Баш дојдов да пишам. Значи дечки за да влеземе во ЕУ, треба да сме познати по мафии, да ни цвета трговија и шверц на дрога и оружје, на спортски натпревари да носиме униформи на терористички организации и да пцуеме други земји ко нецивилизирано племе. Не ние тука корупција ќе сме решавале, плати ќе сме покачувале. Лесно било, глеате Ок шала на страна ама како не добија санкции и вето за навек после гнасното понашање на Европското?
Точно дека Албанците имаат позната мафија, ама пркнаа многу со туризмот, и допрва пари ќе прават. Знаете дека на море во Албанија е поевтино од Охрид? Не сум била, гледав кај една блогерка. За 7 ноќи сама во убав стан за 77 долари, значи 11 долари од ноќ. А станот преку пат до плажата. кај нас цени како во Монако, а стандард тапа џонсон. И средени се, јас се изненадив. Па нели гледате дека Албанија не прегази, а погледнете Косово како се вооружува и колку пари троши. И? Ние сме паметни што со цел свет се караме? Што навредуваме цел свет? Што се правиме генијалци, а не знаеме кога било Илинденското востание и се продавме за телефон на Бугарите? Ние сме ок? Треба да имате во обзир, дека државава е мешана, и не е само наша и сметајте дека за 4 години голем број Македонци ќе станат Бугари со земање на пасоши и тој народ овде ќе го немаш, а бројот на Албанци и други малцинства секако ќе расте поради висок наталитет. И? Што тогаш? Приказните Калимеро нема правда, се умира и мрзне по Германија или во БРИКС е арно ќе донесат бенефит? И треба да имате на ум дека од Македонија нема некој ќар, државата ќе биде терет за било кого кој ќе реши да се замара со неа, затоа што живееме од донации и кредити, а имаме се повеќе стари луѓе кои ниту имаме каде да ги лечиме саглам, ниту има кој да ги чува, ниту имаме домови доволно, а се сомневам дека за пензии ќе имаме пари. Ако сме биле толку паметни како што си мислите, немаше да сме на ова дереџе.
Никој појма нема за европското, што и да било. Сите знаеме дека Рама договори ексклузивитет со Мелони, да им ги превземаат и занимаваат мигрантите. Сојузите и сојузниците не се од вчера, ама кој не учел историја ни понова ни постара, и/или има розеви очила, може да биде изнанаџен и увреџен. И така тоа...
Дојдов да кажам дека Албанија до пред 10 години немаа леб да јадат , идеа во западна македонија да цепат дрва за парче леб , а на 15 октомври ќе отвара поглавја со ЕУ !! Македонија е погребана готово!
Политиката на Македонија е виновна за да не продолжат преговорите за влез во ЕУ. Уште не можам да поверувам колку политички глупав е народот. Албанија може да е секаква, ама не застанува да се контра напразно со членки.
Па веројатно донациите и вложувањата кај нив ќе бидат поголеми. Не мислиш така? Отворени можности за поголеми инвестиции кај нив, можност за одење во странство полесно. И ако подразмислам уште малце геостратешки поголемата слика, нас ни се еба мамата по 15 години ко че имаме да речиме некои услови да аплицираме за следен чекор и да ни закачат некое вето баш од Албанија лудило ќе биде.
Neznam dali kako narod da se mobilizirame da barame prava da se napravi pritisok Da se napravat ustavnite izmeni Neznam nesmeeme vekje da zaostanuvame,barem klasterite da gi otvorame,neznam vaka ke bideme dno na Balkanot po standard!
Затоа што сето е корумприрано и непотизам владее голем. Се надевам си дел од обичните смртници шо работиме за парче леб и минималец со кој што не можеш да ја наполниш месечната кошница. Доколку си од вторите играме само ментална гимнастика за која е премногу касно.
Не зезај Ако влеземе во ЕУ, автоматски сме богати како Швајцарија. Разбудете се од слаткиот сон и фатете се за работа за да не ви треба ЕУ.
Што ќе работиш бе брат во Македонија? Абе што толку ароганција, ај те молам, симни се на земја. Нека си одат странските инвеститори од Охрид, Кавадарци, Бунарџик, Македонија нема ништо. Македонците претежно држат мали семејни фирми каде платите се мали, минималец едвај исплаќаат или 2.000 денари над минималец и таму освен син, ќерка нема простор за други вработувања. Странските инвеститори им плаќаат превоз и храната на нашите работници што едвај основно завршиле, замисли колку се квалификувани, инаку нема никакви шанси ниту есап работник од село да оди во фабрика во градот ако превозот и храната не е платена. Пола плата ќе оди за превоз и храна, а цел месец ќе работи само за сметка струја. Нема никакви шанси работник од Ресен да оди да работи во Битола во фабрика ако нема превоз, оти прво автобусите или ги нема или не ни одговараат да се вклопат со работно време, или нема да се исплати, дека платите се мизерија. Нема да можеш ни граница да поминеш вака, ќе се регистрираш за влез во Шенген, ќе платиш, ќе наведеш каде и колку ќе престојуваш, за кои цели, кога и на кој премин ќе поминеш, па дури тогаш ако одобрат. Како неандарталци, ама искрено треманот го заслужуваме. И допрва Албанија има да испорачува барања, јас да сум на нивно место, веднаш ќе поставам услови, нема што да молам некои непособни, ќе ги уценувам. Николоски кажа Албанија немало да влезе никогаш во ЕУ. Со кое право? Си плаче за вето. Николски ги спори Кипар, Малта и Луксембург како влегле во ЕУ, треба сите тие да се бунат за нас. И за Бугарија и Романија имаше забелешки. Нему практично пола ЕУ му пречи. Која ароганција, која глупавост, расипаност, исто како голем дел од народот.
Мислам дека ти живееш во заблуда али живееј си слободно не ме интересира Македонија без Еу нема да опстои , ако не гледате сите околу нас ќе влезат во Еу ние ќе станиме проекторат и ќе не поделат , не сме сигурни без Еу кој што сака нека каже Албанија леб немаа да јадат ,месо не знаеа како изгледа сега почнуваат преговори
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка