Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    7.678
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е така. Прават грешки печатниците, професор по македонски, такви аматерски грешки не прави.
     
    На n.lauda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.622
    Допаѓања:
    35.197
    Пол:
    Женски
    Вакви грешки печатница не прави.
    Преломот се прави во печатница и пред да се пушти во печат се одобрува од лектор.
    Се знае што е печатна грешка (една буква да згрешиш) примеров од погоре е класична неписменост.
     
    На Stressed Out, Feminka22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    7.678
    Пол:
    Женски
    Па сигурно барал мислење од Тања… жити се. Професор по македонски, вакви аматерски грешки не прави. Причава е тешка измислица.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Ајј, кога ќе почнете со тоа трескање од земја „па од неа ли ќе побара мислење“. Не ми побарал мислење некој светски познат Нобеловец, боже господе, туку некој што е дипломиран професор и издава прва книга. Сум била и во жири комисија(по 3 члена се најчесто). Плус сум страстен читател, се сретнавме во библиотека и ми рече да ја земам таа книга. Па кога ќе почнете да мислите дека некој на форуми лажни приказни ви пласира, ооффф, важи, секако.

    Кој имал искуство со печатница, лекторирање знае дека како ќе им пратиш ракопис, така ќе ти испечати книга, списание, што и да е. И да, се прави прелом, а пред печатење оди пак на проверка кај авторот, така што ако има изедена буква, грешка, смее да коригира, после прелом. Ако е преку издавач, авторот има договор и сигурно нема да си дозволи аматеризам и печатни грешки, ако е писмен де, ако знае што е правилно, а и плус тоа мора да има печат од лектор, дека лектор го прочитал.

    Дури и наслов на книга можеш да смениш дури не е извадено ЦИП.

    Во големи книги секако дека има грешки. Еве моја пријателка пишуваше стручна литература, и не се оптоваруваше дека во тие 300 страници не смее да има правописна грешка, затоа што треба многу концентрација толку страници да се исчитаат темелно и да се коригира секоја грешка.

    И колку од вас знаат дека е деболија, а не дребулија или дека е ченгел, а не чингел, и разлика меѓу поради и заради, или зашто, зошто, затоа што...

    Oпшто секој бара мислење за нешто и сака да чуе туѓо мислење, дали ќе се работи за афоризми, сликање, пеење, ама што и да е. Дури и тотален аматер да прашаш за мислење, може да има мислење кое ќе се поклопи со она на професионалец.
     
    Последна измена: 13 октомври 2024
    На Stressed Out и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    2.141
    Radev deneska spomna deka prostor za pregovori nema,imame potpisano bilaterelaren protokol so Bugarija i so roa e usvoena pregovarackata ramka so Ey.
    Ostanuva da vidime koga ke se mapravat ustavnite pregovori za da mozeme da bideme ramo uzbramo soAlbanija i tamu morase zs prznaat malcinstvo BugariNapravija Veting vo sudsvoto nesto sto treba i kaj nas za reformi!
     
  6. fi23

    fi23 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    @fbaby ova kirilica e ili samo za mene vazi
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Вчера бев во една мешана населба каде македонските куќи масовно се продаваат. И ми вели еден Македонец, постар човек, како тоа морал да продаде, морал да се сели. Прашувам зошто, епа кога ќе се собереле тројца Македонци и двајца Албанци, Албанците си зборувале на албански јазик. Што е тука чудно? И потоа доаѓа до израз лакомоста, ми вели „Ааахх, сигурни си поминала онде за плацот каде се гради, дадоа 240.000 евра. Еејј, 240.000 евра, па зошто да не земам и јас? Да земам толку пари, јас во чиста македонска населба ќе си купам куќа на три ката. Па еве соседите земаа добри пари, а живееја овдека во шупи“. Прво, зошто ми се жали на албанизација и дека Македонија личи на Косово, кога истиот тој е продаденко и едвај чека да го понудат да му ја купат куќата? Зошто чесен и вреден народ живее во шупи? Нели е тоа чудно? Ако си вреден, и ако водиш сметка како трошиш, нема да останеш цел век во шупа? И потоа човекот ми објаснува како тоа Бугарија сите ќе ја бараме, добра била, синот и ќерката имале бугарски пасоши, сега и зетот чекал бугарски пасош? И Бугари во Устав требало да внесеме. И? Па од оваквите ни се случија немири во 1995 за факултет, во 1998 година за знамето, во 2001 војната, во 2015 Диво насеље и сите други инциденти, а богами и Бугари во Устав сега ни бараат. Ова не го прави ни Србин, ни Црногорец, ни Бошњак, ни Хрват, Бугарин, Грк, Албанец ич, само Македонец и затоа состојбата е таква каква што е, државата е таква каква што е.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.187
    Допаѓања:
    39.866
    Пол:
    Машки
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    2.141
    So srekja Oficijalno albanije gi pocna pregovorite
    Treba da ideme so niv i nie!
     
  10. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    2.141
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    8.380
    Пол:
    Женски
    Истите причини поради кои немаше хистерија ниту за пензијата на дедо и на Шеќеринска.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Никој никогаш не рекол дека да прифатиме нешто и веднаш влегуваме, тоа очајниот народ го измислува и се прави удрен како да во ЕУ се влегува за 5 минути. Полека, не е тоа она јавно веце каде плаќаш 20 денари и влегуваш, па дури и таму има ред. Да почнеме преговори рекоа, а не да влегуваме, оти до влез има еден куп поглавја, еве Црна Гора добар дел отвори, па не се буни што не влегла уште, а Македончето кое денеска не го ни спомнаа, дури ни Хрвати, ни Словенци не не спомнаа, абе никој не не спомна, ама како демек прелажани сме биле. Не сме прелажни, 100 пати е кажано реформи и затворање на билатерални прашања. Со реформи сме во минус -10, а во затворање на билатерални прашања до нигде никаде. И потсетете се дека Бугарија имаше серија барања, не само Бугари во Устав, туку и решавање на спорните историски ликови, корекции во учебници, искоренување на јазикот на омразата, запирање на прогон на Бугари(вакви можат во секој момент да најдат, некои што ќе глумат тепани Бугари) итн. Значи 10 години ова нема да го средиме со оглед на менталитетот и темпото со кое работиме, со брзина на полжав. Што правиме што секој ден има се повеќе Македонци со бугарска самосвест, кои земаат пасоши? Тоа ич не е нормално и не се случува никаде на европско тло, со такво темпо. Зошто има потреба да се каже 100 пати за реформите? Нели треба тоа секој нормален народ, држава да го прави?

    Никој нема да се распадне, подели, или не знам што, оти тоа се само утешителни сценарија оти немаме капацитет за милиметар напред. Изјавата на Макрон е метафора, дека мораат да парираат на САД, не да се распаднат во вистинска смисла на зборот. Не ви е чудно што ама баш никој не не спомна? Па немаме пријатели никаде. Вчера една жена ми кажа, преку агенција оделе во Црна Гора, на шетање, цел автобус жени, почнала една да кине од дрво ловорови листови, другите да не се подолу, и тие навалиле, искршиле цело дрво, се чуделе во Црна Гора на таа некултура, а 15 денари се ловоровите листови во маркет, па и не ни оди во секое јадење.

    Вчера отворено прашав една Албанка малку постара од мене, дали во иднина може Македонија да се подели, оти заостанавме. Ми вели, па може, зошто да не, оти ова не е држава, личело веќе на чудовиште, во Албанија доаѓале странци да инвестираат, дури и шеикот, овдека никој не доаѓа. Онака најнормално си кажа мислење жената, не да провоцира.
     
    Последна измена: 15 октомври 2024
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Не се сеќавам искрено што било тогаш? Сакаш да кажеш не се бунат, оти не смеат, партијата ги вработила, па си молчат симпатизери и членови?
     
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.699
    Допаѓања:
    8.380
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што нервозата е партиски селективна.
    Бугарскиот европратеник Џамбаски објави писмо од бабата на Шекеринска: Еве за што се борел нејзиниот покоен сопруг! (ФОТО) – plusinfo.mk

    Пошто слабо си со меморија, еве да те потсетам на богаташите од минатата гарнитура:
    ШЕСТТЕ НАЈБОГАТИ МИНИСТРИ ТЕЖАТ 35 МИЛИОНИ ЕВРА – PEP (scoop.mk)

    А ова е народот:
    Се повеќе се купува стар леб по понсика цена, главна причина економската ситуација » Телевизија MNet HD
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Ама не се зезам јас, сериозно не се сеќавав што било со Шеќеринска. Море и малку ги зеза Џамбаски, јас да сум на негово место ќе извадам листи кои се министри, градоначалници, пратеници се изјасниле како Бугари. И малку е тоа. Ќе им опнам некои даноци на сите што земале пасоши, некои обврски секој месец да се јавуваат во Софија да ги задржат, па нека трошат по патишта, нека билдаат бугарски туризам, глупаци. И новинари ќе им пратам таму, кога ќе доаѓаат да се пријавуваат, нека ги прашуваат дали се Бугари, нека им се смее народ. Секој на кого основни и најсилни атрибути му се лажење, крадење и менување националност од интерес, да, треба да биде мета на подбив.
     
  16. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    15.665
    Пол:
    Машки
    Ти држи место муабетов.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Нема војна, да е да има, па нека ги регрутираат овие нашиве. Штом се Бугари, нека ја бранат мајка Бугарија. Сакаш да се откажеш? Плати некоја јака сума, 10.000-20.000 евра, па да ги видам, на нос да им излезе и пасош и се.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  18. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Дали имаш живеено во населба мешана или живееш?
    Ако е мешана населбата и чим нашите почнале да продаваат куќи таа населба брзо ќе стане од нивните.
    24 години сум живеела во населба кадешто беа чисто Македонци па мешани и на крај да стане место кадешто доминирале они.
    Ете моите родители ко тебе исто се удираа во гради не не продавам јас.
    И што е најтрагично јас ден не седев во таа населба. Каде да седам и со кого ?
    Бевме 4 другарки македонки што се дружевме и надвор во маало искачивме ретко поточно во парк пред зграда само седевме, секогаш накај Центар се движевме.
    Од како се преселив кај дечко ми поточно сега сопругот јас се препородив.
    Така да јас најдобро ги разбирам тие луѓе што продават во такви делови од Скопје.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Мене прва албанска куќа(викендичка) ми е на 13 км од дома. Кај мене никој не продава и две куќи што се продадоа се од Македонци на Македонци(сакале да продадат, понудиле прво роднини). Муабетот ми е, алчност за пари е во прашање, а не дека имале проблеми. Нормално дека ќе зборуваат на нивни јазик меѓу себе. Епа со тоа размислување, нема што да се лутите на крај, еве пола форум со бугарски пасоши, пола форум сте продале имоти и се чудите што друг ја води државата. и што Скопје личи на Тирана и Приштина. Со тоа размислување, човекот ќе си купел куќа на три ката, арно ама не знае дека и таму имаат купено плацеви и ќе си кренат куќи. Кој земал бугарски пасош или има во фамилија со бугарски пасоши, нема што да му пречат сега бугарските барања кои ќе растат, а кој продал куќа на косовари, нема што да се мава во гради, нека живее сега како ќе каже Курти.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Каде пишав дека го продадовме имотот?
    Моите си остана да си живеат таму.
    Јас си се преселив кај сопругот сигурно нема да дојде он кај мене нели ?
    И сето ова што го збориш е благодарение на тие 200.000 државјанства кои беа дадени и го притиснаа Борис Трајковски во тоа време .
    Сега е џабе се што збориме.
    За бугарско државјанство нит имам нит ми треба.
    Нормално кога пишале дека дедо им од 8мо колено имал бугарски корени дека и они сега ќе бараат права.
    Кој ни е крив.
     
    На Tanjamm, monibejbi и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.