Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе Валери од издржување од страна на родителите преминала да ја издржува сопругот , ама не секој маж впрочем повеќето немаат доволно да издржуваат семејство , затоа на неа не и е јасно како тоа некој нема пари да роди деца :drunk:
    Она само си врти како расипана плоча , наталитет, наталитет...
    Јасно е дека е намален , ама барем од мое лично искуство сите чекаат на вработување па да формираат семејства ..
    А па колку знам што откако родија ги напуштија од работа :x

    И ај да ја свртиме паричката доста ударавте на жените , кај повеќето од паровите што ги познавам најчесто машките одолговлекуваат за брак ;)
    И што да им направиме на тие мажи ? Ништо нивно право кога ќе се женат .

    Валерија конкретно решение а ?
    Или само ќе напаѓаш колку не чиниме како нација .

    Јас се кладам дека Валерија е машко :D
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.238
    Допаѓања:
    140.288
    Таксистите мора да знаат англиски.
    Фино би било да се подигне стандардот, ама... ова е типичен пример за народната поговорка „Село гори, баба се чешла“.
     
    На fighter, Silver.E и Dvolicen им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Контра колумна :

    Постој, Латасе, почекај, да ти кажам два збора…

    Често те гледам како пазаруваш во „Тинекс“, тој во Центар, кај тунелот до НЛБ. Веднаш по вестите во 16 часот, доаѓаш овде, го паркираш џипот половина на улица, половина на тротоар, затоа што ретко во 17 часот овде има слободно место за паркинг, пазариш набрзина и си одиш.

    Носиш капа со „стреа“, оние што ги викаат „безбол-капи“, и лицето не може да ти се види, ниту пак ти можеш да видиш нешто од неа. На пример, не можеш да ме видиш мене, иако редовно се среќаваме, а не можеш да ги видиш ниту оние мали деца што редовно просат овде. Штом некој ќе излезе од „Тинекс“, тие веднаш му се залепуваат и му бараат пет денари. Веднаш до клупата на која седат тие, има еден повозрасен човек, кој ги чува. На крајот, тој им ги зема парите, а тие добиваат некое парче храна од соседната продавница за бели печива, од другата страна на тунелот, во зградата на Градскиот ѕид.

    Нејсе, не дека е ова важно, ама сакам да ти кажам дека не гледаш, Латасе, од таа капата, ниту пак сакаш да видиш. Гледаш право и тоа што се случува околу тебе не го забележуваш. Малку да застанеш, да почекаш, ќе видиш сè, ама, ете, не сакаш.

    Сакам да ти кажам дека ние, поголемиот дел од околината, не пазаруваме во „Тинекс“, ниту во „Веро“, ниту во „Рамстор“, ниту во „Сити мол“. Само ги поминуваме и си разгледуваме. Гледаме во излозите оти, како што ги направија, ептен ни се интересни. Научна фантастика! Знаеш ли зошто само шетаме? Затоа што немаме пари, а мораш да излезеш од дома, да ти се смират „живците“. Најчесто купуваме во помалите маркети и продавници, на пример во „КАМ маркет“, затоа што за две-три работи не се оди во големите, поевтино е, малите продавници имаат тетратка. Купуваме леб и зависи што планираме да јадеме, или млеко, или паштета, или кисело млеко и макарони. Тоа е таа мистериозна храна од која преживуваат Македонците, а да и јајца.

    Зошто е тоа така, да те потсетам, не дека не знаеш, ама, еве, да си кажам.

    Според Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е нешто повеќе од 21 000 денари, а добро знаеме колку Македонци ја земаат таа просечна нето-плата, оти поголемиот дел ја сонуваат. Зошто?! Затоа што откако се појави Законот за минимална плата, која во 2013 година изнесува 8 050 денари, на сите што едвај стигнале некако до плата од 12 000 или до онаа позната премија од 15 000 денари, работодавците им ја намалија на 8 000. Зошто да им даваат повеќе, кога можат помалку? Ете, оттогаш се појави и тој феномен кај македонските работодавци. Со закон даваат помалку. И тоа за тие што работат, а тие што не работат, замисли пак тие колку (не) земаат. Порано било поинаку, ама земјоделие, работа, за храна не трпеле тогаш. Сега ниту од земјоделие не можеш да живееш, оти децата ти бараат и компјутер. Друго време е ова Латасе, не може да се споредува со бабите.

