Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    За краватите не коментирам...ама ЧИЗМИНЕ....на прием официјален на највисоко ниво во Пекинг...
    па човече.........да не мислела дека ќе ја седнат на деск, па нозете нема да и се видат :o


    http://www.plusinfo.mk/vest/111272/FOTO ... hni-chizmi
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.674
    Допаѓања:
    22.675
    Пол:
    Женски
    ^ 'tis the season to be jolly, falalalala lalalala. :rofl:
     
    На fighter и Hipster им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.238
    Допаѓања:
    140.299
    „Аутфитот“ на нашине им е да се убиеш. Ај чизмичкине на Ивона што се тешка катастрофа, ама и таков фустан на такви средби не се носи. Костимче, смирени бои, салонка, мислам сите имаме такви парчиња дома, толку ли е тешко?!?

    Миленко во позадина е облечен по некоја маичка, ко за низ маало.

    Другиве кој без кравата, кој со раце у џеб, кој по џемперче... на ништо не личат.

    Оп, сега некој ќе си лапне парички за обуки за дипломатски протокол... 88,000 по човек.
     
    На Li0ness, Dvolicen и Silver.E им се допаѓа ова.
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ariel ...аххахахахааа стварно и Миленко у позадина...па нема што новинарска фела...
    И во право си и фустанчено и е ко за прошетка у некој ТЦ....па тоа краватите...чиста етика :D (ах а реков дека нема да ги коментирам)
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ајде да продолжам, испровоцирана од новата слика која (....) ја ставил на фб...демек еве ние знаеме да се дотераме за на прием...


    ивона не носи чизми, ама нека ми извини, не е по протокол при прием на највисоки делегации да се облечеш ко за afterwork party, друго , не знам која е онаа со марамана , плус гледам доле нешто чизма машка?!„ и најбитно сите имаат портокалов деталј...без разлика дали е тоа кравата, гердам , марами слично!
     

    Прикачени фајлови:

  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.189
    Допаѓања:
    136.056
    ЕЕее, а јад кога пишував во една тема како треба да се облекуваат жените за вистински состаноци, вие глупава ме напраивгте, тегет со црно не одело. Сеа Ивона не чинела. Мислам, чизмичките и беа загреови, такви било која од нас да има за до продавница е жива брука, ама ајде. Овде ок чевли носи, не е толку лоша и се надевам дека ова е бунда а не зимска јакничка.
    Може еден ден ке ме слушате кога викам дека има протокол и дека треба да знаете како да се облечете на битни места, аа ко не знаете луѓето кои работат во протокол со задоволство ќе ви кажат што да облечете. Верујте и тоа работат во протокол. Кога мене ми бил протокол работа, сум се јавувала да кажам да не ми носат ликра хулахопки и шари, ниту пак мажите бели чевли со црно костуми или спортски чорапи.
    Инаку, сте за породилното да е една година, а не 9 мессеци: Еве министерот СПасов предлага. Јас немам став, не сум била бремена до сега
     
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    да се разбереме, јас не коментирам ниту пак знам дали некој пишувал на тема...дрес код при протоколни средби. Но сепак, во меѓународни кругови, протоколарни средби со дипломатски кор и слично, постојат ПИШАНИ НОРМИ и правила како треба да се биде облечен , најчесто во нив стоијат правила од типот елегантно здолниште во доина на колена за дамите, или пак лептир вратоврска за мажите во зависност од приемот, а не дали да се носат чизмички и хулахопки со шарки, туку точно одредени правила пред се имајќи го фактот во која земја се одвива средбата, бидејќи во Индија нема да те прифатат во бело, а во Арапските земји се знае должина на здолниште колкаво може да биде и панталоните кај жена се не прифатени, барем не секаде. А кај Ивона не се само проблем чизмите.Туника или фустан во светла боја со кратки ракави, сега па и јакнуче parka ..мислам...нема што повеќе да се коментира...тука затаил нашиот протокол!
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Абе луѓе ладно е во Кина, не е како овде. И кажале неа, проверила временска прогноза и си одбрала крзнени чизми.
    Ајте вие, паметна си е таа... :D
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ја шетаат, ја ранат, ја појат на гага...нож и е и на невестата и на тие со/до неа, вие во чизмите , бундата и вратоврските им гледајте. :wasntme:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ах да е само таа така шетана со државни пари?! Ич не ме интересира тоа како и зошто е таму,туку проблемот е што некоj не си ja врши работата и наместо сите да изгледаат соодветно за приемот тие изгледаат смешно.
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Намерно е тоа, за да се обрне вниманието :D така така, а да не му текне на човек да ги праша што очи бараат во Кина? Ако не е за шетање само. Работна рака да не им нудиме кога се живо друго таму оди да бара ефтина работна сила? Или ориз да не ќе им продаваме? Едино на кинезите што им фали е моми, па овие стројници да не се? :^)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.189
    Допаѓања:
    136.056
    Што мислите за измените на КЗ за хемиска кастрација на педофилите? И 12 месеци породилно? За таа тема никој не коментира, се гледа што ни е побитно нас. На Ивона чизмите.
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Δ
    Стара актуелност :D додека чизмите се нови :!: Тема Педофилија страна 10. Имам искажано став за тоа како џабе се дига прашина околу хемиската кастрација. Не можам да копирам толкав текст со направијава. И други членови имаат коментирано во врска со тоа.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    На Ивонче ова не и е прв пат.
    Според мене чизмичките не се ништо во однос на вечерното црно хаљинче во комбинација со Охридски бисери и соберена косичка ко за на бал, во интервјуто(ексклузивно) со српскиот претседател.

