1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Сашо Мијалков е тешка исфрустрирана будала!Има Господ и гледа!
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Џули,онака ко шо е,Сашо е Господ кај нас и буквално гледа СЕ!
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Да, кај нас...Меѓутоа има многу посилно од него...И да, секогаш кругот се врти и секој го стигнува казна.
     
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Незнаев каде да го напишам коментаров па ајде тука. Луѓе бе вие мислите дека се кради само од статуите пирамидите и шмизлите? Хах... Никој не ја спомнува според мене најголемата глупост, наплаќањето на најлонските кеси во продавниците... Порано беа без пари, а сега се по 2 денари. Ај барем да донесеа некој книжни кои навистина нема да ја загадуваат околината, но вака ни сервираат приказна дека тие се штетни за околината бла бла бла како полиестерот незнам каков бил, триста глупости, ги укинуваат на еден месец - и ги враќаат потполно истите, со ист хемиски состав, но сега по 2 денари. Мене можеби не ми се многу, на друг не, но дали знаете колку дебело се заработи од тоа?! Само пресметајте колку луѓе купуваат на ден и колку кеси употребуваат... Друго со паркингот. Порано улиците си беа слободни кој кај сака да се паркира, сега мораш да платиш за да паркираш на главните улици. И тие пари можеби не се многу, но сумата кога ќе се пресмета...Има уште примери вакви, но што ако ќе ги напишам...Ништо неможам да сменам, тие што се свесни и без тоа се свесни, а тие што не сакаат да го видат тоа... Нема поголем слеп човек од оној кој не сака да види....
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.958
    Падна кров на Интерна Клиника во Тетово врз 3ца студенти од кои една девојка почина.

    ДОдека градиме споменици, млади умираат додека се на Факултет... Им паднал кров врз глава.
     
  6. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Нека почива во мир девојката!

    Покривот пред три години бил сменет,односно дел од покривот бил реновиран или во превод некој лапнал пари за да го среди тоа како што треба.Па добро бе,во Зимбабве ли живееме да си дозволиме таков пропуст,картони ли лепеле тие на покривот?

    Срамота,греота не знам уште како да речам,уште имаат лице да се правдаат дека не биле криви поради јачината на ветерот,јас за малку што не помислив дека не навјасал некој ураган |( Викаат колку пари толку музика што у случајов добивам впечаток дека музика каква таква имало,ама кој ги дрпнал парите не се знае! Факт е дека поради неквалитетната изградба се случи тоа што се случи,ама факт е и дека некој мора да одговара за тоа.

    Еден човечки млад живот згасна,а трагедијата можеше да биде поголема.До каде ли ќе оди човечката алчност? Боже прости им,не знаат што прават...
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Беше некој на маршов за демократија?
    Бреее толку народ да се собереше за штрајк кога ни ги качуваат сметките...
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    http://www.youtube.com/watch?v=urf1O1fsC7Y

    Секој ученик кој нема да покаже задоволителни резултати на училиште, родителите негови ќе платат казна (најверојатно стандардната тарифа од 50 евра). Согласно со законот на Република Македонија. Знаете, сите треба да сме одлични, оти куп работа не чека, со плата од 50 000. Државава ни нуди прекрасна иднина, сите да бидеме министри.
     
  9. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Јееееееееј. Имам роднина што е професорка, па ќе и' кажам да шиба кецови, да се опариме малце, бизнис да направиме. Иначе, ова би требало да е "мени" за оцените, не ми е логично за сите подолу од 5-ка да е 50 евра:

    петка............................... /
    (five or A in the USA).......... /

    четворка........................... 50 ЕВРА
    (four or B in the USA).......... 50 EURO

    тројка.............................. 100 ЕВРА
    (three or C in the USA)........ 100 EURO

    двојка.............................. 150 ЕВРА
    (two or D in the USA).......... 150 EURO