    Затоа, во тој регион за кој зборуваш дека нема мекици по две-три недели, всушност нема мекици со месеци, со години некаде; од минималната плата префрлена на сметка, половината ја враќаат. Земаат од 3 000 до 6 000 денари месечно (за ова се разбира немам докази, оти никој не смее да „муцне“,, па ќе мораш да ми веруваш н збор). И каде има тука простор за „себичност“, за „комодитет“, за „раѓање“? Ако веќе овде сакаш „да се извадиш“ со Албанците, тогаш прошетај се малку во западна Македонија, а потоа во источна. Овој дел на Македонија, каде што претежно е македонско население, нема автопат во 21 век, па види ти сега за каков дел од Македонија зборуваме. Сиромаштија невидена, и дрва нема. Намуртени до бесвест, без живот, заборавиле да се смеат… Оние што се преселиле, под кирија де, да живеат и да работат во Скопје, само тие Скопје го гледаат, другите каде останале – таму застанале.

    Или, ако не ми веруваш на ова, погледни ги вестите од црната хроника: кога си прочитал или си слушнал дека во некое село од источна Македонија крадци ограбиле злато?! Е, во западна Македонија се случува такво нешто… но да не навлегувам сега во златото, правиме муабет за животот, а во денешно време парите живот значат.

    Уште сум кај Истокот: во овие места има и куќи и станови за како што велиш да се прават деца но не дај Боже да ти затреба да заковаш некаде некоја шајка, не можеш маж да најдеш, сите се на работа по Словенија, Италија, Шведска, Америка, Авганистан… тоа се тие најчести земји „од соништата“, а тука е и онаа „фамозна“ Грција, која на лето апсорбира добар дел од македонските млади, но не на одмор, туку на работа.

    И сега доаѓаме до она твое: „Се бега поради себичност и страв да се посветиш некому за да не го загубиш комодитетот. И кола кога имаш, е скапо, ама не се жали за бензин и за зимски гуми. И пушењето кошта бар триста евра годишно, ама се чури без милост. Да ги бројам ли пивата, ракиите, годишните одмори, новите телевизори, парфеми и лакови за нокти, брендираните кондури и џемпери…? Па, за куче да се чува во градските општини се троши колку за бебе и дете до претшколска возраст. А кучиња, во градовите, се чуваат сè повеќе“.

    Не е вистина, се бега од немајкаде…

    Според ССМ, на едно четиричлено семејство му се потребни 32 000 денари за да ги задоволи основните потреби во исхраната, превозот, облеката и во обувките, но и за посета на кино, еднаш во месецот. Кина во провинцијата многу-многу нема, но и со кино и без кино, од потрошувачката кошница, под претпоставка и двајцата во фамилијата да се вработени, не можат да стигнат ни до половина. Пак ќе прашам: каде ти тука броиш цигари, ракии, пива, кафеани…? Значи, зборуваме за основни трошоци за живот, не за луксуз и за пороци.

    Каде го запозна тој што не се жали за скапи гуми и бензин? На плин возат и гуми не менуваат. Што тресеш зелени со пушење, со ракии, со кафеани…? Па, демек ќе ги броиш, тие не се пресметани во потрошувачката кошничка ниту пак во трошоците за живот и се знае кој најмногу ги финансира овие „активности“ на младите. Ама тоа не значи дека имаат пари. Удираш со овие пороци само за да докажеш дека имаш право и дека Македонците, ај што себични, биле и расипани. Кучиња чувале наместо деца, пушеле, пиеле… Ај, па ако треба и нека не јадат, само ти да имаш право. Ама не е така… Македонците не се „расипан“ народ и затоа заминуваат да работат во странство. Тоа ти се вика инстинкт, борба за живот. Порано се селеле кај што има вода, сега се селат каде што има работа. Ако сакаш да ги спречиш, дај им работа.

    Што се однесува до кучињата, да те потсетам, детето не е куче, па му дадеш една паштета и тоа да си врти со опашката околу тебе цел ден. Каква ти е таа споредба? Кого навредуваш – децата или кучињата? А ако се чуваше детето во такви услови во какви што се чува куче, тоа не ти се вика живот, туку „кучешки живот“.

