Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:
     
    На Mumoftwo30 и Bratot им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    На Сител сега пак зборува Николоски. Куп навреди и квалификации за каков бил Борисов, Радев, немале вина од кабинетот на Сиљановска за знамето, а самите објавија фотки. Аман човек, мандат почнавте со заем од Унгарија, догодина ќе имало Албанска академија, па и паметен се прави.
     
  3. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.555
    Допаѓања:
    15.818
    Пол:
    Машки
    Му креваат рејтинг на Борисов пред избори, другарчиња се со Мицкооски.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778


    Еве еден корисен документарец. Претпоставувам дека многу луѓе ова не го ни знаат. Сигурно не знаат, со оглед на тоа дека лани гледав анкета и од сите анкетирани млади, само еден знаеше кога се случило Илинденското востание, сите беа со изговор „Брзам, немам време“. Сега на 8 септември, пак анкета во Прилеп, постари луѓе не ни знаат што се слави. Ејј, да не знаеш кога е кренато Илинденското востание и кога Македонија станала независна, а ваму абе древна земја сме ние, ова, она. И видете колку Евреи имало во Кратово.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Untitled.png

    Кој е Бугаринот, бугарофилот? Да не е тој од Битола, Љупчо?
     
  7. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    7.473
    Пол:
    Женски
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    2.147
    Sto ke pravime ljuge znae nekoj?
    Albanija oficijalno gi otvora klasterite so Eu na 15.10.2024?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Во секој град се појавија некои Бугари, бугарофили, што и да се, и тие прават поголема штета на Македонија од било кој странски фактор, непријател, посебно што за голем дел од нив се знае дека се Македонци по националност. Секој што зема бугарски пасош, беше свесен дека ќе дојде ден кога Бугарија ќе уценува, ама свесно и намерно земаа пасоши, себични се, си гледаат нивни интерес и не им е гајле ни нивното дете како ќе живее, не па комшијата, или некој непознат сограѓанин. Погледнете ги тие во Пустец, големи Македонци се правеа, се продадоа за телефони, клупа, копир во општина. Помизерен пример не знам дали има некаде во светот, некој да сменил националност за подарок мобилен.

    П.С. Албанија отвори поглавје, Македонија не. Ама веќе неколку години нашите правници кажаа дека Албанија направила ветинг во судството и ефекти има, нашиве се расправаат со глупави мерки во стил поевтинуваат прибор на 5 септември кога сите си купиле, поевтинуваат леб за 1 денар, демек ќе заштедиме. Е така не се штеди, а со кредити држава не се гради.

    @monibejbi не се секирај, еве дел од членовите пакуваат куфери, ќе одат на печалба во Русија, Индија итн, имале алтернатива, ич не бери гајле.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.908
    Допаѓања:
    7.097
    Пол:
    Машки
    Европската иднина и пат на Македонија ја гледамe само и само исклучиво во БРИКС, а Пекинг и Москва патот и појасот за напредок :angel::inlove: Итоа како држава Македонија, како народ македонски, шо би рекле кинезите во рекламата за нашите кинески возови: Македонија, земјата на Александар Македонски.

    p.s Kомунистичка заостаната работа, шо би рекла ти8)
    Screenshot_2024-09-26-12-16-15-858_com.facebook.katana-edit.jpg
     
    Последна измена: 26 септември 2024
    На Realist1 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Твојот БРИКС може ли да ме однесе на симпозиум во Хрватска догодина, а да заобиколам шенген? Ај ќе видиме кога ќе речат догодина, кој не е во ЕУ, не тргуваме со тие земји. Можеш и на Шарл Де Гол да се повикаш, џабе е. Меѓу нашето доаѓање на Балканот и времето на Александар има бааги временска луфта, ама што да правиш, Грујо не лажеше дека и Хунзите ни се браќа.

    Што правиме ако за некој месец Албанците речат, чекај бе, не сакаме да стагнираме, еве Албанија оди напред, сакаме обединување? Оваа одлука од денес значи дека во иднина државава може да заврши дел во голема Албанија, дел во голема Бугарија, а во најдобра варијатна ако странците имаат живци да се занимаваат со народ што освен пцуење и колнење, друго не знае, ќе биде некоја варијанта на Босна, ама лоша варијанта, и многу сиромашна. Патем Босна има повисоки плати од Македонија иако три и пол години таму имаше војна, факт што никаде не го споменувате, оти не ви се допаѓа.

