Zasto denes sovetnicite na VMRO ne glasale za novi avtobusi i za bez rapid sistem sto bese zboruvam so godini? Znaci prestanete da idete protiv ideja stoe od drugata strana i da se podzrat site proektikoi se dobri a se vo interes za narodot,ili stvarno narodov ednas da ja nauci lekcijata ili site na kloci i od sobranie i od Grad Skopje? Vie zimate narodni pari i ako ne rabotite znaci ne treba da ste tamu.Tocka.
Колку тажна изјава вели за полицајците тие седат како јагниња никому ништо не му зборуваат, само плата си земаат.
Навистина станува претерано, барем насабајле нека нема или звучниците на потивко, истата мерка нека важи и за православните цркви со камбаните. https://skopjeinfo.mk/skopjani-reag...i-barem-vo-435-nautro-da-ne-peat-na-zvuchnici На Косово, каде населението воглавно се изјаснува како муслиманско, јачината на звучниците е регулирана со закон: https://www.slobodnaevropa.org/a/kosovo-ne-zabranjuje-ezan/25252787.html
Оо поо, го земал, го дигнал и го однел... Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил
Србија пламна во пожари, нашиве ги нема никаде да се понудат за помош. Идното лето кога ќе гори, ќе им текне дека постои Србија, кога ќе треба да просјачат.
Ziv kolaps ke bide Skopje od Septemvri koga deca ke treba vo skolo da odat i na rabota lugjetoKako ke fukcionira gradov koga nemame ni normalen soobrakaj vo 21 vek bre?! Zosto sovetnicite Na Vmro koi se nabrojni vo Sovetot ne napravile budzet za novi avtobusu, dolgot od Grad skopje prema privatnite prevoxnici,nekoj da snosi odgovornost ! majtap si igraat za politicki poeni,nemame avtobusi za razlika od Evropskite drzdvi kade ima avtobuski ,vrven zeleznickibsistem tramvai. Iskreno mislam so vakvi politicari moze netreba da imame drzava za zal ili za zal Narodot da si go zeme toa sto mu pripagja!
Секој ден кажуваат како трошела Бисера. Ако е така, треба да има обвинение, а не да ни објаснуваат што правела. Јасно ни е дека јадат како храна да не виделе, трошат како да е последно, оти народот плаќа.
Раце да им се исушат на тие што го запалија планинарскиот дом,дали М дали Ш исто Бруки невидени,страшноооо
И за Центарот за македонски јазик во Лерин, го укинаа. Не знам дали го следите Васкопулос, мене ми е пријател на Фб, човекот сам пишуваше дека нема некој интерес од самите Македонци, дека немале свест, се собирале два-три пати годишно да пеат песни и тоа е тоа. А Македонците од Македонија секако дека немаат капацитет да разберат што пишува Васкопулос, па му расправаа колку се сироти Хамас. Човекот си објаснува кој е крив, овие од овде сезнајковци тие му кажуваат нему.
Ама она што го презентираат стварно е срамота. Сериозен проблем е немањето свест дека некој некогаш ќе им ги прочита сметките што ги прикажуваат за да земат некој денар плус. Исто е и со сметките за гориво и патарини.. Ви текнува на Силванева?! Де телефон им украле, де багаж им украле, народот никако да им се погоди на политичарите кај нас.
Нашиве битанги ќе се откажат од политика ако треба да одат некаде со точак. Виена: Службен велосипед наместо службен автомобил
AfD со доминантна победа во источна Германија. Шолц е загрижен и повика другите да не се соработуваат другите партии со крајната десница зошто ова можело да биде удар врз демократијата.
Видовте ли вчера во Собрание кој резил се македонските партии? ЗНАМ, разочување. ДУИ, а и Битиќи не гласаа за смена на Гаши. Левица крај не можеш да и фатиш. Еден пратеник Бошњак, друг Турчин, едниот против молитва за Сребреница, другиот за Србија и Русија, лудило.