    единица........................... 200 ЕВРА
    (one or E in the USA).......... 200 EURO

    Tугоооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Нелче, од каде таа тарифа? Не те сфатив баш најдобро :?:
     
  11. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Лично мој предлог :rofl: :rofl: :rofl:
    Само не знам кај да го пуштам за да го гласаат :lol:
     
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Бидејќи темата за апсењето на Велија е заклучена, сакав овде да споделам едно интервју со проф.д-р Гордан Калајџиев, професор на Правниот факултет по предметот Кривична постапка. Сето она што се трудев да го објаснам во темата за апсењето на Велија, еве го многу убаво објаснето од ПАРТИСКИ НЕОПРЕДЕЛЕН ЕКСПЕРТ!

    ОД ПРОЦЕДУРАТА ПРАВАТ ТЕАТАР
    Деновиве вниманието на јавноста одново го преокупира спектакуларно апсење во најновата епизода од борбата на актуелната власт со криминалот и корупцијата. На ова се фокусирани и експертите, меѓу кои е и д-р Гордан Калајџиев, професор на Правниот факултет во Скопје. „Нема сомнение, вели тој, дека државата има право и обврска да ги гони лицата за кои постојат сомненија за сторени кривични дела. Никој не смее да биде над законот и секој мора да одговара за своите постапки. Но, во држава во која владее правото, државата е должна тоа да го стори во согласност со правните прописи, со почитување на законските процедури и правата на осомничените. Процедурите се тие што ја легитимираат акцијата на власта. Начинот на кој постапуваме со осомничените е огледало на нашата цивилизација. Со почитувањето на правата на осомничените ние ги воздигнуваме правата на секој од нас и ја чуваме општата атмосфера на слобода. Ако државата почне да ги крши процедурите што самата ги востановила, таа не е веќе правна држава, тоа е повик за анархија“.


    Деновиве одново бевме сведоци на спектакуларни апсења. Ги почитува ли полицијата правните прописи и процедури?

    - Со години упорно укажувам дека ваквата практика ги крши Уставот, законите и човековите права. Нашиот Устав и законите, дури и повеќе од меѓународните стандарди изразуваат голема недоверба во полицијата, врз основа на традиционално лошите практики. Имено, за ограничување или за одземање на личната слобода може да одлучи само судот. Полицијата има право да лишува од слобода само тогаш кога случајот е таков што едноставно не може, односно нема време да се дојде до судска одлука. Тоа се ситуации каде што лице е затечено при вршење кривично дело за кое се гони по службена должност или непосредно потоа, кога се уште постои реална опасност од одлагање. Уставот и законите, во таков случај, како исклучок, допуштаат полицијата да апси без судска наредба, бидејќи едноставно нема време за таа да се прибави, а државата мора итно да реагира. Во сите други случаи, полицијата треба прво да го убеди јавниот обвинител, кој е единствен овластен да одлучи дали ќе гони и кого, а тој, пак, од истражниот судија треба да побара, односно да го убеди дека против определено лице постои основано сомнение за сторено кривично дело, за судот да поведе истрага и евентуално лицето да го притвори, ако постојат дополнителни основи за тоа. Ако судијата најде дека тоа е основано,прво ќе нареди приведување на лицето, па откако ќе го сослуша, против него може да поведе истрага и евентуално да го притвори. Тоа значи дека за дела од типот на финансиски криминал и слично, полицијата не може самата да апси, па потоа осомничените да ги приведува во станица или пред истражен судија!


    Дали ова е јасно уредено во правните прописи?

    - Апсолутно. Тоа е убаво објаснето и во учебниците по право и во полициските прирачници. Нашата полиција, сепак, се оглушува и упорно си тера по старата практика. Не само што апси без судска одлука во ситуации каде што тоа прописите не го допуштаат, туку осомничените ги задржува во полиција по правило 24 часа, како да е тоа некое право на полицијата, иако тоа законот го допушта само за строго определени случаи. Тоа се проверка на идентитетот на сторителот, проверка на алибито и нужни полициски истраги допуштени во оние ситуации на затеченост на дело и итност за кои зборувавме понапред, каде што полицијата навистина има нужна потреба да изврши определени проверки и слично. Тоа, како што знаеме, не е случај во последниве настани.
    л Зошто во сите случаи експонирани во медиумите редовно има определување притвор?
    - Притворот, според домашните и меѓународните прописи, е крајна мерка, ултима ратио. Во светот е нормално обвинетите да се бранат од слобода со определена гаранција. Притворот обично се користи за сторители на тешки дела, како убиства, силување и слично, или каде што опасноста од бегство е навистина реална. За економски криминал, за кој навремено се обезбедени докази, гаранцијата е сосема доволна. Нашата практика, спротивно на сите прописи и светски тенденции, масовно посега по притворот, мерка која е тешко да се оправда за лица за кои има претпоставка дека се невини, додека тоа не се докаже во една фер постапка пред судот. Органите на прогонот и судот дури и не се обидуваат да покажат дека основите поради кои законот допушта притвор навистина постојат, туку само ги парафразираат законските прописи. Посебно медиумски експонираните случаи кај нас по дефиниција повлекуваат притвор, што може да се објасни само со пропагандни цели и лажна сериозност во справувањето со криминалот и корупцијата.


    Зошто тогаш полицијата упорно ги крши прописите, како што велите?

    - Реално, нема потреба за тоа. Незаконитите постапки на полицијата со тоа, не само што ги кршат правата на осомничените, туку ги загрозуваат практично и судските процедури што следат и оставаат лоша слика за полицијата и власта во целина. Претпоставувам дека целта е да се демонстрира моќ, решеност во справување со криминалот, но веројатно и да се покаже силата на власта и да се застрашат луѓето. Затоа и непотребното апсење и претресување ноќе, водење на луѓето со лисици, со специјалци со маски и слично. Со тоа непотребно се крши пресумпцијата на невиност, угледот и достоинството на личноста. Што е најчудно, судиите и обвинителите, не само што ја толерираат ваквата незаконска практика, туку и учествуваат во неа, а понекогаш и ја иницираат. Тешко може да се објасни ова. Главната причина е тоа што овие се во дослух и работат по договор, неретко по диктат на полицијата.Целата процедура, на крајот, е само обичен театар.


    Може ли државата да прогласува за криминалци лица, за кои уште нема поведено ниту постапка?

    - Јавните прес-конференции и сличните настапи на претставниците на извршната власт не смеат да одат подалеку од резервирани информации за тоа дека се води истрага и слично, за определени кривични дела, при што мора да се почитува пресумпцијата на невиност на лицето чија вина допрва треба да се утврди во постапка пред судот. Изјави со кои тие се карактеризираат како сторители и криминалци и изнесување на доказите преку медиумите не се само повреда на пресумпцијата на невиност, туку сериозно ја доведуваат во прашање непристрасноста на судот и можноста обвинетите да добијат фер судење. Згора на ова, изнесувањето на доказите е повреда на тајноста на постапката, односно истрагата и сериозно ја загрозува истата. За ова постојат повеќе одлуки на судот за правата на човекот во Стразбур. Во државите кои држат до интегритетот на судските постапки, ова се смета за сериозно дело против правосудството. Кај нас полицијата свесно ги „жртвува“ овие принципи, само за да покаже некаква ефикасност и бескомпромисност во борбата со криминалот. Вистинска ефикасност и професионалност не се докажува со спектакуларни апсења, со прислушувања на секој и секаде, арбитрерни претреси и слично, туку со макотрпно собирање докази во една законита процедура.


    Деновиве бевме сведоци на силен притисок врз судиите. Можеме ли воопшто да зборуваме за независност на судството во Македонија?

