Требаше многу сериозно да се сфати работата уште во 1991 година, да се фатеа со работа. За ТАТ, приватизации, сиромаштија, домашните си се криви. Ништо не е сигурно, ќе работиш, на крај стажот дел го нема во ПИОМ, и да купуваш имот, и сега да ти е страв, да не продава некој ист стан на повеќе души, на доктор да ти е страв да отидеш, без мито не те гледаат итн. Па ете ти и во Еуростандард изгореа луѓе, останаа без пари. Имаше еден кутар човек од 17 години работел, таман ги присобрал парите да купи имот, банката пропадна и не ти враќаат цел износ, туку си има лимит. Греота. Имаше други со болно дете, чувале пари после нив да има за него, банката пропадна, парите отишле. Така што вакво криминално дувло, реално ама ич не е за во ЕУ. Да имам моќ, властите би ги ставила под санкции, додека не ја средат државата би прекинала дипломатски односи, нема да добиваат ни заеми, ни донации, ништо и би ги ограничила да не патуваат никаде надвор од МКД.
Па ако сме реални, ретко и сме истерале нешто до крај. Протести пример, во секоја нормална држава има и се успешни колку-толку. Кај нас, да излезиш третиот ќе те намести што е со тебе. Македонецот цел живот страда од своите.
Eve interesna anketa, često minuvam niz Delčevo i tamu možeš da vidiš Bugari kako doagat sekoj Petok na pazar i gi polnat kolite, stomatolozite rabotat i Nedeli za niv, vo kafeanite možeš da platis pokraj denari i vo levovi. Ako, barem neka ja razdvižuvaat oni kolku tolku ekonomijata vo ovoj naš iselen i zaboraven grad od vlastite.
Куку куку До кога ќе кукаме како кукавици? 1982 страни * 20 мислења = 39600 * 2 мин = 79300 / 3600 = 22часа потрошени на пишување Замислете 22 часа да протестиравме и да беше блокирана некоа институција, раскрсница или граница, дали немаше барем 1 проблем опишан во темава да се реши?
Протестираа пензионери за името, децата им беа на одмори во Грција, а потоа истите користат термин Северџан. Ако ти се викаш северџан, која е логиката друг да те почитува? Што да почитува? Една работа, еден сектор не е среден откако Македонија е независна. И плус како народ цел век трескаме глупости на кои сите се смеат од типот „Македонија е најстара држава во Европа“, „Македонија е древна држава“, „Македонија била до Индија“, „Колку историја има Македонија, толку нема Италија“(ова го кажуваше еден наш водител). Значи, Македонија е една од најмладите држави во Европа, друго постојано била окупирана, оваа земја ја владееле Турци, Бугари, Срби, најмалку Македонците носеле одлуки за неа. Демографијата исто не е сјајна, оти пред Албанците, овдека имало многу Турци, во секој град имало турско малцинство кое потоа заминува во Турција. Во историјата има многу спорни работи, еве ВМРО имало бугарски фракции, па за некои ликови е тешко да се утврди дали биле Бугари или само бугарофили. Ако ја читате автобиографијата на Љубчо, таму јасно кажува дека добар дел од неговата влада биле бугарофили и ги набројува со име. И Македонец може да се расфрла со термини за туѓи држави абе оние проова, проона, а што Љубчо си кажува дека Владата му била бугарофилска, па да се залепи етикета дека цел народ бил бугарофилски во тој период ееејјј, кои правдања ќе фрчат. Многу комити и херои загинале оти биле предадени од Македонците. Нема што да ми плачеш за името ако секое лето и продолжен викенд си во Грција, пари им оставаш, нема што да се буниш што барала Бугарија, ако имаш макар еден познат што има бугарски пасош, ќе бараат, пасошот не е гратис, нема што да се жалиш дека Албанците ти пречеле оти барале права, ако ти од Чаир си избегал во Аеродром, ако познаваш барем еден што одел да се жени во Албанија, нема што да се жалиш. И плус цело време слушам Македонци се исмеваат Косово не било држава, а Македонци почнаа да се сретнуваат на шопинг во Урошевац, Гњилане. Македонија ја уништија Македонците. Вранишковски како што знам е Македонец, ај вратете филм кои проблеми имаше со него. Двајца - тројца што тврдеа дека се православни Албанци, па роднини ги демантираа дека се Македонци? Имаше еден пратеник, беше Македонец, па бугарофил, па од лани се жали дека е дискриминиран Бугарин. И погледни ги во Пустец, градоначалникот примил Бугари, благодарници им дава, за што? За еден копир, клупа.
@Tanjamm за Еуростандард се изгореја затоа што ставаја суми за кој државата не им дава гаранција. Државата ти дава гаранција до 30 000 евра, што и да се случи со банката таа пара ќе ти е вратена. Над таа сума не ти гарантира. Самите се изгореја со Еуростандард. Кузнај што матни работи правеја.... тие што дознаја порано навреме си ги повлекоја парите, на другите им прооаднаја...За ова не е крива државата, туку кога ти ги дават тие ливчињата прво треба да ги исчиташ се од збор до збор па после да потпишиш.
Bitno Nina Grouper togašnata ministerka navreme si gi izvadi nejzinite 200k evra, graganite koj gi vrti
Zatoa koa vi vikam stanovi da kupuvate ili zlato i taka da vrzuvate pari… Sea akcii nikako poso Briksot moze da udri opasno. I pak ke iame steta i nie
Да, ама знаеш, обични луѓе не се толку едуцирани. Ако некој планирал да купи стан, таман работа, не размислува дека банката ќе пропадне, и за камата му е поарно парите да бидат на купче во една банка, наместо да ги носи во 3 банки истите пари. Сега зголемија, враќаат до 50.000 евра. Има сега граѓани кои од оштети од работа на Блиски Исток, зема по 200.000 евра(ова и адвокатите го потврдија) е сега замисли толку пари, кај ќе ги чуваш, во сите можни банки? Инаку, прееска еден српски аналитичар рече Македонија била вештачка творба на западот. Е ај сега? Направи економија, туризам, администрација, систем па да видиш дали некој ќе те спори.
Со новите правила за влез во шенген од есенва камионџиите ќе имале проблеми, ќе трпат загуби. Синоќа на вести се жалеа.
Zakon za braniteli treba da se donese za da konecno se obestat semejstvata tuka treba da izglasaat oratenicite od Vmro i Sdsm da bidat obedinite!