Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.516
    Допаѓања:
    39.215
    Пол:
    Машки
    Пуштете ми ја Заветна малку погласно, нешто како придушена ми е деновиве.

    СЛЕДНИОТ ПАТ ЌЕ ЈА ПРИДРУЖУВАМ КОСОВСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ИНЦИДЕНТИ, КАЖА МИЦКОСКИ ПО СРЕДБАТА СО КУРТИ

    Курти: Државниците во Северна Македонија изразија жалење и наскоро ќе има извештај за инцидентот на аеродромот

    И мирни сте бе. Молк за ова, молк за албанските народни песни пред Собрание за Илинден, молк за молитвата внатре в Собрание, молк за ослободувањето на војникот на УЧК, молк за... ко да не се сменала само власта, и друг народ изгледа ставиле да живее во државава, ништо не му смета веќе.
     
    На monibejbi, Okica, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. m.t12

    m.t12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2021
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Машки
    Не се они криви него народов што мисли дека со истите партии нешто ќе се смени и упорно си ги гласа
     
    На monibejbi, Okica и Amelia им се допаѓа ова.
  3. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    15.840
    Пол:
    Машки
    (Видео) Македонија гори – Мицкоски на рипче во Радожда со службени возила!

    Рипче по рипче...

    715.jpg

    ... крапче (малку поголемо само)



    Видео:
    https://www.facebook.com/watch/?v=8835961633087278
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    https://telma.com.mk/2024/08/05/she...drom-da-ja-spasuva-pretsedatelkata-na-kosovo/
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.516
    Допаѓања:
    39.215
    Пол:
    Машки
    Ова е апсолутниот минимум кој мораше да биде направен, има многу повеќе што треба да се направи после инцидент од тие размери. Се надевам дека нема да остане само на ова.
     
    На Amelia и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    21.072
    Е мирни ќе сме Ахој.
    Како беше она - Тражили сте, гледајте.
    Мислам Мицко и ВМРО може комотно сега на глава да ни се серат и да свршаваат и ќе им простиме.
    Глуп народ сме и нема и нема и НЕМА никогаш трета опција да избереме. Знаеш да избереме некоја сосем трета и да направат нешто, ќе речеш си дал прилика, втор пат нема. Ама за овие не и не. И ај тоа, секогаш ќе се бираат најголемите шупаци за коалиција
    Првине тепаа полицајци оти им кревале коли со пајак, напаѓаа контролори за летање, овие напаѓаат службеници на аеродром со пиштол кај што не смее мува да прелета без контрола.
    Ама ќути за мир у кучи. Утре живи ќе нѐ запалат, пак ние ќе се извинуваме.
    Ај мрш

    Едит.
    Ајде сега и за ова нека им е крива претходната власт и празниот буџет. А ова со буџетот треба глуп да си да не сфатиш дека е во нивна корист да не се замараат за никакви реформи и за све ќе биде АмА пРаЗеН е БуЏеТоТ. Охо хо како им дојде убаво наводно празен буџет не знаете.
     
    На jacqueline.s, M.B., nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.634
    Пол:
    Женски
    Како беше слоганот на Мицко? Македонија повторно ваша? На кого се однесуваше само.
     
    На Tanjamm, Munchmallow20 и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    15.840
    Пол:
    Машки
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    21.072
    На Ahoy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.057
    Допаѓања:
    12.793
    Уште 4 години од животот ќе ни поминат во гледање глупости.
     
  11. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    И пак северномакедонец сакал да направи атентат во Виена. Оффф, мори Македонијо.. Дно.. Кој најде да те претставува по светот?
     
    На Amelia, Tanjamm и anaja1 им се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.516
    Допаѓања:
    39.215
    Пол:
    Машки
  13. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    11.471
    Пол:
    Женски
    Дај ако не, кога е ваква министерската логика за јазици, само за разбирање и говорење, македонски ич нека не се учи во училиште, пошто мајчин, сите го говориме и се разбираме, чуму правопис и синтакса. (facepalm)
     
    На Bratot, Billy Idol, st-el и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    21.072
    И сексуално образование не мора, ете порничи има:rofl:
    Шала на страна, осеќам дека допрва ќе ги гледаме најголемите циркуски испади во влада.
     
