Зошто ние да не ставиме услов со бришење? Треба да климаме само. Па Словенија еден куп екс југословени избриша,тоа не е непозната пракса. Вучиќ е Кинески инсталат, допрва кај нив циркуси следуваат. Милановиќ само брбори изиграва некој опасен интересен тип што не беше случај порано , типичен небитен претседател,нема ни да добие втор мандат тотално небитен лик во политика. Хрватска многу пари има од Еу фондови но и злоупотреби па ги ловеа од Еу, а да не беа во Еу ке се заташкаше како и кај нас. Тоа на Кина во Сењ е ситна боранија,многу поголеми пари се слеаја од Еу. Во Грција сите автопати Еу им ги правеше. Ние од Еу добиваме фондови еве Маричиќ официјално вели имаме милијарда добиено. Па и новиот пат кон Грција се правеше од европски пари. Како и да е во безизлезна ситуација сме. Сдсм треба да си одат, ама овие кои ке дојдат ке бидат исти левел ако не и бетер,никогаш немало понеписмени во Вмро плус Беса се планира во Влада и еден куп други .
Ми се допаѓа размислувањево. И култивирање на попобеднички менталитет, а пасивизирање или елиминирање на досегашното наведната глава сабја не ја сече...ова е применливо ама кога е навистина неопходно и кога треба да се изреагира паметно, а не често па да ти набие комплекс на нижа вредност па само да си билдаш негативна автосугестија леле ова ќе ни се случи леле она, за ништо не не бива и се некои песимистички кукања..епа ако стално си го мантраш тоа, тоа и ќе ти се случи....какви ти се мислите таков ти е и животот...треба да осетиш кога на некој од големиве сили му пукнал филмот од каприц, од суета, од пружање на отпор наспроти вредности кои се неприфатливи за нашиот ментален склоп или од неподнесување на глупоќа или што и да е за да ја спроведеш епизодно таа парола: наведната глава сабја не ја сече
Паци, сеа не ти требаат филозофии за оваа работа коа очигледно е све. Ех да беше само до негативната автосугестија и песимистичкото размислување па и каприц уште и суета на силите.. Не ќе да е каприц него големи огромни прљави матни игри се у прашање, сакаат све да е нивно, да командуваат со цел свет, сите во рака да ги држат, да се над сите господариве, ко мислиш цел свет они го создале. Треба да сме реални што се дешава во светот, не да си фантазираме и живееме во илузија. Убаво е да си оптимист и да веруваш дека еден ден ќе биде се поубаво ама ради тоа што ни се чини дека тој ден е светлосни години далеку за да се случи и поради сите срања на кои сме сведоци, веќе полека но сигурно сите губиме трпение и надеж и толку сме ифрустрирани што сме немоќни нешто да промениме, а тие си тераат со нивното, ич не се замараат. Додека имаат толку многу поддржувачи кои ги тапшаат по рамо и им ја даваат силата на некој начин, уште побетер ќе биде. Мислиш ние помладите вака од мерак сме гневни и бесни, од што сме задоволни од све па ај ќе си филозофираме пошо неаме попаметна работа?
Ќе внесеме Бугари во Уставот, ќе бараат после настава на бугарски јазик, ќе ја спомнуваат секој ден бројката од 120.000 Бугари, ќе бараат квоти за вработување. На тикток има некои си бугарофили кои се спремни, значи шират бугарска пропаганда и веројатно ќе лапнат нешто како „Бугари“ од Македонија. Каракачанов спомна дека и министри и градоначалници имаат бугарски пасоши, па и пратеници. Ќе дојде ден ќе ги прозваат по име. Си потпишал, не дошле со ланци да те врзуваат и да те носат со сила да земеш пасош. Пиринска полна со Македонци? Само Стојко Стојков, Атанас Кирјаков и уште еден тој од клубот јавно зборуваат, младина нема. Плус Кирјаков навредуваше се живо и диво, па се раскарани. Македонец од Пиринска во брак со Бугарин е полуМакедонец веќе, оваа држава не му нуди ништо, ако се прави голем Македонец само проблеми ќе има. Исто ти е и во Грција, ќе се асимилираат по пак на бракови. Од Грција само Васкопулос зборува за правата на Македонците. После него, темата ќе се затвори. Имаат пари нашиве за кампања „Ние сме Европа“, а пола Македонија автобус нема, болници нема, воз нема, нула. На кој начин Македонија ќе оди во Брикс, кога Македонецот носи одлуки со консензус со малцинствата? Ај во Брикс, нека ни вратат визи, па ќе пасе трева народов во Источна Македонија без работа на лозјана по Италија, Швајцарија, ама битно во Брикс ќе сме. Па нема да не примат ни таму.
