Господин се вика? Која бедотија човече.. Овој ли е ? https://a1on.mk/macedonia/video-uapsen-vevchanecot-koj-kje-gi-koleshe-i-beseshe-zaev-i-pendarovski/
Не гласам, немам избор, четврти изборен циклус по ред нема да гласам. Силјановска ми е океј, интелектуалец, имам доста високо мислење за неа, штета што е кандидат на ДПМНЕ, иако идеолошки е либерал. На Пендаровски јаготка на шлаг му беше потпишувањето на законот за изменување на кривичниот законик, сите дела паднаа во вода, застареа, онаа флоскула ,,нема правда, нема мир" ја направија смешна самите оние кои ја сервираа. Вмровците гласаа против, глуматаа, но направија кворум, пошто они се со најголема добивка од законов, пола раководство им се влечеше по судови. Па уште Стево се дрзна да не убедува дека ова било прилагодување со европското законодавство. Максим Димитриевски постои за да го слабее гласачкото тело на СДСМ. Седеше во влада со Заев, не гукна за името и околу договорот за добрососедство, доби 5 минути слава откако се појави на буграската БНТ, класичен популист. Среќа што народецов е со просечно iq80 и има меморија на риба, па ќе му даде еден или два пратеника. Ванковска не ја коментирам многу, ќерките пратени на запад, а она би комунизам, на исток, критички настроена само кон едни. Стевчо Јакимовски постои за да тера валкана кампања против вмровци, он е познат по тоа дека играл со сите. Ужасно неписмен и прост лик, селски криминалец. Бујар и цела багра од ДУИ ми се лажни европејци, криминалци кои стојат зад знаме од ЕУ и НАТО, учк мафија. Таравари е исто националист, ама е во опозиција, постои за да ситни гласачко тело на ДУИ. Не постои политичар од албански блок кој е либерален и не е националист. Вело Марковски, идол на антиваксери и оние кои лечат отечено дунде со чај од камилица, среќа па нема ни да собере потписи за кандидатура.
Многу убаво си пишал. Вратете ги назад колумните и ставовите на Ванковска. Максим ќе се истресе од земја. Доби некоја поддршка од народот и го удри слава во глава. Вчера една советничка од ЗНАМ пишала „Македонија се буди“, а некој и лупнал коментар „Се пробудија парите во твојот џеб како советник, гајле ти е за Македонија“. Поддршката за ЗНАМ ќе паѓа. Градот тоне во смет, страшно валкано, во секој ќош руина, тој се брза претседател да биде. Не оди тоа така.
Максим почна да го спушта нивото и да навредува. Ковачевски го нарече маркетар и за Талат скоро кажа некоја навреда демек се криел како јагне позади него во Собранието. Максим тогаш не беше малолетен, свесен беше дека стои во прв ред. Ок, храбро што не се исплаши тогаш, ама скоро изгоре стан од плинска боца, пожарната доцнела, луѓе се жалеа, а центар е. Чаре, смена на командирот? Ништо. Не може град да се мете во 8 и 30 и 9 часот и секое утро е како кочина. Пред 8 да е светнато. Ќе си пуштиш комунални инспектори, ќе казнуваат невоспитан народ и готово. На неписмени што пишуваат како деца од 5 одделение, општината им покрила издавање книги. Администрацијата му е катастрофа. Ако пратиш мејл до општината, одговор тешко дека ќе има. Берово, Кавадарци, К. Паланка, М. Брод, Делчево, Дојран, Ресен имаат пољубезна и поуслужна администрација. Со овие имам искуство и знам.
Листава на можни претседатели ми е очај . Оваа Зорица од кај Палчо партијата е. СтеФчо со оглед на тоа што има гласачко тело во Карпош ништо чудно и да собере потписи. Не можам да сфатам дали до толку во вмро нема кадар па мораше Гоца да ја кандидираат пак?
Реално Силјановска е најдоброто нешто што ВМРО можеа да го понудат. Жената е страшен правник и интелектуалец со искуство. Не знам зошто, но мислам дека трката во втор круг ќе биде помеѓу Силјановска и Османи.
Не е свесна навистина или ти така мислиш ? Зборувам за Силјановска од лично искуство, бидејќи ми предаваше на факултет. Стојам позади тоа дека жената е интелектуалец со неверојатно искуство. Дека е стара да биде претседател, не би рекла. Чисто за споредба Бајден деде од 80 е кандидат на демократите во Америка. Ликот изгледа како да има напредна фаза на деменција (со видеа каде навистина се губи). Не би ја ставала Силјановска во ист кош. Ти кој мислиш дека би бил посоодветен кандидат од моменталната потстава на ДПМНЕ ? Да имаше таму некој што малку се истакнува, немаше Мицковски со толкав број на изборни порази да го остават за претседател толку долго.
Гордана е одлична за председател. Ако годините ви се дискутабилни, со Бајден па шо праиме? Бетер е. Само што, дали ќе гласам за председател уште не знам. Но нема да ми е криво ако добие Гордана. Кој е подобар уствари, од другиве кандидати? Максим? LOL. Османи? Ванковска исто ми е добар избор, само со потписиве не знам до каде е.
И јас сум од тој факултет. Не реков дека е како Бајден, но жената не е истата од пред некоја година. Вести не гледаше ли кога се побркуваше? А, вчера на портал имаше како дала 3 различни датуми на раѓање на 3 различни места. А, да не почнам да зборам колку луѓе вријат поради лоши искуства со неа и велат дека нема шанси да ја гласаат. ВМРО и веќе еднаш пробаа, но изгубија. Немаат шанси со неа. Патем, Христијан се презива Мицкоски, без в.
Не гледав вести и не знам за другите луѓе. Тоа е мој личен став, по непосредно позитивно искуство со жената. Прашав и претходно кој е според тебе подобар кандидат од ДПМНЕ за претседател ? Што се однесува до другите кандидати: - Пендаровски ми е океј, на моменти како претседател го има, на моменти не… ама покажа дека (некогаш) знае да размислува поразлично од матичната партија. Од Спасовски е многу подобар и поспособен кандиддат. - Изненадена сум колку бргу Максим собра потписи. Навистина не очекував дека ќе ги собере пред рокот и воопшто не е лош во дебати. - Османи уште претседател што не бил. Функционер е во последните 15 години, и добро си одработува за партијата од која доаѓа, на сметка на македонците со изговор ЕУ/НАТО. - Зошто е Стевчо на листата и дали сериозно ликот мисли дека некој надвор од Карпош ќе го гласа ? - Ванковска како лик ми е малку “недефинирана”, ама со оглед на тоа што Левица стои позади неа мислев дека ќе има повеќе потписи (особено повеќе од Максим) - Другите не ги знам и не можам да коментирам. Би сакала да видам квалитетна претседателска/политичка дебата.
Што е со трите датуми на раѓање на Силјановска? И да, чудно е што Ванковска уште не собрала потписи, а Максим го стори тоа. Таа сепак зад себе ја има Левица која е парламентарна партија, ама еве потписи нема уште.
(Фото) Зошто Гордана Силјановска Давкова има три различни датуми на раѓање во три различни биографии?
Се што било во минатото настрана, во моментов според мене ВМРО ДПМНЕ е најдобар избор за државата, и тоа да победи со над 60 пратеници