    - Независноста на судството никогаш не била во поголема криза. Или барем откако јас се занимавам со оваа проблематика. Последниве случувања на разрешување судии за наводно погрешни одлуки во конкретни случаи се вулгарен притисок на извршната власт врз судиите, непримерен за една европска држава. Ова за мене е пострашно од повредата на процедурите при апсењата, прислушувањата или претресите. Врховниот суд и судскиот совет, наместо да го штитат судството од притисок, станаа алатка за негово инструментализирање. Здружението на судии сега, исто така, е составен дел на овој „тројански коњ“, кој однатре го растура интегритетот на судството. Кулминација на ваквото безобѕирно застрашување на судиите е изјавата на премиерот дека сите судии што ќе пуштат на слобода „докажани криминалци“, ќе бидат разрешени или ќе мора да си поднесат оставка! Вакво нешто нема видено ниту една демократија, барем не во Европа.
    Да не се лажеме, и досега имало притисоци, Македонија никогаш не била некој пример за правна држава, ама ова што се случува деновиве е допирање на дното. Луѓето не разбираат дека не се работи само за некој осомничен или за некој судија, се работи за правната држава! Судот е суд само ако е слободен да суди според законот и без притисоци од извршната или која било друга власт. Ако нема независно судство - нема ни поделба на власта, нема владеење на правото, нема човекови права и слободи, нема демократија! Под привид на борба со криминалот, правната држава се претвора во полициска! Тоа мора да запре. Во суштина, тоа не и одговара ниту на власта, иако на прв поглед може да и донесе определени поени на сметка на таа навидум бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата. Но, порано или подоцна, ќе и се врати.
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.958
    колумна на професорот Венко :clap: (може и во образование да стои, ама ајде тука)



    Писма до дуШевадникот

    Го гледам оној ден господинот министер за образование, на Канал 5+, со каква лежерност продолжува со бламажата на сопствената влада околу измените на Законот на високото образование, па не можам да им поверувам на сопствените уши: на забелешката на новинарката дека универзитетските професори го оквалификувале законот како обид да се разурне автономијата на универзитетот, тој лежерно вели дека им рекол НА ПРОФЕСОРИТЕ (како да станува збор за некаква нижа раса по однос на која власта е натчовек), дека проблемите на универзитетот не можат да се туркаат под тепих и дека тие се согласиле. Со што се согласиле? Можеби се согласиле дека проблеми има, но сигурен сум дека не се согласиле со „решенијата“ што господинот министер ги нуди со законот. На забелешката на новинарката дека повеќето професори се бунеле за „екстерната евалуација“ на професорите (имам впечаток дека јавноста не е добро запознаена со законот, дури и некои новинари), министерот лежерно одговара дека направиле анкета во која најголем дел граѓани се согласиле дека е потребна „екстерна евалуација“ на професорите. И потем ефектно поентира во евтин популистички стил: „На крај крајева“ (баш така, српски), универзитетот постоел за граѓаните, а не тие за него, како и државата.

