Актуелни политички настани

Discussion in 'Политика и настани' started by Ariel, Aug 3, 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,504
    Likes Received:
    144,738
    Се разбира дека е подобро дополнителните три месеци да се платени, но и неплатени е подобра опција отколку воопшто да нема таква можност. Можеби малку луѓе ќе ја користат, но сепак убаво е да ја имаме на располагање, па секој ќе си донесе одлука дали ќе ја користи според можностите и потребите.
    Во многу земји и тоа многу поразвиени од нашата платеното породилно отсуство е многу пократко и од 9 месеци.

    Во секое неплатено отсуство не ти тече стаж. Понекогаш има и поважни работи од стажот, едноставно ќе процениш дека е подобро да останеш дома и имаш можност да го направиш тоа.

    Јас искрено не разбирам зошто женските организации почнаа да негодувааат околу овој предлог. Предлогот не е совршен, ама тоа не значи дека не е добар. Да имаш опција е секако подобро отколку воопшто да ја немаш. Сами си ја поткопуваме реализацијата а можноста со нашите реакции. А имаме многу други фронтови на кои треба да се бориме, битките треба повнимателно да се избираат.
     
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    За да не ти тече стаж, работодавецот во тие три месеци, треба да те одјави. Тоа значи, не само стаж што не ти тече туку и здраствено осигурување немаш, бидејќи работодавачот во период од три месеци нема обврска да плаќа никакви придонеси за мајката која е на породилно дополнително.
    Сакам да прашам, што ќе прават мајките, ако детето треба да биде осигурано преку нив?

    Ок е, ајде нека не биде платено, мислам нека биде без паричен надомест за тие месеци, ама без здраствено, пензиско.....па некако и не е баш така едноставно.

    Ариел, ти се прашуваш зошто женските организации реагирале одма на ваков предлог.
    Прво е добро што има некој кој реагира, а друго таман работа ако општеството си прифати се , нај нормално, онакво како што е дадено. Нормално е да се бара повеќе и да се негодува по овој рпедлог, бидејќи така се стигнува до некаков компромис, помеѓу предлогот на Владата и она што рабодтодавачите и мајките преку тие здруженија го бараат.
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,504
    Likes Received:
    144,738
    Колку што разбрав, ќе имаат здравствено осигурување во тој период. Барем така слушнав на телевизија.
     
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2010
    Messages:
    2,273
    Likes Received:
    8,906
    Министерството за здравство финансиски ќе го поддржи реализирањето на мерката што ја предлага Министерството за труд и социјална политика за продолжување на породилното отсуство за три месеци, кои нема да бидат платени.

    Според министерот за здравство Никола Тодоров, продолжувањето за три месеци на неплатено породилно отсуство, ќе биде покриено со здравствено осигурување.



    - Тој дел финансиски ќе биде покриен од програма на Министерството за здравство за да нема прекин во осигурувањето на жената што одлучила да добие три месеци дополнително породилно отстуство и потоа да нема проблем да добие определена здравствена услуга, рече министерот Тодоров, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

    Покрувањето на здравственото осигурување во тие три месеци, според Тодоров, нема да повлече многу средства.

    - Тоа не биде требало да бидат големи средства, имајќи предвид дека ќе се оди со програмата за привремено неосигурани лица, што е прилично голема, над милијарда годишно. Не очекувам дека средствата тука ќе бидат значително големи. Станува збор за три месеци, а имаме околу 20.000 породувања годишно, рече Тодоров.

    www.skopjeinfo.mk е изворот на статијава,имав проблем со линкот и не успеав да го постирам.
     
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,987
    Likes Received:
    143,608
    Здравствено ке имаат, пензиско не. 3 месеци не вршат некоја голема улога кај пензиско.
    Инаку, одвај чекам оние со транспарентите да излезат сеа и да гракаат како не чини предлогов :)
     
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    Да Cka, еве неколку примери на некои во Европа кои излегле со транспаренти да
    според твоите зборови, дека не се согласуваат со новите промени за платеното породилното отсуство во нивната држава!

    http://www.irishtimes.com/news/politics ... -1.1573561


    И добор, еве и да излезат некои да се бунат или да бараат повеќе, што тоа некому би пречело!? И за волја на вистината џабе ќе им е и да излезат на проетес, ќе биде муабетот „кучињата лаат, кочијата си врви“.
    Предлогот е ок, ам кога може оние од рамковен да СЕДАТ дома и да земаат плата а да не бидат ангажирани со работни обврски, тогаш што се проблем дополнителни три месеци породилно да бидат платени од државата?!
     
