Е не знам измеќарите дали се доволно созреани за таков чекор и дали имаат капацитет уопште да сфатат накај треба да се ориентираат, знаеш полесно им е да им лижат гз на Еу и Нато иако убаво ги/не дупат, не им е доста од дупење, уште треба, појако. Оф бе, не ми се збори ама да беа паметни до овде ли ќе стасавме? Џабе праиме мубает, не вреди.
Фигури се само политичариве наши, глумат прајм министри, претседатели, министри.. Друг ја крој политиката и ја води оваа држава, 30 години калето раководи. И да сакаат да се ориентираат на друга страна кон други блокови и можности, не можат, едноставно окупирани сме од Стејт Департментот од кале. Некни беше високиот претставник тој Ескобар да го убедува проф д-р (демек проф) Мице да гласа за уставниве измени. Секогаш кога има поголемо прашање за решавање а е опфатено со меѓународната заедница, секогаш идат овие шефовите од запад да вршат притисок, закани, убедувања. Така беше и со преспанскиот, за името сите од запад се истурија демек ако го смениме името директ во ЕУ, аха мало сутра еве видовме. Така беше и со знамето, уставот, рамковниот договор, признавањето на Тајван и Косово, па името, сега бугарите.. Факт е дека ЕУ не сака да си има работа со мали земји како на балканов, сиромашни, без развој, индустрија, производство. Ќе треба цела ЕУ да работи за нас а тоа го неќат, како со Бугарија и Грција што е, што и да биди нешто во овие две земји, ајде ЕУ пари да пушти, колку пати Грција ја спасуваа од банкрот, па зошто? Затоа Англичаните ја напуштија ЕУ, се освестија, а сега и Франција шепоти еве со изјавава на Макрон вчера. Бугарија ја примнаа заради геополитика, да не забега кон Русија и истокот и ради црното море, тука сакаат да бидат главни западот а не дека ја сакаат во ЕУ или дека имаат бенефити од Бугарите, само од геостратешки интерес е Бугарија во ЕУ, за друго ништо, цвета мито и корупција, криминал и таму, најбанална држава во ЕУ. Од нас немаат никаков интерест затоа не неќат, од нас аир видоја американците што влеговме во НАТО, да можат полесно да вршат терор и насилство, дестабилизација, војни во регионов и светот со отварање на нови воени бази, трупање на странско оружје и војски. Таа е таа корелација на САД, за тоа ја бива, светски полицаец да глуми.
Веќе не знаат што да измислат за да не откачат, а сепак да не држат за врат, па на Макрон му текнало за "интеграција во повеќе брзини" или така нешто. Демек тие господарите со сина европска крв ќе шибаат со најјака брзина и ќе одлучуваат за се, а овие другиве измеќари балкански(ако влезат воопшто некогаш) ќе седат во лер. И ќе клатат глава во некој ќош, со зината уста да падне некоја трошка и за нив. Рамноправни европски членки, мај ес. За нив ќе бидеме секогаш црнци - робови, луѓе од најдолната каста, обична стока за поткусурување. Секако првин ќе почекаме да се реформираат во текот на веков, и онака никаде не брзаме. Кога сме веќе на тема Бледски хумористични собиранки, ако ништо друго Рама видел колку е саат, па малку и ги тапшал европјаниве, а може и во секоја шега има пола вистина, не знам. https://republika.mk/vesti/balkan/r...e-zemji-lesno-mozhat-da-se-napadnat-megusebe/
Него најјаки се овие што упорно чекаат и мислат дека ќе дочекаат да влеземе, овие нашиве амеби, што се чукаат у гради, народот кој се надева напразно, ќе влеземе па вака ќе биде, онака ќе биде, си праат филмови кутрите, си фантазираат. Колку само е смешно ама и трагично во исто време, напрај вака ќе наредат и одма ние им се тресеме и ги слушаме шефовите, тоа пак со името по дно дна и победно нешто да се согласиш и прифатиш нема, што е следно се прашувам? Мислам се знае, се подразбира, дното одамна е допрено, ама до каде ќе идат баш ме интересира, до каде можат да тераат. А Хрватска зашо ја примија? Небитна е и таа, не е во високото друштво, и нејзе ја играат како сакаат нормално ама шо корист имаат? Греота, убава земја, секад била малце, малце поише пред нас и останатите тапа екс ју земји, а дозволија и они да им се покорат на западњаците. Ај може и бољи им е животот сеа ама не ќе да е така баш.. Си мислат може дека ќе ги стасаат Словенците и подобри ќе бидат од нив..
