Ах, ете каде лежела тајната за економски просперитет на Македонија Извештај на Светска банка: Македонската и српската економија би зајакнале со вклучување на ЛГБТИ заедницата
Дали е вистина слушам рано на тв дека функционерите пак ќе имале покачувања на платите и тоа од 300 до 500 ЕУ?
Може некој да прати линк од точната листа на "луксузни" производи? Дали стварно нетачниве ќе поскапуваат и риба, млеко, брашно?
Да, освен ако не се измени членот 11 од Законот. Просечната бруто плата во 2022 година ќе биде поголема во однос на просечната бруто плата во 2021 година, а со тоа ќе се зголемат и платите.
До 46 страница 5%, после 46 страница 10%. Oдлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност
Ustavniot sud da ja ukine prekumernoto i enormno zgolemuvanje na grbot na budzetot na gragjanite.Mesto da si gi zgolemuvaat platite na onie pratenicite da im se zgolemat penziite za 5000 denari.Tie se ranliva grupa.! Sramota za vladata mislam deka so vakvo ponasanje ne treba vekje da se glasa za ni za ednite ni za Vmro Da se osvestime bre vise ednas Dui da odat vo opozocijavda dojdat nekoi ponormalni nie gragjanite treba da sme sploteni i da barame korenitr promeni ako treba i masovno da se izleze.Treba nekoj prkos mnogu labavo politicarive si gi svakjaat rabotive.n Kolku od tenderi lapbaa za Behtel i Enka treba li nekoj da odgovara? Da se prestane so masovna partizacija i podelbi!
Ахх, права екипа на право место. Се надевам и господинот Копуков бил во возот. Voz sa evroparlamentarcima greškom otišao u Diznilend umesto u Strazbur
Да, бе, сигурно чита фемина човекот, видел ги викате сатана, лицемери, па си ги бара парите. Втор пат ги бара. Па нека ги вратат сега парите од буџет и готово. Ххахаа.
Сатана не сум прочитал тука никој да ги вика, а лицемери да, бидејќи тоа и се. Туку кој пари ги бара човеков не ми е јасно? Тие со кои преку разни НВО-а поткупуваат лојалност на разни полтрони кои ќе одработуваат за нивна пропаганда, дрвејќи го за нив низ медиуми, настапи и разни настани?
Дале пари за реформи во судството. Реални пари за да има реални реформи, ефект НУЛА. Вие како направивте како да има илјадници НВО во Македонија. Кои нво бре човеку? Ќе чуете нешто па само повторувате. Логика малце, логика. Кои НВО ги имаш ти во Битола или јас во Куманово што се занимаваат со политички теми? Ниту една. Тоест во Куманово имаше две - три нво за млади, за волонтирање, прашање е дали воопшто функционираат денес, и освен Црвен Крст ништо нема. Битола немате и вие ништо. Има некои еко здруженија, на прсти се бројат, ако нема канцеларија некаде со редовно вработени, пиши пропало, тоа е кампањско некое хоби, никакво нво, не па пропаганди да ти прави, бог да чува. За што би ти правеле пропаганда, за воздухот ли или ти прават пропаганда да садиш дрва? Во Скопје ако има 2-3 нво, прашање е дали се вистински нво што третираат политика или се некои полуневладини, а полувладини здруженија, институти. И за ИПАРД открија странците дека највеќе злоупотреби од Западен Балкан имало во Македонија. Тоа не го работи нво, туку државни агенции и министерства. Значи државна институција, не НВО. Знам луѓе што во времето