    И, за крај, кога веќе завршивме со раѓањето, со комодитетот и со кучињата, да ти кажам нешто и за оние „себичните“ што се иселуваат?

    Сигурно си видел низ град некогаш, ако ти паднала капата случајно, двајца возрасни, маж и жена, како одат сами, најверојатно во болница, на пазар, понекогаш и сам по сам. Има многу такви примери. Ќе ги познаеш по темнината на лицето. Некои може да ги сретнеш и на Клинички. Лежат таму со денови, нема кој да ги земе.

    Знаеш ли зошто се такви? Затоа што децата што ги родиле и израснале не им се тука. Појди на аеродром, Латасе, и погледни кога оди авионот за Белград, кога полетува авион за Цирих и погледни колку плачат, сите плачат, Латасе, не толку затоа што се разделуваат, затоа плачат мајките и татковците, тие што заминуваат плачат затоа што знаат каде одат. Појди, Латасе, погледни ги солзите на Македонците, Македонци се тоа, твој народ, плачат оти одат да живеат далеку, каде што се сами, каде што немаат ни куќа, ни тој твој т.н. комодитет, ниту пак имаат деца, ништо немаат. Три генерации се жртвуваат за една од нив да може да живее нормално, и тоа пак не е дома, пак е живот во „гето“. Заробени засекогаш во една мала средина, изолирани како туѓинци, наспроти сите можности што им се нудат, кучешки живот живеат а кога се враќаат овде, плаќаат долгови, и по продавници, и сметки за ЕВН, и телефони, и за МТВ…

    Ама пак одат, знаеш ли зошто? Не за комодитет, одат затоа што е полесно да се живее како „куче“ во друга држава, отколку да живееш како „куче“ во сопствената. Тоа им е туѓа земја и туѓ народ, но не е толку тешко да се прифати да те мразат и да те искористуваат како туѓинец затоа што таму тоа навистина и си, ама кога во сопствената земја ти го прават истото и кога на крајот некој со џип, безбол-капа, плата неколку пати поголема од просечната и со рид во Зелениково ќе ти рече „Скрати си малку од комодитетот“, е, тоа, Латасе, не се трпи. Е, тоа боли многу повеќе отколку во туѓа држава да ти го речат и најгрдото нешто што може кој било човек да го рече. Ама тебе не ти гајле, ти си зборуваш и си велиш, и дали некого ќе погодиш, ама ич не те интересира… свој народ повредуваш, Латасе. Наместо да речеш на тие 35 % невработени што уште од утре би можеле да работат да им дадат работа, на сите што се пријавени во Агенцијата за вработување и што реално бараат да им се даде работа, да се намалат тие 30 % на 15%, ќе видиш како ќе почнат мекиците, оти не сме ние народ како Данците и како Швеѓаните. Кој е тој што не сака да има фамилија, бе Латасе, кој? Пример, со име и со презиме?! Нема таков, ти гарантирам. Ама ако нема работа, се чувствува к’о половина човек, ма ни како човек не се чувствува. А нема ни капа да си го покрие лицето да не го гледаат…

    И, да ти кажам, ако те интересира де, и за законот за мајки со три деца… не е тоа помош, Латасе, тоа е уценување, а ниту една пара не е доволна за да родиш дете што знаеш дека можеш да го чуваш само како „куче“, ништо да не ти бара ни за роденден ни за 5-ка во училиште, ни сладолед, ни велосипед, ништо, да го гледаш само како ќе се мачи, како ќе јаде секој ден макарони или паштета.

    Знам што ќе речеш по ова, „Ама ти ова-она, од ваму-од таму, де СДСМ, де ВМРО“… знам… јас многу добро знам, само што проблемот е во тоа што, што и да се каже, џабе е, јас и ти можеме да „плукаме“ до бесвест и „да се удавиме во своите плунки“, ама тоа нема да им помогне на Македонците. А кој од политичарите најмногу им помогнал досега…? Ех, да имало такви навистина, во овие 22 години независност, ниту јас ниту ти немаше да го пишуваме ова што го напишавме.

    П. С. Ако со нешто те навредив, однапред ти се извинувам.

    Пишува: Анета Василева
    Извор http://brif.mk/?p=105732

    И Латасе, не е пеесет туку пеДесет, или глумиш фраер.
     
