https://skopjeinfo.mk/izmamen-64-go...atil-slika-od-lichna-karta-i-transakciska-tie За што донесоа законски измени? Па закон овде не се спроведува. Нели ќе имаше проверки за електронско аплицирање? Очигледно тоа не е сторено во случајот.
Нели ќе можеа да земаат брзи кредити само со лично присуство во филијала и немаше да важи ова повеќе само со податоци од лична карта?
Малку сум во бунило. Како изгледа земањето на брзи кредити, сериозно прашувам. Во ред ќе дадеш лична карта, ама парите не ти легнуваат на трансакција. Пошо ваљда треба да дадеш со исто име и презиме?
Најверојатно легнуваат на трансакција и не можеш туѓа трансакција да дадеш, но имаат шеми разработени како да ги подигнат парите од таа трансакција, како во случајов погоре му најавува на пријателот дека треба да добие пари од роднини во странство да ги подигнат преку неговата сметка а во меѓувреме тој со неговите податоци подига брз кредит и ги повлекува тие пари наместо парите од странство или пак знам за случки кога децата бараат во име на родителите онлајн со нивни податоци а ги подигаат од банкомати со картички без родителот воопшто и да има појма што се дешава, ќе дознае кога ќе биде касно итн. Главниот проблем е во тоа што не бараат лично присуство на тој што аплицира за брзиот кредит како во банка на пример, пак тука се остава простор за разни шеми и малверзации.
Во април е донесена таква одлука, а човекот е измамен во мај. Очигледно си тераат по старо. Криминал.
Во конкретниот случај, иако личната карта и трансакциската се на истото лице, нели според измените требало да има видео повик, да го контактираат лицето, да се провери дали таа сметка е негова и слично. Очигледно ништо од тоа не е сторено. А постојано никнуваат тие брзи кредити. Во секој ќош ги има. Тоа доволно кажува на кое дереџе е народов со финансиската состојба. Во вака сиромашна земја со такви мизерни плати, брзи кредити не требало никогаш ни да постојат. И народов треба да сфати дека на сите пари, чии и да се, ако ти легнат на сметка(дури и ако роднина ги прати на роднина од странство), некој треба данок да плати. Сметката не е за општа употреба, за лична е. И комотно може некое детуле да подигне со податоци на родителот и да направи хаварија. Ама не е детето толку криво, колку што се тие брзи кредити и државата. Општ грабеж.
Правилникот е донесен во април, се применува од мај, односно еден дел од јуни. Може ако се искористи „дупката“. Затоа, секогаш кога има прилив на сметката, проверка од кого е.
Само што ѕвонеше телефонот на мајка ми. Се јавувам, велат од „ФД К.... се јавуваме“. Велам од каде бројот, па мајка ми нема работа со ФД, велат знаеме дека нема, ама дали го познавате тој и тој дечко и дали имате информација за него. Прво ме фати паника од самиот повик, потоа ми светна дека по 5-6 пат од различни ФД го бараат дечкото, а тој дали е воопшто во земјава, лом ја направив. Абе лом, и се заканив дека следен пат ќе пријавам во полиција. Девојката почна да ми објаснува дека само сака информација. Глупаци. Го меморирав бројот, сега ќе се јавам и во Дирекција за заштита на лични податоци. Претходно го бараа дечкото и од други ФД, па викам исти се и тие како вас лихваришта. Абе девојко викам, јас покрај вашите дуќани не сакам да поминам, а не па да ми се јавуваш, да не ти се повтори и мене не ме интересира што давале кредити на кој стигнете.
https://www.slobodenpecat.mk/skanda...droga-a-sega-e-direktor-na-veleshkiot-zatvor/ си ја знае работата човекот. Зна знање.
Ќе им дава совети. Од дилер до директор. Од блата до злата о Господе.. О Исусе. Ситни дилерчиња дочекавме директори да стануваат. Ја одамна викам дека овој брод нема капетан
И струмичанецов не е за бацање, сето практиканти ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега стана директор на затвор – Ова се новите чесни кадри на Мицкоски Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица, назначен на денешната седница на Владата, барал мито од осуденици за да добијат правна помош и барање за помилување, дознава Инфомакс.
Е да, како што пишале погоре, ВМРО смеат, тоа што за другите е грев, грешка, тие смеат. Еве ги Вреди, сакале Академија на науки за Албанците. Добро, нели ВМРО цело време зборуваше дека СДСМ ќе не федерализира? Ако се отвори албанска Академија на науките, тоа нели е федерализација? И Орбан ќе ни дава заем, а истиот зема милијарда од Кина. Значи и нему му фали милијарда. Леле....
Господинот Меџити доста искрен и реален Меџити: Ако се водиме од кривичните пријави, никој од нас не треба да биде дел од власта