на Грујо земаа грантови, да си купат трактори, механизација и тие што ги знам дека земаа, беа активни членови на ВМРО. Тешко дека е случајност. Какви нво бре? Што толку се преценувате дека некому му е битно овој народ што мисли? Нема да не примат никогаш во ЕУ со ова неработење, а не па пропаганда ни правеле. Што ни прават пропаганда? Да сфатиме дека македонски и германски плати се небо и земја? Па знаеме тоа, не сме ретардирани. На општини нели даваат пари за проекти, канализации, водоводи, патишта? Од кај знаеме дека таму немало злоупотреби? И тоа не е нво, туку се знае кој таму има допир со тие средства. Значи највеќе крадеме, ама најмалку работиме, а сме гласни. Еее, пукнал некој во ЕУ за такви. Да, да, пукнале во ЕУ за лојалност на некои си небитни во Македонија. Пола народ ни отиде во ЕУ, таму се лојални, овде пензионерска држава. Еве ти објаснување од амбасадорот. Фино си кажува, кај пари ви даваме, ве толерираме, уште паметни се правите и есапи водите кому колку сме дале. Не треба да ни даваат пари за реформи, требаше да си ги направиме за наше добро одамна, ама толку ни фаќа црпката. Човеков во превод вели „кај сте глупи, никакви, кај ве трпиме, уште и се силите и устата ви е до уши“. Во право е амбасадорот. Сите странски амбасадори треба уште подиректно така да се обраќаат. И сите по Фејсбук пишуваат за некакви сатани, дегенерици, лицемерни, а истите живееја во шупи пред да се тргнат визите. Среќа отидоа да работат во Хрватска, Германија, имаат сега редовно да плаќаат струја, добро е. Повеќето странски амбасадори добро го разбираат македонскиот јазик, и да не разбираат, виделе што се пишува. Која е логиката да не толерираат? https://faktor.mk/holandskiot-ambasador-kade-se-milijardite-shto-gi-dadovme https://republika.mk/vesti/makedoni...resiraat-ustavnite-izmeni-ne-gledame-reformi/
Ајде честито, ако ви значи нешто, Словачка (Slovenská Republika) денес доби нова влада на чело со Роберт Фицо, по трет пат, претходно 2006-2010 и 2012-2018. Ветува дека во Словачка ќе се живее поубаво и помирно. Критичарите велат бил проруски настроен, подржувачите дека бил прочовечки настроен. Неговата партија "SMER - slovenská sociálna demokracia" најавуваше и справување со илегалните имигранти (воглавно од блискиот исток) кои транзитно минуваат низ Словачка кон Германија, и залагање за мир кај источниот им сосед - Украина, наместо долевање бензин во огнот со дотур на оружје.
Гледав вести. Фон дер Лајен ќе посети фабрика во Скопје за зеленчук, отворена со пари од ИПАРД. Втор прилог оди од Тетово, сензорна соба за деца со аутизам. Требало уште многу работи да се направат за нив, имало планови, ама немало пари, се чекало од Швајцарија, така нешто, ако ни дадат, ама изгледа тешко. Државава 30 години не може на одредени улици данок да наплати, фискална е непознат поим. Мрш. За ова треба едно убаво ругање кога ќе отидат нашите политичари во Брисел. Абе едно ругање на прес, 100 пати појако од тоа на амбасадорот на Холандија. Па да пренесат и Ројтерс, и Франс прес, и Фигаро, и Република, и утре кога ќе отидеш некаде надвор да се брукаш од коментари на луѓе што изградите држава со сите нишани.
