И јас исто, разочаран сум во Интегра тотално, а на претходните избори имаа неверојатно добра програма
Таман ќе помислиш се појавила трета опција и таа ќе почне да разочарува. Погледнете ги кавгите во Левица, со зборови како „џган“ и „глуперди“. Друго, помалите партии имаат проблем да најдат квалитетни кадри за пратеници, советници. Инаку, ВМРО сака да коалиција со албанската опозиција. Има да бидат бетер од ова сега.
На страницата на ДИК, но во текот на утрешниот ден, еднаш дневно ги објавуваат собраните потписи на сите кандидати што собираат потписи за претседател.
СВР Охрид денеска соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „ злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднело кривична пријава против Р.С. (45) од Скопје. - Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување по што, со намера да прибави противправна имотна корист, доведувајќи ги оштетените во заблуда, ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин, пријавената се стекнала со бесправна имотна корист од 319.706 денари, информира портпаролот Стефан Димоски. Лихварска Македонија. Зошто воопшто постојат овие брзи кредити уште?
Расипани се сите пати. Колку само доверба ни влеа тука на сите, човекот кој гореше од љубов за својата татковина и на крај се тоа да отиде во заборав #непребол
А во меѓувреме Макрон го вклучил алармот, и не не ја напаѓа Русија туку торба се изгубила Вклучен алармот во Париз: Исчезна торба со безбедносните планови за Олимписките игри Француските медиуми денеска пренесуваат дека од железничката станица во Париз утрово исчезнала торба со компјутер и два УСБ-дискови со плановите за обезбедување на Олимпијадата во Париз. Ваквата ситуација го вклучи алармот кај највисоките безбедносни структури во Франција. Торбата ја носел инженер од градскиот совет и исчезнувањето го забележал кога требало да се префрли од еден во друг воз. Според неговиот исказ во полицијата торбата ја ставил во багажниот простор над седиштето во возот и открил дека ја нема кога сакал да се префрли во другиот воз. Во Париз полицијата веќе води истрага и засега не е познато дали исчезнувањето е случајно или пак планирано со цел за некакви цели во текот Олимписките игри наредното лето.
Сакам да ослепам, што прочитав. Интегра била трета опција. Интегра имаше функција да земе дел од вмровското гласачко тело, 13 000 гласови од десничари отидоа кај оној шарлатанон Љупчо. Оној што Македонија ја претставуваше како земја со облакодери, вселенски чинии, возови во облаци. Неговата функција заврши, сега дава поддшка на Стевчо Јакимовски, кој е познат по тоа што играл со секоја партија, а во моментов тера антикампања против вмровци заедно со Данела. Стевчо, Љупчо Интегра, оној Бачев, се маргиналци, статисти, постојат за да земаат гласови, да отцепат од одредена партија. И овој Максо е сличен, он сега ќе им цица гласови на СДСМ, а тоа е во интерес на ДПМНЕ.
Со предложените измени на Изборниот законик политичките партии не сакаат „независни кандидати“. Се зголемува потребниот број на потписи. Предложени измени: Сегашниот законик:
Мислам дека на претседателските ништо чудно пак Стево да ни биде претседател, затоа што ако тој и Гордана влезат во втор круг, Албанците сите ќе гласаат за Стево, тие ВМРО не го сакаат, а Стево им е прифатлив. Прашав некои Албанци зошто толку поддршка за Стево? Ми велат не ги дели граѓаните на Македонци, Албанци, затоа и плус сакаат да влеземе во ЕУ, затоа што децата им се во ЕУ, други опции не ги интересираат. Ако се изврши притисок отсега натаму да се бира претседател во Собрание, никогаш веќе нема да имаме претседател по волја на Македонците, никогаш. Како и да е, нема некој избор. Гордана гледам утрово и извадиле фотка со бугарскиот радикал Андреј Ковачев. Пред некој ден пуштија нејзина изјава каде вели дека треба да имаме помалку министерства, па изјава на Мицкоски дека сака да воведе уште некое министерство. За различните години на раѓање требаше веднаш да даде објаснување, што е, како е, како настанале тие грешки со три различни години на раѓање.