    Прво, сигурен сум дека и да направиле анкета, половина од граѓаните не го разбрале она „екстерна евалуација“. Па и зошто да го разберат, кога си има убави македонски зборови за тоа – „надворешно оценување“, на пример. Сигурно граѓаните си помислиле на ЕВОЛУЦИЈА на професорите или можеби, на ОВУЛАЦИЈА, па си рекле – Е па ако, и професорите треба да се развиваат и да еволуираат, како што и професорките треба, ако не можат да зачнат, екстерно да овулираат, па ин витро да си добијат дете; зошто да не, и тие се луѓе! Значи, господинот министер треба да знае дека анкетата, дури и да постоела, НЕ Е ПРИМЕРЕНА кон испитаниците: не можеш да влезеш во детска градинка и да ги анкетираш децата дали сметаат дека четирите аргументи за постоењето на бесмртноста на душата кај Платон се ОК или не се. Нашиот образовен просек (познавам партиски активисти од мое маало кои сé уште мислат дека НОТАР е човек што пишува ноти) е далеку под тоа да може да разбере што е тоа „екстерна евалуација“ и тоа на уште непрочитан закон. Барем да биле зборовите на македонски! Второ, образованието треба да биде општонародно, но организацијата на образованието не е популистичка, туку елитна работа. За неговата организација не можат да решаваат граѓаните на референдум, колку тоа да изгледа „демократски“. Ако го прашате просекот какво образование сака, се знае што ќе ви каже – што поедноставно, со што помалку материјал за учење, со што помали „давежи“ од професори, со што помалку испити и што поевтино. Тоа е и нормално да се очекува! Но од Стара Грција наваму, за образованието не решавал обичниот народ – тоа што министерот го продава под мотото „Универзитетот постои за граѓаните, а не обратно“ е обична популистичка финта. Универзитетот постои за граѓаните, но повторно - не за сите! Тој постои само за ТАЛЕНТИРАНИТЕ и за оние што САКААТ да учат, а не за оние што сакаат, по секоја цена, само ДИПЛОМА. Ако така ги поставиме работите, излегува дека добар дел граѓани воопшто не ги интересира макотрпното учење и искачување по скалилата на знаењето, туку простото парче хартија со кое можат да напредуваат понатаму. Така, образованието се сведува на угостителска дејност – професорот станува келнер, студентот гостин со пари во џебот, а овој закон предвидува и таканаречени „трети“, надворешни лица (екстерни евалуатори), кои, како шефови на ресторанот, се тука за гостинот на што поедноставен начин си ја заврши потребата за која дошол во таквиот биртија-универзитет. Јас се радувам што приватните универзитети во Македонија (барем се надевам) – не наседнуваат на овие финти, па на студентот не му продаваат диплома, туку само скапо знаење и скапоцени услови за работа. Така ли е, господине министре?!

    Лутеле се - не лутеле, господине министре, мора да се каже дека во нашето општество, со доаѓањето на оваа власт почна еден чуден процес на стигматизација на определени професии, наводно „предопределени“ за корупција и извршување самоволија. Интересно е дека меѓу првите професии кои ги стекнаа овие целосно незаслужени епитети од власта беа – токму професорите (покрај цариниците). И, се разбира, лекарите. Зошто токму тие осамнаа први на огромните билборди на кои се осудуваше примањето мито? Дотогаш, како да владееше еден друг стереотип кај народот – „омилена“ цел беа политичарите, преку она клише – СИТЕ политичари крадат и лажат. Со доаѓањето на оваа власт, како политичарите да го возвратија ударот. Сега се форсира еден друг погубен стереотип (стереотипите се генерализации, а генерализациите се нужно невистинити: не се сите лебеди бели, иако повеќето се), а тоа е стереотипот – СИТЕ ПРОФЕСОРИ примаат мито. Или СИТЕ ЛЕКАРИ примаат мито и се несовесни. Или НОВИНАРИТЕ се тенденциозни (лажат). Јасно е дека политичарите го возвратија ударот преку такви луѓе каков што е и нашиот министер. Сега ќе треба да им се врати назад.

    Погледнете како се оцрнува не само професорската туку и лекарската професија. Нема ден во медиумите да не се открие некој скандал, и тоа по правило во ДРЖАВНОТО здравство. Салмонелите, менингококите и другите бактерии, демек, не ги напаѓаат приватните клиники. Бактериите се интелигентни и селективни во изборот – а видат приватен капитал, отстапуваат како ѓавол од лук; а видат државно – напаѓаат како термити! Знаат ли камерите за некој немил (дури и смртен) случај во приватните болници? Таму пациентите воопшто не умираат, а лекарите се први роднини на ангелите, херувимите и серафимите? Каква е таа атака врз државниот универзитет, врз државното здравство, врз државното воопшто, во име на ДРЖАВАТА?! Каков е тој слоган „Знаењето е сила, знаењето е моќ“, кога рампата на знаењето не била никогаш спуштена пониско, кога според степенот на знаењето средните училишта станаа основни, факултетите станаа средни училишта, магистерските станаа дипломи, а докторатите веќе не надминуваат ниво на магистериум? Кој е виновен за тоа?!

