Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. TMNT

    TMNT Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2023
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Машки
    I šo mi se isponašuvaš sea? Šo lošo ti rekov? Samo te prašav za mislenje
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    4.080
    Пол:
    Женски
    Абе дека се нивни миленичиња се ама не можат да си го остварат тој сон.
     
    На tessie и Cvekarka им се допаѓа ова.
  3. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Зошто да се одложува пак гласањето?
    Па, нели на демократски начин се изгласа што треба уште?
     
    На Outlook, tessie, Cvekarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    2.180
    Пол:
    Машки
    Тоа е „стара пракса“ на мнозинството, ако немаш мнозинство за Уставот/законот, одложи го гласањето.
    И ВМРО–ДПМНЕ го одложи гласањето (никогаш не се гласаше) за уставните измени во 2015 година.
     
    На tessie, ЀѐЍѝ и Cvekarka им се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    16.136
    Пол:
    Машки
    Оти му заглави на тој едниот дугмето за гласање.
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    182.241
    Како се придобиват пријатели Тања?8-|
    Демографска слика-чија? Албанија има пад на популација од 3,9 % во последните 10 години.
    Територијално ширење, слога, пари, бизниси? Точно. Албанската мафија го води нарко бизнисот во Ук. Плус ЕУ. https://www.spectator.co.uk/article...rafficking,their drugs and people trafficking.
    Кој се одбранил од мафија, прашањето е сега. Професионални се, нема збор. Ама, да им се воодушевувам и да кажам дека супер тераат работа, треба стварно нешто да ми фали.
    Дисклејмер- ова мислење не тврди дека сите албанци се криминалци, скраја било. Само дека албанската мафија е лидер во ЕУ, а где је мафија, тамо су паре, где су паре-ќе се најде јаре, и така тоа...
     
    На anaja1, tessie и Mrs. right им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.235
    Допаѓања:
    13.030
    Албанци не живеат само во Албанија, туку и во Косово и Македонија, а во Косово и во Македонија имаат прираст. Па Косово има жители колку Македонија, што не беше така во минатото. Нивната дијаспора е исто многу поголема од нашата. Вака или така, поснаодливи од нас. Имаат свое лоби. Прво погледни колку политичари нагласија дека Македонија и Албанија можат да бидат раздвоени. Не се воодушевувам, туку се чудам како Македонија не најде ниту една земја пријател, освен добриот Вучиќ. Земи го пример едно Пехчево, единствениот маркет што го имаат е на косовска фирма. Ние немаме што да понудиме никому, никаде. Ќе направат бум со туризам, ќе бидат топ дестинација, ќе им расте буџетот, а Македонците не гледам дека демографски ќе се појачаат во Македонија општо или во западна Македонија, утре да сакаат ќе се спојат. Со вакви како нас, нив им е лесно да си ги реализираат сите свои планови. Не паметам некогаш да се силеле на посилни од нив, а ние Македонците јаки сме по социјални мрежи, небаре сме Израел.


    https://vocentar.com/зејди-иднината-ја-загрозуваат-некои-м/

    Да не биде дури Македонците чекаат распад на други држави по светот, оваа нашава да се распадне. Во круг од уцени нема иднина.

    На Македонците им фалат уште 30% плус Македонци за да си ја управуваат својата држава по свој терк. Се плашам дека на следен попис можеме да бидеме 10-15% минус од сега, од јадните 58%, демографија слична на Босна. Гола вода без компас.
     
    Последна измена: 19 август 2023
    На Outlook и tessie им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    182.241
    Косово-раст на популација-0, 06% во последната година.
    Статистика за Македонија ниту има ниту може да има, ако бројат ко што бројат, јер така им одговара, а ти повторуваш измислен наратив. Значи, ниту јас, ниту ти може реално да знаеме која ерничка група колку расте или опаѓа.
    За лобито, мислам објаснив погоре. Ако не разбираш англиски, ќе ти преведам.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.235
    Допаѓања:
    13.030
    Разбирам англиски, ама кога шетам низ град гледам демографија и без попис. Сите нас не уценуваат, ние само исполнуваме желби. На пописот ако во македонско село има 5 Македонци без податоци за националност, а во албанските села има 50 без податоци. Тие се заведени без националност. Првите 5 се Македонци, а другите 50 во Липково или Зајас не се ништо друго освен Албанци. 5 или 50 е повеќе? Да те потсетам имаме општини со 0 Македонци, Липково, Арачиново и слични. Ако утре решат да прават референдум за отцепување, 100% ќе бидат за или 50-50%, што мислиш? Во која држава во регионот има општини населени со 100% малцински народ?
     