    На Hipster, fighter, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Мое ниво на култура? Зарем човек треба да кажува наивни работи, да изиграва мила личност која што живее во илузија за да биде етикетирана како културна? Во што си ти покултурна од мене? Зошто секој пост го сфаќаш лично? Јас никаде не кажав дека ТИ си таква или онаква.


    Личност како мене не може да си го мрази својот народ, туку е разочарана од својот народ. Огромна е разликата.

    Не, оваа влада не ја интересира само собирање гласови. Те молам немој со ниско интелегентни мислења. Оваа влада е свесна дека биолошки изумираме , а покрај невработеноста има многу работи што смрдат кај овој народ не е само тоа. Себичност, алчност, несериозност е поголем проблем од било што. Имаш еден куп теми на овој форум каде што сите први летаат да се пофалат какво парче гардероба си купиле, каде биле на одмор, што куче чуваат, каков мобилен имаат, што цигари пушат. Теми што се од суштинско значење на овој народ, младина, дух имаат едвај по 10 страни, а тие теми каде што сите се опседнати со својот изглед и парчиња гардероба ( притоа тврдат дека не ги интересира друг што мисли за нив) имаат по 2,000 страни. Овде не гледам дека теми за семејство и деца се приоритетни, туку напротив последни.


    Сакаш да ми кажеш дека градови како Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Велес и многу други немаат патна, канализациона, здравствена, образовна инфраструктура, па затоа немаат наталитет? Која глупост е ако така мислиш. Немој со детски муабети жити се. Во било кој град да прошеташ во Македонија девојките се како од писти симнати, а ти збориш за цистерни бањање. Те молам со ниски страсти немој. Тогаш што е проблемот со Водно? Колку деца и училишта има таму? Колку деца се раѓаат на Водно секоја година?
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Чекај, чекај, стоп, кочи, застани... Ти сериозно Водно го мериш со другиве градови??? :rofl: :rofl: :rofl: Знаеш кои луѓе од државава претежно живеат на Водно или слабо таа математика... :D

    Не, досега мислев дека си нереална ама после ова мислам дека имаш бујна имагинација. ;)
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Греота за тие деца кои се родени само за да бидат статистичка бројка, тие жени кои раѓаат само за да исполнат некаква си кауза немаат право ни да се нарекуваат мајки, тие за мене се монструми. :puke:

    Валерија цело време вика дека е Македонка ама малку сомнителен и е начинот на изразување :!:

     
    На tessie, Hipster, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Контра колумна на глупости. Дали сите во Франција, Германија, Шведска, Данска се богати и мулти милионери? Очигледно премногу идеализирате некои работи.

    Зошто јас летно време неможев 5 месеци да резервирам за одмор и тоа одев дури преку други градови агенции? Зошто бутиците во Сити Мол, Рамстор не се затвораат ако сите гледаат во излози, туку еден куп излегуваат таму со купени парчиња гардероба? Зошто сите дискотеки, кафичи, кафани се полни грч цел ден, зошто секој втор има iphone , samsung galaxy, таблети, се возат автомобили од 15,000-20,000 евра? Никој не тврди дека Македонија е Швајцарија, ама не преувеличувајте некои работи. Овде далеку некој дека гладува, далеку некој дека нема што да облече, далеку некој дека нема да се истушира и многу други работи. Срамота е што сте лицемерни.

    Ајде може јас и ти да размениме телефонски броеви и да тргнеме во обиколка да видиме кој колку гладува, кој како е облечен и кој каква кола вози? Може? Што ќе правиш ако те убедувам во спротивното? Ќе добијам извинување?

    Никое дете не е родено за статистичка бројка и една Шиптарка, Турчинка, Босанка или што ти знам јас, многу им е гајле ти дали мислиш е греота или не. Немој да се трипаш дека една просечна Македонка е подобра мајка од една просечна Шиптарка или Турчинка и дека повеќе си ги сака своите деца. Гледаме ние какви деца одгледуваме, а гледаме тие какви одгледуваат. Кај нив не е секое второ дете наркоман, алкохоличар, спонзоруша, препуштено само на себе во животот како што е кај нас праксата.
     
