И јас ги имам идеализирано работите, решив да бидам реална. Си реков, отсега ќе бидам реална. Ќе ги кажувам работите со вистинското име, без заобиколување. Каде ни е тој потенцијал, навистина? Ако го имаме треба да го покажеме, тоест требаше да го покажеме. 80% од луѓето околу мене се страшно незадоволни од се. Овдека на вреди да преземаш иницијатива, да се трудиш за општо добро, прво Македонците ќе ти прават сплетки. Лично искуство, книга можам да напишам.
За реална дека си нема да се сложам зашо пропагираш она што ти го наредуваат, тоа е факт. Не можам да поддржам што ги браниш западните гомна, колку и да сме ние дебили, зашто ништо добро не сме виделе oд истите, а ти самата продолжуваш токму нив да ги идеализраш, истото што го прават политичарите наши, буквално истото. Убаво пишав за кој дел се сложувам со тебе, доколку навистина го мислиш тоа, или и тоа е еден вид провокација? Стварно не може човек више да верува на ништо. За потенцијалот не знам кај ни е, и зашто не сме го покажале до сеа. Сме дозволиле други да командуваат со нас. Ете со ова не можам никако да се помирам. Ајде Тања, убав ден и успешна работна недела, работи и печали.
Во Македонија, никој никогаш немал негативно искуство, оо, да. Јас го исмислив тоа. Ова кажи го на сите нашинци што се отселија на Запад. Добар дел од форумџиките од таму ти пишуваат.
А ради што отишле таму? Од кејф ли? Од мерак, од задоволство од што? Имаш најразлични причини зашто луѓето се иселиле. Главната и најчестата причина ја знаеш многу добро која е. Која будала би нејќела да живее во својот дом, во сопствена држава? Кај сака нека иде, колку сака нека е добро, сепак на крајот на денот странец ќе биде таму кај што е и не е исто ко дома. Ама па и тука, сама си свесна каков третман добиваме и граѓани од каков ред сме. И да, зашто сме пасивни вакви и немаме мотивација за промени, и прифаќаме све што ќе ни речат, најлесно ни е да си ја прифатиме реалноста дека е неиздржливо и да си отидеме. Ич ама ич не ме радува што е вака, тебе сеедно ти е? Гајле ти е нели, си го добиваш битно твојот дел. Мене највише ме иритираат оние со бугарски пасоши, продадените, секако дека ги има и овде и сегде, може и ти имаш, не знам. И тие продаданите души после јадат трици од таму, паметуваат, од далеку глумат патриоти. И на форумов има таква тема знам, за бугарски пасоши, нај дно дна тема што може да постои. Се вадат нели на тоа дека принудени биле ради подобар живот да вадат и да се пишуваат за бугари. Таквите на исто мизерно ниво ми се со политичарите, срамови и бруки. Е да имаш таков пасош и да критикуваш, зашто бугариштана барале во Уставот да ги има, земи утепај се поарно. Да иам такво нешто, ќе си живеам таму кај што сум, ич нема да ме боли за државава и народов и ќе си ќутам и уживам, а не најголеми патриоти ќе ми изиграваат. Ама Македонче пусто, си иаме безброј маани, и тоа е факт. Многу сме ограничени, плитки, слаба меморија имаме, подложни на манипулација сме и што ми е најкриво, со коски и трошки се задоволуваме и залажуваме. У твој стил, да си го изругам народов, ама зарем не е вистина, не сме утепани, подмитени, корумпирани? А ти пак, демек си знаеш многу добро што е и како, па реално и знаеш, јасно ми е ама пак си тераш како што ќе ти наредат од горе и тоа наредби од најглавните, не од овие фигуриве наши споредни. Може и ти не сакаш ама сепак си избрала да се продадеш за пари. Па затоа и не си нешто поразлична од тие кои ги критикуваш, исти сте. Само добро што си ја прифатила реалноста дека ко народ сме овци за стрижење но никако не се ставаш и ти у тој кош и вешто се прикриваш. Зашто така? Си приметила дека никад не пишуваш у прво лице можина коа ќе ги спомнеш Македонците? Викаш вие Македонците, а не ние, ко ја шо пишувам еве сеа. После се лутеше коа мислев дека не си од македонска националност.
Немам бугарски пасош и не планирам да вадам. Тоа не ме прашувај веќе. А не е лицемерие еден Македонец да има бугарски пасош, а тој истиот највеќе се лигави по социјални мрежи против Бугари во Устав, оди по митинзи против уставни измени итн? Таквите се за ќотек, ама ако се свртиш околу себе или јас околу мене, ќе најдам 5-6 такви најмалку, кој роднина, кој пријател, кој колега, кој комшија, и ај речи нешто против бугарски пасоши, па смртно ќе се налутат, треба со никој да не зборуваш. Па и Македонците од Албанија си кажаа земале пасоши од економски причини. Махери за оправдувања.