Ако сакаме да си ја зачувиме државичево наше само ЕУ. Меѓународното право на Европската Унија ја гарантира кохерентноста на нашето постоење такво какво и да е , се друго е излегување од трлото и огромна веројатност за отцепување на Суверинитетот и огромно непостоење на постулатите на козистентната деструктивна кохезија на Државата. Заблудата од некои платенички пропаганди кој оддамна ја имат перцепирано ова територија како своја и силно работат на нејзино разбитување, немојте да навлегувате во некои теории на заговори зошто така и вие свесно или несвесно работите за истите ТИЕ центри. Со ЕУ кој и тоа како стратешки сме лоцирани на патот конецно ќе ги затишиме тие центри и ќе го вратиме суверинитетот на народот, а Олигархијата ќе ја пратиме таму каде што припаќа во БУНУИШТЕТО на заборавот.
Па добро ти кажува . Додик не е претседател. Комшиќ од партијата на Хрватите е, а премиер е од Бошњаците.
А кој е претседател бе Косми? Во државата Босна и Херцеговина НЕ ПОСТОИ Институција претседател и премиер. Извршната власт ја има Претседателството, кое е секогаш составено од три члена: еден Србин, еден Хрват и еден Бошњак. Србинот е Додик
Па затоа постои тројка кои ги спомнав,и ги извршуваат функциите. Не,не е Додик,Жељка Цвијановиќ е претставник на Србите. Додик е претседател на ентитет во БиХ федерацијата и како таков не може да поднесува ништо. Тоа е поентата. А не тричленото претседателствување во БиХ,тотално небитно. Така да српски агенди помалку читајте. Ќе поднесувал тој за членство во Брикс.
Прво не е Додик у престедателството, туку е претседател на РС.Второ за да поднесе барање треба да се сложат сите, а ќе се сложат на куково лето.
Мене ми е се тоа јасно ама не се работи само за филозофирање.Камо ова да беше некое длабокоумно филозофирање. Ова е толку проста работа што ја кажав и јас не ја измислив. Одамна е кажана само треба да се прочита и побара. Само се фокусирам на една битна работа без да ја проширувам темава... Сакав да кажам дека потсвеста не знае за зафрканции и тоа што го кажувате на глас макар и да не го мислите тоа, без разлика, ви создава реалност за каква што мантрате и кукате дека тоа ќе ви се случи и дека сте родени само за да се мачите и дека ништо не зависи од вас... Баш тоа ќе се случи ако упорно зборувате така. Она од што човек најмногу се плаши, за жал тоа и му се случува... Затоа умот треба да се тренира. Само на тоа мислев. Не сакам да се трујам со други политички превирања. Ако ептен видам дека некој сака да пере мозоци, поготово кога таргет група се младите тогаш може да напишам нешто за да го спречам тоа поради погрешно и наивно толкување на работите. Колку што ми дал ум Господ толку ќе пробам да ублажам, да демистифицирам или најидеално да спречам целосно штетни влијанија, збунетост и ментален крах. Тоа е се....А заеднички можеме се. Не е штетно да се мечтае. Штетно е да не се мечтае. Токму со таа фантазија се пронајдени лекарства за многу смртоносни болести, измислени се револуционерни пронајдоци, напишани се бројни бестселери итн... Така што, да, треба да ја видиме реалноста онаква каква што е ама и да запомниме каква создавачка, творечка и исцелувачка сила има имагинацијата и дека и со неа може да се промени суровата реалност.
Додик на секои 3-4 месеци спомнува дека ќе се спои РС со Србија. Така да, ич нека не влегува во Брикс, чим планира да се спои со Србија, заедно ќе влезат. Западот БиХ ги држи зауздани за да не се тепаат до бескрај, а ќе се договорат на куково лето, што рекоа погоре. На Србија и Косово веќе им се закануваат со враќање на визите. Тоа ако им го направат, ни свети Брикс не им вреди. Македонија одамна е албанизирана, сега со бугаризација, ќе испадне дека Македонците се малцинство овде. И не ви е крив никој по бел свет, самите сте криви. Има имотни Македонци, зошто не отвораа фабрики во Тетово, да вработуваат Македонци, да не бегаат оттаму?Затоа што Македонците се себични, гледаат од денес за утре. Епа има други, си го планираат животот децении однапред. И не знам што не ви е јасно кога пратеник кажа дека албанските општини самите ќе си го бараат патот до ЕУ? Да ви се црта ли?
Така е, не е битно што јас велам.Прашај ги србите и босанците каков им е стандардот во БиХ, остај ти Додик што се мава у гради.