  8. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    ^ Не, само шверцер на се и сешто и криминалец од најразличен вид.
    А, не тоа со гласовите никако, ти верувам. Според твојата логика наскоро цела Европа ќе изумре, зашто две деца во просек по семејство ви се малку. Што ќе правиме ние Македонците сами на континентот Валери? Ќе се колиме со исламистите? :D
     
    На Hipster, Annath, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    А јас пак навистина незнам како можете и ви се воодушевувам на живците со кои постојано и реплицирате и одговарате на Валерија. Јас одамна дигнав раце од темава затоа што буквално на секој пост возвраќа со истата приказна за наталитет и слични глупости. Аман жено како не ти се смачи веќе!

    Или си партиски полтрон, или некој вечен контрач или имаш премногу слободно време. Ама навистина ја оптерети тамава, досадна си, се едни исти муабети вртиш.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Дали тебе истото те прави партиски полтрон на СДСМ само затоа што си против ВМРО? Дали сум досадна или си немоќна да реплицираш? Што е проблемот? Станав и машко, и партиски полтрон, и што ти не знам уште. Јас убаво ти кажувам само зошто МакедонЧЕТО јаде ќотек секој ден и зошто уште повеќе ќе јаде ќотек и како станува малцинство во сопствена држава. Ти ако сакаш прифати го тоа како нормално, ама јас не. Не ми е мене фустан и модни блогови приоритет во животот. Имам ќерка и сакам подобра иднина за неа, а не да живее во шиптарска и муслиманска Македонија.
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Па добро Валерија што е решението ?
    Освен плукање не видов кај тебе никакво конструктивно решение , ајде објасни ни .
    Некој ако не сака деца и милиони да има нема да роди .

    Ама треба да се обезбедат услови за тие што веќе имаат и за младите кои сакаат да оформат семејство .

    Знаеме дека темата ти е омилена па ајде предложи конкретни мерки за да се подобри ситуацијата ;) .
    Јас пак сметам дека поголем проблем ни се младите кои се отселуваат ,не знам колку е точна бројката ама некаде прочитав дека биле околу 230 000 . За мала државичка како нашата и те како битна бројка .
     
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Не можам да одговорам ти што гледаш ама можам да си кажам јас што гледам, имам поголем број на албанци во околината сите до еден се занимаваат со продажба на дрога и пошто не може да брцаш во медот а да не си ги лижеш прстите сите до еден имаат барем по едно дете наркоман во секое семејство.
    За подобри мајки гарантирам дека се Македонките, барем од прва рака што имам информации односно сама што гледам, ако тебе ти е добра мајка таа што тепа дете кое паднало на глава од палавост а има потрес на мозок тогаш во ред добри мајки се овие што ги идеализираш.
     
    На Annath и mimiiiii им се допаѓа ова.
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Валерија,дали ти се сметаш себеси и утре ќерка ти за машина за раѓање деца?
    Да не се изразам несоодветно ама жените не се крави за приплод.
    А,со вакви ставови за раѓање и по секоја цена зголемување на наталитетот знаеш што се добива?
    Деца ,утре возрасни што ќе бидат насилници.Затоа што нема да имаат што да јадат,кај да седат,нема да имаат никаква иднина.А,повеќе од сигурно е дека една жена не може на поголем број деца да им обезбеди соодветно воспитување. Некои не можат ниту на едно.И затоа е подобро да немаат ако така сакаат.Тоа ја покажува нивната свесност.

    Албанците што ти ги доживуваш како дивјаци ,се најчесто луѓе од многудетни фамилии оставени сами на себе,затоа што се одело на што поголем број на деца. Од друга страна има прекрасни луѓе што се Албанци,Турци,Босанци и имаат многу поголеми морални и умствени капацитети од дел од нашите.

