била напдната кога се враќала од митинг од прилеп така слушнав јас а и не ме чуди ништо од вмровците секакви будали има таму
Незнам како можете да да оправдувате напад, било каков и над било кој. Колку сакате скокајте, факт е дека Грујо со своите говори на омраза индиректно влијае на ваквите случувања. Прво напад над екипа на А1, па напад над мајката на Ване Цветанов, сега напад на Шеќеринска. Како и да вртиш, премиерот игра опасна игра, свесно или несвесно. Што не слушнавме некаде да е нападната екипа на Сител или Канал 5? Тоа јасно покажува дека членовите и симпатизерите на опозицијата се далеку покултурни од оние на власта. И немојте да ми кажете дека секој случај е исцениран, зошто имавте доказ видеоснимка како членови на ДПМНЕ дивеат низ улиците!
Па и оној страсен љубител на СДСМ ако е така спиел врз нечиј труп толку време, откако го убил, ама никој од нас не зема да коментира дека политиката на БЦ и неговите коментари, или посебно на Заев „ќе јадеме луѓе“ го испровоцирала да овој стане убиец. Не знам, освен ако има снимка како овие влегуваат во домот на Грујо или разговорот како Грујо им вели нападнете ја Шеќерка па да речеме да така е. Членството тешко можеш да го контролираш. И на фудбалски натпревари не се контролираат луѓето, ене ти ги пример Шпанците што значи, Барса држат говори на омраза и ги потикнуваат да вандализираат се живо и диво и кај нив ова не е прв пат. Да не зборам за други.
Не онаа политика БЦ е крив ја трансферираат во политика на левицава контра десницава, они сеа спаднаа на ниво на Грујо и сега они одат на таа карта Грујо е крив за се. Па социјална помош ради кафе укинале. Нападнале екипа на А1, еве Шеќерка што ли друго.
Не дај Боже човек да замавме за да избрка мува, а во близина да има некој од СДСМ. Значи филмаџии се до даска.
Жапче се декларираш како неутрална, а многу лесно заземаш страна, и најчесто една иста. Али тоа и не е толку битно, твое право секако Само ме интересира дали како новинар(поранешен) оправдуваш напад над телевизиска екипа. Дали ти како граѓанин на оваа држава оправдуваш напад на друг граѓанин? Дали ти како млад човек оправдуваш дивеење по улиците и крајно вандалистичко однесување на членови на ДПМНЕ, оние од снимката што кинат плакати и уринираат врз нив? И за крај споредбата ти е повеќе од банална, стави си го прстот на глава и размисли малку! Зошто? Затоа што убиецот кој го поврзувате со Бранко веќе е зад решетки, ќе одговара за она што го сторил, а вандалистите на Грујо се на слобода и мува не ги лази. Плус тоа еден од нив останува член на ОИК и ќе ја регулира регуларноста на изборите. А и самата споредба нема везе, не излегол Бранко на митинг да повикува на масовни убиства, па ај да речеме некој фанатик го послушал. А Груевски неколку пати досега излегуваше со став дека треба да направи крајна пресметка со политичките неистомисленици, и просдсмовските медиуми. Ама не, треба на сите членови на опозицијата, не само на СДСМ, да им вградиме по една камера на чело, за да можат да го снимаат сето она што се прави во државата. Ама за жал и на снимки и на докази, никој не одговара. А одредени феминки дури и за снимките наоѓаа оправдувања. И да, можеби требаше во било кој инциденти до сега некој да настрада, за да се сфати сериозно ситуацијата! А кај нас обично така бива!
велите дека груевски нема шанси нешто такво д анаправи, па не мора да е грувески туку некои обицни вмровци што им ветиле работа на пример и се плашат дека ќе изгубат за и ајде ќе се одмаздуваме така одат тие работи, а инаку груевски и неговата компанија и на дуел не се појавија пред избори па и со тоа придонесија да добијат помалку гласови, затоа што тоа е од големо значење а може пак и уште подобро направија затоа што ако дојдеа уште повеќе ќе се изглупираа.