Лицемерие е, како не е. Не ги почитувам ич таквите, ги презирам, кој сака нека е, па уште ако се залагаат против уставните промени, а самите не го поштуваат тоа и се негираат, многу кажува за нив самите. Ауу се лутеле, нека се лутат слободно, тие сами на себе треба да се лутат да имаа малку памет. Ти викам, ти моеш за било шо да се декларираш, твое право, штом си бугар биди си, а не да изиграваш патриот па и националист, коа не си. Е од ваквите си патиме, а политичарите пример им се, колку и да ги ругаат, знаеме дека доста од нив имаат. Па си викаат, штом они можат, дај и ние да си извадиме, што има врска, бугари, а сме биле, а не сме биле. Револуционерите сигурно у гроб се превртуваат, за кого ли се бореле и гинеле. Страшно. И добро ај не те прашувам за тоа, а не одговараш зашо не се ставаш во ист кош со нашиов народ? Што си ти толку поразлична, супериорна или пак се срамиш да се наречеш Македонка? Да не ти е забрането можеби?
@Tanjamm маж ми е со Бг пасош. Долго време се мислеше дали да вади. Едвај се реши. Тоа беше полесен начин за спас. Ништо не доби од оваа држава. Јас мислам дека тие што вадат пасоши го прават тоа оти немаат друг избор.
Ти твоето осознавање на „реалноста„ нема да го манифестираш со континуирано штетно влијание, секаде кадешто ќе стасаш туку ако имаш и грам мозок ќе најдеш начин попаметно да ја искажеш без да предизвикаш дополнителни последици на многу полиња. Јас не викам дека тече мед и млеко како впрочем и во многу места од светот и многу добро знам што е и како е меѓутоа со своето однесување ти не помагаш да се дојде до решение туку го зголемуваш многукратно.Твоиве реакции знаеш какви се: јас реално претставувам што е и како е, а молам Бога да не се најде решение и тоа е толку очигледно..Ти бараш решение точно ама решение кое најмногу ќе ти одговара за она за што вистински се залагаш под плаштот на лажен патриотизам...А кој мисли добро и кој не многу лесно може да се провери со финансиските примања на една личност, со имотот што го поседува, со можни скриени сметки на Кајмакански острови (како еден пример) и каде се не...Некоја од членките открија дека самата си се фалела колку заработуваш со нескриено задоволство па тогаш кажи кој има јак мотив да го прави она што го прави како тебе, а всушност го заболе за се што се случува наоколу.Мене може било кој да ме провери и да види дека ништо од ова што го набројав го немам нити ми треба пошто сум задоволен со се што имам и колку имам и фала му на Бога за се во мојот живот.А во однос на моето ментално здравје и твојата препорака да го сочувам и да не те читам бидејќи имам опција за игнорирање како да ти излегуваат „големите мисли„ од малиот мозок...Се кај тебе може да се препознае ако се проанализира внимателно она што го пишав во подолгата порака, твоето разнишано ментално здравје и деструктивни особини не ми ги припишувај мене кои самата ги поседуваш...И не ми соли памет да го игнорирам тоа штого пишуваш кога насекаде како некое црево блуеш отров па кај и да се сврти човек, место да ужива во споделување на корисни содржини кои членките во изобилство ги делат и се шири убава енергија ти и таму со своите понижувања и плукања ќе дојдеш и ќе ја посереш...Толку е провидно сево ова твоево наспроти моја искрена, хумана забелешка и љубов спрема сопствената татковина... ти реагираш со контра забелешка која иако нема врска со реалноста битно да ја кажеш, да ја има, да циркулира во етерот па сто пати изречена лага неминовно се претвора во вистина кога некому постојано му трубиш дека не го бива и дека нема капацитет-Гебелс..Да немало капацитет немаше еден куп луѓе кои и ги гледате и не ги гледате,а ве набљудуваат се овде зошто го гледаат тој капацитет, а не зошто го нема и само слепец не може да го примети тоа...Да немало капацитет немаше да се случуваат многу позитивни реакции од насекаде од светот за нашата земја за различни квалитети или особини нормално и негативни реакции со сите свои недостатоци...Значи има се овде и не е се така како што тврдиш, настојувајќи дека ти не си го измислила тоа што го зборуваш...ти не си го измислила ама немаш проблем да го спроведуваш, а веќе знаеш каков хаос создаваш со тоа што го спроведуваш...Е сега, а замисли овој природно вроден капацитет со уште поголема поддршка од соодветно образование колку чудесно би го унапредил и доусовршил тој капацитет и би средил многу работи во државава..