Евреиве на Хезболах им го средија цел команден врв, сега на Иранциве ајтолахот нека им го отпоздрави и војната може да заврши.
Jaс им се чудам, како народ што бега и се сели оти го мавале со јаболка, народ со никакво разузнавање, па како тоа го деградираат МОСАД, лелел, мислиш ние имаме појака армија или било што од Евреите. Па и железната купола. Народ што во НАТО влезе со боси војници, кои немале чизми, коментира Железна купола, еејјј, Господе има ли те, помогни ако те има. Денеска е 1 октомври, рок што Путин го даде на руската армија да ги избрка Украинците од Курск, никому ништо, тие уште навиваат.
Чекајте сега, тука се пишува на форумов, практично со една гајба јаболки значи направиле етничко чистење, ги исплашиле Македонците да бегаат од Бутел, односно да ги продадат куќите, ама истите Македонци се сомневаат во капацитетот на Израел и на Евреите, држава и нација што ги победи претходно сите побројни комшии и тоа експресно? Види го примерот, ќе сфатиш зошто сите не исмеваат. А Петре М.Адреевски пишуваше дека сме биле пиреј, далеку од пиреј, како некое глуварче сме, дувни го, се распаѓа, повлечи го, корен ќе му искинеш и готово.
Јашааа Пензионери од повеќе градови се собраа во Прилеп за да прослават за покачените пензии Пензионерите од Прилеп и неколку други градови од Македонија, кои подолг период протестираа за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, денеска се собраа во просториите на Здружението на пензионери во Прилеп.за да го одбележат еднократното зголемување на пензиите од 2.500 денари. Тие имаа дури и подготвена торта со натпис „2.500 денари“.
Не им се потсмевај на пензионерите. На тие со минимална пензија овие 2500 и те како им значат. Со претходните покачувања дали и 500 земаа плус. Сега ќе се поведри, ќе чекаат наредно покачување во април. Ако досега двајца земале 34 000 заедно пензија, во април ќе земаат 44 000. Јас јесте дека не сум обожавател на вмро, ама го поздравувам покачувањето.
Линеарно покачување е социјално поправедно, не знам што е за осуда или смешка. За смешка е уствари што не се знае лево и десно, ама тоа одамна е смешка. А колку е во пракса реално покачувањето, појма немам, се нешто мислам и со мали букви има...
Покачувањето е дадено од заем земен од Унгарија. Тој кредит почнуваме да го враќаме за 15 години, значи ВМРО нема да е на власт, некој друг ќе удира глава од камен.
Јашааа Сопругата на Борко Ристовски заработила 78 илјади евра од експлоатација на руда Нина Ристовска, сопругата на министерот за спорт Борко Ристовски, како сопственик и управител на фирмата „Нибо солушн“, друштво со основна дејност „останато рударство и вадење камен“ заработила 78.000 евра за неполна година, пренесува порталот Фактор. Според податоците од Централен регистар, фирмата во која како сопственик фигурира Нина Ристовска е формирана на 3 август 2023 и за неполни пет месеци од истата година има приходи од 5.702.757 денари и добивка од 4.775.702 денари. Во моментов не е познато какви минерални суровини експлоатира „Нибо солушн“ и каде.
Утрово читав мислење во групата Traven in MK, некој си странец, муслиман, дошол тука, се пријавил во полиција во Куманово, и му рекле доволно е тоа додека да си одиш од Македонија. По извесно време отишол во Берово, полицаец му рекол дека секаде треба да се пријавува во секој град во рок од 48 часа, изгледа сакале да му земат мито. Каде вака? Какво мислење ќе има некој странец за земјава, кога самите полициски службеници не си ја знаат работата?
Како бе не си ја знаат? Убаво му одговориле. Во Берово требало да го пријават тие каде што се сместил. Секаде е тоа така, дури и за македонски државјани.
Ама овој изгледа работел овде, затоа што со месеци седел тука, не ќе да е турист. Го советуваа некои да даде мито 10-15 евра на полицаецот. Како и да е процедурата, треба на едно место да ми дадат точно инфо, а не во Куманово едно, во Берово друго, и човекот по групи бара мислење кој е во право. За сместувачите капацитети, самите се должни да земат лични карти од гостите, да ги заведат, е сега сигурно некои не го прават тоа, да не платат данок.
Procitav negde deka Stevco se tovari za zloupotreba na sluzbena dejnost.! Organite nekabistrazat ako ima takvi bez pritisoci,ako ima steta da se vratat vo budzetot da se komfiskuvaat.! Nemoze da se tolerira nikoj!
platite treba da se pokacuvaat trgovcitr da gi namalucaat cenite so ogranicuvanja,a platite da rastatbsekoja god bidejki zaostanuvame!
Da gi vrakjaat site parite sto gi ukrale toa e spasot za drzavata i sudii i obviniiteli od nadvor da se donesat!