    Затоа, да сум премиер на оваа држава, сериозно би размислил за нов министер. Ама бидејќи не сум, туку сум обичен државен професор, сакам во оваа колумна на мојот министер да му ја доделам титулата – почесна оставка. Ако сака - нека ја прими, ако не, нека ми ја врати! Без пари ја давам, без пари (мито) си ја земам назад. Образложението за таа моја понуда – во наредниот број. Ред по ред, ќе го прегледам законот, за кој тврдам дека дискриминира, понижува и сигурно ги крши човековите (а не само професорските) права.

    Авторот е универзитетски професор и писател


    Автор: Венко Андоновски
     
    На De-lovely и BoaVista им се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    ^^ Полека но сигурно власта сака да ги уништи државните факултети, посебно универзитетот Кирил и Методиј. Се водат по познатата мисла ,, Раздели, па владеј,,. Па не за џабе министерот неколку пати нагласуваше дека најдобар универзитет во Македонија е ФОН, па и Европски. Зошто? Па најголемите спонзорства им се од таму - Бојо и Фијат. А плус тоа, ова сега што се случува со назначувањето на амбасадори кои немаат искуство и туку така зеле диплома од некој приватен факултет им е мотив плус да го уништат државниот универзитет, каде и неможе туку така да се земаат дипломи.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве нешто тазе. Прв пат слушам некој да протестира против тие што протестираат. Ова е бетер парадоксално од парадоксот на Диоген :fubar: И прв пат слушам да се протестира против опозицијата, која нема апсолутно никаква моќ во државава веќе 4 години.

    http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=132918
     
    На KuklickaSk и BoaVista им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Вакви глупости можат да им паднат на ум само на овие од власта :lol:
    Али видена тактика им е ова, не пали кај народот веќе. Кога протестираа стечајците се појавија владините ,,жртви на транзицијата,, да протестираат пред СДСМ. Кога протестираа студентите од градежен против Скопје 2014, младите вмровчиња не само што протестираа против нив туку и тепаа студенти на плоштад.
    Јас ова го толкувам како ЖАЛОСЕН ОБИД НА ВЛАСТА ДА СИ ГО ПОВРАТИ РЕЈТИНГОТ. Но за жал како и многу пати до сега и овој пат власта ја избира погрешната тактика. Рејтингот нема да се покачи со вакви смешни потези, рејтингот ќе се покачи ако им излезат во пресрет на тутунарите, лозарите, градинароте, оризарите итн. Али не, на власта и е полесно да организира некои смешни протестчиња и да се заканува дека ќе им ги укине и субвенциите на земјоделците ако продлжеле да протестираат.
     
    На Phyramide, tanja6 и Offspring им се допаѓа ова.
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Абе му е гајле нив за народот. Додека и едните и другите си ги топлеја задниците дома, си славеја Божиќ, овие надвор смрзнуваа на она маглана. Ама нејсе тие не го прават тоа од што имаат мака, тоа го прават оти така сакаат. Знаете колку е фино да се стои надвор на блокади на - 10, барајќи го она за што цело лето си црнчел по нивите, додека тие се брцкале во некое море така скромно. Или пак кога некој така од инает ќе рече што не му ги врателе парите од лани што му го, пазете НАТПЛАТИЛЕ тутунот.

    Оф лелееееее муко. Како да не се нервираш кога некој, што удобно си седи во фотеља коментира за некој кој не знае како е да си седнеш на задникот. Ама тоа е тоа... човек на човека е волк. И овие маливе, ситниве што сме, за никаде и ние. Ко овци не тераат како сакаат.

