Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.017
    Вчера бев во една мешана населба да работам хонорарно. Наидов на најмалку 10 млади луѓе, жени, деца, поим немаат од македонски јазик. И во сите упатства што ги добивам за работа веќе 10 години пишува дека мораме и ние Македонците да знаеме албански јазик, само што се прогледува низ прсти, знаат дека не знаеме, ама до кога? Прашање е до кога? Дури четири деца основци ми се изнасмеаја кога им се обратив на македонски јазик. И јас се чудам на Македонците што мислат дека еве сега Александар Македонски или Исус, ќе ги спаси, или не знам кој. Работите се отидени предалеку и нема назад. Од моето одење во населбата пред 1 месец, сега гледам и нова зграда се гради. Таму Македонец не купува стан, сите македонски куќи се продаваат. Кои будали, се мачат цел живот, ќе вложи 80.000 евра во куќата, сега ќе ја продаде за 40.000. Пропаст. Утре се тоа е чиста линија со Липково и натаму Косово за врзување. Жал ми е што не отидов некаде надвор да работам на 22 години и трајно да се иселев досега. Кој од кај дојде, го правиме господа во државата, максимални права за секоја странец, Македонците копаат ниви и продаваат по тезги.
     
    На Miss666, Adidas888 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    23.958
    Пол:
    Женски
    Буквално така е. Кога се разведов, барав стан во Ск на тие огласите, сите пристојно наредени станови со добри услови за живот беа од албанци објавени. За становите од македонците да не праам муабет, мебел скршен, излупен, од времето на Тито, од тие старите телевизори.... и плус цена иста како тие од албанците.
    Во мојот крај сите газди беа и се грци и турци. Сега слушам као се градел некој дел каде шо ќе се преселеле албанци.
    Ма спасувајте се додек можете, или најнакрај научете албански. Џабе е, неизбежно е.
     
    На Трагедијаупмм и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    7.477
    Пол:
    Женски
    Ова мора да е во Бутел2!
    Ние живеевме тамо,и ја продадовме куќата,куќата кај што мажот ми е роден,израснал и станал возрасен со намера да живее тамо.
    Не научивме А......јазик и си отидовме!
    Нема живот тамо!
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.017
    Не, Бедиње во Куманово. Тоа што е останато од македонски куќи се е на продажба. Кога тоа ќе се продаде, остануваат селата Лопате со 30% Македонци и 70% Албанци и следното Режановце, со Македонци и неколку куќи Албанци. Е знаеш што ќе биде после? Сценариото Срби на Косово што сега го гледаме. Ќе бидат заглавени меѓу Липково и албански појас наваму накај градот.
     
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    7.260
    Пол:
    Машки
    AfD се повеќе замав зема во Германија, во источна Германија убедливо се на првото место по полуларност а полека се шират и во западниот дел каде се на второто место. СПД и ЦСУ/ЦДУ се под страв и превземаат секакви радикални чекори против десничарите, протести а дури се размислува и да ја банираат партијата од политичкиот систем во Германија.

    Инаку АфД се залага против глобалистичката влада и глобализмот и империјализмот на САД во Германија од 1945 до денес, против одлуките за поддршка на Украина и Израел, како и за не зависна политика за енергенсите, против миграцијата и имигрантите. Моментално е најпопуларна политичка партија во Германија. А дури размислуваат и за укинување на Еврото и враќање на старите германски марки.

    Светот повторно гори под нозе. На повидок на трета светска војна, пак ќе се дели на блокови, исток и запад, мултиполармиот свет наспроти империјализмот. Многу оган, жртви, вежби, наорожување, граѓански ратови, Тексас под притисок со Вашингтон, можно одделување. На Корејскиот полу остров секој ден се лансираат ракети, Украина пред капитулација, САД и Иран под можен конфликт, Кина изведува воени вежби во близина на Тајван. Србија годинава издвоила 738мили. евра за оружје, вратен и воениот рок, косовското прашање и Република Српска опасност на балканот. Хрватска размислува за враќање на воениот рок, Германија под протести, нови радикални движења на десницата а веќе го вратија и воениот рок. Орбан со Унгарија а и еве веќе и Словачка тераат своја политика и не поддлежат на командата од Брисел и Вашингтон.


    Ќе биде нешто, ама кога.. господ напомош да е.
     
    Последна измена: 3 февруари 2024
    На BlackNight, Трагедијаупмм и Billy Idol им се допаѓа ова.
  6. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    1.158
    Пол:
    Женски
    Сè е многу добро сумирано, за жал...
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.017
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    5.118
    Пол:
    Женски
    Ni toa nemame kako sto treba, jas pamtam Jugoslavija se raspadna, celosno se menuvase ime na drzava, pa za pasosi i licni karti ovoj haos go nemase. Nisto nema vekje ni za Makedonci ni za Albanci, ima samo za leva raka desen dzeb.
     
    На Adidas888 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.017
    Психички се спремам уште сега, како што читав искуства на луѓе, буквално турканици и чекање со часови, невидена тортура за едни документи.
     
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    5.118
    Пол:
    Женски
    Ne se normalni, tie sto glasaa za SDS ja ne znam so koj pamet bea, ne znam, gospod na pomos sega na site.
     