    tessie likes this.
  8. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    Да Cka, еве неколку примери на некои во Европа кои излегле со транспаренти да гракаат според твоите зборови, дека не се согласуваат со новите промени за платеното породилното отсуство во нивната држава!

    http://www.irishtimes.com/news/politics ... -1.1573561
    И добро, еве и да излезат некои да се бунат или да бараат повеќе, што тоа некому би пречело!? И за волја на вистината џабе ќе им е и да излезат на протест, ќе биде муабетот „кучињата лаат, кочијата си врви“.
    Предлогот е ок, ама кога може оние од рамковен да СЕДАТ дома и да земаат плата а да не бидат ангажирани со работни обврски, тогаш што се проблем дополнителни три месеци породилно да бидат платени од државата?!
    Подолу е преку слика даден пшриказ која земја во светот нуди „ПЛАТЕНО “ породилно отсуство.
    И ШТО ако некој излезе да се побуни со предлогот или да побара повеќе....не ми е јасно
     

    Attached Files:

  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,804
    Gender:
    Female
    И после ни ја не сфаќам зашо младиве си бегаат во странство. :D На пример, зашо би иделе у Канада? Незахвални едни. :rofl:

    П.С. Се зачудив за САД... :?:
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,688
    ^ Не мораш, и Македонија, со 9х4=36 недели е повеќе од ДОБРА :)
     
    tessie likes this.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,804
    Gender:
    Female
    Арно е арно. Убаво си рече Ариел, боља приоритизација на битките и се` ќе биде добро. Поише на зезање ми беше коментарот. Секако, за бегање во странство има и други причини. :)
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,426
    Gender:
    Female

    Aриел тоа не е новина, и да си навработен секој има право на здравствено осигурување. Секоја невработена трудница има право на здравствено, и правно и после 9 месеви породилно, си земаш наплатен одмор кој може да ти следува од фирмата со истиве бенефиции, или пак боледување(што за разлика од ова е платено, ама некои 70% од плата мислам или помалку). Каде е новината нека ми каже министерот сега? Што воведе ново, мене тоа ме иритра вели новина, а уствари ништо ново не ова, постоеа вакви права и пред ноговово отритие- џоа Америка ја откри |( мене тоа ме неривира не тоа што се дава на ИЗБОР кој сака да земе уште 3 само неплатени, тоа е веќе прашање на избор, не сме толку моќна држава за да даваме 1 година платено породилно, јасно е навистина. Али нека се почитуваат и тие 9 месеци, а не има случаи кои на 6тио месец ги викаат на работа.

    Едно е прашањето според мене и проблемот тука- каква правна сигурност и нуди државата на таа жена која ќе се одлучи самоволно да оди и да ги доземе тие 3 месеци неплатен одмор(породилно) за својата понатамошна работа во ПРИВАТНИ ИНСТИТУЦИИ? Законот им дава ли некаква сигурност? Не, се кладам не, има работодавци кои ќе си земат за право да си вработат друг кој после година дена ќе се стекне со право за договор на неопределно(повеќето фирми тоа го практикуваат, и после година дена работа го даваат тој договор на неопределно), и оваа ќе остане со прстот во уста.
    Јас лично не сум мајка, ама кога ми била не би ги земала тие 3 месеци, зашто работно место би ми висело на конец, ако не и веќе е сигурно моето бркање.

    Контрадикторна е државата со оваа популитистичка политика за 3то, 5то или 100то дете, кога во голем дек од приватнот сектор, на самото интервју за работа те прашуваат, ако си млада и не омажена, дали планираш да се мажиш и раѓаш деца, и ако одговорот е потврден, одма ти ја удираат клоцата. Немојте да речете дека не е така, кога знам вакви случаи, не еден, повеќе. Уште да можат у во работниот договор да вметнат таква клаузила и тоа ќе го направат, па после има не само да те избрка туку да те тужи за прекршување на договор. И каде е сега правото и големите ПРАВА на трудницте? Или ова важи само за големите и оповластени адменистративици, а за рајата у приватниот сектор не важи? Не важи, и де факто и де јуре НЕ ВАЖИ!
     
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2011
    Messages:
    2,177
    Likes Received:
    5,899
    Не сметам дека три месеци неплатено можат било како да помогнат на наталитетот (ако решам да родам дете и со 9 месеци тоа ќе го направам), но ми се допаѓа дека се даваат како опција - реално гледано на истите места каде 9те месеци се загаратирани.
    Во приватните фирми каде и сега те тераат после 3/6/7 или било колку месеци да се вратиш, овие веројатно нема да ги добиеш (или ќе те "убедат" дека не ти требаат).
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,987
    Likes Received:
    143,608
    Прочитај во предлогот, таму вика дека не смеат да ја избркаат од работа тие 3 месеци.
    Инаку, повеќе породилно иаме од Италија и ВБ?? Не сум знаела....
     
