тоа се вика стратешки план за подигнување на наталитет, со конкретни дејствија кои го засегаат обичниот човек, а не со одвратнине реклами за абортус.

    И за тоа драга моја ВАЛЕРИЈА, јас си поднесов апликација да одам во америка и се молам да ја добијам, бидејќи овде веќе за мене и мм нема иднина, ама ќе барам подобра за моите ДВЕ деца. Иако овде имам добра работа, јас таму ќе бидам ефтина работна сила, НО сепак не поефтина од овде.
     
    На Daydream, tessie, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Валерија, не си на пазар па да се обраќаш со Ало девојче, башка Моира е можеби 10 години постара од тебе, кај ти е речникот? И стандарт не постои ко збор во речник, ама изгледа на Штипскиот освен што си се загледувала дали Турчинки одат забулени, друго нешто не си поднаучила.
     
    На Annath, mimiiiii, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    ^
    Барем добри придавки ми залепи во последниве 2 поста - „тинејџерско размислување“ и „(ало) девојче“, па јас, како вечен оптимист, ќе ги прифатам како комплименти :P

    Јас повеќе не ја (го) коментирам, готово, доста беа празни муабети без потребно инфо. Плус, премногу фрустрации фрчеа од тие реченици, еееее преку Таска :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Моме па што не се мажиш и не почнеш да раѓаш?
    Лесно е да пишуваш за раѓање на 3-4 ама ај роди ги.И тоа е лесно ќе ги родиш........АМА АЈ ИЗГЛЕДАЈ ГИ.
    Не е поентата раѓај деца па после улицата ќе ги гледа или ќе се најде некој да помогне некако па како така ќе се изгледаат.
     
    На Annath, jb82 и Mama25 им се допаѓа ова.
  11. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Само да кажам,Моирче не ми се нервирај ама ич. Ве читам само немам баш време да реплицирам. За тие што сакаат да го дигаат наталитетот слободно нека поработат на случајот отколку да трошат време на празни коментари!
    Не ми ја пипајте Моирче да не :muscle:
     
    На tessie и Filiposka им се допаѓа ова.
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    СДК ЗОШТО ГРЦИТЕ НЕ МРАЗАТ ТОЛКУ ??????
    ДАЛИ СЕ СВЕСНИ ДЕКА СО ОВА ЗБРКА СО БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ ГИ УНИШТИЈА СОНОВИТЕ НА ТОЛКУ МНОГУ ЛУЃЕ ?
    ИМ ЈА ЗЕМАА ПОСЛЕДНАТА НАДЕШ ?
    ОСТАВИА ТОЛКУ ЛУЃЕ БЕЗ ПАРЧЕ ЛЕБ ???
    НЕКОЈ ПОСЛЕНИТЕ ПАРИ ГИ ДАДЕ ЗА ДА ДОБИЕ Б.Г ПАСОШ И СЕГА НИШТО ???
    СЕ ПОЧНА ПРЕД НЕКОЈ ДЕН КОГА ИЗЛЕЗЕ ПРОТОКОЛ СО ПАСОШИ КАДЕ ШТО ПИШУВАШЕ ДЕКА СЕ ВРАТЕНИ НА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА, НАБРГУ ПО ТОА ИЗЗЛЕЗЕ ДОКУМЕНТ КАДЕ ПИШУВАШЕ НА СИТЕ ОНИЕ КОИ ИМ ИЗЛЕГОА ПАСОШИТЕ А ИМ СЕ ВРАТЕНИ НА ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОВЕРКА ДА ОДНЕСАТ ИЗВОД ОД РОДИТЕЛ ИЛИ БАБА И ДЕДО КОИ ШТО СЕ РОДЕНИ ПРЕД 1940 ГОДИНА И СЕ ПИШАНИ ВО ИЗВОДОТ ДЕКА СЕ БУГАРИ , ПА КАКО Е МОЖНО ТОА ???
    да се пишани старите наши бугари најверојатно и ние ке сме биле , но зошто бараме пасош ? ЗА ДА СЕ ПИШЕМЕ БУГАРИ.
    МАЛКУ МИ БЕШЕ НЕЈАСНА РАБОТАТА ЗОШТО ОД ЕДЕН ПАТ НАПРАВИА ТАКА А ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ВЕКЕ НИ ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ НЕМА ДА ДОБИР БГ ПАСОШ БИДЕЈКИ Е НЕВОЗМОЖНО НЕКОЈ ДА ГО ИМА ТОЈ ДОКУМЕНТ.НО СИНОКЕ КОГА ЗАГЛЕДАВ ВЕСТИ СЕ МИ СТАНА ЈАСНО НА ВЕСТИТЕ ИЗЈАВИА
    ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРСКАТА ДРЖАВА И ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ГРЧКАТА ДРЖАВА СИНОКЕ ИМАА КОНФЕРЕНЦИЈА.ИАКО БУГАРИТЕ МАКЕОДНИЈА ПРВА ЈА П
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Златната таа :f:

    Знаеш, чудно ми е....и јас сум мајка, па не влечам вакви фрустрации, затоа што стварно НЕМАМ ВРЕМЕ за да се занимавам со девојките кои изгледале *курвински* по дискотеките и бирале да живеат материјалистички и хедонистички, па затоа повеќе разводи и пад на наталитетот.
    Мислам, девојкава, ко за веќе мајка и на пат 2ро на 23 години, ептен ми е исфрустрирана, затоа се` повеќе мислам дека е машко кое девојката го заебала со друг, најверојатно Грк :rofl:

    Ај доста е, офтопик сме, не вреди.
     
    На Annath, Filiposka, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^^Добро бе девојче ај размисли малку и ти, каде го има тоа на светот да добиеш државјанство од држава со која немаш никакви допирни точки?
    Сега се во ЕУ, правилата од таму им ги одредуваат, нормално е секаде за да се земе државјанство од некоја држава треба да имаш или родители или баби, дедовци родени во таа држава.
    Многу бре клетви зошто барале да докажеш дека имаш баба или дедо родени во Бугарија, е како сакате бре за 100-200 евра да добиете пасош од држава која е во ЕУ. :^)

    А како мислиш дека во Мк се добива државјанство?
    Јас со двајца родители родени во Мк затоа што не сум извадила државјанство до 27 години си останав заглавена во Мк 10 месеци додека ги извадив сите потребни документи и тоа со врски ортоми а Мк не е ниту дел од ЕУ.
     
    На Annath, mimiiiii и Waka-waka им се допаѓа ова.
  15. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Ти што мислиш и тоа што е реалност е сосема друга приказна. Ниту сум машко, а ниту сум исфрустрирана како што ти сакаш да претставиш некого тука само затоа што сите аргументи ти се побиени и колку твоите тези се неаргументирани. За тоа дека можеби претерав малку се извинувам длабоко, не сакав така да изреагирам со низок речник спрема тебе, но за Грци и вадење пасоши по скопски дискотеки ти самата си збореше сигурно од лично искуство. Барем јас имам самопочитување за разлика од некои други тука.

    И јас бев нарекувана глупа, исфрустрирана, проста милион пати тука, но никој не ми се извини. Тоа што на некои девојки овде не им одговара вистината и што бараат оправдание во паушални изговори е сосема друга работа.




    Јас само лоцирам проблеми во нашето општество и каде одиме. Само кажувам колку младината во Македонија особено Македонците отидоа по надолна линија. Тоа носи и други последици.Ти, јас, тој, таа и било кој друг треба да се замараме со некои социјални проблеми, затоа што имаме деца и треба да обезбедиме подобра иднина на нив, а не само да кажеме „гајле ми е“. Утре и твоите деца ќе бидат жртви на тој систем на вредности како што и станаа многу млади Македонци за жал. Економската ситуација повлече многу, но и прифаќањето на американските вредности (оние најлошите).


