Оке. Зошто кога ние ја спомнуваме 2001 сме албанофоби? Бујар Османи му пречела Сребреница... Бујар што стана гз и гаќа со ДУпИ. За све, сите војни и геноциди можеме и мораме да коментираме и да ги осудуваме, само за браќава не можеме
Не го разбирам контекстов кој го разглабаме, 2001 и Сребреница се сосем различни ситуации. Нема врска дали на Османи му пречела или не, јас како етнички македонец, би ја гласал Сребреница за геноцид.
Ама јас го ставив за министер? И што ако е од ДУИ, тоа не значи дека не е во право за ова едно специфично прашање. Што сеа, пошто сме пријателска земја со Германија, да седнеме и да речеме, абе холокаустот, па може и не бил геноцид, или истото со Хрватска оти па со овие сме братска земја. А друг муабет е дека и Османи како таков никогаш не бил дел од УЧК. Кога бил конфликтот 2001 Османи бил студент, баш сега седнав да проверам, имал 20 и некоја година.
Треба да, ама во исто време треба да не просиме кај Вучиќ, еве сега гледам кажува на вести како ние постојано сме имале некое оправдување, а во нас вложил најмногу. Секако дека е геноцид. Да не си им во кожата на Мајките на Сребреница. Србија со години криеше воени злосторници, а на Бошњаците им остануваше само да колнат дека тие што предвреме ја ослободија Билјана Плавшиќ да си ги бараат децата по шуми и реки, како нив. Дури мислам дека треба Србите да си платат и воена оштета. Дури мислам дека не требаше тој „лош“ Запад да дава пари за градење на босанските градови, си има адреса кои ја извршија таа агресија, ќе си дадеа пари кога веќе знаат да убиваат, веројатно и пари имаат да платат. Вака треба со сите кои вршат геноциди, без разлика на кој народ припаѓаат, да знаат дека и по 30 години ќе има одговорност. И зошто некој би ја жалел Србија, посебно некој надвор од Балканот? Нема ниту една причина да сожалува Срби, да бидеме реални. Кина се знае зошто гласаше против, имаат бизниси по цела Србија, удели во рудници и други фирми, дури веќе има и кинеско малцинство во Србија кое си слави кинеска нова година итн, што е нормално. Не е љубов, интерес е. Исто и со Русија. Не е спорно што сме гласале За, спорно е што сме лицемерни, и што правиме како ќе кажат нашите богови Бујар Османи, Ахмети, ДУИ, мајка Албанија и Косово, ете тоа е спорно. Да е гласано по сопствено убедување ок, ама не е. Ова е волја на албанското малцинство кое и онака госпоради со Македонија, а ние како гревови се правдаме „па кој гласал, па како, па кога?“. Демек ние не сме од тука, нејасно ни е. Гревови.
Кога се гласа принципиелно, се признава геноцид. Коган се гласа политички, и си ги гледаш државните интереси, гласаш воздржано. Ова не е ни политички ни принципиелно, ова е баш улижување. Или гласање под команда. Јер кичма јок.
Со гласање за признаеме Геноцид. Тоа е нормално и принципиелно. А и баш не е во нас интерес да се поврзуваме со Србија и тој блок. Тоа башка.
Па ти рече принципиелно гласале, после се едитираш и вртиш политики. У реду е, супер се и принципите и политиките. И улижувањето.
Гласањето за е принципиелно и прагматично. Се поклопува двојна добивка. Јасно ни е имало геноцид. И јасно е дека Западот е демократски, прогресивен и слободен и таму сме или одиме и тоа е правиот избор.
Србите ако продолжат да се прават силни, на крај ќе им се пресмета колку жени силувале четниците и колку деца се родени како резултат на тоа силување. Колку жени останале неплодни како резултат на тие групни силувања, закачувале инфекции по логори, гинеколог бил мисловна именка за да им се помогне веднаш. Еве Ајна Јусиќ и тој дечкото што одеше по емисии сите ги знаеме, тие се дојдени на светот како плод на силување. Имаше една Златка во Бихаќ, ја силувале 11 мажи. Во Приједор живи луѓе туркнале во оган. Ние сме ти балкански сељачиња, за нас ненормалното е нормално и ако нас лично не ни се случило, не не интересира, ама некој во странство нема зошто да сожалува Срби и да не гласа За резолуцијата. Па директива било, хахаха. Па ние жената на убиецот Аркан редовно ја наградуваме со пари, преку настапи и концерти(таа е втора или трета жена на Аркан, претходно си живеела со некоја босански муслиман, Фахрудин ако не се лажам). Има фотографии како хордите на Аркан палат млад Бошњак со бензин, 24 годишен дечко и како убиваат цивили во Зворник. За тоа платија ли Србите? Не. Ако сметате што им фрлија некоја бомба од НАТО да ги заплашат, реално немаат платено ни пола од тоа што го направија. А ние сме најголеми антиталенти за водење држава штом не сме способни да си обезбедиме брашно, вакцини, струја, па ќе се молиме и сега Вучиќ е изненаден од нас. Истиот Вучиќ давал изјави како млад дека за еден Србин ќе плутаат по Дрина по три муслимани.
Еве кој гласал за сите фини и нормални земји, воздржани земји во развој, против банана острови и диктатури.
Колку што знам правно не ги исполнува условите за да биде класифицирано како геноцид, туку е воено злосторство. Правно гледано не е исто. Секако, на жртвите и ожалостените фамилии ништо не им менува дали ќе се нарекува вака или така. Политички потегот на македонската влада е разбирлив бидејќи Србија е сосед и крупен играч во регионот. Германија е уште поголем играч, но за разлика од Србија таа не се противела на меѓународната осуда по втората светска војна.
Се изнервира Бетмен пошто Лепа Џундева (24тв) како новинар во разговор со Гркот го употребила уставното име ,,Северна Македонија", а истиот тој не зуцна кога Силјановска немаше муда на венецот да напише Македонија. Нема ништо да се деси, ќе се препуцаваат по поратли и статуси со ЗНМ. Секое чудо за три дена. Какви ѕверки шетаат на слобода, сиг нема Бетмени, Васиљи и остали партиски ботови да одговараат за популистички фб статуси.
Не го гледав, туку мислев дали навистина претерал со реакцијата? Нормално дека Лепа ќе користи термин Северна Македонија на интервју со грчки политичар, инаку веројатно нема да има интеревју, ќе си стане соговорникот, ќе си замине. Тоа е името, дали ни се допаѓа е друго. Туку, тоа што се случува на некои тв канали, тоа не е е говор на омраза, тоа се клевети, во смисла ќе викнат соговорник, и тој ќе почне да спомнува имиња, да изнесува навреди, да кажува дека направиле криминал, па ќе лупа цифри, а пресуда за тоа не ни имало, многу често ни обвинение немало, се прават рекла - казала муабети јавно, свесно и намерно. Треба опомена до сите тв куќи и готово, а ако не се прекине со тоа непрофесионално однесување, парични казни и готово. Така ќе си поведат ред. Баш и јас тоа помислив, за тешки кривични дека едвај ги ставаат во затвор, не па Бетен за ова да оди в затвор.