    Не ми постирај кој какви возови има, нели гледаш дека Македонија возови скоро и да нема. Тој до Битола патуваше цел ден во еден правец, сега дали оди и тој еден дневно. Ај олабавете со глупости, не сме сите тинејџери, па ќе фантазираме. Јас овдека нешто сум работела, сум создавала, за да мене државата ме унаказува, еве вчера видов, па не се пријавив за симпозиум во Хрватска, оти од идната година има нови правила за влез во шенген. Ако не се измешаш со цивилиран свет, се друго е џабе.

    БРИКС ли ќе поништи 120.000 бугарски пасоши, бројка што секој ден расте и расте. Милион постови за држави каде не си бил, ниту пак си контактирал со народ од таму, нема да ја смени очајната реалност дека сите не претркаа и сите испаднаа многу поинтелигентни од Македонците и поспособни.
     
    Последна измена: 26 септември 2024
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.908
    Допаѓања:
    7.097
    Пол:
    Машки
    Ти не мораш да идиш во БРИКС, седи си во ЕУ. Ние сакаме БРИКС и Македонија ја гледаме таму како мала држава само таму и е местото. Шангај, Гуанжу, Пекинг имаат поубав симпозиум од светски карактер него Загреб од локален. Има разлика. Тие ако не сметаат за Европјани нема да ни ставаат нови правила за влез во Шенген, значи не сме им битни ниту не сметаат за европски граѓани. Ете колку е себична ЕУ.

    Ете им ја Албанија, нека се пишат албански државјани. Поделба на државата нема да има, тоа го има само во главата на Ахмети, суверенитетот се загарантирани и од САД и од БРИКС, особено САД еве како моментален најголем стратешки партнер.

    Па за Македонија да има возови и да има напредок, треба да се одбери добар стратешки партнер, а факт е дека ние последниве 30 години го одбираме само погрешниот, никаков бенефит од ЕУ. Дури и самата ЕУ знае дека има голема корист од Кина па Кина и со свои раце превзема на европско тло пак во интерест на ЕУ. За подобро и побрзо да течи кинеската роба а со тоа да не паузира европската индустрија, кинезите го купија пристаништето во Пиринеја, изградија пруга од Будимпешта до Србија, нас ни дадоја возови по поволна цена се со цел робата да стига полесно од Азија до Европските фабрики.

    Кина нее цивилизована? Париз поголека метропола од Пекинг?? Да не ти праќам слики за разликата. Париз на се личи само на град не.
     
    Последна измена: 26 септември 2024
    На Realist1, ideniki1 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778

    Tи или си студент или си невработен, и нема шанси да имаш видено конкурс за симпозиум, ниту па си аплицирал, инаку ќе знаеше каде има најчесто настани и на кој начин ги ограничуваат. Не е тоа така, ќе оди кој, каде сака, има кое е, за кого е, од кои земји. Во таа бранша што мене ме интерсира, каква Кина, каква Индија, каква Русија, Словенија има повеќе можности од сите нив заедно или Хрватска засебно. Јас зборам за реалност, нешто веќе искусено, не слики да ми праќаш.

    Зошто се повикуваш на САД, САД да ти чувале граници? Се читаш ли што пишуваш?

    Твоите муабети за Кина нема да им помогнат сега есенва на македонските камионџии за влез во шенген. Кажаа од Макамтранс дека ќе имале загуби, сите камионџии немало да можат да влезат? Не појаснија зошто. Како е во Кина ич не ме интерсира, јас сум на европско тло, а далеку од ЕУ, и празни муабети не ми носат никаков бенефит во реален живот.