    Последна измена: 19 август 2023
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.235
    Допаѓања:
    13.030
    Според последниот попис од 2021 година, во селото Скачковце живееле 105 жители, од кои 100 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 3 лица без податоци.

    Според последниот попис од 2021 година, во селото Матејче живеел 2.961 жител, од кои 1 Македонец, 2.855 Албанци, 4 Срби, 1 Бошњак и 100 лица без податоци.

    Ова е од Википедија. Имате податоци од попис и на Државен завод за статистика. Гледав и таму демографија по општини.

    И не знам од каде во Матејче Срби и еден Македонец, освен ако се раселените па да не си смениле адреси. Физички не се таму, си живеат во Куманово. Ако имате поинаква информација, пишете.
     
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    8.580
    Денес бил денот на државноста на Унгарија. На вести гледав, Вучиќ го поканиле од комшиите. Наш Стевица не бил поканет, не знам шо така?
    Важно Вучко си тера работа, средби со Орбан, со претседателката на Унгарија, со Ердоган, со Алберт од Монако... Си муабетеле за енергетските теми, за Турски тек, за железничката поврзаност меѓу Србија и Унгарија, па Вучко сакал да гради стадион како оној што сега го отвориле во Будимпешта итн.
    Е ама "седел на две столчиња" мудро забележал некој новинар. Епа јеби га.Не се сите умни како наш Ќурка и Стевица. Тие само на едно столче си седат кога одат на пушење во Лувр. Или во Брисел беше главната пушална? Па затоа кога се враќаат од таму, полна им е устата со" европска иднина", "еден избор имаме", "само уште ова да го испушиме, и влагаме во ЕУ"...
    Screenshot_20230524_170607.jpg
     
    На La-loca, FridaodaMk и Cvekarka им се допаѓа ова.
  12. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    8.580
    Утре ни доаѓа уште еден од низата силувачи и изнудувачи, некојси Ескобар амерички. Да ни разјасни колку се прекрасно неопходни Бугарите во устав.
    Јас не знам зошто Мицкоски воопшто ќе го удостои со средба? Времето за глумажи помина. И тие играат со отворени карти, без виткање во обланди како на времето. И јасно им е дека на сите ни е јасно "колку е саат" со нивната наменска дипломатија, и не им е гајле ама ич. Мува не ги лази, ти идат дома веќе со години и ти велат "свирни си куршум во глава, ќе ти порасне друга, поубава". Важи, еве да ја допиеме нафтата, и ќе си чкрапнеме.
    Страшно е како ревносно си ја туркаат агендата да не снема од лицето на земјата. И како држава, и како народ.
    Има ли крај нашава агонија?
     
    На sonuvana, Bitter-Sweet, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  13. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    8.580
    https://republika.mk/vesti/svet/ova-se-pette-novi-chlenki-na-briks/
    Ај ако може референдум "Дали сте за влез во Брикс и тотално пречкртување на ЕУ за век и веков"!
    Ќе му текне ли на некој дека овие батки се новите играчи на светската сцена? Ај еднаш да бидеме и ние подалекувидни. Дури не им текнало и на нив да поставуваат услови за прием на нови членки.
     
    На sonuvana, quattro, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    7.298
    Пол:
    Машки
    ЕУ е нестабилен фактор а и Г7 блокот кој е конкуренција на БРИКС.

    Алжир ќе добие 67 милијарди мислам беа не се сеќавам точно, од Кина само за интересот за влез во БРИКС, модернизација во образование, здравство и ИТ, инфраструктура, а ние во 30години од САД иаме добиено 2милијарди.

    ЕУ е 100% зависна од Кина. Кина е најголемиот добавувач на стока и материјали за европската индустрија, а и храна исто. Значи ЕУ нее стабилна економија со сопствено производство

    Светот повторно ќе се дели на блокови, исток и запад. Прашање е дали ние што го одбираме западот е правилниот избор за иднината? А со сето ова, изгледа дека не. Затоа Англија т.е Обединетото Кралство ја напуште ЕУ, не случајно, туку има некоја позадина зад сето тоа.