Насекаде, кадешто шириш мрачни мисли, во секоја тема, ненормално преувеличуваш и изигруваш драма queen, критикуваш, осудуваш, плукаш и по тоа што треба и по тоа што не треба ама загадуваш и блуеш отров без престан, а и тоа има причина зошто е така ама тебе те заболе што Маѓарска нема море..само самата си пресудуваш...кога одработуваш за сопствена, а првенствено за нечија друга деструктивна агенда, заплашуваш некого и му влеваш страв,бесперспективност и несигурност, омраза спрема сопствениот народ, ставаш акцент само на неговата божемна неспособност и глорифицираш се само не својот корен, ствараш поделби и подмолно манипулираш,кога ќе ти реплицираат со аргументи кои никогаш не можеш да ги побиеш, ги премолчуваш и си продолжуваш да сееш семе на злоба само со тоа тебе што ти одговара да го кажеш и да влијаеш штетно...посочуваш изолирани и ретки примери кој што претрпел и доживеал како негативно искуство за да предизвикаш револт, бунт и омраза на младите спрема својата татковина и ликови за кои никој не знае дали постојат или се измислени...според истиот шаблон правиш приказни со зборовите: имам пријателка ваму и ваму,некоја женичка претрпела нешто таму и таму ама најчесто се ти имаш некои пројатели во речиси секој град од државава којшто се мачи како грешен ѓавол, а не најде еден добар збор да кажеш за ништо, не ги кажуваш жртвите по име и презиме за да си ја потврдиш приказната и кажуваш работи за кои знаеш дека најголемиот број нема да ги проверат пошто им е преку глава од се, теоретизираш и дотолку си умоболна и си веруваш во сопствените измислици, бладања и дезинформации што создаваш таков одвратен амбиент како тоа што го зборуваш да е единственото нешто во коешто треба да се верува и како твоиве лаги да се исклесани во камени плочи на мудроста...ја користиш неинформираноста на младите за да им ги полниш главите со податоци кои немаат врска со реалноста барем повеќето,дејствуваш по принципот раздели, врзи па владеј и поставуваш прашања кој што работи увидувајќи потенцијал и умни и добри девојки за да ги врбуваш за туѓи интереси, да поттикнеш егзодус на расселување на младите од земјава или да ги заблудуваш да му се придружат на некој твој ментор и финансиер уште поболен во умот и претензиите, а самата кога ќе те прашаат што работиш, се правиш наудрена и не кажуваш како ништо да не било туку си тераш според зацртаното...Барон Минхаузен не ти е рамен на искажаните лаги по отровен квалитет и квантитет...само дотолку си вообразена и излишно самоуверена во отровот што го шириш па им го потценуваш интелектот и капацитетот на младите овде за препознавање и проценка на измамник и лицемер зошто од ден на ден доживуваат трансформации на поумнување и се појасно разбирање на работите што и како функционира и што треба да се превземе за да се спречат токсичните како тебе...,Од авион се познава кој шири злоба, лошотилак и омраза во завиена форма на лажна загриженост за некого или за нешто, злоупотребувајќи го незадоволството на младите и нивната добрина за да ги испровоцираш да се претворат во тебе, гневна и отфрлена само доживувањето на негативни искуства нив нема да им ја уништи убавината на душата туку ќе им биде вредна лекција и ќе ги зајакне без да ги исфрустрира како што тебе ти го сторило тоа пошто си била слаба, малодушна и без срце..во се гледаш црнина како што тие катран црна и душатаиако си за лудачка кошула сепак и покрај тоа со тебе треба да се сочувствува бидејќи си типичен клинички случај кој треба да се третира со посебна посветеност и грижа за да не се претвориш во уште побескрупулозна личност па да се неопходни екстремни услови на обезбедување зошто вакви ликови како тебе се спремни на се и подготвени се да си ја продадат и сопствената мајка или да си го фрлат сопственото бебе во депонија...за сето ова биди сигурна дека нема да доживееш да ги трошиш парите што ги добиваш или што и да е што добиваш за твоите девијантни и разурнувачки дејствија...и ова не е закана од никој конкретно туку тоа ќе биде логична последица на справедливоста на универзумот..колку повеќе поттикнуваш раздор и лошотилак, сразмерно толкави и справедливи ќе бидат и реакциите како резултат на твоите акции спрема тебе или спрема оние коишто најмногу ти значат или спрема извитоперените работи кои те прават среќна и само ти ќе бидеш виновна за тоа....ќе почнеш да ги губиш и се да почне да ти се руши како кула од карти на ист начин како што ги разболуваш душевно младите овде и сите кои се подложни на твоите лаги...ќе се најдеш во состојба да си ја лупаш главата и да се прашуваш дали вредело да го правиш сето ова и за што...лупајќи си ја главата метафорично, ќе почнеш да ја лупаш и буквално од предмети и ќе ја доживееш сета болка што ја предизвикуваш и на физички и на душевен план. Господ нека ти е на помош.