    Сега проверив, има страница каде можеш да ги гледаш сите настани кои се одржуваат од научен карактер по континенти и по сите области од економија до екологија на дневна основа, за Европа за 26, тоест денеска има долга листа, 5 страници за настани што се одржуваат денес, за Азија нема ни пола, и плус во Азија ја ставиле и Турција, Кина на прсти се бројат настаните, а кој нормален би одел во Ријад, Ирак, Узбекистан, Индонезија, држави полни со исламисти и предалеку? И за Кина ти треба виза, не е тоа така. И не е поентата некаде да отидеш, треба патот да е платен, што за долги дестинации нема будала или ретко има што ќе рефундира трошоци, друго не е поентата да одиш некаде и да губиш време онака колку да помине, туку треба во иднина таа соработка да се развива. Мислам објаснувам детали тука, што народ пред кооперација и од штаб на една партија и не може и не сака да ги сфати.

    Фалиш БРИКС, се повикуваш САД немало да дозволат да се подели, стратешки партнер ни биле. Сами не верувате во тоа што пишувате.

    Колку пати си бил во Пекинг ти? Оти како пишуваш како Кина да е сосед на Македонија.
     
    Последна измена: 26 септември 2024
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.908
    Допаѓања:
    7.097
    Пол:
    Машки
    Нели симпозиум е советувалиште за наука и научни прашања? А во светот најтехнолошки у научни земји се САД, Кина, Германија, Јапонија, Сингапур итн. Од каде и кога Словенија стана врвно научна земја кога нема ниту една вселенска програма тестирано или еве во интерест на вештачката интелегенција? Можеби организираат научни семинари, ама од симпозиум како во Сингапур или Шангај или еве Берлин се далеку.

    Јас знам шо пишувам. САД се наш најголем стратешки партнер во моментов, не го негирам тоа кога е така иако сум против зошто тоа парнерство премина во протекторат, од 1991 до денес нашава држава во однос на безбедноста се консултира со Вашингтон. А Вашингтон и Лондон имаа јасен став дека на балканот нема да има создавање на големи држави повеќе, планот за Голема Албанија по автоматизам пропаѓа.

    Моите муабети за Кина се тоа шо ние во последниве 33 години немаме ама апсолутно баш никаква корист од ЕУ, туку гледаме трпиме само штета итоа по цена на националните вредности.
    За проблемот на македонските камионџии а и сите други, сега го гледаме вистинското лице на ЕУ и за тоа колку е себична. Ако сме Европјани и сме европски граѓани, израснати во Европа со европска култура и свест, зошто ЕУ ни воведува правила за влез во самиот наш европски континет? Нели сме и ние европејци? Океј сфаќам да има правила за земјите и луѓето од третиот свет од Африка и Блискиот исток, ама зошто за нас или пак за Норвешка а притоа сме од истото европско семејство? Нели ова е себично малце?
     
    Последна измена: 26 септември 2024
    На ideniki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Себично е со години да лажеш демек правиш реформи, и дека еве само што не ги си направил, себично е да ги каниш во Влада чие опкуржување е како депонија. Кој што ќе прави, немаш право да кажуваш ни во домот на татко ти, само во лично твој дом, изграден со твои пари и заведен во катастар на твое име. Е таму можеш да тераш по твои правила. ЕУ ќе ти воведе правила, дури и доцни, досега те толерирала, оти таму праќаш криминалци со лажни пасоши, со украдени матични броеви од македонски државјани, ете праќаш нарко дилери, луѓе од криминални кланови, праќаш терористи што планираат напади, оти немаш институции да ги лоцираат радикалите итн. Некој ги поништи тие пасоши, гледам многу брзо заборавите? Протестираа ли граѓаните за таа афера, една од милион афери? Не. Па што сакаш тогаш? Си на европско тло, ама си чвор, криминално дувло, немаш ни една институција, народот е исто дискутабилен, Македонците се 58%, а ако приметуваш во Босна разговараат со 3 народи, 3 пратеставници за се, овде со 2 народи за се. Досега требаше одамна да се среди државата, одамна, ама бидејќи не се среди, сметај за 3 години од сега, Македонците ќе одат да рмбаат во Албанија и Косово и Босна, оти не претркаа, а ти слободно споделувај фотки од Кина, тоа нема да ја смени македонската мизерија. Кина преку кинеската амбасада си плаќа пиар текстови по македонски портали, преземени од Чајна дејли во позитивна конотација секако. Ништо спорно, ама гледам нема шанси да ви текне на тоа. И ми е гајле што се случува во Кина, што имам јас со таа земја? Ич ништо. Има и едно порталче Руска реч, и друго раша бојонд лимит, така нешто, споделуваат строги платен пиар и позитивни вести, ама ми е гајле за нив, што ќе ми се? Уште чекам еден документ од катастар, помина една година, така што ЕУ треба итно да прекине преговори со Македонија.

