ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА Во недела во Франција се оддржуваат вонредни парламентарни избори. Парламентот беше распуштен од претседателот Макрон на 9 јуни, денот кога беа соопштени резултатите од изборите за европскиот парламент: на тие избори во Франција на прво место заврши „крајнодесничарскиот“ Национален Сојуз (Rassemblement National) со 31% од гласовите, додека центристичката коалиција Ренесанса на Макрон заврши втора со 14%. Каков е францускиот политички систем и кои се опциите за престојните избори закажани за 30 јуни и 7 јули? Франција е република со полупретседателски систем – извршната власт е поделена помеѓу претседателот и владиниот кабинет, но првиот е највисокиот државен функционер кој ги назначува сите министри по совет на премиерот. Изборите во 2022 год. оставија политичка нестабилност, бидејќи владата на Макрон не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот и моментално таа е малцинска влада која има 43% од парламентарните места. Изборите за францускиот парламент се оддржуваат во два кругови со мнозниски принцип: постојат 577 единици од кои се избира по еден кандидат. Победникот во секоја од тие единици може да биде одлучен во првиот круг доколку има над 50% од гласовите и над 25% од вкупниот број на регистрирани гласачи во единицата; доколку не се исполни тој услов (а скоро никогаш не се исполнува) се оддржува втор круг во кој учествуваат првите два кандидати и секој друг кандидат кој во првиот круг имал над 12.5% од вкупниот број регистрирани гласачи. Зошто Макрон свика вонредни избори? Тој знае дека парламентот дури и сега тешко функционира, а се надева дека опасноста од победа на крајната десница или левица ќе го обедини народот зад центристите. Можно е да калкулира дека избори сега ќе одбегнат можна двојна претседателска и парламентарна победа на НС во 2027, а и дека победа на НС сега ќе отиде во негов прилог бидејќи НС ќе ја загуби својата позиција како „анти-естаблишмент“ и товарот на политичките предизвици ќе премине на нивен грб, а тој со својот мандат до 2027 ќе се обидува да оддржува рамнотежа. Големи се шансите изборите да резултираат со замрзнат парламент без мнозинство и политичка парализа. Подолу се трите главни политички сили, со некои од нивните програми: Партија НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ: Главната поединечна опозициска сила е НС, која на изборите во 2022 год. освои 88 (15%) од пратеничките места, а на евроизборите овој месец освои 31% од гласовите. Партијата е предводена од 28 годишниот Жордан Бардела, наследникот на Марин Ле Пен (која сè уште е член и има политичка моќ), а тој е и премиерскиот кандидат на овие избори. Сепак, Бардела изјави дека нема да ја прифати таа функција доколку неговата партија не освои апсолутно мнозинство на изборите. НС се залага за построги мерки против имиграцијата: ограничување на бројот на легални мигранти на 10.000 годишно (во 2023 Франција доделила 320.000 дозволи за престој на мигранти од неевропско потекло); отстранување на правото на семејна реунификација за имигрантите и на правото на автоматско државјанство за деца родени од имигранти во Франција; депортација на „деликвенти и исламисти“. НС најави дека ќе ја укине пензиската реформа од 2023 и ќе ја намали пензиската возраст на 60 години. Во однос на ЕУ, партијата веќе не се залага за Фрексит, туку за реформи во рамки на унијата, а ставовите во однос на војната во Украина не се усогласени. Во однос на коалиција за изборите, НС повика на коалиција за одбрана на Франција од крајната левица, а Марин Ле Пен вети дека НС ќе формира национална влада. Бардела одби да ги обедини силите со уште порадикалната Реконкет (Reconquête) на Ерик Земур која на евроизборите освои 5% од гласовите, поради тоа што „не сака НС да се поистоветува со Земур“. Но и покрај тоа, Марион Марешал која е една од клучните личности во Реконкет (и е внука на Марин Ле Пен од НС) повика на обединување на десницата и побара поддржувачите на Реконкет да ја дадат својата поддршка на кандидатите на НС – поради тоа беше исклучена од партијата на Земур. За сега е извесно дека НС ќе ги здружи силите со центар-десната партија Републиканци предводена од Ерик Чоти, која на евроизборите освои 7% од гласовите. Сепак, оваа најава предизвика раскол во таа партија и Чоти беше отстранет од претседателската позиција, пред да биде вратен со судска одлука – неизвесно е како овој раскол ќе се одрази врз поддршката на Републиканци на изборите. Коалиција НОВ НАРОДЕН ФРОНТ: Сепак, очигледно е дека главната конкуренција за НС не се центристите на Макрон, туку Новиот народен фронт – коалиција