Битна е итоа како за меѓународната заедница. Глобалната политика е многу опасна, големите сили мислат и кројат политики за светот од напред за наредни 100 години. Хрватска е членка на НАТО и ЕУ ради Србија, исто како и ние, Црна Гора, Унгарија, Бугарија.. И останатите земји кои граничи Србија. НАТО ја бомбардира Србија ради тие акции на Милошевиќ и беше прогласена како земја атентатор и која го дестабилизира регионот и мирот во него. Иако ОН не одобриja, и долниот дом на САД беше против, сепак Клинтон на своја рака превзема акција па после ај и ОН испратиja мировни сили, демек оправдано било. Хрватска господари со јадранот, се знае дека Хрватска војуваше со Србија баш ради морето оти србите сакаа да излеат. Хрватска е многу битна геостратешки на картата, во Италија на јадранското приморје веќе господарат американските воени бази. Србија и ден денес е на листата на САД како нестабилен фактор во регионов, има многу отворени прашања како Косово, БиХ (Република Српска). Многу поверојатна е корелацијата на Хрватска со Босна и Република Српска, оти Босна има 3 претставници во власта, премиер, пеетседател, итн, се србин, босанец, хрват и еден мировен претставник на ЕУ. Ако Србија се реши да превземи чекор во Република Српска, многу полесно ќе биде западот да изврши притосок во Босна преку Хрватска. Населението во БиХ е од мешан состав, БиХ е поголемо буре со барут од Косово. Косово веќе е и решено, и јасно муе на србите дека не можат ништо тука, но ја имаат Р. Српска која истата добива значајна поддршка од Руската Федерација која исто е и партнер на Србија. Западот нема лесно да се откажи тука, затоа и се прават припреми и БиХ да влези во НАТО, но отворено е прашањето со Р. Српска и затоа се уште се стагнира тука. Затоа Хрватска е дел од ЕУ и НАТО, да можи западот да го стега полесно обрачот околу Србија, оти Србија и онака е на некој начин на црната листа на западов со овие врски со Русија што ги има, и ако видиш од секаде е заобиколена од НАТО членки и ЕУ, особено НАТО. Босна и Херцеговина е отвореното прашање и едно од најнестабилните прашања кои можат да го загрозат регионов. Големите сили не ја покажуваат силата на самите себе, него делуваат преку малиот, страдаат третите страни, малите особено. Случајов со Украина е таков, западот војува индиректно со Русија преку Украина, Украина само се искористува, како и нас што не искористиваат за нивните глобални интереси за моќ - западот и како што Србија се искористива од Русија, иако си мислиме дека е од пријателство тоа. За се постои црна позадина.
ЕУ нее наци Дојчланд, освен ако гледаш територијално која е слична со окупираните земји на Германија, ама тоа е башка, нема врска. Со ЕУ раководат големите корпорации кои го движат светот и одлучуваат за иднината, масонството преку невладини организации итн. Сорос е помоќен од цела ЕУ што се вика, баш тие ја кројат политиката на Европа. ЕУ е типичен капитализам на големите корпорации кои господарат со финансиска моќ, парите се тие кои ја прават моќта на ЕУ. И ако видиш, зависиш од нив преку тие европски фондови, кредити итн, и да сакаш да ги вратиш, нема можност, еден фонд кошта да бидиш за секогаш нивни поданик. И многу лесно можат да уништат и пропаднат некој систем само со воведување на банкарски санкции, како што направија со Русија. Меѓутоа Русите се големи играчи и моќни, не им значеше ништо тоа, имаа загуби да ама ја имаат Кина позади грб која е економска сила број 1 во светот. А пак ЕУ е зависна од Кина за суровини, ресурси, стока. Тој е тој нов свет на нови струи и блокови повторно, налик на студена економска војна. И затоа се овие самити на БРИКС, БРИКС е всушност ЕУ за останатиот дел од светот, и затоа сакаат да се прошири за да се запри доминацијата на доларот, еврото како валути. Ние сакаме да сме зависни од ЕУ, меѓутоа ЕУ нас не нејќи. Франција друго кажува. А тоа наместо да не одведи кон евро азиското ЕУ со подобри поволности и можности, ние и покрај сите блокади упорно се врзуваме за западот.