    Луѓето стануваат дивјаци и се тепаат само кога се така научени од мали,затоа што се изолирани. Да видиш деца албанци што учат со мене и што учеле во македонски училишта колку се прибрани,фини и колку учат. Наспроти оние што се изолирани,во едно школо,без соодветен наставен кадар,без иднина.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.298
    Допаѓања:
    158.182
    Затоа се повеќе европјани преоѓаат во исламот, да ти отворам тема за размислување. ;)
     
  15. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Што можеме ние да направиме, како да ти помогнеме на маката? Ти реков веќе, за тоа што не ти чини ќе се пожалиш во штаб.
    А ако веќе си убедена дека начинот за да се добие трката за превласт со некои племиња се еден куп пропаднати деца само повели, ама не можеш на другите луѓе при здрав памет да им кажуваш колку деца тие да имаат.
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Валериа, ти уште не сфати дека овде не се работи за никакви симпатии кон одредена партија, туку се разговара за она што ти самата го наметнуваш, наталитет - македонки & албанки.
    Многу интелигентна забелешка. :D

    Жено, ти живееш во илузија.
    Ти ако имаш пари за да резервираш одмор во странство и тоа преку друг град, некој нема да отиде ни на базент. Ако ти излегуваш со куп парчиња од бутици, некој мора да си ги крпи старите, ако со маж ти пиете кафе секој ден на плоштад и оговарате која македонка како се облека, други си пијат кафе дома, ако ти имаш ајфон, таблет или не знам што, некои немаат да платат сметка ниту за фиксен телефон, ако маж ти вози автомобил од 20 илјади евра некој мора секој ден да се вози со автобус или да оди пеш.
    Срамота е што си неинформирана на денешо време со толку извори на информации. Ако ти не си видела никој што гладува, што нема што да облече, да се истушира и многу други работи, навистина ти треба обиколка низ нашава земја. Ама не само по центрите на градовите туку и по селата.
    Ама да те пуштат да обиколуваш со автобуси и пеш, со само пола литро вода за пиење и скромен ладен партиски сендвич, неколку такви обиколки и ти ќе треба да ни се извинуваш нам. До тогаш молчи, не зборувај глупости. Ако си толкав патриот наместо Виена, Барселона, ќе прошеташ по македонските села и градови, особено источна Македонија.
    За ова ти предложив обиколка низ Македонија, ама најди некое другарче од штаб, жал ми е што не би ти правела друштво, јас сум прошетала и видела доволно а и ми се гади од помислата да јадам партиски сендвич.

    Навистина не вредиш за дискусија на било која тема.
    Ај да не навредуваше, до некаде можеби ќе те трпевме, ама со ваков став, подалеку од штаб нема да стигнеш.
    Печена си за реклама за нова кампања-четврто дете, те бива за лажење и извртување на реалноста, нема што.
    Упорно се обидуваш да ја исклучиш едната причина (условите) од другата (наталитетот), што објективно не може, едната е зависна од другата па колку сакаш негирај.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.189
    Допаѓања:
    136.043
    И дојде ден кога за глупава ќе се смета жената која вика дека треба да се раѓа, да се има потомство.
    Дојде ден кога е модерно да имаш едно или ниедно дете, оти поинаку си крава за расплод.
    Дојде ден кога една жена и се смее на друга затоа што сакала да раѓа повеќе.
     