создадена за овие избори која ги обедини силите од центар левите до комунистичките партии и зелените. Пред распуштањето на парламентот овие партии заеднички држеа 147 (25%) места, а на евроизборите заеднички освоија гласови колку и НС. Политичката платформа на коалицијата предвидува свикување на уставотворно собрание кое ќе усвои нов устав и ќе ја придвижи Франција од сегашната Петта република кон Шеста. Како и НС, и ННФ предвидува укинување на пензиската реформа и намалување на пензиската возраст на 60 години. Меѓу другото се предвидува зголемување на минималната плата за 14%, воведување на дополнителни даноци за богатите, воведување менструален отпуст за жените, бесплатни оброци за учениците, правото на бирање на полот со едноставна изјава. Коалицијата се залага за продолжување на воената помош за Украина, па дури и испраќање на миротворци за обезбедување на нуклеарните централи. Во однос на имиграцијата, коалицијата најави укинување на реформите на Макрон од 2023 г. кои воведоа минимални декларативни ограничувања. Коалиција ЗАЕДНО: Либералната и центристичка коалиција Заедно, формирана во 2021 г., содржи партии со определба од центар-лево до центар-десно: пред распуштањето на парламентот заедно држеа 248 (43%) од местата. Предводник е Ренесанса (чиј почесен претседател е претседателот Макрон), која освои само 14% на евроизборите. Досегашните анализи и анкети покажуваат дека центристите на овие избори ќе завршат зад десната и левата опција, наспроти нивните повици за обединување на францускиот народ против заканата од политичките крајности од лево и десно. Макрон и неговите сојузници во кампањата за првиот круг се фокусираат на заканата од Новиот народен фронт: го критикуваа предлогот за полова самоопределба, обвинија за катастрофална економска политика и за „целосна имиграцистичка“ политика која ќе ги укине сите закони кои ја контролираат имиграцијата, а левата коалиција ја нарекоа сојуз на „сепаратисти кои поддржуваат исламизам и комунизам“. Директен судир со НС се одбегнува до вториот круг. *За да не пишувам, го копирав од War Wave MKD
Видовте ли што стана со пописот во Албанија? Повеќе Бугари од Македонци. Нели претходно се зборуваше за бројка од 120.000 Македонци во Албанија, испаднаа 2.281. Кога почнаа Бугарите лани да делат телефони, таблети, да организираат прегледи за шеќер и крв, знаев колку е саат. Толку му треба на народот, се пишале Бугари. Пасоши, ова, она. Абе кому му е гајле за причините? Си се пишал Бугарин и македонското прашање во Албанија се затвора за век и веков. Има и други сиромашни нации, па не прават така. После Македончето се буни оној бил крив, овој бил крив, никој не е крив, самите сме си криви. Ќе останат само празни муабети од типот „абе има Македонци во Грција, Бугарија, Албанија ама не смеат да се изјаснат, па фалсикувани се пописите“. Кому му е гајле? Во бројки те нема, во реалноста те нема да се јавиш, побуниш, нешто да бараш. За Србија да не зборувам, еве тетка ми е Македонка па е поголем радикал од Шешељ на своја волја, дури и македонскиот јазик ми вели го заборавила, македонскиот литературен јазик за неа бил многу чуден.
Охоо, секој ден имаше Бугари во Мала Преспа (Пустец, Корча и околината), пред пописот и изборите таму. Партал направија. А таму се сите Македонци, ама сите до еден. И во училиште децата учат Македонски, не Бугарски. Не знам како се изјасниле во овој регион, ама знам дека Бугари постојано манипулираа во тој регион, за нив е многу лесно да земат Бугарски пасош, уживаат многу бенефиции. Секој ден сум опкружен со луѓе од таму, ова сè е кажувано од нив.
Знам дека доаѓаат кај вас во градот и дека некои и си купуваат имоти. Сиромашни се. Крива е и нашава Влада, држава, не им помогна ништо, ич ништо. И да се повтори пописот, џабе. Резултатот ќе биде ист. Јотова таму се сликаше со некои луѓе, имаше еден Македонец муслиман од Требишта се кажуваше на Тв дека е Бугарин, така што, на тоа ќе остане, да си мубаетиме кои се и каков јазик учат, ама статистички ќе ги нема на попис. Некој Србин, Хрват, Бошњак, Словенец или некој од подалеку ќе се води од таа бројка дека има некоја екстремно мала бројка на Македонци во Албанија и дека има многу повеќе Бугари, нема да навлегува во разглабање, како, зошто, што.
Во Албанија на попис, скоро 8000 се изјасниле како Бугари, а само 3000 како Македонци. Интересно е дека на претходни пописи немало Бугари.Цел живот трубам за фејкпатриотизмот на фиромциве кој најмногу доаѓа до израз после 3 ракии на Бисер Балкански. После за Бугарки ќе кажуваме шегички за две червени, овие за бесплатна крвна слика и мобилен се попишале како Бугари хахахах.