    Девојчето многу сака да си го покажува предниот дел од градниот кош под брадата.
    Барем да има што да покаже :D , ај .
    Абе облечи едно сако на вести, надолу ако сакаш на куси панталони оди.
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.238
    Допаѓања:
    140.299
    Ова со породилното многу ми се допаѓа.
    Се работи за воведување можност мајката да земе дополнителни 3 месеци неплатено, ако сака.
    Во минатото многу мајки знаеја да извадат дополнително боледување и да останат дома до една година, па и повеќе. Вака кој сака и може да си дозволи да земе неплатено, ќе има законска можност. За работодавачот мислам дека не е некоја страна разлика, секако мора да најде замена и за 9 месеци, па каде 9, таму и 12. За детето мислам дека е голема разлика дали е на 9 или на 12. Друго е, поцврсти се на една година.

    Друг момент е тоа што неплатеното не мора да се земе веднаш по завршувањето на платеното породилно отсуство, туку може да се земе додека детето наполни 3 години. Иако верувам дека повеќето би го искористиле веднаш, многу е добро што постои и ваква можност. Има моменти кога ваквата можност е добредојдена. Дали детето тешко се вклопува во градинка, дали е многу болежливо. Ако е болно ќе добиеш и ти прави на боледување, ама некогаш се препорачува подолго останувањ или од која било друга причина мајката оцени дека подобро е да биде дома со детето.
     
    На Cka и Silver.E им се допаѓа ова.
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Имелда е во право. И хемиската кастрација и продолжено породилно, неплатени дополнителни 3 месеци се стара иницијатива.
    Ама факт е дека сите ќе се сложат, барем навидум на продолжено НЕПЛАТЕНО породилно од дополнителни три месеци, но во пракса тоа нема да се случува многу често. Зошто?
    1. Затоа што ретко која е финансиски моќна да седи дома три месеци без никакви примања
    2. сите што си имаат врски, исто како и до сега, ќе си земаат комисиско боледување.
    така фондот пак ќе биде оптеретен. Си имав јас неколку колешки си седеа со врски во државна на продолжено комисиско боледување , дур децата не им наполнија по година дена, а моја многу блиска пријателка, детето и беше родено со срцево заболување и по операции се влечеа и доби најмногу боледување до неговата година и 6 месеци.
    Следна вест што најмногу ме загрижува е веста дека ПИОМ има голема голема финансиска дупка, и декка државата не ги исплаќала средствата за приватните пензиски фондови...така да црно ни се пишува.
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.189
    Допаѓања:
    136.056
    Стара иницијатив,а ама сеа ке се реализира. Јас да немам кој да ми го чува дететео, да речеме свекрва ми е болна, а детето мо е здраво, у градинка не можам на ред да дојдам, ке си земам 3 месеци неплатено. Подобро е така отколку да и плаќам 12 ооо на жена да ми го чува дома.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ова е предлог од Владата, а дали ќе се реализира останува да видиме. Предлогот на Владата е понуден пред работодавачите, бидејќи тие исто така треба да кажат дали се согласуваат да им го обезбедат работното место на идните мајки, односно да им го гарантираат работното место за време на тие три месеци неплатено породилно.
    еве изворно од сајтот на владата:
    извор http://www.vlada.mk/node/7544
     
  19. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Трите месеци се секако за поздравување, сепак нудат опција, па секој може да ја употреби или не согласно со своите финансиски можности.
    Во Австрија на пример породилното е комплетно платено само три месеци, но потоа до 2 години на детето мајката има можност да остане дома и да прима минимален паушал (недоволен за самостоен живот доколку е самохрана, или сопругот нема добри примања, но како опција си постои)
     
    На Ariel и tessie им се допаѓа ова.
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    А, зошто не кажат дека тие три месеци нема да има стаж жената ???

    Ако Владата сака многудетни семејства, тоа значи за 3 деца мајката губи 9 месеци стаж (ако ги земе плус тие 3 месеци).

    Значи жената пак на некој начин е оштетена ?

    А. што е со притисокот кој им се прави на жените да се вратат на работа уште по првите 5-6 месеци после породувањето ? Тој проблем ни денес не е решен.

    Контрадикторно ми е, сакаме многудетни семејства, а на жената и се кратат други права. :x

    И зошто да се неплатени ? Нека се дава барем некој минимум. Што ако мажот не е вработан ? Значи 3 месеци ќе имаат приход од 0 денари дома ???
    А, се има пари за администрација, и сите кои си уживаат во фотељи, возат државни коли каде сакаат, итн., јасни ни се работите...
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.