@quattro оф лелее, прљави игри.. Искрено не можам да се замарам до толку, ти ептен си навлезен и анализираш и имаш доста познавања, у право си за све шо кажуваш, криво ми е шо ништо не може да се смени, они се толку моќни, не држат сите у раце, останува само да си коментираме и исправаме криви дрини, а тие си ја тераат агендата, тоа што е зацртано да се оствари и успешно им иде. Што викаш, да има некако начин да можеме да им се придружиме на новиов блок и да мрднеме од мртва точка бар малку ама јебига Еу и Нато постојано у врат ни дишат, тешко да се спасиме од нивните канџи, а сами сме си криви што дозволивме. Ќе речете сеа па кој не прашува нас, они си кројат планови и си играат со судбината јер нели големите риби ги јадат малите но волку требаше да се понижиме ли и волку лесно да се предадеме? Што ако сме мали и безначајни, тоа треба да значи дека оправдано си играат сите со нас оти им се може? Нејќам да сум наивна ама многу поразително ми е ова шо се дешава и не можам да го сфарам и да се помирам. Малце попаметни да беа овие до сега на власт што дремеа и ни ја цицаат крвта, место да им беше побитна државата и сопствениот народ отколку фотељата и лапањето парички ама тоа изглеа у некој паралелен универзум, у стварноста тешко, затоа и сеа ќе ни се ситат кој стигне.
Врати се малку назад, да не беа тие фондови кои ги кажуваш како непријателски ние денес немаше ни да имаме држава.Ниту армија ќе имавме, ниту ништо, после отцепувањето од Југославија, без тие фондови ние немаше ни да опстанеме како држава, затоа што немавме пари, тогашна Југославија си собра буквално се што вредеше.Е сеа, тоа што ние освен дедо Киро, не можеме да најдеме државник, место лопов, е наш проблем, не на ЕУ или на Русија.Тоа што сите кои дојдоа на власт, испокрадоа колку можат, место тие фондови да ги искористат за унапредување на државата, ние одамна ќе бевме во ЕУ.Имаме многу шанси пропуштени до сега, и со многу подобри договори, но на лоповите кај нас не им одговарало.2006-2008 пропуштена е најголемата шанса, да влеземе во Нато и Еу како Република Македонија (Скопје), верувам дека денес, никој тоа Скопје немаше ни да го користи во името.Бугарите ги искористија своите 5 минути, кои не верувам дека ќе траат уште долго, барем ќе расчистиме со нив еднаш за секогаш, и да не ме сфатиш погрешно, и јас не ги сакам во устав.Старите знаеш како викаат, да не даде господ Бугар да те храни и Русин да те брани.Не знам дали во Еу ќе ни биде подобро, ама сега дефинитивно не ни е добро.Порано немавме држава имавме нација, сега имаме држава, ја губиме нацијата.Сите нормални избегаа.Сите ненормални исто, избегаа на запад и навиваат за Русија, е тоа никогаш нема да го разберам.