Битно е сегашноста да се обликува во просперитет и хармонија и среќен живот за сите, а не само да ми плукаш, а самата поим немаш што да се направи за да го снема или да се ублажи тоа...Ама кога не ја гледаш шумата поради гранките односно покрупната слика или така ти чини и ја гледаш крупната слика која ги задоволува само твоите егоистични апетити тоа е веќе сериозен повод за дијагноза кај тебе... Сега те заболе ама еден ден во староста кога ќе се клацкаш во столица и ќе си правиш ретроспектива на настани што се случувало во твојот живот, ќе те удри твојот „придонес„ за да направиш работите да бидат подобри за сите, а не само за тебе, всушност ќе сфатиш колку мизерен, несреќен и празен бил твојот живот и каква болка си предизвикала спрема својата крв и корени...Ти ако немаш верба во посветла иднина, не им го одземај тоа и на другите со твојот песимизам и отсуство на воља за подобри времиња...Ти си она во коешто веруваш...Ама секој со свој ум и свои бубачки во главата...Ти бираш негативност-јас бирам љубов...Па сега што е подобро секој за себе нека си решава...Јас бирам розови наочари зошто тие создаваат услови за споделување на енергија која создава околности за позитивни исходи во животите на луѓето само кој ќе го забележи тоа, а ти што споделуваш прочитано е и од авион.
Доста си ги обвинуваме нашите луѓе кои извадиле бугарски пасоши, тоа не го сториле од аздис или дека се однародиле, туку од сосема други, економски причини. Тоа беше најбрзиот начин да најдат работа надвор, или да не бидат ограничувани со престој во ЕУ, а таму тераат бизниси. Да, сосема е нормално дури и на утепани земји како нашата, на многумина работата да им е тесно врзана со чест и подолготраен престој во ЕУ земји, (на пример шофери, или шират бизниси во други земји и сл). И што да прават кога ЕУ си зацртале такви дискриминаторски политики за нас, луѓето - ич-небитни-за Европа? Треба за промена да си го поставите прашањето зошто ЕУ толерира и си ќути за ваква политика од една нејзина земја членка, ама од друга страна е "многу загрижена" па дури и се заканува со пенали кога една Србија, која не е дел од ЕУ, ги олеснувала процедурите за добивање српско државјанство? Ај малку чукнете ги главите и размислете за фашизоидната позадина на никогаш несменетата фашизоидна "Европа"! https://www.slobodnaevropa.org/a/eu-srbija-migracije-bezvizni-rezim-zlatni-pasos/32413885.html
@orevokrsacka добро, не реков од аздис дека сите вадат, секој се обидува чарето да си го најде, точно. Ама да се пренамагаат и патриотишта да ми се праат големи, а им се предале на татарите, не е во ред. Си зел пасош, ок, со среќа нека ти е таму кај шо си и не мрчи, не просеравај, терај си го животот. Па уште после и кукаат како и таму тешко им било, ај бе шо не се вратат назад ако им било. Од такт ме вадат овие. Епа коа сакаме у европски земји да идеме, кај шо не сме пожелни, ќе се трпи, нема поинаку, шо мислат они, така е тоа едноставно. Еу ко Еу, знаме шо сорта се, не е чудно што ова го прават, идеално да беше на Запад добро ќе беше ама не е така како што бајковито се прикажува, знаеш многу добро. Нивните скапани правила важат таму, штом сакаме бољи живот, ќе мора да ги почитуваме, да ги прифатиме, од нешто ќе мора да се откажеме, у случајов од идентитетот и националноста. Нека ни се смеат сите, како се брукаме, ако, супер. На хартија било тоа само па небитно е. Ете ќе си отидеме сите и ќе им ја остаиме државата на браќата, ќе им го напраиме ќејфот, што убаво, па нека се ситат. Едно племе попаметни да испаднат дозволивме, срамота. Не знам за вас ама ја колку и да неам излез, нема шанси тоа гомно од пасош да го вадам па шо сака нека е. Да им се улизувам на тие татари скапани, да ги молам, нема да се деси тоа. Да, и овде не заебаваат, и онде не заебаваат, сите не дупат како сакаат, а зашо? Дека сме им дозволиле. Све неспособни гласаме од инат, овие не се покажале, ајдеее контра ќе идеме ќе гласаме „надежно“ за другите кои се исто срање, различно паковање и така у круг само па после демек изненадени, зачудени. Тие битно си се пунат ко брод, си ги мењаваат фотељите, супер им е животот, ние обичните нека тонеме и пропаѓаме коа сме будали. Па ќе им идеме на Европјаните кои не множат со 0, а државава гратис им ја дадовме на милите браќа. За ова најкриво ми е. Една шака народ да не сме способни да си имаме нормална држава и хармонично да функционираме во нејзе.
