Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Копитово терористичко, може само да џавка напразно. Вевчанци нему главата ќе му ја срушат. :D
    Башка што до портата има изградено и црква, и таа ли му е во план за рушење?!

    Вевчани е етничко чисто, шиптари одат од селата до амбуланта и пазар, па нема никаква потреба сообраќаен знак да биде испишан и на негов јазик.
    Може само во селата шиптарски да делегира, Вевчани е посебна општина и баш ме занима според катастарски пресметки на чива територија е изградена портата.
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.406
    Допаѓања:
    143.095
    Не верувам дека е изградена на територија на Струга, не ми личат толку глупи. Знаат дека ако е на територија на Струга, веднаш ќе биде срушена.
    За знаците мање-више, ама ако се на територија на Струга, веројатно ќе ги направат тројазични.
    Вевчанци имаат среќа што останаа посебна општина, само не се раат, имаат еден куп проблеми со комшиите...
     
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се јави вевчанскиот градоначалник со изјава...

    (Инаку јасно е дека е на вевчанска територија, поминав оттука неодамна и местото отсекогаш било познато како вевчанско, ама и да не е вевчанско, битно е македонско, а ние во наша држава што сакаме ќе си градиме !!! )

    http://republika.mk/?p=143069&fb_action ... 2%3A245663
     
  4. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Жена за чистење под 900 денари нема, еве мајка ми се повреди бараше, абе немале сметка за помалце. :o
     
  5. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Дали сте слушнале дека секаде каде што фирмата е со газда муслиман и гради стамбени згради не продава станови на Македонци?!?!?! Македонец не може да купи стан во кулите што ги градат турците во Аеродром ниту пак во зградите што албанци ги градат во Дебар маало - таму масовно станови купуваат косовари! А да не зборувам за Охрид - косоварите масовно купуваат таму станови. И полека, полека...цела територија ќе ни ја земат! :@
    А ние-Македонците очи си вадиме со Скопје 2014, со тендерите на Заев......
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Битер, приказната има две страни. Бугарите се тие кои почнаа да го рекламираат тоа и да напнуваат со истото. На форумов имаше нешто во стил дека ни на плажа не си можеп раат да седиш од таквите нивни муабети. Тие од друга страна пак, ем имаат поголем број на државјани, ем за дел од нив немаат никакви обврски (затоа што повеќето тие пасоши ги користат да уловат поголема риба - живот и работа во поразвиена земја). Е сега им пречи, затоа што таквите се конкуренција (и тоа силна) на вистинските Бугари кои бараат живот и работа во истите тие земји. Епа сеа кој им е крив? Како има по огласиве дека се посредува за работа во Англија, вамте, тамте, со БГ пасош. Држ не дај работава. :rofl:
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    КЕЖАРОВСКИ ОСУДЕН НА ЧЕТИРИ И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР :o
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    :D Е де, не` има многу мешани. Да почнеме да си ги бараме хрватските корени штом со БГ не бива. :rofl:

    Работиве со пасошиве се смешка во споредба со проблемите што си ги имаме тука. со нас самите...меѓу нас самите... :(
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.749
    Допаѓања:
    141.689
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276

    Објавил заштитен сведок кој во тој период не бил заштитен сведок !!! И бил лажен заштитен сведок !!! Значи новинаров открил нечиј криминал.
    4,5 год. се премногу, зошто убијци, крадци се шетаат на бел ден и никому ништо.
    За случајот кај Смилковското езеро уште се тегнат !!!

    ***************************************************************************

    Има посебна тема за Бугарски пасоши, не е овде тема дали требало, не требало...

    И лесно му е на некој, како ти Битерсвит која си во стрнство да кажуваш како требало за државјанство. Дојди овде, води гола борба за живот, па ќе те видиме колку ќе даваш душа за да заминеш негде, да си го средиш животот. Впрочем затоа и не си во Мк. Наместо да се помагаме, ние се радуваме ако одмагаме !!! Жалосно.
     