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    13.472
    Пол:
    Женски
    Не се нормални, факт е.
    Еве сеа ВМРО ќе дојде и ќе не опраи, без гајле..
     
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    5.118
    Пол:
    Женски
    A ova vekje ne znam dali i papata kje go opravi.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    13.472
    Пол:
    Женски
    Надежта последна умира. :sun:
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    7.260
    Пол:
    Машки
    Никој ништо не оправа во оваа држава, ова е безаконие, дури и обичниот граѓанин гледа како да ја укради државава итоа на легален начин.

    Пример: Родителите дома се водат како не вработени, логично, ама тераат свој приватен бизнис (пример автомеханичарска работилница) со месечен приход од 1.500-2000 евра, како фирма никаде нее регистрирана, без плаќање на даноци и придонеси, никаде во УЈП нема прилив и одлив на приходи и да провериш. Што ќе ја регистрира и плаќа кога се води како обична гаража ех, коли поправал чудо големо. Детето (студент/ка или ученик/ка) ако се повеќе уште поголем плус, аплицира за социјална стипендија, социјални можности кои ги дава државата за загрозени социјални семејства, така и се водат. Мајката додека го објават конкурсот за стипендии, е вработена и се води како вработена во фабрикиве/фирмиве. Тие 4-5 месеци зема активно плата од 30-40.000 денари. Кога се ближи конкурсот за стипендии и други образовни можности, мајката напушта намерно од работа, за детето да се води како дете од социјално загрозено семејство.

    Втор случај: Цело семејство живее во Германија, си доаѓаат дома во државичкава, напечалени и седат тука додека помине студентската/учебната година. Купуваат кола од Порше Скопје ново Audi Q5 од 150-200.000евра. Детето (студентка во случајов е), аплицира за социјална стипендија и социјални можности, туризам, скијање, за социјално загрозени фамилии итн. И ги добива сите тие можности, зошто е дете на "социјално загрозено семејство".

    Ете така функционираме ние. Каков народ, такви политичари.

    ДПНЕ, СДС, ДУИ, сите го гледаат својот интерест, интересот на парите, фотејлите итн. Какви им се раководствата такви им се и членовите. Сите во круг се вртат истите луѓе, истите фамилии, како тие да се најзаслужни.

    Наместо социјално да земаат тие што стварно им е потребно, некој друг зема на местото нивно.

    Нема оправање тука, нее системот крив, системот народот го создава, поединецот. Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш.
     
    Последна измена: 10 февруари 2024
    На monibejbi, Adidas888, M.B. и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.017
    Oправање никако нема да има. Како што пиша членот, секој гледа да ја закрпи државата. Социјалци се на работа во Хрватска, си заработуваат по 1.300 евра месечно, а овде го јадат лебот на некој друг што е болен и сиромашен. Сите си имаат некој познат што ги пријавува секој месец во биро иако таму не се појавиле. Мене ми е жал што воопшто овде нешто создавав. Не е само да имаш пари за живот, еве моја сосетка се разболе, и да не бараат мито, бараат донеси му на лекарот ваква бонбониера, такво вино од поскапите, нескафе голема кутија онаа што е скоро 300 денари. Ако нема треба да умре? Толку од „чесноста на овој народ“. И гледам од нашиот буџет изгледа и по Косово финансираат проекти од култура, еднаш се имам обратено во нашево Министерство за култура, преку институција си аплицирав, за некои не така големи пари, однапред ми беше кажано дека пари нема да добијам (лице од повисоки инстанци од Скопје ми рече нема шанси) и не добив. Никогаш веќе. Само ми е жал што плаќам даноци за ојлевци дојлевци да земаат социјално, да се шетаат по Швајцарија, да си работат и овде да им тече плата и стаж. Трагично. Вчера збореа двајца аналитичари на Канал 5 дека треба да сфатиме дека за 15-20 години ќе бидеме малцинство во Македонија, затоа што во Пехчево едвај составуваат паралелка, а во Сарај на пример имало над 30 ученици во паралелка. Ептен некое чудо да се случи, па да биде Македонија подобро место за живеење, ама тешко.
     
    На Трагедијаупмм и quattro им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    13.472
    Пол:
    Женски
    @quattro секако, саркастична бев.

    Оправање само у случај да не мавне астероид и да не срамни..
    Или златен Путин само @Tanjamm, он ни е лекот.
     
    На Трагедијаупмм и quattro им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.193
    Пол:
    Женски
    На monibejbi, Outlook и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.017
    Само Исус Христос, никој друг.
     
    На monibejbi и Mrs. right им се допаѓа ова.
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    8.578
    Значи од денес сме Газа, со затворени граници за излез за сите нас несреќници кои го немаме северниот триптих - пасош, сообраќајна, налепници...
    Не ми се дискутира ништо, згорчено ми е се, само прашање - дали Албанија, Србија, Косово пуштаат со стари лични карти? Негде прочитав само Албанија пуштале вака денес.
     
    На Tanjamm, christinnn и Billy Idol им се допаѓа ова.
  20. Антигон Досон

    Антигон Досон Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Машки
    Мора масовно да излеземе на претстојните избори и еднаш засекогаш да ги тргнеме Смрдс од власт.
     
    На Bitter-Sweet и Tanjamm им се допаѓа ова.