    А ние кутрите ќе молчиме, ќе седиме со наведната глава или ќе бистриме политики по биртиите, додека не не удрат, онака ноншалантно, без причина, па и ние ќе излеземе да протестираме. И дај барем зошто ни се куќи, уште од сега да се преселиме надвор, да си завземеме чергарски живот. И онака тоа е иднината што ни се смешка. Да се испонаредиме сите ко за ПОЧАСНА СТРЕЛБА.

    И ќе видиш, ќе невидиш, ќе извадиш партиска книшка и ќе одиш да се тепаш да се биеш, а и сам не знаеш зошто. Со свои камења се толчиме по глава, а најтрагично не разбираме дека е тоа така. Туку фати се ко слеп за стап и држ се, оти ако не се додржиш, спремај шаторот за кампување и на блокади.

    Иронично, поиронично не може да биди. Каква Аланис Морисет, знаете каква јас песна можам да ви напишам за ова. :!:
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    http://www.prespasky.com/index.php?opti ... &Itemid=54
    Независна новинарска агенција објавува

    IRI: ВМРО ДПМНЕ пред најтежок пораз во историјата

    ПОНЕДЕЛНИК, 17 ЈАНУАРИ 2011 08:41 НАПИШАНО ОД PRESPASKY
    ВМРО ДПМНЕ може да згасне како политичка партија доколку се остварат прогнозите на десничарскиот институт ИРИ, каде што според последната анкета, а по нарачка на про-вмровска организација, над 60% од граѓаните се плашеле да одговорат за која политичка партија ќе гласаат.

    Што би се случило доколку овие граѓани својот глас го дадат за СДСМ на пример. Дали тоа значи дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги загуби изборите со 6:1?

    Според анкетата која требаше да биде објавена на почетокот на јануари, а Преспа Скај речиси во неколку наврати известуваше, неразбирливо беше одложена дури за денес ВМРО ДПМНЕ има досега најголем пад на рејтингот, а доколку продолжи со оваа тенденција, оваа политичка партија уште во јуни може да се поздрави со второто место кое би му го зазела ДУИ.

    Груевски пак со до сега најнизок рејтинг, и голема одвратност кај граѓаните спрема ликот и делото на македонскиот премиер и неговите калкутантски проекти.

    Што би се случило на следните избори? Што ако граѓаните не се плашат и јавно проговорат за која ќе гласаат политичка партија? Дали и понатаму ВМРО ДПМНЕ би водела со десет проценти разлика повеќе од СДСМ, или тогаш би се прикажал вистинскиот резултат каде што владеачката партија слободно може да се збогува со власта во наредните десетина години.

    Денеска ќе биде објавена и официјално анкетата спроведена во декември 2010 од американскиот институт ИРИ, каде што последно во 08.2010 имаше ВМРО ДПМНЕ 26, а СДСМ 15% рејтинг.


    Но она што е најчудно е фактот што Сител објавува дијаметрално спротивни информации :lol: :fubar:
    Демек растел рејтингот на Груевски и Владата. Е од овие нашминкани анкети на ВМРО :puke: :puke: :puke:
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Сега гледав на вестите, се собрале стечајците и тутунарите пред сообрание на протест, а пак, вмровци се собрале и протестираат против Бранко. Е ајде де, што има врска Бранко со ова? Абе да умре човек од смеа :rofl: :rofl: Ако сакаш да знаеш до каде оди човековата глупавост, прашај ги оние што протестираат против Бранко кој пак ќе кажам, нема апсолутно никаква власт во државава :rofl: :rofl:
     
    На Queen.S и BoaVista им се допаѓа ова.
  20. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Боливија не призна под уставно име :)

    Придонесовме ( легално ) да жвакаат листови - па, не признаа :D

    Ако, Зимбабве, па Боливија .. 131 држава не признала .. Напредуваме ! :)