    На tessie, Gordana10 и BoaVista им се допаѓа ова.
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Мислам дека погрешно ја протолкувавте Битерсвит, таа си кажа како правилно се добива државјанство, никому не посака лошо и слично.
    Бугарите не се будали како нас, виделе дека некој им пречи на некој начин во нивниот прогрес и си превземаат мерки, нема повеќе пасоши делење како алва, ќе си добие само тој што си има предци. За разлика од нас, кои сеуште ги делиме државјанствата на распродажба кај албанците иако пред очи ни е штетата од тоа.
     
    На tessie, Annath и bittersweet им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Не знам каде виде дека се радувам :o
    Девојката отече во 100 теми дека било срамота да се бара да се докажува дека има родители, баба, дедо од таа држава за да се земе државјанство а нема појма дека истите закони важат секаде во светот па и во Мк иако не е дел од ЕУ.
    Бугарија е дел од ЕУ и законите за државјанство сега мора да им се исти како и тие во ЕУ, каде гледаш радување во факти.

    А јас сум во странство затоа што моите ја напуштиле Македонија од Х причини, не значи ако не се борам за гол живот дека немам право да си напишам мислење.

    И како жити се и одмогнав на девојката со тоа што и предочив само факти па уште и жалосно било тоа, ај сега кажи како да и помогнам место да и одмагам.
     
    На Lilit, imelda, cecilia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    ^ Работата е во тоа што во Бугарија се вади пасош како од шала без разлика што се подолго време во еу, и досега не барале докази за Бугарски предци па затоа и Чудење на девојката зошто и како...Нема споредба вадење Бугарски пасош со било кој друг, затоа сме изненадени и увредени што сега поЧнале со нови барања :D
     
    На rici.aaaaa, tessie и imelda им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.406
    Допаѓања:
    143.095
    Новинарите едно време навистина беа заштитени како бели мечки, медиумите собираа рекет каде стигнат и требаше малку ред да се стави. Ама не да се убијат во поим. И не законите да се применуваат селективно. Од една страна некој згазил човек и не бил ни половина час во притвор, а од друга страна глумиш правна држава во која строго се применуваат закони. Ако применуваш, применувај ги и за твоите.

    Нека и е лесна црната земја на слободата на говор, мислам дека штотуку ја изгуби последната битка.
    Не знам вие како се чувствувате, ама мене веќе некое време страв ми е гласно да зборувам за некои работи. А порано кога ми кажуваше баба ми како за некои работи не смееле да зборуваат затоа што ги приведувале, се чудев како било тоа можно.

    Јас тука во моментов имам добри услови за живот. Зборувам лично за мене, не генерално. Но како никогаш досега сакам да си одам од тука, а желбата ми станува се поголема. Се чувствувам како да сум учесник во тешки злодела, само затоа што сум тука. Ме плаши и тоа што не сум единствена со вакви размислувања.
     
    На rici.aaaaa, Edie.S, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.749
    Допаѓања:
    141.689
    СЛобода на говор не би требало да е да се објави име на заштитен сведок. За истото дело и уште 5-6 мина отидоа затвор, ама никој збор не рече за нив. Сите се фанаа за овој оти бил новинар. ЗНачи они се селективни.
    Мене само не ми е јасно оти овој новинаров не кажа, до ден денес, кој му го дал записникот од судењето?
    Само судијата и двајцата адвокати го имале.
    И новинар не треба да каже што сака, туку да изнесе факти за јавноста.

    Зошто овие од сдс не зборуваат нешто за адвокатов, бивш судија, што исто така е осуден како Кежаровски? Нормално, оти семејството му беше блиско до некоја од партиите на власт. Ама новинарот нив им беше близок. И сега спинуваат и перат мозоци. А светот ги перцепира селективно работите, како што им се послужени.
     
