Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Машки
    Па зошто да ги пцуе кога гледаш ЕУ и НАТО не им се заканува нив. Ги остава и како што викаш ти да се шалат со нас, да потпишуваат договори како Преспа и да не ги почитуваат. Зошто би ги пцуеле кога кон нив имаат друг третман, а кон нас друг?

    Не мораш да имаш моќ да смениш ти нешто. Можеш револтот да си го искажеш на форум. Како на пример тогаш кога беше највокална за шалата на Гога. Тогаш пишуваше тука дека ќе ни ставеле санкции, ќе не отсечеле, ќе сме умреле од глад. Сме заслужиле. Оти истото не го пишуваш сега за Албанија? :)
     
    На Mrs. right и quattro им се допаѓа ова.
  2. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    3.839
    Пол:
    Машки
    Пи-арот е таков :)
     
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Машки
    Знаеме. Не смее лошо против стопанот да се зборува. :)
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.058
    Допаѓања:
    12.793
    Обратно. Руски поп доаѓаше од Бугарија како шпион да влијае да не се реши. Шпион. Имаше секаде по медиуми кое е и што е.
     
  5. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    3.839
    Пол:
    Машки
    Прво она беше на разговор во тврдината обуката е помината сеа овие сите ги викаат. Ама уште некој месец да го треснат Стариот доле е после овој другиот од затвор коа ќе почне да ги реди во строј ќе се смени се. Сеа за сеа може само да чекаме и да викаме аха аха оти со вакви џабе е и фактите него му се небитни он си тера агенда ако оди истата во бездна.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.058
    Допаѓања:
    12.793
    И сам знаеш дека Грците немаше никогаш да прифатат нација Македонци и јазик. Прифатија. Западот ги притисна. Протестираа во Солун, Атина, го истепаа Јанис Бутарис, ама не пцуеја појаки од нив. Никаде не прочитав „Аххх, клета Меркел, мамицата твоја, не тераш да ги признаеме скопјаните, не издаваш ние сме ЕУ“. Навреди имаше кон Македонците, послаби од нив, не кон појаки од нив.
     
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Не знам кој доаѓал ,небитно е. РПЦ ја призна веднаш автокефалноста.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Машки
    Не мора да прифатат, нивни проблем е тоа, не наш. Нашиот јазик Македонски и нација Македонска си е признаена од цел свет и запишана во ОН. Спорот беше со името, не со јазикот и нацијата наша. Ние не сме Скопјани, туку Македонци.

    И сега пример кога Албанија тоа го менува за македонското малцинство, прекршува закон на ОН.

    Каде е осудата од твоја страна кон таквиот чин? Каде е исто заканата како што ни се закануваше на нас Македонците дека требало ембарго да ни стават?
    Зошто не ги осудуваш ЕУ и НАТО за различниот третман?
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Не ти успева пропагандата шо ја пласираш, не мачи се залудно. Иди си во кале вечерва прослави си на раат, па и тие немаат осет на најголемиот празник ве тераат да работите, ај бејла.

    Со Цариград и Цариградската патријаршија ќе раководи Москва, ќе дојде и тој ден без гајле. СПЦ не не признаваше векови и векови и не сметаше за расколници, за наеднаш без никаков проблем да не признаат благодарение на Руската Православна Црква која упати молба до Србија да не признае а за возврат да ја поддржиме РПЦ во Цариград бидејќи Вартоломеј стои на погрешната страна, тие што се под Вартоломеј го променаа и календарот за Божиќ, ја признаа и УПЦ и таа го смени календарот. Во Цариград се води битка сега за превласт. Традиција од Византија е да биде грк патријарх, но наскоро ќе биде русин, човек од словенската лоза на народите. Зошто Вартоломеј не ни го дава томосот? Затоа што нас СПЦ не призна ради Русија а не ради Вселенската патријаршија, a РПЦ уште другиот ден по СПЦ не призна и таа како МПЦ - ОА додека Вартоломеј има проблем со ова. И заменикот на патријархот Кирил, Антониј баш тој доаѓаше во Македонија за да даде поддршка од Русија на Македонија.
     
    Последна измена: 4 јули 2024
    На orevokrsacka, Mrs. right, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.238
    Пол:
    Женски
    А дел од проблемите кој ни ги прави? Зашто место да се фејкаат дека ни помагаат они уште толку ни одмагаат? Ни одмагаат првенствено што вака се мешаат. И ај што се мешаат туку што играат нечесно.
    Шо не нѐ остаат бе сами да решаваме проблеми како знаеме? Не нѐ бивало!? .. А пошо они све нели знаат, најпаметни се, ќе не просветлат, ама гледај што се случува и покрај нивните обиди да не стаат у ред.

    Политичариве наши мизерни и пробисветови кои за нив само си гледаат да лапнат лешперите, ама исто така под какви околности и со чив амин вака се понашаат?

    Ај без глумење лудило те молам.

    Да. Мислете си дека у Ск рози цветаат и бајковито сите живееме. Ти реков еднаш дека секако мнооогу подобри услови има отколку во твојот роден град и во другите помали градови, кој вика дека е исто, ама дека е бајковито, веруј не е ич. Ќе мрчевме и ќе се жалевме волку ако беше одлично? У истата Македонија живееме сите Македонци. Сите у исти срања сме, сите не погодува.
    Зар власта не ја обвинувам, сите до сеа коишто беа? Освен крадење и гледање личен интерес ништо друго не постигнаа, кој го негира тоа? Народот крив си е што не се буни, што се прифаќа што му се сервира, што многу брзо се помирува и пасивен е. Не е дека и ние како народ сме за пример и пофалба.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.058
    Допаѓања:
    12.793
    Се однесуваш како Македонија да е центар на светот. Тоа што не реагираат ти покажува дека сме небитни. За подобар третман треба да се избориш. Ние зависиме од сите, никој не зависи од нас. Па погледни ја Босна, Додик секој втор ден се заканува со отцепување. Осуди нема секој ден за него, одвреме навреме опоменуваат. Едноставно такви држава е терет и замарање да ја држиш под контрола и ако им се замараш за сите глупости. И ние сме тука некаде.
     