Имам читано коментари на интернет од Македонци за Ромите дека за вреќа сок ќе се пишат што и да е. Кој кому се смее? Гледам денеска на вести, една баба во Пустец кажа дека таа е пензионерка, ама младите се пишале Бугари поради пасоши, а и автомобили со бугарски таблици имало, па македонската држава ги заборавила. Оправдувања. Никому тоа не му е битно. Дури имаше и снимено видео со неколку Македонци од Албанија кои кажуваат дека се Бугари, едниот студирал во Софија, па таму начил бугарски, а „в кшти зборел на дијалект“, македонски јазик никаде не спомнува, па друг кажува дека бил во Бугарија и тој народ бил ист како нив. Во право се сите што се исмеваат со Македонците. Сега чекам научно - фантастични приказни дека ова е некој таен заговор на Американците и Бајден да го скршат јакиот патриотизам на Македонците во Албанија. Ма не крвна слика, мерење на притисок и шеќер, имаше ставено штанд, значи тоа мерење е 3 минути. Готово, ги убедиле да сменат националност. А замисли ги па Црногорците, да беа како Македонците, да менуваа националност за еден телефон, досега нацијата формално немаше да им постои, оти и онака се мала нација. Ама тие па не паѓаат толку ниско како Македончето. Никој не паѓа толку ниско.
Сите возат коли со бугарски таблици, најчесто некои Мерцедеси од 2000та или Ауди . Неважно знам, само се надоврзувам. За тоа дека се сиромашни - само така изгледаат, или се преправаат, барем по она што гледам. Во Ресен становите во главно ги купуваат тие, локалци тешко. Има некои тука живеат и секој ден преминуваат во Албанија, децата им учат во Ресен. За студирање повеќето бегаат Бугарија, Благоевград посебно. Сè им е покриено. Денеска на заебанција му префрлив на другар од таму за ова со пописов, со смеење, добив сериозен одговор дека тоа си било нивно право
Епа ете гледаш по коментарот што ти вратил така, нивно право било. Демек „продаден сум, што ти е гајле тебе“. Само нека не се маваат во гради, штом е така. И мене ми е пресмешно што Македонците сите светски проблеми мислиш ќе ги решат, се знаат, најпаметни се прават, а ваму погледни ги, демек овде си користи оти е Македонец, а таму ќе користи права оти глуми дека е Бугарин. Со 100 грама кафе ќе го купиш. Ова што ни го прави Бугарија е НИШТО, апсолутно ништо, само едно голицкање. Криви се Македонците и само Македонците и никој друг поради нестабилност, продаденост, едноставно немаат капацитет за водење на држава. Кој гарантира дека ако утре Албанија и Бугарија решат да ја поделат Македонија на кантони, дека нашите соседи Македонци со бугарски пасоши нема да гласаат За? Па ќе гласаат сигурно. Препоставувам и во минатото било вака. Вадат Бугарите некои писма, Делчев се изјаснувал Бугарин, ние устата пена ни фаќа Македонец бил. Припадност на нација за Македонец е како некоја обична шега, скеч, па тоа може да се менува зависно од потреба и затоа сите дејци на Википедија ни се Бугари.
СДС може немаат бројно членство ама барем знаат да слават победи. ️ „ТЕШКО МИНА ДОКТОРЕ“ ЕЧИ НА БИХАЧКА Венко Филипче е нов претседател на СДСМ – plusinfo.mk
Се мислев дали спаѓа под политички настани ама па што не спаѓа кај нас во политички настани.... Се урна дел од потпорен ѕид над Клиниката за детски болести, ЦУК алармира дека постои опасност да се урне целиот Поминаа повеќе денови и уште нема реакција. Потопорниот ѕид кој се урна со себе ја одвлече и одговорноста Оваа дивоградба никој не знае кој ја гради и не може да се дојде до податоци Граѓаните исплашени да не се урне објектот – се лизга земјиштето кај Домот за стари лица во Чаир И ова е само од главниот град. По останатите градови не ни даваат на вести. Дивоградби, форсирани рушења, неорганизираност, постојано градење згради, хаос се секојдневие. Ама за жал ако не се отворат локалните вести, на главните нема да ги слушнеме овие работи. Брод без компас.
МВР? ОЈО? Касами: Не е Димитриевски кој одредува кога и како ќе се користи националното знаме - Локално (lokalno.mk) Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме (makfax.com.mk)
Супер што го вратија македонското знаме. Но, зошто е скриено лицето на овој што го поставува? Во описот на видеото стои: Македонија секогаш имала храбри синови! Хммм, сепак не се доволно храбри за да го покажат лицето. Се надевам Албанецот што го тргна знамето ќе добие црн печат за влез во државава, он барем имаше муда со фаца да го изврши тој чин. А искрено се сомневам дека ќе биде санкциониран. https://kanal5.com.mk/makedonskoto-zname-povtorno-se-vee-na-golem-korab/a647620
Еди Рама го посети ресторанот на тој што го симна знамето, и тоа утредента. Отворено и јавно ја понижуваат Македонија.
Да се надеваме дека новава влада ќе преземе некакви чекори, барем санкции кон овој со знамето. Немаат муда вмровци со Еди Рама да се спукаат, надворешната политика ќе им биде како што почнаа, у фазон - ние сме мирољубиви и сакаме да градиме мостови со соседите бла бла бла.
Кај се сега сите тие НАТО и ЕУ функционери да гукнат нешто на ТВ како што се силеа кога Гога кажа Македонија на инаугурацијата?
На братот што го симна знамето, во најмала рака оставете му ЌЕЦ review на ресторанот, барем тоа можете.