Незавршен мир почнаа да ја емитуваат на yt на 13ти август. Годишнина од Охридски рамковен. Мирот е створен пред 23 год. Ама не е изграден целосно и не се одржува поради амебите терористички симнати од планина и сите инволвирани што во преден план им се парите и личниот интерес.
Албанци да, ама ДУИ да биле тие. Демек тие биле победници во албанскиот блок и Мицкоски со нив требало да коалицира, не со Вреди, демек ги извисил, зошто со рамковниот договорено е победник со победник да коалицира, ама ДПМНЕ кога победи, Ахмети го извиси и отиде со СДС да коалицира а тие во македонскиот блок изгубија. Тоа е, уште живеат во минатото. Светот се занимава со вештачка интелгенција, роботика, Марс, ние уште со незавршениот мир од 2001 и "загрозените права на албанците".
Премногу грешки за толку кратко време. За 4 години хорор има да направат. Јас веќе сакам да си одат. Ми здосадија со тоа како буџетот бил празен, сите да почекаат за повисоки плати освен тие самите, не можат со Данела да се разберат, куп грешки на Гаши, избегани затвореници, пожари што среќа странците и дождот ги угаснаа, а ПИОМ уште лани двапати бил неликвиден, тој во АРМ не бил унапреден по заслуги, абе не би дала ни месна заедница да управуваат. Сите што се поасални од нас не треба со вакви да се среќаваат, разговараат и треба да има критериум, да има и опција, при скандали со корупција и криминал, да се одземаат права и на функционерите за движење во Шенген, ЕУ, итн. И за граѓаните исто. На кој не му се работи, не мора да го биде.
Еве и бесплатен превоз во Скопје можда ќе укинат за тие што има. Оваа Јаневска како тргна ... повисоки плати за наставници нема, учебници исто така нема и легендарната изјава дека децата ќе си учат јазици од серии, сега и превозот еве и' е проблем. За оброкот скандали правеше дека бил мал, а годинава останува ист. Ако не може и него да го укине, глатко ќе биде прифатено од јавноста секако. Заборавив нешто? https://mkd.mk/janevska-za-dolgot-kon-jsp-kje-odime-na-sud/ Нека ја посоветува директорката од УЈП и МојДДВ да го укине, шта че то нама.
Едно прашање ( не до тебе, општо). Дали може да се укине рамковен и ако да, што е најлошото што може да се случи? Оти 90% од сите срања се ради тој рамковен. А Албанциве не ги сфаќам. Абе ај за државата што не им е гајле, ае. Ама побогу нивни фамилии испогинаа по Дурмо, Беса, модуларна. Не се свестија и они кој ги ебава со години?
Може се да се укине, и охридскиот, преспанскиот, бугарскиот само ако се има политичка волја. Е сега во шо е проблемот. Проблемот е тоа шо ако се укине ќе се нарушат меѓу етничките односи (и онака се нарушени ама ајде) а целта на договорот е да го штити хармоничниот и почитувајќи го етничкиот идентитет на малциствата и заедниците во државата. Плус не само што ќе има политичка и кризно воена криза, државата ќе се соочи со санкции од меѓународната заедница, зошто договорот е потпишан со претставници на САД и ЕУ а во 2001 сите политички партии се согласиле дека ќе го почитуваат и ќе се придржуваат до него. Е затоа не може да се укине. Друг проблем е тоа шо овај договор нема амадман дека е ИСПОЛНЕТ, секое ново отварање на уставот има барање од албанците да се надополнува, секое барање е во "Духот на Рамковниот договор и правата на албанците". Е тука лежи мечката. Ако го укиниме нема кој да застани зад нас, другите две светски сили ги протеравме, сега сме протекторат на Калето и Европа, баш тие и ни го напишаа Рамковниот и не натераа да го потпишиме, исто и преспанскиот а сега еве и "Францускиот предлог". Најголемата грешка е кога Тупурковски го призна Тајван и ги зеде тајванските кредити а во тие години 1999-2001 нашата граница ја чуваа Кинезите (сините шлемови преку ООН), тогаш Кинезите се налутија и ги кренаа силите од Македонија и настана косовската бегалска криза во Македонија и на од местото на кинезите дојде КФОР т.е НАТО, сето испланирано предвреме. А Бранко им поделе 200-300.000 државјанства тогаш за да имаат право на глас и СДС да остани на власт, и остана со тие 200-300.000 државјанства што ги даде а тие гласаа. Иначе и на обичниот нивни народ смачено им е и од Ахмети и од Груби и од другите, и нивните се иселуваат на големо, еве и погинаа со Беса, Дурмо, болницата итн. Кај нив е лошо шо на еден националистички збор на Ахмети и компанија, одма се палат како бакла како буре полно со барут заборавајќи се друго. Ок е да си патриот, да ја браниш нацијата, баш тие се за пофалба, еден за сите сите за еден, ама ти на 21 век да се занимаваш со национализам од пред сто години, не знам..