Не знам зошто ве чуди што има платеници, кои се платени цел ден да дремат на форумов и да шират одредена пропаганда, во овој случај од модерниот запад. Јас тоа го сфатив уште за време на короната кога по темите за истата имаше личност која буквално ја убедуваше секоја членка, која ќе покаже некаква насигурност во врска со вакцините воопшто да не се мисли и да оди и да се вакцинира. Истата таа личност славеше и велеше "наздравје вакцина" откако некоја ќе напишеше дека се вакцинирала. Тоа од чиста мира никој не го прави. Мора некој да ти плати за да бидеш до толку посветен, посебно кога се работи за нешто толку деликатно.
За вакцините ти беше најјак антиваксер и навистина отепа. Не ми пречи твое мислење. Не мислам дека некој те платил. Премногу важност му давате на форумов. Ова е како еден дневник, пишуваш што мислиш денес и така. Форумов колку го воздигнавте како да е Совет на Европа, Влада, ООН. Претерувате. Ова е една разонода, како утринските емисии, само што таму се пензионери, овде помлади. Јас инаку брзо куцам, пребрзо, и не ми одзема многу време да напишам два - три поста.
Точно, бев и сеуште си стојам на тоа. Ако некој го воздигнува форумов тоа си ти. Ти си дежурна на темиве и се однесуваш како да си ненадминлив експерт на секоја можна тема. Иначе не доаѓам често во овие теми, баш поради експертите како тебе, ама која и тема да ја отвори човек тука, прво наидува на твоите постови. За толку време и труд да посветуваш не верувам дека не постои некоја позадина зад сето тоа. До брзото пишување било, не друго .
Грешиш, во две - три теми сум активна и тие за книги што ретко кој ги отвора. За вакцините не сум експерт.
Идете на профил кај премиерот Димитар Ковачевски, таму испод фотките од фабриката финансирана од ИПАРД, некоја Македонка пишала порака до Урсула дека ова е општество на непотизам, споредби прави со Талибанците и дека треба да се укинат ЕУ фондови за нас. И дури пишала дека за себичен народ што се ништи и ја негира ЕУ, треба да се прекинат преговорите. @Bratot ако си член на СДСМ, може ја знаеш жената ако одиш митинзи.
Немам време за губење да читам коментари кај политичари на социјални мрежи Тање, посебно не од изгубени ликови кои си го плукаат својот народ, така да нека се гони теткава со коментарот у три лепе
Politicarite treba da sednat i da se dogovorat na Eden trosok da bidat Izborite posto se pari na gragjanite i treba da bide sto poekonomicno Ne se ova pari na Mickovski i Zkovaceski pa koga sakaat da bidat toa so nivni pari.! A politicarite se dolzni da ni najdat care posto i Vmro koga bea na vlast ne se priblizija do nekakvi reformi,Sdsm nesto pocna no pak dojdovme do deredje kade nema sustinski reformi. 10 godini tapkavme vo mesto koga bese Vmro na vlast,eve ja Hrvatska kako primer,sega ako ni zamine i ovoj voz i Albanija ke ni izbega pa mozda ke treba da vadime i Albanski pasosi Sakam da kazam ni treba koreneti reformi kkoi samo gi ima so otvaranje na poglavjata so Ey. Sum za ustavi ali i ako se smeni konsezualnoto glasanje odnosno Kade sto Bugarija samo nema da ni stavi veto. Nasite diplomati treba da gi zasukaat rabotite i da rabotat na ovoj problem azurno vo BriselГерѓанија Да се наоѓаат инвеститори не само да се шетаат ко манекени.н Да сме паметни наравоучение треба да гледаме како функционирале И двете наши партии или овој пат да бидеме мудри и можеме да гласаме за некоја нова партија. Ние граѓаните треба да си ги бараме промените Али и лоповите да бидат во затвор не да има судии од тефтери.Со вакви сегашни судии и политичари криво ни ја кројат капата.н
Да си жив и здрав. Народов прво нека се описмени и едуцира па после и очите полека можеби ќе им се отвараат па конечно ќе бидат мотивирани за нешто. Вака, со овој народ, ништо не праиме, ќе не заебава кој стигне како што и е.