Жена му на Бетменот во Управен на МЕПСО??? Дечково ама си кешира без око да му трепне... Избрани новите членови на управниот и извршниот одбор на АД МЕПСО | NetPress
Da nemame Avioni za Gasnenje,oovie godini trebase Najdobri Avioni sto gi ispraa parite! SVajcarija ke bevme ako Domakinski rabotea!!
Каква дрска изјава! Време е за прва реконструкција на Влада. Во време кога народ нема појма како да сврзе крај со крај таа мисли дека незаменлива. Слободно нека се врати во приватен сектор кај што си работела. Оваа за пари е во политика не е за да покаже знаење. Кај оваа ќе бидат најголемите скандали! Министерката Кочоска за функционерски 78% плати: Ако планираат да ги намалат, јас си заминувам - telma.com.mk Поздравете ја: ДА СИ ОДИ!
А по претходните нејзини излагања ми изгледаше на една од подобрите министри во оваа Влада... За повисоки плати и колективни договори во образование и здравство пари нема, ама не тиче нè се - важно горди сме!
А споменала и банкрот, демек ако банкротираме ЕУ и НАТО дали ќе не сакаат. Така рекла на некоја си спредба со странци. Ааууау, колку се дрски, аауауау, страшно. Ги жалам сите странски политичари што седат на маса со нашиве, а добар дел од гарнитурата се со претходни кривични, ги имаше и во бомбите, кривично гонети лица. Овие има да ја федерализираат Македонија. И ВМРО е криво, што однапред калкулираат да одат со ВЛЕН, пред избори, пред да се знаат резултати. Држава со две академии е федерација, а овие од Влен не се откажуваат. Друго, ДУИ лути се и споменуваат делење по региони, реорганизација, епа тоа е федерализација. Ќе оданочувале правање торти. Мрш бре, оди во Арачиново, Липково, Желино за првпат во животот наплати данок.
А дека обезбедувањето на Гаши вперило пиштол во службеник на скопскиот аеродром оти косовската претседателка одбила да помине на скенерот како сите други патници? Ова не знам како би го опишал, да - скандалозно, ама на меѓународен цивилен аеродром да се расфрлаат со репетирани пиштоли и закани е веројатно и повеќе од скандалозно. Ама нели, како што изјавија од Вреди, МВР и државата немале надлежност врз безбедноста на аеродромот Во некој други времиња, не така дамнешни, ова би се коментирало во посебна тема со стотици мислења, ама сега не мора, нашата држава е секако пак наша Честит Илинден
Абе ова држава ви е? Циркус без пари. Срам невиден. Да можам леле ај да не зборам Пола држава у ќорка, другото на фабричко
https://www.facebook.com/share/r/gKx6yW3EjjR9YyzX/?mibextid=UalRPS Дали се нормални? Ова да го направеа СДСМ сега веднаш напади, каде се патриотите Вмровци сега, ги однесоа со автобуси во Крушево
Така ами како, жената му по повод ова и со "срцепарателен" статус се огласи на Фејсбук да се оправда некако. Шо пејат Шота?
@Feminka22 за разлика од велешанецот и струмичанецот, штипјанецов полошо поминал (Фото) Ексклузивно: Искршена канцеларијата на директорот на затворот во Штип
Koсово протестна нота за нас. Зошто Тимчо не побрза прв со нотата? Абе свесни ли се кај тераат, само што составија Влада? И ВМРО е криво што направи коалиција со експозитурата на Курти во Македонија(тие не победија на избори), па Вјоса Османи сега се однесува како да е дома и сите ќе трпиме штета. Црно ни се пишува вака. Телефони имаат ли? Па врти бре во амбасадата на САД да му се невиди, побарај од Агелер да го осуди настанот. Како што сфатив од медиумите, Сиљановска и Агелер приватно се пријателки, Агелер била на нејзиниот роденден. Се надевам само дека нема да се повторуваат настани како Смилковско, Диво насеље и слично со косоварите. Ќе плачеме за СДСМ.
Нашите претставници за Евровизија за наредна година пред влезот на владата ја пеат "Заветна" по повод празникот Илинден.
Мислам дека извинувањето на македонското МНР по повод скандалот на косовската претседателка (по сè изгледа недостојна за титулата) предизвикан од нејзина страна е еден од најпонизните потези на Македонија во понова историја. Во случајов службениците на аеродромот не се никако винови и се единствените во целата ситуација кои правилно си ја сработиле работата, или барем се обиделе да го сторат тоа. Срамотно и понизно е да деградираш професионалност и некоруптивност кон кои целиме на сметка на... не знам ни на што, веројатно за коалициски цели и политички додворувања. Ти доаѓа на меѓународен аеродром, ти прави безбедносен скандал кој е потенцијален ризик за сите патници кои патуваат во тој период, поради неа патнички авион доцни повеќе од еден час и што, ние ќе се извинуваме? А не е ни било прв пат вака да се занесува со функцијата, се десило и со други авиокомпании и ја други аеродроми. Нека проба вака сега на враќање од Љубљана, да видиме кој ќе се извинува и како се постапува.