Мали Латас звани Сарма нека намали малку доживљај и нека и дај на жената да дојди до збор Заслужи да го отера у три лепе и да му напушти вести.
Не може да се укине Рамковниот, ако тоа се направи државата ќе се подели веднаш, само што сега граница нема да е Групчин, туку подолу, еве колеги од Ѓорче ми кажуваат дека и таму веќе демографијата е сменета, а и се гледа тоа кога се патува накај Охрид. Деновиве имаше на тв, зборуваше некој бивши функционер како се формирала армијата, и беше кажано дека уште тогаш Албанците барале да имаат своја армија во државата, така нешто. Уште 1990 година пред осамостојувањето имаше протести на Албанците во Тетово со барање за автономија(ова е пред барање за факултет, знаме, косовска криза, државјанства, војна и НАТО автобуси). За иднината на државата требало да се мисли пред повеќе од 50 години, сега е доцна за било што. Не, не сме протекторат на САД, ние само се плашиме од Косово и ќе ги исполнуваме сите нивни желби, а и како нема да се плашиме кога западниот дел одамна е доминантно со Албанци, а на истокот се останати само старци, и малку се и едвај 3 болници има таму, во Штип, Кочани и Струмица. Дури и оваа состојба е арна ако размислиш дека политичарите Македонци дневно прават по 10 глупости што се невидени во светската пракса и никој од ЕУ не ги санкционира.
Леле бе шо време ќе беше да се живее. Од ден на ден поинтересно станува Ќе ве молам попладнево на протест пред Влада.
И после нашите граѓани ќе пишуваат навредливи коментари до странците „не ме викај Северна, само Македонија“, ќе пцујат.
Тие што го гласале ВМРО ги снема на темава. И сега ВМРО веројатно намерно прават хаос со синдикатот, да го спорат лидерството на ССМ, само да не се покачат платите. Друго, катастар не треба да наплаќа за услугите, напротив треба секој што ќе стапне таму да му се дадат пари за претрпен стрес и гратис да се заврши обврската за 6 месеци, оти ние чекаме една скица еве година си помина. Не е лесно да одиш во Македонија од шалтер на шалтер, тоа е стрес поголем од оној во воена зона. Трето, нели се жалев дека од ФД разни вртат и бараат да им најдеме инфо за еден сосед што земал брзи кредити. Епа пишав мејл во Агенцијата за лични податоци, наведов име на ФД кое се јави последно, да ги опоменат да не замараат, ние не сме им курири. Ми стига одговор по една недела, не можеле да го најдат тоа ФД во централен регистар, јас да им пишам име на правно лице, па да опоменат. Од каде би знаела име на правно лице? Таа Агенција треба да се укине. Тоа ФД си има сајт, адреса, телефон, ама тие не можеле да ги најдат. Ние треба во ЕУ канцеларијата да се жалиме од нашиве институции.
Овие си вееле албанско знаме на џамија во Куманово, МВР појма си немале... kos_data on X: " A giant Albanian flag was displayed on the minarets of the Orizare Mosque in Kumanova/Kumanovo, North Macedonia. https://t.co/dlgi7oJubC" / X
https://mk.wikipedia.org/wiki/Оризари_(Кумановско) Оризаре уште пред Илинденското востание било доминантно албанско, Македонци многу малку имало. Што ќе им прави МВР, си имаат полициска станица во Матејче каде знам дека еден Македонец полицаец одеше од Куманово порано, онака формално само и човекот се жалеше дека не разбира ништо, дреме таму, сега дали и оди некој натаму. И во ПС Куманово, ако не пола, можеби 40% се Албанци, карикирам ова. Едноставно тоа е одамна изгубена територија. Македонците дури навиваат за освојување на туѓи територии по светот, тие самите одамна си изгубиле своја територија. Колку поразително и јадно е тоа. Може да стави албанско знаме, ама и македонско поголемо, ама нема да стави и нема ни да биде казнет и тоа е тоа. Денеска гледав репортажа на една јутјуберка од Албанија, на плажа им стојат и косовското и албанското знаме. Кај Саранда исто кај еден локалитет им стои карта на Голема Албанија сосе пола Македонија внатре. Ова го видов на јутјуб, па Македонци пишаа да ја тргне девојката картата, тие почнаа да пишуваат како овде страдале, биле малтретирани итн.