Е токму за ова ви зборував. Дури и да има добри намери корисничкава Тања, не размислува дека на младите им наштетува со вакви заплашувања, креирање на страв и паника дека се е изгубено, бесперспективно и безнадежно. Не наседнувајте некој да ви наметне губитнички став и најцрно сценарио само затоа што има некоја своја цел, а која и е не знам и не навлегувам во тоа. Дај Боже да е за добро ама факт е дека поттикнува несогледливи последици по психата на тие кои се чувствуваат збунето и не знаат што да размислуваат. Негувајте победнички менталитет и верувајте во себе. Тоа е таа вечна борба на сите нас самите со себе. Што имаше еден рефрен и текст од една песна, дали беше од диџеј Тиесто, не е битно и гласеше: we could be the heroes of our lives but we are facing with the demon in our minds... Нека не ви ѓубрат по умот...Филтрирајте со ум и апсорбирајте го она што ви поттикнува позитивни и оптимистични емоции и нормално не само да го чувствувате тоа и да се самозалажувате со таквата состојба туку и да имате практична придобивка од тоа за поквалитетен живот и за да не ви создаваат амбиент да се исселувате со дивјачки стратегии на примена на физичка сила и принудно бркање од земјава или пак со подмолни, бесплатни и злонамерни и провокаторски инвестиции за да ви се влијае врз вашите умови и животни ставови па да си ги заборавите вредностите од сопственото домашно огниште а, сето ова во организирано во деструктивен сојуз и забивање нож во грб, а глумење жртва на божемни неправди, нанесени од наша страна. Мислам дека разбирате за кого зборувам. Така што верувајте му само на своето срце, интуиција и претчувство зошто зборовите се најнемеродавните средства за изразување помеѓу луѓето изразено на човечкиот тридимензионален јазик бидејќи се подложни на манипулација. Посовршени средства за комуникација се мислите, чувствата, интуицијата, телепатијата со кои се комуницира преку се-вечната реч во седумдимензионалноста на божјиот престол ама за тоа кога ќе достигнеме некое повисоко ниво на еволуираност.. Ама да не ве збунувам дополнително со ова па да речете овој забегал. Кому му се чини дека ова има смисла, ќе ми биде мило ако на било каков начин помагам некому, а не го збунувам. Држете се до она што го чувствувате. Тоа сакав да кажам. Ние може да сме членка на НАТО ама тоа не го менува фатот дека проблемите ни се внатре во државата, и тие се зголемуваат и си ја тераат својата агенда, а НАТО го заболе стапот за тоа... Или членство во ЕУ.. Супер ама кој гарантира дека некој од народот, а поготово за иднината на младите некој ќе се офајди од тие парични фондови ако завршуваат на истите места како што завршувале низ цела историја на нашава земја освен ако менталниот склоп и системот на вредности и способност за емпатија и заедништво доживеал некоја чудесна преобразба кај оние кои треба да го обезбедат тоа за своите сограѓани. Многу битно е и да препознаете и ветувања на ваши врсници или други млади дали се следбеници на истите мерила за вредност и наследство и продолжена рака и подучувани од оние за кои видовме што и донесоа на земјава од стекнувањето на независноста туку да верувате на чесни луѓе и стручни кои си ја сакаат својата земја, особено оние кои се едуцирале во странство и несебично сакаат да го споделат своето знаење со сите колку што можат за да напредуваме. Прв аларм дека треба да си ги спакувате куферите и да си заминете од земјава е ако видите дека веднаш се ставаат кочници, почнат да се затвораат по затвори, се измислуваат диајгнози за психички нестабилни личности или се измислуваат аргументи зошто такви луѓе да не носат битни одлуки за добробит на земјата, секој во својата сфера на експертиза и се она што може лажно да се посведочи за да се обезвредни и сосече во корен нечија добра намера. Само неколку примери ви давам за тоа што може една деструктивна креативност и користење на своите вештина за измама може да донесат. Па ако биле толку паметни и ги демантираат овие аргументи, зошто тие умови не обезбедиле просперитет и подобри можности за луѓето? Така им одговарало. Многу е просто. Ама дај Боже вашата енергија, желба за позитивни промени и напредок да ги инспирира доволно и креаторите на нашите политики па да станеме многукратно појаки и да започнеме нов креативен бран на изградба и среќна сегашност и иднина. Само ако решите да си заминете, барем избегнете го нашиот источен сосед зошто ќе ве инструираат да работите против својот сопствен народ. Колку и да сте гневни на државата, најдете сили да не се одмаздувате и да не го потврдите епитетот на кодоши, издаици и предавници кои