    И да има референдум, нас никој не не прашува, нашиве политичари се слуги на вазалите од запад, особено на САД. Затоа доаѓа и овај Ескобар, да го искара Мицкоски за уставните измени хахаха. А и аман со тоа дека со референдумот од 1991 тогашните граѓани се изјасниле дека патот на Македонија е кон запад за евро атлантските аспирации, милион пати го потенцираа тоа, па и овај Маричиќ ќе воведувал едукација "Ние сме Европа". Па фала богу сме во Европа, не сме во Таџикистан, бог да чува.

    Светот се менува, мултиполарност. За нас како мала земја, не треба да се врзуваме само за едните, ЕУ па ЕУ и НАТО. Кина е новиот светски економски играч број 1, и треба да ги зајакнеме врските со Кинезите ама со овие тешка работа. Груевски забега кон Кина и ете одма го тргнаа вазалите од запад оти не играше по нив и го донесоја Зајче па сега и Таче. .

    Кина светска сила !
     
    На sonuvana, La-loca, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    8.580
    Најмногу ми е криво што како и секогаш на нас последни ќе ни текне, ако воопшто не' биде до тогаш. ЕУ утре да не' прими без никакви услови, нема што да понуди. (А секако со нас има други намери, кои немаат врска со членство). Како што кажа, Европа е тотално зависна од енергенси, храна и ресурси од исток. Не е самоодржлива, зависна е од други, и ние од нејзе ќе очекуваме нешто? А во иднина тоа ќе се искристализира повеќе. Ќе си остане америчка измеќарка, осиромашена и зависна од нивната милост.
    Енглезите тоа го намирисаа и затоа излегоа од ЕУ. Дали тоа нешто драстично ќе им смени, не знам.
    Ама џабе правиме муабет додека вазаливе предавнички се на власт.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.235
    Допаѓања:
    13.030
    (Фото) Повторно знаме на т.н. „голема Албанија“ во Тетово, Касами се фотографираше пред него, па го промовираше

    Плачат во Европа за вакви како нас.
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    7.298
    Пол:
    Машки
    Замислете група со Русија, Саудиска Арабија, ОАЕ и Иран. Тоа е моќниот центар на нафта/гас во светот!

    Додадете ја Кина, број 1 увозник на нафта и природен гас во светот. (Индија е број 3 за нафта).

    Проширувањето на BRICS е стратешко на многу начини. Го трасира патот за дедоларизација.

    САД беспомошно гледаат како се одвива сето ова. Помина времето на брзи преврати, атентати и војни за контрола на нациите.

    А наскоро се очекува уште многу земји да бидат членки, една од нив и Турција.
    FB_IMG_1693028865060.jpg

    Земји кои ја имаат Кина како стратешки трговдски партнер за суровини и САД порано и сега (2000-2020). Светот се менува.

    -2023 цела ЕУ е зависна од Кина, особено Германија

    FB_IMG_1693028845585.jpg
     
    На Mrs. right, sonuvana, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. SecretMan

    SecretMan Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Машки
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.352
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Ќе влеземе да да, еден убав сончев ден. :handshake:
    Мада поарно и да не влегуваме, они за нас се испонасекираа ептен, ќе не опраат, да си се тешиме само..

    Споулавени сте по тоа фамозно Еу.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    7.298
    Пол:
    Машки
    Макрон: ЕУ тешко функционира со 27 членки, со 32 или 35 нема да биде полесно, потребни се реформи

    ЕУ - мало сутра! Што би рекол нашиот екс прајм министер з.з 8)
    Шефот си го кажа своето вчера и не поздрави итоа убо, е сега нема што да не лути тоа. Туку додека има време и шанса да го фатиме последниот воз, да си поднесеме кандидатура кон други блокови е најарно оти ако почекаме за неколку години и таму нема да не приберат Ама овие нашиве измеќари ако мрднат на страна ќе им се налутат па господата од калето :smirk:
     
    На BlackNight, orevokrsacka и Mrs. right им се допаѓа ова.