Знаеш убава е таа стратегија оцрни некого, као му го уриваш кредибилитетот па ајде на дискусија . „Ставот“ дека она за кое ти тврдиш дека е виновен Груевски, а за кое јас ти велам не ти држи вода...Боа аман бре, не е завземање страна! За мене е жива смешка кога партиите се трудат и за ветрот што ќе дувне во нив и ќе им го однесе шеширот да ја обвинат другата. Мене ми се смешни Боа, бидејќи избори имам поинаква замисла како треба да бидат, поинакви работи треба да ми се во фокус, ама ова ми е веќе траги-комично и не само од твоиве кои планираш да ги гласаш (и пардон и јас се решив за кого ќе гласам, и јас се обоив на некој начин. Да нема збунки... само ќе е трета опција бе Боа) А, инаку и Скорпионка исто мисли дека сум од кај вас. Ама Боа бе, разграничи период вон избори кога е сосем нормално да и се настрвиш на владата и да ја критикуваш и период на избори, кога е прашање кој ќе победи..... па тука нема настрвување само на влада има и на опозиција, кога не е твоја опција за гласање. А, тука сите сте опозиционери, бројни сте, со кого да се борам од владава, со малите деца од пред некој ден ли за она владата што направила. Противници во избори.. т.е мета за критика во ова врема на секој кој планира да гласа за трета опција, бидејќи постои бе Боа сте и вие. Сините бе Боа. Знаеш кога јас ќе станам ВМРО, кога ќе ти речам како некој фанатик кој успешно ќе се труди да ги одбрани боите на својата партија, „Зајко е крив, за убиецот од редовите на СДСМ, тој рече ќе јадеме живи луѓе !“, ама овој среќа не стасал до таму. Само малку го убил и го закопал под своето креветче да спие врз него. ама Боа бе, сега ми текна, убаво ме потсети ти, во право си ВМРО се озбилно се вандали, ептем ги има такви кај нив и општопознати се како што велиш има снимки од нив на секаде... убаво си велиш ама уште поопасно ми е и страв ми е за сите новинари на Сител сега и Канал 5, за сите од Вечер, Дневник, за девојчињава што жустро ги бранеа ВМРО и сите активисти и симпатизери на ВМРО ми е страв, за маалскиве мисири вмро-овски... затоа што Боа, кај вас во редовите имало страшни скриени таленти бе овој е само еден откриен, а колку неразрешени случаи има, колку исчезнати луѓе, деца аааааааааа што ако има уште многу такви како господинов спијач врз труп, а ние не сме ги знаеле. Како ние другите што не сме СДСМ ќе ги знаеме овие кои гласале секои избори за СДСМ, оделе на митинзи на СДСМ, биле тивки како што бил тивок и Хитлер бре, се сликале со БЦ и останатите, сите во комшии ги знаат како мирни, добри, одлични... ене и оној сите таков го знаеа А види го како си спиел мирно секоја вечер и си одел дури и на митинзи во меѓувреме, си чатал на фејсбук си се пуштал на девојчиња веројатно. И убаво велиш, од ВМРО се’ се познати, ги има на снимки и овие ваљда ќе се откријат, ама како да се браниш од оние бе скриени таленти Боа тивките СДСМ-овци убијци и спијачи на труп, а силувачи колку ќе се изродат зашто ќе сакаат да го достигнат својот пастир да успеат да стигнат секаде ?!? Може некој ко овој убиецот од СДСм и мене ќе ме нападне ако чита сега Фемина и ве чита вас како ми велите сум СДСМ. Ау КОЛКУ ЛИ ЛУЃЕ ОД ВМРО ЌЕ БИДАТ ИЗЕДЕНИ ЗАРАДИ ИЗЈАВАТА НА ЗАЈКО ВО ЗЕМЈАВА?!? Ќе има ли сега во Македонија ханибали, кои на фејсбук ќе редат слики од Лектор ханибал?!? Во вашите редови ете се покажа дека имало и такви луди манијаци бре. Јас знам какви се ВМРО вистина се изнагледав и изнаслушав се за нив, дури мислев овие од СДСМ се поинтелегентни некако, ама то и во вас бе се криели мостри. Да не ти се верува што ја снајде земјава. Еве Боа, арно ме потсети, си го ставив прстот на глава. Тешко на сите оние кои како мене ќе си го стават и нема да знаат што да прават понатаму кога имаме две партии во државава, огрномни партии кои никако да ерозираат до тој степен да сите вандали и убијци исчезнат од кај нив и нивните лидери поттикнувачи на вандалство, реваншизам, јадење живи луѓе, опнување туѓи жени исчезнат од земјава и конечно во политиката да дојдат луѓе кои ќе знаат како со се, ќе знаат што е кодекс на однесување, ќе знаат како да организираат изборна програма, настапи, говор и нема да водат кампањи какви што водат. За настанов инаку, воопшто не ги оправдувам, а напротив ваквите работи се преголем минус за земја која што љуби да се нарекува демократска. Сите овие работи Боа влегуваат во еден единствен извештај со кој не претставуваат пред ЕУ и поради кој не делкаат. Се радував што нема кршење на штабови до толку како порано што беше. Ама тоа главно го правеа партиите од албанскиот блок. Жалното е што сега тие убаво играат како вистински демократи на овие избори. А, ние се покажуваме како вандали, атентатори, убијци. А, во државава има министерка, па ако не се откријат сторителите, повикајте ја на одговорност, како и Груевски. За тоа да, ќе ве поддржам.
Добро сега и вие претеравте малку. Боа, до сега се согласував со скоро секој твој пост што беше упатен за критикување на власта, ама ова не држи вода. Па има милион изреволтирани Вмровчиња таму, да не речам селанчиња, ете ја нападнале Шеќеринска. Па што е крив тука Грујо? Нема смисла, досега го критикувавме Грујо дека за се го обвинува Бранко, а сега ти истото го правиш. Во никој случај јас не го оправдувам нападот, ама не мислам дека Грујо е крив за тоа, мислам дај, малку бјективност треба, а гледам ти си определена, иако не го знаев тоа кога порано си дискутиравме во темата „Премиерот на РМ“, мислев дека само си огорчена од постапките на владата. Мислам, во ред е да си определена, ама до толку да заземаш став дека СДСМ се светци, а ВМРО грешници, не е реално. Сите знаеме дека и Бранко не е цвеќе за мирисање.
Цело ова време додека се вмро на власт, слушам изјави од типот - не е грујо крив што се случило ова, она, овде, таму итн... Има изолирани случаи за кои лично тој не е информиран, но генерално гледано, тој е информиран и посредува за се и сешто во Македонија, ако не директно тогаш индиректно преку негови партиски војници, гзолижачи...Пред 2 години лично груевски му се јави на телефон на директорот на ЈСП Скопје и му одреди кои возачи на автобуси треба да бидат примени, а кој не...Инаку беше распишан конкурс за вработување на возачи на градски автобуси во ЈСП..Ова е само еден пример од милионите случаи за кои се "изолирани" или грујо "нема ингеренција" за нив.