    @Lil Baby

    Не студирам на УГД, туку на УКИМ, а извини за мојата правописна грешка. Нема да ми се повтори веќе :)


    @ Nana19

    Џабе вадите бугарски пасоши сега. Многу рестрикции воведоа за работа на Бугари и Романци во повеќето земји, затоа што буквално им се преселија таму. Јас колку што сум запознаена многу потешко се наоѓа работа сега со бугарски пасоши. Ако сте квалификувани работници можете и без бугарски пасош да отидете да работите, затоа што на земји како Германија, Австрија, Скандинавија им треба физикалци колку сакаш. Не очекувај таму дека ќе те стават во канцеларија или администрација да работиш.
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Болдираното ви е основен проблем во МК, никаде во светот не е толку голема привлегија да работиш во канцеларија како што е во Мк.

    И како со омаловажување го кажувате тоа физикалци небаре станува збор за криминалци, џган, во нормалниот свет секоја физичка работа се наградува парично повеќе од таа работа во канцеларија.
    Кај мене на градежен работник просечна неделна плата му е од $1500-$2000 а на шалтерски работник во банка од $500-700 е сега едниот ќе работи надвор во добри временски услови (над 34 степени ако е не смеат да работат, ако врне итн) ама ќе зема толку колку што зема плата а другиот ќе седи внатре во климатизирани простории и ќе зема 3 пати помалку.

    Многу изместени вредности имате, секаде во светот тој што работи со раце е најценет, само во Мк се рачуна за најдолно нешто, во нормални држави се прави распределба на работната сила, не се тера секој да учи по секоја цена, да завршува факултет и после да си ги вртка прстите дома без работа, реално најпотребни се работници во една држава да просперира.
     
    На tessie, Abeja, Daydream и 12 други им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    И кај нас мајстори во градежништво земаат по 1000 ден. дневница. Електричар да викнеш еден штекер да ти намести скоро 1000 ден. ќе ти земе. Местење плочки и ламинат/паркет 500 или повеќе денари од метар квадратен. Чистачка да викнеш под 600-700 ден не ти чисти. Аргат на поле 700 ден. дневница. (сумите отприлика) А во приватни фирми ќе те стават во канцеларија ама дали и 15 000 на крај на месец ќе земеш. Не дека и тука не се цени физичка работа, ама пусто кој да работи...
     
    На Thallia, Abeja, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Токму тоа го кажувам кога мислам на изместени вредности, мора некој да работи, не бидува држава без работници.
    Ово со факултетите кои веќе и не се факултети ја уназадија државата, реално не може од 100% завршени средношколци 100% да се запишат и да завршуваат факултет, едноставно невозможно е секој да го бидува за учење.
    Со сегашниов тертип не можат тие што стварно вредат да испливат на површина, ја направија површината преголема, затоа ќе има проблеми во иднина со преквалификувани а реално за ништо неспособни и така тоне државата а не од намален наталитет.
     
    На Annath, Filiposka, lolyta777 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    - За облеката и за „христијанките“ точно е, само ова треба да им се објаснува на друга тема.

    - Босанците слабо се држат до религија (во Босна). Барем оние што се во урбани средини.

    - Млади Албанки има малку, забулени Босанки и Турчинки во Македонија не сум видела (можеби има некои стари, ама има и стари Македонки во шамии :) ). И не само што не се забулени.
    Нема потреба и ова да го спомнувам, ама колку да разјаснам што ми беше поттик да ти реплицирам, најневкусно облечената врсничка (и згора на тоа со незавиден морал на тие години) што ја знам јас лично, не од реклаказала, припаѓа токму на таа „забулена“ националност. Знам и уште една таква која не е баш скромно облечена. А додај на тоа дека не познавам многу муслимани, што е логично зашто се помалку во средината општо. После пак за Македонките нека се зборува, да им даваме и нив повод да не вреѓаат, а нема врска, во проценти колку што има такви кај нас ги има во секоја националност.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Има Вевчанци на форумов? :)

    Градоначалникот на Струга, Села се заканува дека ќе ја руши порта Вевчани поради расистичко однесување...

    http://ohridnet.com/%D0%B2%D0%B5%D1%81% ... D0%B8.html