  15. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    63
    Да, се е точно тоа што го кажа, но ова е само оправдување. Колку и да има бенефиции, колку и да е голема платата, колку државата да помага пак ист ќе е наталитет и не мора да се лажеме тука и да изиграваме болни мајмуни. Кај нас треба да се смени менталитетот пред се на МТВ и Пинк генерацијата на перверзии и голотија, а после се друго. Жените во Западна Европа ги имаат сите можности да имаат по 3-4 деца, но имаат едвај 1 генерално. Кое е нивното оправдување? Што е следно што ќе измислите? Друго да ви го роди, друг да ви го порасне? Бидете малку реални и спуштете се на земја.
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,287
    Gender:
    Female
    Мене ме прашувале на интервју , а и еден претприемач уз муабет рече дека тој и многу негови колеги преферираат да вработуваат жени кои веќе имаат изродено деца , за да не му се кочи работа
    Друго моја познаничка си имаше усмен договор дека наредните 5 години нема да роди .
    А родниниве се запнале кога дете па дете :rofl:

    А Валери не се секирај еве јас ќе родам 3 деца , само да имам здравје а и ФИНАНСИИ ... :rofl:
    Оти па вака невработена , јас не можам да се издржувам не па дете .
     
    okcenzi likes this.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,504
    Likes Received:
    144,738
    Знам дека секој има право на здравствено, пишав дека ќе имаат затоа што некој погоре имаше пишано дека жените ќе останат три месеци без здравствено.

    Инаку зборуваш за вообичаено неплатено отсуство од 3 месеци што може да се користи за каква било потреба? Ако е веќе постоечкото, колку што знам се бара по потреба и може да не ти го одобрат. Всушност имам пријателка на која не и го одобрија - не беше за породилно, од други причини го бараше. Како и да е, мислам дека не е лошо неплатениот дел од породилното да биде третиран посебно, претпоставувам дека на тој начин полесно ќе се добива.

    Се согласувам и за разликите на третманот во приватниот сектор, ама тоа е друго прашање, што заслужува да се третира посебно и многу посериозно. Наместо да има рекации за оваа можност која можеби нема да можат да ја искористат многу луѓе, но дел барем ќе можат, а не штети никому, реакциите треба да бидат насочени кон ова другото. Да се направат сериозни анализи и да се врши притисок. Затоа реков дека им апосериозни битки. Ама да се жалиме на дополнителна можност, или еве нека не е дополнителна, туку модифицирање на веже постоечка со цел да биде подостапна, според мене нема никаква поента.
     
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Се чудам како никој не пишал за предлогот од Грција: Славјано Албанска Македонија ? :x :x :x
    Или едноставно не заслужува коментар ? :x :x :x
    Засрамота !!! Со право доби осуда од сите, ама стварно осет немаат Грциве. :fubar:
     
    Cka likes this.
  19. kva

    kva Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    308
    Likes Received:
    345
    Мислам дека тоа беше горчлив одговор бидејки беа ословени со Бивша Отоманска Провинција.
    Немаше што да кажат на тоа, па се испонашаа како мали деца.
    Што ние да не почнеме да ги нарекуваме БОП(онака од милост :) )
     
    imelda, Ariel and tessie like this.
  20. kva

    kva Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    308
    Likes Received:
    345
    ????

    Има надеж за Македонија: Во 2012-та имало 146 бракови меѓу Албанци и Македонци!
    Сабота, 02 Ноември 2013



    Од вкупно 13.991 брака во Македонија во 2012-та само 146 брака биле меѓу припадници на македонската и албанската етничка зедница. Но сепак оваа бројка иако е процентуално мала сепак е охрабрувачка. Љубовта сепак ги победила вековите на предрасуди и гетоизација на двете етнички заедници во државава. Поголемиот дел од овие бракови се меѓу припадници на иста религија, за жал бројката на браковите меѓу припадници на христијанска и исламска религија во Македонија е помала од онаа меѓу Албанци и Македонци. Сепак двете бариери, етничката и религиската се чини засега се преголеми и пресилни за искачување во земјава која сеуште подлежи на малограѓанство и стереотипи.

    Инаку во тој правец многу помагаат и познати мешани бракови кои го кршат мразот во јавноста. Можеби најпознат таков брак е меѓу актерката Амернис Нокшиќи и новинарот Борјан Јовановски.

    извор: http://maktel.mk/makedonija-2/item/7237 ... -makedonci