најчесто биле кобни за опстанокот на оваа држава, а се продавале за материјални работи и не биле имуни на лажни делења на комплименти само за да ве искористат да ја уништите родната држава, а во душата ве презираат како нешто најдолно. Тие многу добро го знаат тоа и нашата психологија и затоа задаваат удари таму кадешто сме најранливи пошто не истребувале и ни набиле таков поданички и полтронски комплекс и знаат дека за пари и кадешто има корупција, тешко дека некој ќе одолее на големи суми на пари и материјални добра, ако сте екстремно гневни на државата. Ако можете едуцирајте се таму ако тоа ви е најлесен начин ама останете си доследни на вашето македонско наследство и при прва можност заминете во поцивилизирани земји да си ја барате среќата и потоа уништете ги тие пасоши да не ви бидат потсетник каде сте се продале не по ваша вина...Само не дај Боже да дојде до сево ова.. Ама мора да бидете и свесни и објективно да си ги оцените своите способности за да можете да претендирате на работни места од вашите соништа и во секунда да очекувате баснословни суми на плати ако не сте на нивото кое се очекува од вас ама нормално и да не ве експлоатираат . Немојте да се преценувате, но немојте ни да се потценувате. Колку и да е тешко, прво исцрпете ги сите начини за да се изборите и да останете во Македонија, тука да си ја најдете среќата зошто никаде не е како дома за заеднички да ја обновиме и реизградиме, сите талентирани млади луѓе. Или ако се школувате во странство, вратете се тука и пренесете го своето знаење. Некогаш и тие кои свесно или несвесно ве избркале со своите политики, едноставно толку знаеле.. А се потекнува од немањето свесност, соодветно образование, отсуството на заедништво и совест. Тоа е тоа. Ако работите не ни излегуваат како што би требало, секогаш ќе се имаме ове на форумов, макар и на овој начин виртуелно да се бодриме и да си помагаме еден со друг, разменувајќи искуства,знаења и совети кој колку може да придонесе за да не ни го убијат духот... Ако не дај боже дојде до нова пандемија за да не се создадат нови состојби на анксиозност и депресии и ако пак треба да скапеме седејќи по дома, ќе продолжиме да се бориме со позитивни мисли...Никој нема да не скрши.
Не, не. Не можеш да споредиш со Словенија. Со внесување на бугарите кај нас ни се заканува кантонизација на државата, и некоја идна поделба меѓу Албанија и Бугарија. Не гледаш како ботовите се на најако пуштени на интернет каде исцртуваат мапи? Босна ќе ни изгледа предобро нешто во тој случај. Веќе и јавно се говори дека ама апсолутно ништо нема да смени овој договор за нас кога е во прашање патот за ЕУ. Макрон јавно изјави дека не се планира проширување, и дека приемот ќе се одвива во различни брзини, или со други зборови, ќе се кочи. Да сакаа да не примат, ќе го направеа тоа во 2008 кога грците не го прифатија предлогот Република Македонија (Скопје), ама прифатија сличен наратив за име за двојна употреба. Уште тогаш се виде дека спорот со името нема никаква врска со нашиот пат кон ЕУ. Муабетот за странски инвестиции е што лидерите на соседните земји се тотално свесни дека ние во ЕУ не влегуваме, и сите гледаат да искористат ситуација за кредити, фондови и помош од двете страни, освен ние, секако. Ете Вучиќ за автопатот доби грантови од Кина, па после ЕУ им дадоа подобри грантови за они да ги изградат. Тактички маестрално изиграно. Поголема конкуренција може само профит да донесе. Ама не, ние се затворивме и ограничивме, т.е. не затворија де, со шарената револуција и инсталирањето на папет владата на Заев. Еј, не ми се верува дека го направија груевото време да биде најдобро во Македонија. Колку треба да си некомпетентен, бот, измеќар и бескичмењак за Груевски спрема тебе да изгледа супериорен. Не, нема да се смени ништо и ВМРО да дојде сега, ниту Левица, ниту било кој, се додека таа влада е инсталирана и оркестрирана од странски фактор кој има интенции Македонија во иднина да не постои повеќе како држава. Единствено што може да се надеваме е тектонските промени во светот што моментално се случуваат да ни одат во наша корист. Во 90-те ги искористивме да направиме држава, сега ако ги утнеме, ќе завршиме без неа.
Јас се воодушевувам кога читам убави вести за Словенија, па во топ 10 најбезбедни држави за соло патници, па најчиста земја на свет беше, па највисоки плати од екс ЈУ. Ееехх, мој роднина учи словенечки јазик на курс затоа што сака како готвач да работи таму. Работи во Хрватска, ама сака во Словенија. Требаше да си ја направиме државата барем пола од тоа што е Словенија. Македонија е оставена на божја помош.