    На Bratot, Amelia, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    12.678
    Пол:
    Машки
    Како да ви кажам, човек да убијат политичариве, нема да им се суди. Ете до тој степен сме дојдени во државава.

    Милион стории да се објават со вакви гафови, џабе е.
     
    На Amelia, Billy Idol и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.516
    Допаѓања:
    39.215
    Пол:
    Машки
    Абе какво сексуално образование со порничи, со нив може дел од Биологија да се покрие :D. Другиот дел ете има Дискавери, Анимал Планет и слични, а може и Баба Рада одново да ја емитуваат због заради едукативни сврхи.
     
    На Amelia, violetblue и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.057
    Допаѓања:
    12.793
    Терористот од УЧК од Косово нема да го екстрадираат на Србија. Си се пофалија од Косово. Знаев дека вака ќе биде, секогаш е вака. Нас Вјоса Османи да не ни е претседателка? Која брука сме ние. Србија треба санкции да ни воведе за вакво однесување, а не пожари ни гасат тука и цело време ни помагаат. Ние не заслужуваме никаква поддршка од Србија. Дури и тој еден пријател на светот за нас е премногу. Додека не почнале да не клоцаат по Врање, Белград и да не пцујат, да си ќутиме, реално само за тоа сме, да не зберат на клоци, а кога ќе се запали некаде шума, да ни речат да се обратиме кај Вјоса да ни помогне.

    И ќе почнете да се правдате, ама политичарите се тоа, ние народот не сме криви. Вчера во групите Travel in Macedonia и Travel in the Balkans, некој Србин од Врање споделил фотки и видео од посета на Кратово, ај што Грци не пцујат таму, туку нашиве на Србинот му пишале „Јебал те север“, „Север на мајка ти“. Државата се вика Северна Македонија, тоа е името, а тие групи ги читаат странци од многу земји, Србинот си пишал на англиски пост, нормално, овие нашиве да се покажат, пцуење, што друго? Србинот не е крив што 30 години преговаравме и на крај сменивме име, друго колку странци кои се веќе по Балканот, ќе се откажат од посета на Македонија откако ќе видат дека народов освен да пцуе друго и не знае? Србинот можел да пише и колку ѓубре има на кејот во Кратово, шишиња, стакла, фасадата на музејот ако им текнало да ја реновираат, арно, излупена беше, па и канализација не сум видела, ама сум чула дека оди директно во реката, можеш да начекаш и измет доле(ова тие што виделе ми кажаа дека е вака кога реката е плитка), ама битно за пцуење сме први.
     
    На Amelia и anaja1 им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.516
    Допаѓања:
    39.215
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20240810_163406_Chrome.jpg
    Screenshot_20240810_163341_Chrome.jpg

    Овие дури и мене ми ги надминаа сите "очекувања", иако знаев дека ќе биде вака. Како тргнало, ќе ги бараме ДУИ назад :D
     
    На Amelia, christinnn, TamaraSJ и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    21.072
    Јас па не знам што нормален човек очекува од нив, за да надминат очекувања :D
     
    На Amelia и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.681
    Јас колку што прочитав, ако треба ќе барам линкови, по спроведена внатрешна контрола, овој од обезбедувањето на Гаши е суспендиран и ќе биде се' додека не се спроведе цела постапка. Мислам дека, не тврдам, ќе добие кривична и отказ, ама ајде да видиме.

    Однесувањето на Вјоса буквално го осудија сите, не било ни прв пат вака да се однесува, секако никаде не и' поминало барањето.

    Кога е официјален гостин, да, не се прегледува рачен багаж и телефон, меѓутоа кога не е официјален гостин, дали е Вјоса, Елон Маск или Петре од Зрзе, сеедно е, важат истите правила.