Еу ни ја напраи државата? Еу хуманитарците кои мислат само на наше добро. А за ова шо викаш дека ради тоа шо испокрадоа нашиве затоа не влеговме у Еу па не баш и да бевме најдобри и најпоштени не верувам да не примеа, пак они ќе ни најдоа маана само како изговор за да не не примат, не не сакаат, џабе, вака за заебавање и манипулирање арни сме им, трошките ќе ни ги фрлаат и ние ќе им се воодушевуваме и ќе ги респектираме. Не бе, и во Еу ќе ни биде лошо, баталете фантазии дека рози ќе цветаат, кој не врти нас и ја сакам да е така ама не е. Е за ова последново у право си да, избегаа на запад, си се ладат таму и си уживаат, а демек не им чини западот и плукаат по него, а Русија ја бранат. Ако плукаш по западот, шо мајка бараш таму да си им слуга, идат за подобри услови ама не плукај тогаш, прифати си ја реалноста и готово, таму секогаш ќе си бидеш странец и тоа е тоа, помири се. Овие у ист кош ги ставам со нашава „патриотска“ дијаспора, си ја сакаат татковината ама од далеку и најголеми патриоти се, а со прст не мрднале нешто да напраат за земјава плус тоа и бугарски пасоши имаат, ептен патриоти.
Конкретно за фондовите зборев, не за Еу.Помала си, веројатно не памтиш, дека Македонија од 91ва па навака е изградена на кредити, ние кога се отцепивме немавме пари за да опстоиме како држава.Е сега јасно ни е на сите дека на никој, ниту на Еу, ниту на Русија ниту на Америка не им била од корист силна Југославија.Ама ние на референдум сами сме си изгласале независност, со тоа сме ги прифатиле и кредитите и фондовите, јасна била понудата, сакате држава самостојна, немате пари, еве ви пари, направете држава но ќе играте како ние ќе свириме.Е сеа кај се парите е друго прашање, така да сите, од 91ва навака што стапнале во парламент треба да одговараат.
Да ама не ги величи и воздигнувај Еу со нивните фондови и грантови, последна дупка на свиралото сме биле, сме и ќе бидеме. Ни помогнале држава да напраиме, затоа сеа низ нос ни вадат све, се си има своја цена и скапо ја плаќаме.
И јас не знам што се маваме во гради, затоа што ние сме тие што бараме кредити, за да опстанеме. Не зависат тие од нас, ние од нив. Еден кредит да не ни дадат, ќе се блокира цел државен апарат. Прост пример, фонтана во град во Македонија изградена со донација од Италија, си пишува на неа, ама па не работи, вода не тече. Колку сме неспособни, тоа е чудо. Сакав да ја сликам фонтаната, да видат што пишува, кој донирал, па си реков џабе е. Една стракиња ми рече дека сме биле застанати во 20 век. И во право е, не ме навредува, вистина е. Вака нема ЕУ. Државава требаше да се среди пред 15 години, а таа само назадува.
Ако де, нека нема Еу, уште поарно, и ние ќе плачеме по нив, ни спотребале. Ај стварно да вреди и да дојде подобар живот и подобри услови, да не третират со почит, да не зајакнат и економски и здравствено и од секој аспект ама нема и во унијата пак ќе сме граѓани од втор ред, ништо нема да се смени, не сонувај за џабе. Не заборавај дека Еу и сите ко нив не се филантропски здруженија и ништо нема за џабе и без интерес, денес па ни таквите здруженија не се без интерес не па Еу. Кој фактор сме им ние жити се па на нас да мислат? А за државата да, требаше да се среди ама и без нив ќе се средеше да имаше луѓе способни кои знаат како да управуваат со неа и од кај, како и кои ресурси да ги искористат ама сите досегашни што се појавија работат под мотото "Зимај и кради". A а на твоиве ултра поштени западни другарчиња им одговара да си играат со вакви ситни риби, они таквите ги чекаат со раширени раце па затоа и тапкаме во место и назадуваме ама се сложувам дека сме неспособни и сами сме си криви за се, тоа да.