Само уште еден жив доказ зошто си ја губиме државата и за тоа си сме само ние самите виновни. Албанец против Албанец никогаш, ама затоа Македонец против Македонец...
Не вредат пет пари сите македонски партии комплет. Ги гласам од сожалување, сега гласав за ЗНАМ од немајкаде. Ги гласам од сожалување, да не освојат албанските партии пола пратеници во Парламент, за ништо друго. За зијан родени и народов и партиите, оти тие се од народот. Неизживеани сељачишта, кога ќе седнат во фотелја делуваат како првпат во живот да виделе храна, па јадат, пијат на државна сметка. Никакво капацитет, за ништо. Денеска еден скопјанец што имал канцеларија до амбасада, се пожали едвај издејствувале да им се стави некоја канта плус, ама сега па нема кој да собере смет, и ми вели, „абе странци доаѓаат во амбасадата, срамота е, и јас да сум на нивно место ќе речам гони ги бре“.
Жмице го продаде кучата не е ич смешно, ми се плаче Не сум дел од нивно членство, ама сум им била гласачко тело и нив и на претходните, и замислете, пак се осеќам изманипулирано и излажано, со каков ентузијазам настапуваа за име, за сите досегашни "добрососедски" договори, а сега штама, човекот морал да го почитува и Уставното име и секој еден договор Се прашувам, ако мене ми е вака грдо на душа, дали некакви емоции преовладуваат кај слепите послушаници? Не, а? Како да кажете нешто, ќе ве искараат од штаб Дури и Гаши бил подобар од командант Форина, сВе за љубав еј
Како седница во косовско Собрание да гледав, па и Стоилковиќ им пречел. Па има и Срби што даваат гласови за ВМРО ај нека не гласаат ич отсега, и Ромите нека не гласаат, и другите, па ќе видиш колку пратеници ќе имаат македонските партии, малцинство има да бидат. Отишле во Србија, сега треба таму да им се соберат радикални Срби и да ги маваат со јајца, оти го пуштија косоварот. Тие биле земја членка на НАТО, и во чекална на ЕУ. Не во чекална, под санкции треба да оди комплет државата, политичарите и народот. Затвори им проток на роба, патници, не им давај кредити за пензии, па сака нека ги биде, сака нека не ги биде, сонце пак ќе грее, со ништо не го задолжиле светот, ниту па нешто покажале досега. Или нека се оправат да заличат на просек, од цивилизација сме далеку, или нека се распаднат, нивно си е, кога немаат грам памет.
Денеска дознав за еден познаник, човекот отиде да работи во Авганистан, и веднаш се врати назад, таман така испадна Американците се повлекоа од таму, и тој се врати назад, дали работел и два месеци. Ја тужел американската компанија како и сите други што направија пари од таа печалба, сите тврдат дека имаат последици, за да извлечат дебели оштети. Нели дека сме „чесни“, тврдиме дека сме се пореметиле за да земеме плус пари од „злобните Американци“. Тие па дека „лоши“, даваат оштети. И човекот си добил оштета и си купил стан. Алал да му е, браво, тоа е среќа. Добар човек, ама реално скоро ништо не работеше овде, има само основно и не знае ни збор англиски. Ете ти „лошите Американци“ примале и кадри од Македонија што не знаат ни збор англиски, што реално е срамота во денешно време, посебно за млади луѓе. Тој стан од македонска плата не може да го заработи цел век, а и да земе кредит, и тоа тешко, па и да земе, цел веќе ќе биде во долгови. Да не беше таа печалба, градот ќе беше тешка сиромаштија, ќе фаќаа врски да работат по сендвичари на цени. Ако погледнеш вакви примери, ќе испадне дека среќата и добрите одлуки се поважни од образованието. Познавам луѓе што дипломираа со 10-ки и за жал не ни работат, немаат стаж и тоа ги депримира.