@Pacifist Паци бе, таа и другите можат колку сакаат да пропагираат, мене лично нема да ме убедат никад. Од коа ја читам, ниту еднаш сериозно ја неам сфатено, одма увидов која и е целта, малце само треба да фрлиш поглед и јасно станува, секако ако сакаш да ја видиш вистината, ако си подготвен, способен, ако ти одговара... Џабе си везе, ја читам ради реда само, да се посмеам на глупостите и "инспиративните" измислени приказни што си ги кажува. Жал ми е за помладите, па и може и постарите кои што ќе наседнат и ќе почнат како неа и другиве истомисленици да резонираат без да уклучат малку мозок. Пропагандата е одлично разработена и развиена машинерија, не може за жал да се сруши така лесно. Од секогаш постоела и ќе постои, само од тебе зависи дали слепо ќе веруваш во се што ти се сервира или ќе си направиш селекција од сето тоа и ќе почнеш критички, трезвено и логички да размислуваш, секако мора да се чита, истражува, да се собираат информации па да можеш да оформиш некое свое мислење ама работата е од какви извори ќе се примат тие информации, тука се отвара главното прашање. Ко што има еден куп дезинформации и лажни вести кои се пласираат за вистинити, лесно човек може да се излаже па затоа клучно е прво се со резерва да се земе. Ја барем така правам. Во подлабока психолошка анализа на членови не би да навлегувам. Имала или немала проблеми, лични фрустрации и комплекси, не е мое да кажам и да се расфрлам со дијагнози. Си има психолози и психијатри за тоа кои што треба да проценат ама дека не е во ред ова вака јавно што го прави и дека треба да се толерира, не е. Друга работа, за земјава наша што викаш. Па не ми треба ниту мене ниту на било кого Тања и такви ко неа за да ми кажат дека не ја бива државава. Ти и за тоа се фаќаш, дека она и таквите ко неа, не убeдувале да ја мразиме државата. Факт е и реално е каква е ситуацијата, мислам и ти дека знаеш, не може да не сме свесни и да се праиме дека се во ред е кога не е, и полошо иде, па зашо сме песимисти и не знам што се прашуваш. Како да не сме ај кажи? И вака ако размислувам, тоа по тебе значи дека сепак Тања ми влијае негативно и ми го испрала паметот? Значи ај тогаш да не сме реални исто ко нејзе, да живееме у паралелен универзум, како нас што ни одговара, без да ја согледаме реалноста. Ти идеалист некој ќе да си и тоа голем, се идеализираш и гледаш низ розови наочари. И ја едно време таква бев ама сфатив дека не ми е воопшто добро тоа. И убаво е што се залагаш за промени и сакаш да ја подобриме целава ситуација во која се наоѓаме ама како? Вака само со пишување ли на нет и пасивност од сите? Од небо нема да паднат реформите. Треба акција и само акција, а луѓево не се вооопшто мотивирани за тоа. Викаш сме имале потенцијал, каде е ? Кај попатно го изгубивме? И да го има, џабе е коа не се искористува, па така исто и ко да го немаш испаѓа. Затоа со неа се сложувам само со една работа, дека ко народ сме ептен пасивни, незаинтересирани, флегматични, буквално турни ме да кинисам сме, се чекаме некој друг да мисли и одлучува наместо нас па затоа и до тука стигнавме. Други да не вртат како сакаат и да си играат со нас, па сеа нема назад, сме им дале дозвола, им се може. Што си посеавме тоа и ќе жнееме. Храброст ебана, муда, иницијатива, одлучност, решителност, сплотеност и акција ни треба, како на мочаниве политичари, така и на нас како обичен народ ама сеа више е касно, многу касно, отишол возот. Решено е све одамна, добро познато што ќе биде и само се чека денот да се деси. Така да џабе и дискутираме, нема фајде. Само вака ќе се префрла топката и ќе си се жалиме, оваа нашава генерација ништо не напраи, оваа вашава бетер испадна, не ве бива бла бла, а други фино лепо си ја искористија можноста. Е браво за нас, за самоуништување не бива, ептееен добро, барем ете во тоа сме добри. Многу ми е криво вака што пишувам, мислиш од кејф и задоволство? Напротив.