  16. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Сите се фатија за новинарот зошто е осуден за дело кое го сторил во 2008 за заштитен сведок кој тој статус го добил во 2010 а е уапсен после 5 години баш во периодот кога ги наоѓа сметките од патарините на Н.Младенов..
    Не се зборува за останатите зошто се случува апсење на новинар баш во време кога добиваме критики за слободата на медиумите а и целиот случај е премногу заплеткан па со вакво судство никогаш нема целосно да се расветли. И наместо партиски да ги гледаме работите, може да погледнеме како тоа изгледа од страна:
    EFJ Condemns Harsh Sentence Given to Tomislav Kezarovski
    http://europe.ifj.org/en/articles/ef...lav-kezarovski

    http://www.nezavisne.com/novosti/ex-...ra-214730.html
    Sud u Makedoniji osudio novinara na 4,5 godine zatvora.
    Kezarovski je jedini novinar u čitavom regionu Jugoistočne Evrope koji se nalazi iza rešetaka.

    http://www.trust.org/item/2013102118233 ... ource=shtw
    It should also be noted that, at the time of his arrest, he was investigating the death of fellow journalist Nikola Mladenov, founder of the organisation Fokus.

    @StefanFuleEU
    fYRo Macedonia:Following the case of journalist #Kezarovski for months with concern.Will carefully study the judgement when available.
     
    На tessie, Lilit, cecilia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.749
    Допаѓања:
    141.689
    А зошто кежаровски не каже кој му дал записник од суд? Оти он записниот го објави. И дури е решен казната да ја измели, ама да не каже кој му го дал запизникот. Не ви е чудно малце?
     
  18. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Каков човек и новинар би бил ако за дело кое не го сторил би вовлекол уште еден човек со него во притвор само за да си се спаси себе? Мене единствено што ми паѓа на памет е дека и тој ќе биде уапсен и ке лежи 5 месеца притвор за да му акнат слична казна колку на другите.. Мада што целото внимание на вој случај не би требало да биде зошто Кежаровски не кажува кој му дал записник, најбитно е дека тој "заштитен" сведок после 5 години лажење изјавува дека лажел под притисок на полицајци, инспектори и зетот на убиениот...Во нормална држава сето судење би паднало во вода и би требало да се гонат овие погоре
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Министерот Невзат Бејта на градоначалникот Изет Меџити незаконски му дал 1,5 милион евра

    http://www.mkd.mk/makedonija/politi...achalnikot-izet-medzhiti-nezakonski-mu-dal-15

    Па мора да се финансира учк, нели треба да се купат зољи, митраљези и слично.
    А добро, објавиле и што сега, што понатаму, што "смеат" да преземат во врска со ова?
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.749
    Допаѓања:
    141.689
    „Во оваа смисла ги прашуваме новинарите и сите оние што упатија остри реакции на пресудата на судот, дали јавниот интерес за откривање на заштитениот сведок и со тоа рушење на судска постапка претставува поголем јавен интерес од јавниот интерес за откривање на еден криминален акт на кривично дело убиство, кое е мерилото на совеста и етика на фелата за дадените остри реакции кон судот со кое ваквата слобода на говорот е ставена во функција на јавниот интерес и кој му го дал на новинарот правото по субјективна оценка да го брани јавниот интерес за нешто за кое државните органи кои го штитат јавниот интерес и ги спроведуваат законите воделе постапка“, пишува во реакцијата на ОСС1.

    Од скопска единица велат дека со реакциите се правел обид во јавноста да се прикаже дека судот применува драконски мерки, а новинарот претставува неука странка кој не бил воопшто свесен за последиците од објавените текстови.



    „Тој неспорно е правник по струка и во своите текстови во списанието „Репортер“ кога го објавил идентитетот на заштитениот сведок, детално го обработувал Законот за заштита на сведоци и по содржина и по суштина злоупотребувајќи ја притоа дејноста новинар за да се прикаже сега во јавноста дека истиот го штител јавниот интерес наспроти постапка за кривично дело убиство која се водела пред судските органи во тој момент.



    Реакција на судот. Не на паушални квази правници и незавршени новинари.