А не ти кажа директорот како ја добил директорската фотељата ???? Веројатно - си конкурирал ... јас паа
Жапче иако во неколку наврати во твојот пост ме боиш како сина, да ти ги разрешам дилемите и да ти кажам дека јас членска книшка немам, па оттука ниту се сметам за сина, ниту за црвена, ни жолта а богами ниту сум зелена. Само незнам зошто не ме обои во боите на Обединети или Достоинство на пример, зошто ете по некоја случајност и тие се во опозиција. Е сега, книшка немам, а тоа колку што знам не ме спречува да имам став. Јас уште многу пред изборите пишував дека не сум задоволна од начинот на кој владее оваа гарнитура и се имам изјаснето што посебно ми боде во очи. А ако тоа ме прави сина, ок сина сум, ама по таа логика излегува дека е сина пола Македонија. Мање битно, не сум тука за да расправам нечија партиска определеност или неопределеност, тука да си напишам став Мајгрл, јас никаде не напишав дека Грујо ја нападнал Шеќеринска и дека Грујо е крив за се. Еве според мене за што е крив Грујо- крив е Мајгрл што иако моментално тој сеуште е премиер, а Јанкуловска сеуште е министер, а никаде не слушнав да рече дека го осудува нападот(па и да не е вистина што никогаш не можеш да знаеш) нивна должност е да се грижат за сигурноста на граѓаните. Ама не, младите вмровци кои дивееа по улиците ќе поминат неказнети, а останатите вмровци ќе ги поздравуваат по фејсбук со статуси и поздрави до храбрите мочковци, а Грујо ниеднаш не излезе да каже дека го осудува вандалското однесување, па и нека не ги казни, ама да ги осудеше јавно барем, утре можеби ќе го ставеа прстот на главата пред да направат нешто друго. Грујо ќе си гостува во емисија кај Јанко и наместо да го осуди нападот над Шеќеринска ќе си дава претпоставки дека нападот е измислен итн итн. Па и да е измислен, молчи си, ти си премиер, кажи си дека ќе почекаш да видиш, полицијата да го расчисти случајот, па нека дискутира после врз аргументи. А он јасно и гласно си кажа дека него му мирисало на измислен случај. Па стој бре малку, иако сме во предизборна кампања, не може се и сешто да се користи за кампањата. Рада се изјасни дека случајот е пријавен во полиција, дали премиерот знае дека со тоа што тој јавно кажува дека случајот е измислен, по неговата логика Рада треба да одговара за кр. дело - лажно пријавување?!? Дали случајот е измислен или не меѓу себе може да се дискутира меѓу народот, зошто народот не е носител на функција и не подлежи на јавна оцена. А премиер, министер, па и опозиционер е богами неможе туку така да нагаѓа дека е измислено.
Обид за напад на Рада лелеее страшно. Им блендирал, возел паралелно со нив, ја мавале со пластични шишиња, не се сеќаваат добро на марката на автомобилот, не виделе кој бил, колку биле, хахахаха, ова ни у шпанска серија го нема. " Забележавте ли кои беа луѓето? - Се беше премногу брзо, а и тој дел на патот мислам дека беше намерно избран, бидејќи е најнеосветлениот, најтемниот дел, по Плетвар, пред влезот во Росоман. Која марка е автомобилот? - Имаме поделени мислења, возачот сметаше дека е „Форд Мондео“, а вториот сведок, дека е некој тип на „Цитроен“, меѓутоа се се случуваше толку брзо и никој од нас не е вежбан на криминални филмови. Можете ли да претпоставите кој стои зад нападот? - Апсолутно не би сакала да шпекулирам и сметам дека е тоа погрешно. Се плашите ли за вашата безбедност? - Меѓутоа ако сум сега сигурна во едно нешто, е дека после 5. јуни ни треба влада која ќе ги прекине ваквите поделби и ваквото владеење со страв, затоа што секогаш кога создавате атмосфера на страв, неколкумина поединци можат да одлучат да си ја земаат нивната правда во свои раце. Јас не се уплашив и убедена сум дека граѓаните на Македонија на 5. јуни ќе покажат дека не се плашат од вакви луѓе. Извор А1 (ти благодариме што на крај ни ја разјасни ситуацијата, крајот го краси делото , мислам дека иако беше наместен нападот како реклама, имаше ефект ) Се гледа дека сите овие т.н. напади се исценирани од самите себе да не кажам од партијата која е демек нападната за да се создадаваат континуирани тензии баш непосредно пред избори. Многу се прозирни. И ова ли ќе му го препишат на Грујо, оффф хихихихи, само бараат дежурен виновник, смешни се и патетични. Денес времево како да сака да врне, Грујо ќе биде крив ако заврне, подобро да му рече на дождот дека пред избори никакво врнење, па после нека истури после 5-ти јуни.