    Не знам колку луѓе починаа во болници под сомнителни околности, никому ништо, како Африка сме, мито се зема на секое ќоше, ама устата до уши, другите не биле фер.

    Фалиш БРИКС, а ваму ЕУ, САД, ние сме со европска култура. Утврди си на која култура припаѓаш, па после одреди кај сакаш да одиш и како до таму. Хамас ги имаш заборавено, од уста не ги вадите, а реално поддршка за Хамас е поддршка за џихад, а ваму ти пречат од Блиски Исток мигранти, а Сиријците по други теми ги воспеваш како богови? Кој е твојот идентитет и цели? Одлучи со што се идентификуваш. Како се сметаш дека имаш европска култура, а браниш муџахедини по други теми? Далеку од Европа, и искрено во очите на Европјаните не делуваме многу поарно од тие од Блиски Исток или Африка, нема нешто поради што би не сметале за подобри, искрено.
     
    Последна измена: 26 септември 2024
  16. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.908
    Допаѓања:
    7.097
    Пол:
    Машки
    Епа зошто ќутиш ти како дел од народот? Вие ги гласате истите партии цели 33 години а притоа знајш шо се случува во државава. Јас не сум ги гласал, пред 5 години имам право на глас и два пати сум излегол, ама вие? Гледате, гледате, и пак ништо, кога ќе дојдат избори пак исто. Ти гласаше за Максим или за Сдсм, така? Кај е сега Максо во овие 100 дена? Јас ништо не видов од ЗНАМ а му дадовте власт со ваш благослов. Е за сите тие афери шо ги спомна, барај ја вината во тие шо ги гласаш.

    А од аспект на меѓународната заедница, секој има право на мислење каде би се трасирала земјата, дали ЕУ или други алтернативи, останува знак прашање и одлука во моментот. Се стремиме за едно, ама може да има пресврт кон друго.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Нема ни да гласам веќе, сите се отпад, и треба да бидат малцинство во Собрание македонските пратеници во согласност на тоа колку сработеа, испорачаа, тоест ништо. Од сожалување гласав за македонски партии, а не ми се даваше глас за ВМРО и СДСМ па гласав за ЗНАМ. Проблемите на државата не се од овие 100 дена, преку 30 години се таложат. Прасе не се гои во очи Божиќ и треба добро да си го ставите во глава тоа дека не сме поарни од некого, тоест не сме од никој. Цело време се повикувате на Босна како на негативен пример, Македонија не е поарна, доказ ти е тоа што дојде спикерката од Албанија и ни кажа што да правиме? А зошто да не каже кога во цела Западна Македонија врие од Албанци, а Македонците се многу малку?
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.908
    Допаѓања:
    7.097
    Пол:
    Машки
    Со првото се согласувам.
    Ама со второво и не баш. ЗНАМ веќе беше позната струја од порано, истите луѓе разочарани од СДСМ, сам Максим велеше срцето ми чука за моја СДСМ, ништо ново. Фактички, пак истата песна е. И уште пред избори Максо велеше постои можност за соработка со ВМРО ДПМНЕ, тоа не ти беше индикатор дека истите луѓе пак се местат шо сега ги критикуваме?
     
  19. m.t12

    m.t12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2021
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Машки
    Ne idninata e site makedonci da idat na pecalba i rabotat u burger king a ovdeka ako moze nepalci i sirijci da dojdat :D:D
     
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.508
    Допаѓања:
    39.152
    Пол:
    Машки
    Чекај чекај, вие вистина не гледате никаков проблем во тоа што Албанија, еј, пази Албанија ќе биде чекор - два - три пред нас на патот кон ЕУ за 3 недели? Озбилно? Па сега многу работи ми се појасни.
     
    На Tanjamm и Munchmallow20 им се допаѓа ова.