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    22.947
    Пол:
    Женски
    Па не викам дека у Ск рози цветаат :D. Е замисли сега од лошо во Ск, колку е полошо во другите градови :rofl:.
    Абе ај шо се расправаме, ај тури пивото, јас ќе донесам скарата и удри бригу на веселје :rofl:
     
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Машки
    Што повеќе да прифатиме? Ете прифативме промена на знаме, потпишавме рамковен договор, ослободивме терористи, ги ставивме во парламент, дури и претседател на парламент ни беше поранешен терорист, сменивме име, купуваме западно оружје, своето го дониравме за НАТО цели, одвоивме цел Криволак за НАТО војска, редовно плаќаме чланарина во НАТО, праќаме наши војници во мировни мисии.

    Ниту една земја во светот не направила такви остапки како ние. Не ли се изборивме доволно?

    Ама ај, тоа се ќе тргнеме на страна затоа што заклучивме дека ЕУ не е демократска унија, не се заснова на закони, и не е за сите иста, туку ги дели државите по тоа колку се избориле. :)

    Ај уште последното да го решиме. Зошто ти лично не ја осудиш албанската влада, не бараш за нив санкции и не им се закануваш дека ќе испоцркаат од глад како што ни се закануваше нас, кога рече дека иста шала било за тебе ова, со тоа на Гога?

    Зошто не ја осудиш ЕУ и НАТО за недемократскиот и неправедниот третман кон нас? :)
     
    На Mrs. right, sonuvana и quattro им се допаѓа ова.
  14. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    3.680
    Пол:
    Машки
    Кичево дур беше вмро на власт до 2013, градот беше катастрофа. Ниту едно нешто добро за градот не направија. Ниту едно македонско село не асфалтираа, станавме див запад. После дојде Дехари од дуи и градот продолжи да скапува, а Зајас, Србица и други села цутат, подобро ги средија и од самото Кичево.
     
    На Tanjamm и Adidas888 им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    22.947
    Пол:
    Женски
    Па и во селата од мојот град е исто :D. Насекаде кал. И во градот е така на некои места, нема асфалт. Луѓето се жалат ама кој да ги чуе :rofl:.
     
  16. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    3.839
    Пол:
    Машки
    Ех ти па тоа е најлесен одговор си лапа она хонорарче за пропагандата така тоа без ништо не оди. Пред некој ден ми коментира асанж е крив не е битно воените злосторства тоа било нормално. Не сваќа дека мурика со договорот со асанж си заврши работа за век и векова и од сега натаму кој новинар и да открие нешто по правосудниот нивни систем ќе се повикуваат на случајот асанж и работата ќе биде како шо треба. Незнам колку парички си става во џеб и се надевам дека е до тоа шо размислува вака оти ако не е живее во голема заблуда
     
    На Billy Idol и sonuvana им се допаѓа ова.
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    3.680
    Пол:
    Машки
    Ама како Дехари може да им средува на Шќип, а Благоја Деспотовски до 2013 не можеше? На локалните 2017, цело македонско село го гласаше Дехари дека им ветил асфалт.
     
  18. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    22.947
    Пол:
    Женски
    Епа ќе гласаат. Јас сум била во албански села во западниот дел, се изначудив колку е се средено. Можам само да кажам браво.
     
  19. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    3.680
    Пол:
    Машки
    Си се држат тие, повеќе од нас. Затоа и успеваат.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.058
    Допаѓања:
    12.793
    За 90% од тие работи Македонците се самите криви. Со што толку ги задолживме тие НАТО и ЕУ? Ние ги примивме нив во НАТО без чизми? Ние им даваме кредити за пензии? Па и чланарина сме плаќале за НАТО, па тоа е сојуз, не е Црвен Крст. И терористите кои се? Наши државјани. Зошто не ги решивме како што кажа Џорџ Робертсон дека се бандити? Затоа што сме плашливи и себични. Јас да не гинам, брат ми да не гине, братучед ми да не гине. И? Си видел колку Роми изгинаа во 2001 година?

    Јас мислам дека ЕУ треба да ги прекине преговорите со нас, да не не толерира, оти нема поента. Да крене раце од нас целосно, да не остави сами. Не санкции, не опомени, не Гога, ако народот ги тера нив во ПМ, и тие нас во ПМ и чао.

    Имав пишано тука на форумот дека скандинавците даваат пари во наша фела кој бил најкреативен ланската година. И конкурирам јас на конкурс, потоа рокот се пролонгира, на крај парите ги даваат на тие што отпосле сработеле, со врски секако. Работено по шаблон и тоа што едно лице треба да го сработи, го работеле во тим. Се работеше за суми колку да се почестиш, плата или две плус толку. Овој народ е далеку од чесен. Само на туѓ грб. Да фати врски, да изжале. Транспарентност нула.

    И пишав исто дека колешка доби престој во една далечна земја, соработуваше со клиенти, се платено, отиде таму ( не е запад, не е ЕУ, не е САД“. Абе луѓето љубезни, дисциплина, ред, работливи, никој не доцни, ниво. Платата во наш сектор била 3.000 долари. Имало денови кога таа скапала од обврски(отидена е како гост таму, па сега замислете колку другите работат и со кое темпо). Овде кога дошла, стара песна, во сообраќај се дера, шетај куче се дерат, на работа кој може да забушава. Тапа.
     
    Последна измена: 4 јули 2024