    На glosipgirl и Silver.E им се допаѓа ова.
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Не, туку дојде ден кога човек се бори за гол опстанок, кога нема за себе, нема работа и замисли НЕМА ПАРТИСКА КНИШКА ОД ВМРО и заглавен е во безизлезот кој оние „заслужните“, со книшка, со фотографии како доказ дека биле на протести, дека викале „Уа Бранко!“ (и затоа за награда добиваат работа, па макар да нема работно место, добиваат плата и буквално седат дома!) тие таквите не можат да сфатат. И ним им е партиска задача и пишување по форуми и одење на контрапротести на секој можен протест, и дремење на раскрсници како демек членови на невладина организација, и викање „УА!“ на митинзи кога пастирот ќе рече на пример „Бранко“... Секако, сето тоа снимено како доказ и презентирано во штаб, и секако, со претходно внесено име и презиме на список кај одговорниот на партијата... Обично не се мешам, премногу знам и ми се :puke: , а немам што кому да докажувам, ама ајде бре не претерувајте, не сме сите со испран мозок и марионети на Гујо. Раѓај ако ти се раѓа и 20 деца, види може да ти помогнат со вештачко по 4-5 одеднаш да раѓаш, да не губиш време, ама не им застанувај на мака на девојчињава тука вака надмено и простачки. Едно чудо од нив ги читам по други теми како се борат да се снајдат, не дремат по штабови и не се бламираат, сакаат со своите способности да си обезбедат она што по светов е нормално, учат, полагаат државни и вакви-такви испити за кои се свесни дека се фарса, ама се борат! А ако избегаат од МК тоа ќе биде не затоа што не се патриоти, туку затоа што им е смачено од гуски како тука присутниве Валерија и слични на неа, кои пишуваат за да можат утре кога ова ќе го приложат како доказ да измолзат уште нешто од партијата, зашто нели големи „патриоти“ се :puke: кои проповедаат дека треба да си глуп, глув и слеп и да не им веруваш на очите, туку на она што Гујо го кажува! Па нели, не знаат девојчињава како живеат, треба Гујо (и неговите платеници тука) да им каже дека нив всушност им е многу убаво, ама ете неблагодарни и себични се, и дека всушност, има работа колку сакаш, ама тие се мрзи и не сакаат да работат... Догмата на Гујо „Ми веруваш мене или на своите очи?“ Нормално, за било што да успееш, не смееш да им веруваш на своите очи, ни на своите уши, туку како овца ќе слушаш што кажува пастирот и воодушевено, во транс ќе викаш „Така е!“.
    Ма како не ви е срам веќе од себе не знам! Па јас кога читам колку се борат девојчињава тука, колку од нив гледале и нивните родители како се мачат за да врзат први со први, на памет не би ми било да им кажам дека се разгалени што немаат по едно 5-6 деца до сега!
    И патем, јас имам деца, постара сум од сите тука присутни и знам каква одговорност е да се бориш да изгледаш дете во овие услови! И затоа од такт ме вадат проповедиве тука од некои плиткоумни партиски војничиња.
    А на крај, па ако некој не сака деца да има, ама какво право има било кој друг да го навредува заради тоа?! Луѓе, не да ви е испран мозокот, не да сте забегале, мене страв ме фаќа кога ве читам. :x Вие всушност функционирате како фашисти, така сте програмирани. Фашисти предводени од забеган диктатор... Морници ми идат кога ве читам за што сѐ сте способни, а при тоа здравиот разум ве напуштил... :x
     
    На tessie, lolyta777, fighter и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.189
    Допаѓања:
    136.043
    Мене не ми е јасно како се гледате преку призмата на партијата.
    За вас е под ниво да бидете партиски членови, демек многу сте паметни за тоа. Бидејќи сте најпаметни на свет, добро, ај не у свет, туку у државава, имате право да ги понижувате сите со поинаков став од вас, со основен аргумент - партиски војници. Демек, тие од сдс краделе, затоа можеле да имаат многу деца оти се богати, а вмровки сиромашни ама се чепеле оти Грујо им кажал.
    Супер што има тука мајки, жени кои родиле, и кои правилно ги воспитуваат своите деца, во смисла, нема леб тука, треба да си глуп да успееш, а мајка ти ке седи на форум кажувајки им на глупите дека се глупи, а она најпаметна е.
    Секако пропратно со говор на омраза, со навреди и понижувања. Мене од такви понекогаш ми се повраќа.
    Моите родители се мачеа, да, двајата беа избркани од работа, ама никогаш не ми рекле, сине, треба да си глупа да успееш, и немој да имаш 3-4 деца, оти така ке бидеш партиски послушник. И мајка ми не седеше по форуми ноту гледаше турски серии, туку работеше секаде кај што ке најдеше за денар за леб. Тоа е мајка, не некоја што мрази жени што сакаат да имаат 3 деца.
     
    На glosipgirl и Silver.E им се допаѓа ова.
  20. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Никој не мрази жени што сакаат да имаат 3 деца. Јас лично чуствувам одбивност од тоа да се раѓа само заради зголемување на бројка. Мислам дека да раѓаш деца,за да не не сотрат албанците или некој друг народ е апсурдно и дека е ненормално. Дете се раѓа од љубов и од можност да имаш да му овозможиш пристоен ,нормален живот.

    Мислам дека овде преку идејата за неприродно зголемен наталитет се крие желба за создавање Македонија исклучиво со македонско население. А,тоа е знаеме каква политика и пропаганда. Тоа на светот не му треба. Светот е место на сите и кој каде сака ќе живее,а децата се свето нешто и треба да се учиме на соживот,а со оваква пропаганда нашите деца ќе бидат племе жедно за крв и одмазди и затоа треба да се престане со ова,со време.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.