Карго возовите за Грција поминуваат низ Македонија... Не сме некој голем фактор, ама па што ќе плачете што нема на шопинг во Солун да идете или да се сончате во Паралија? Има и други мориња...
А нема да може транспортот да се одвива преку Бугарија? А кога веќе ми пишуваш во второ лице, еве ја Грција немам појдено едно 7-8 години ако не и повеќе.
Пак главен фактори че биди албанска партија. И само гнев ќе набијаме со тоа што ќе се нарекуваме само Македонија во внатрешноста. Мислам дека многу зависиме од друите, затоа што увозот ни е многу поголем од извозот... Шо знам не ми оди на арно.
Нема да поправаат заби во Гевгелија. И да се коцкаат и фризираат таму Никој да не им оди на одмор, па да ги видам колку ќе им секне.
Сепак нема да им е од голема значајност, нас едно ембарго или санкции и ќе се најдеме ко глувци. Да, тоа многу ќе ја наруши економијата на Грција. Луѓе дајте бе, стварно мислите дека ние сме фактор и дека зависи некој од нас? Многу ќе им е гајле за коцка и фриз во Гевгелија. Ако е така ко што викаш дека многу одат Гевгелија тогаш пак Гевгеличани ќе страдаат, не страда некој таму грк. А за одморот не им менува ништо, од цела Европа одат таму, ќе надокнадат за една сезона.
Што? Нивното ембарго? Па нас повеќе од ¾ од транспортот ни се врши преку Солун, тогаш што ќе правиме, поточно најважно прашање е што ќе јадеме.
За почеток сета индустрија што е секундарна како челик, преработки од челик, автоделовите и слично ќе трпи големи загуби затоа што поморскиот транспорт е далеку поефтин од оној на копно, особено за челичните преработки. Второ, увоз на земјоделски производи, се што може да ти текне од портокали, банани, какао, зрно кафе, па дел и индустриски суровини одат преку Грција, мал дел ни доаѓа од соседството и Турција. Раноградинарски култури, особено домати, пиперки, краставици и слично како и пластеничко производство, тука доминираат Турција, Грција и Бугарија. Во 95-та проценетата загуба за 18 месеци е 2 милијарди евра...
Кој ќе произведува сам? Плодна земја со најфрагментирани парцели во Европа сме, имаме 1.2 милиони земјоделски парцели и 200,000 земјоделци и уште не можеме да се нараниме. А патем, да не зборуваме како сточниот фонд ни е мртов, како сезоната на градинарски култури ни е кратка затоа што немаме стакленици, ниту ќе имаме со сегашните трендови на цените на репро-материјалите. И најважно од се, земјоделското население е во брз тренд на изумирање, просечниот македонски земјоделец има 60 години. Продуктивноста ни е намалена од првата декада по втората светска војна па до денес.
Кој ќе произведува? Дигнати дами од добро утро или советницине по општини и пратениците? Цел товар ќе падне на земјоделците, а земјоделците не можат да опстанат, тоа ќе води кон кон тотална катастрофа.
Од тоа малце ќе осети Егејска, долу Атина, Крит и Пелопонез нема ни тровка да осетат, ама Грција за разлика од нас е сила, за една сезона ќе се вратат на default и без нас.
Македонија со своето земјоделие ја ранела скоро цела Југославија, па ти види колку капацитет може да имаме и сега. а за работа ке се најде. Дади субвенции на земјоделците, направи убав план за цена и остало и ке видиш како пак ке почнат да се занимаваат со земјоделие.
Парите од градската каса се слеваат во буџетот на државата, значи фајдето е големо. Во цела Грција има имоти кои ги поседуваат Македонци, кои ги издаваат во текот на цела година, не само во летниот период. Обртот е прилично голем, можеш да си провериш на нет колку Македонци за продолжениов викенд ќе одат во Солун на неколку дена. Ситуацијата воопшто не е слична како во 1990, сега е многу поразлично. Башка, да те потсетам, #WeAreNATO. п.с. Во Грција сега е предизборна кампања, мислам за Европски парламент, па сешто ќе си изнакажат за повеќе гласови.
Знам јас се тоа разбирам, ама не можеме да се правиме некој и нешто, ништо ама НИШТО не зависи од нас. Грците ќе си средат за една сезона..
Кој ве лаже вака? Македонија во никој момент од своето постоење до денес не може да ги задоволи своите потреби за основни производи, па камо ли за цела Југославија да произведувала. Нормални сте шо пишете? Патем пред да се карате за кочанскиот ориз, мојата фамилија го има водено еден од најголемите земјоделски комбинати во источна Македонија, и во ниту еден момент не сме ја ранеле цела ЈУ.