На пример на локални фирми им даваа неповратни грантови да си купат опрема. Јад и беда, фирми во провинција работат со дотрајана опрема. Ако компјутерот успори, тераат со него уште две години додека не цркне, оти нема пари за нов. Немаме економија, а без економија си никој и ништо. Ако не ви чини западот, ете ви ги Кина и Русија. Србија соработува со двете. Кинезите имаат удел во српските рудници, ама си донесоа свои луѓе Кинези да им работат. Значи купиле дел од рудниците, ама па тоа значи повеќе работа за Кинези, а помалку за Србите. Кој ќар од тоа? Србите дури сега се понезадоволни од претходно кога рудниците беа целосно во српска сопственост. @Mrs. right немај гајле, нема уште долго да се занимаваат странците со Македонци, ќе не шутнат. Еве вчера отворив веб страница на таа македонска организација преку која мојата бивша фирма има земено пари за развој(малку пари, ама добредојдени), и од 2020 година нема нова вест. Очигледно не работат веќе. Нема донатори, нема работа, делиш откази, нема никакви обуки, никаква помош, ништо. Тие што си работеа во организацијата сега веројатно се без работа, Македонци се, нека праќаат цв секаде, ќе се тепаат 10 луѓе за едно работно место и ќе биде кул, платите ќе одат надоле, скапотијата нагоре. Кул.
Ете, Србите веќе ми ја украдоа идејата за приклучување кон Брикс Партијата на Вулин во Србија поднела предлог резолуција до претседателот на собранието. Ако се усвои, секако крајниот збор ќе го има народот на референдум, како што треба. Додик исто, најавува поднесување иницијатива за приклучување на БиХ кон Брикс! https://bizlife.rs/vulinova-stranka-predlaze-da-se-srbija-pridruzi-briks-u/ Таче, Стевица .. енибади хоум?
БРИКС меѓународна организација основана од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Индијци, Руси и Кинези работат по Србија, Србиве ќе одат во БРИКС. За Бразилци и Африканци е далеку да дојдат, инаку би дошле. Абе да се удружиме со бетер од нас и ќе не биде. Во која од наведените пет земји можеме нешто да извеземе, а да може тоа да биде пократок пат од патот до Германија, Италија, Грција, Бугарија, Србија(овие по ДЗС ни се топ 5 трговски партнери) и да биде таа зделка рентабилна?
Дачиќ вели дека Србија до 2030 ќе биде во Еу. А Вулин една битна голема партија што има ќе предлагала придружување во БРИКС па и Додик кој е смејурија во политички свет. Па нека одат и ионака Вучко е инсталиран од Кинезите. Туку до кога ќе гледате Србите што прават и во кој правец одат?! Се додека се што е младо не земе бугарски пасош за да замине во Германија? Аман со србофилијава. И Србите се иселуваат во Западна Европа. Редовите пред амбасадите говорат народот кому е наклонет. Се останато се небулози и будалаштини,така и оваа опседнатост соБрикс.
Ако зборуваме за опседнатост, дај да зборуваме за ЕУ, жити се! А на што да се надеваме бе Косми? Ни испусте земјата, потонавме сите додека ние се замајуваме со ЕУ фантастика. И нема да не примат, ама никогаш! И сега што треба, сите да се отселиме? Јас сакам дома да ми е убаво, тука сум родена, тука сум градела живот, се' ми е тука! И ти најде да се потсмеваш ако бараме решение за поубав живот во татковината? Срам да ти е.
Па не мора за Еу. Еве кај да тераме те прашувам? Треба да останеме затворени изолирани,ко што сме наназад 30 год.?! Ајде реално како ќе градиме без ЕУ проекти ? Свесни сте дека и досега имаме користено пари? Свесни сте дека студенти сакаат бесплатно да студираат рамноправно низ ЕУ и бесплатно наместо да плаќаат. Сваќате дека со одложување и купување време сите овие год изгубивме многу време. И дека овие уставни измени ке се донесат само Вмро д адојде на власт. И За што да ми биде срам па мене. Па јас и моето семејство имаме хрватски пасоши па одлучивме тука да живееме и работиме. Ќе мериме кој е поголем патриот? Нека се срамат тие бугари штосе направија па сега изиграваат патриоти дијаспорци.