Ве боли што ви плеска се во лице? Гостиварчанката беше навредена зошто ја нарекол богаташка, сега ќе ви пратам линк.
Зашо е глуперда? Шо ја оштетил државата? Земал нешто од неа? И имотно е чист и капитално и финансиски може да докаже од кај се стекнал со се. Предлага закон за потекло на имот и пари од 90 па наваму ама кој ќе го гласа законот кога се се арамии
Не бе ти па каков конзервативец, некам и комунизам ја. Старите европски вредности беа добри ама сега сменија политика и затоа ги неќам иначе таман работа Го сакам ја и заев со алл ин политиката ама да добиеше нешто за возврат да видевме аир. Тоа е
Платите растат, и добрата и услугите уште толку. Али дека се живееше во време на Грујо баснословно не баш, и тогаш мизерија беше. Али многу е тажно ко че споредувам кое зло е полошо, наместо да земиме пример како се работи домаќински еве да речиме од Словенија, пошто слични сме да речам и по територија и природни ресурси па и Балканци.. ама тоа е така ни замина веко, че си легниме во гроб па други ќе му ја мисла, ако останиме како држава после нас.
Не ми се верува дека има луѓе што бранат и поддржуваат политиичари, па уште и споредби да се правеле кога сме живееле помизерно. Го гледаме аирот од политичариве еве веќе 34 години, тие со број на станови колку минимална плата, народ со стар леб за преживување.
Ете некни и рече дека имала 6 стана и не знам што, нејзе ја фати нервен слом и почна да се црека. Тоа е се што треба да знаеш и заклучиш дека се клептомани... Иначе да цеел живот еве јас 30 години, само уназадуваме, еден чекор напред - два назад.
Стандардот не е кренат. Пензионерче што зема 12.000 не може да купи скоро ништо, ќе гладува, ама ако синот или ќерката се во Германија, му пуштаат плус 100-200 евра и крпи. Затоа ни се чини дека сме пркнале, а не сме, туку внесуваме странски пари и тука ги трошиме. За мешаноста на државата, никој нема да избрка никого од тука, тоест попрво Македонците ќе избегаат од другите, а сите други уште повеќе ќе се рашират по општини. Со ЕУ барем ќе се вадевме дека ова е граѓанска држава, сега и таа карта е потрошена и како ќе сиромашеме и назадуваме, ќе кажуваат дека ние сме криви, непризнати, не сакаме да напредуваме, не не бива и тоа е вистина. Да не биваше ќе влезевме со Хрватска или пред неа, а вака сме како косовска покраина. Не може да се лажиме на двојни аршини ние, кога во Македонија, не двојни, има посебен аршин за секој граѓанин. Нека отидат 10 странки денеска во иста институција, сите ќе добијат различни одговори за исто прашање. Ни дадоа шанса, не советуваа како да правиме реформи, ние како магариња, мукаме, се однесуваме примитивно, просто, и ете никој веќе не троши ни муабет да не спомне. Никој не реагираше што Македонија и Албанија се раздвоени, никој. Дај најдете листа како се гласало, да видиме дека и Словенија и Хрватска се против Македонија во ЕУ.
А што му фали на еден пензионер? Сам живее, струја колку ќе потроши, вода колку ќе потроши, за јадење колку ќе потроши? За лекови не велам не, летаат парите ама пак сам човек со 12 илјади има да не живее мизерно.
Те почитувам, ама кубик дрва е 4.500 денари, и струјата не е евтина. Една пензионерка скоро ми кажа дека за еден лек плаќаат 50 евра, не е на таа позитивна листа. Како ќе преживее со 12.000 денари, кога ако тргнеш по лекари, контроли, ако нема термин, мораш во приватни ординации. Еве друга сосетка немаше термин на државно и за проверка на крв, даде 2.500 денари приватно. Се испитуваат повеќе параметри и скапо е на приватно. Денеска бев да плаќам сметки и пазарам, наидов на пензионери што мирисаат непријатно, некапени, ете што им фали, може мислат ќе заштедат со некапење. Некаде со 12.000 живеат двајца, маж пензионер и жена домаќинка. Струја, вода, телефон, ѓубрарина, во згради за одржување на влез, кабелска, лекови. А кај е храната?
Не да клецка... Убаво е вака позади тастатура да паламудиш и да кажуваш што е и како е, и си ладиш кур успат.. со извињење али морам Дај живеј со 12к па ќе те прашам Абе ист ко политичарите ист буквално, те дупат од позади и си кулираат они. Срамота се муабетиве бе, ни срам ни перде ццц Си чул за достоинствен живот?
А бранковизмот шо ги напрај луѓето сиромашни и ги остави без работа илјадници семејства и испрати милион домашни фабрики во стечај? Сите се арни. Тешко на овај народ со вакви политичари. И СДС и ДПНЕ.. и терористичка ДУИ, секако.
Рајт стварно не знам како не ти здосади бе, па и ја будала ти враќам. Не знам кој е повеќе за жалење ти или јас.
И двајцата Да, двајцата сме будали И јас си видов со кого работа си имам и треба да прекинам, а ти со секој нареден пост се поише и поише провоцираш, изгледа намерно, што друго може да е.
Бранко си завршува со должноста 2006, дур беше претседател гласот му важеше исто колку на Хорхе од 2017 до 2019. Знаеше дека ќе озгуби ако се кандидираше за втор мандат и човекот си се повлече. Не велам не и тој има идел врз денешната ситуација, ама какви кражби и криминали направи Грујо не може да се спореди со ниту еден друг. Еве сега му истекува и рокот за затвор, ќе си се врати и пак шеф ќе изиграва, само не знам Мице дали ќе го прими.