Za reformi normalno deka e vreme da pocnat najprvo so Veting vo sudstvoto ,prva pojdovna tocka koj so kakov imot raspolaga,koj pravel zloupotreba da ima cistka kako vo Albanija! Ako ne znaat od kade neka vryat kaj Albanija! Da prestane PARTIZACijA da ima merit sistem vo Zdrastvo vo sudstvo koj e strucen Diploma Ekonomija taka se gradi drzava nepismeni politicari! p.S koj ne e spremen ostavka
Никој тука не се праша откако ни кажаа дека смена на име е услов за преговори, колку Македонци оттогаш досега земале бугарски пасоши, за колку ли е зголемена таа бројка? Веројатно се стотици, а можеби и илјадници. Баш ме интересира колку Македонци месечно земаат бугарски пасоши, и сега како изненадени сме, еејјј, Бугари во Устав ни барале. А да тврдиме дека ни било ветено дека еве ќе смениме име и директно влегуваме во ЕУ, е измислица и страшно потценување на Србите и Црногорците кои 10 години преговараат и на сите други. Србите редовно ни помагаат, да не се тие ќе изгори цела Македонија, а Црногорците никогаш ништо лошо не кажале за нас, ама па Македонци си земаат за право да кажат дека еве ние наводно сме имале право по смена на име директно да одиме во ЕУ, демек ние сме нешто привлегирани и поарни од другите, ние малолетни сме, не знаеме дека има скрининг, поглавја, не сам знајала работава. Хрватска, Словенија, нашите екс браќа од бивша СФРЈ? Не ја ни спомнаа Македонија? Па Хрватите во Загреб едногласно изгласаа одлука на Македонците да им се даде локација за изградба на црква, од сите населби да можат да стигаат на местото, добра локација, а нашите Македончиња го претепаа до смрт Денис Тот, и да не опоменеа Хрватите дека ќе го следат случајот, страв ми е да помислам какви казни ќе имаше, оти уште ни саглам судство немаме. Вратете натписи во медиуми „Генерал Мирослав Стојановски ја вознемири Хрватска“, читајте како ние од некадарност ја провоциравме Хрватска, нормално, што има било кој Хрват да се стресува за нас? Што мислење ќе има еден просечен Хрват за нас, кога ќе види женско како го мава Тот со клоци и го убиваат? Ќе каже овие примитивни, насилни, диви луѓе. Деновиве поминав по улици кои се викаат Јане Сандански, Никола Вапцаров, нема ниту една или на целите улици има едвај само една македонска куќа. За улици со српски имиња, каде нема ни ќорав Србин ни Македонец, да не зборам? Во која друга земја има такво нешто и како е тоа ок и нормално? @doll.a извини, погрешно те разбрав, мислев си продала и си се отселила. Моја грешка.
Ај со среќа нека им е https://vocentar.com/рама-за-ројтерс-германија-треба-да/ Еве Германија немала партнер, можда затоа се враќа Мицко среќен?
Zasto vo Anb vo takva znacajna oblast pak se stavaat partiski lugje? Vo vremeto na Gruevski glaven bese Mijalkov? Pak li ke se pravat zloupotrebi? Treba covekot da se smeni posto ne treba fa bide Partiski covek tuku nekoj profesionalex no da ne e naprimer od partija nekoja! Ke prestanat li da gi partizarime instiguaciiite i da reformiraat?
Пак фатиле македонски државјанин кој во Австрија врбувал луѓе за ИСИС. Турција е муслиманска земја со преку 80 милиони луѓе, па не се сеќавам кога последен пат сум прочитала дека Турчин врбувал за ИСИС, спремал или извршил напад. Македонија богами рамо до рамо со Сирија ако споредиш инволвирани со тероризам и ако направиш пресметка по глава на жител. Митко Јанчев зошто дава пари на српски пејачи за Гроздоберот? Максим, зошто на анкетата на Фондацијата за култура и спорт, освен домашните пејачи ги имаше и Карлеуша и некои други српски, да гласаме кој да пее за празникот на градот? Јас гласав за Каролина. Што мора да плаќаме за српски стриптизерки, а нашиве пејачи ќе пеат по селски собири за верски празници. Друго, што е со средбата на Максим со рускиот амбасадор и ветување ќе се учело руски јазик? Дали таа средба е наредба од врвот на ВМРО или е само оддолжување на една членка на партијата на Максим што си соработува со руската амбасада и не така одамна беше во посета на Москва, преку амбасадата секако. Градоначалник мислам дека нема ни ингеренции да одлучува за кои јазици ќе се учат во школо. Па ај ако воведат руски, нека земе општината нека им плати на сите курс по германски јазик. Кадар од партијата на Максим ја прашав дали можеме да пуштиме проект во општината, ми рече малку пари давале, пола само покривале, па ај септември е рокот за аплицирање и како се наближуваше септември, почна ни здраво да не ми вика и ме игнорира кога ќе ме види, а претходно ме персираше, иако е постара од мене. А ич немав намера да аплицирам преку нив, само сакав да видам што ќе ми одговори, а можеби и лажеше, оти се чува да си протурка некои полуписмени пријателки. Освен личен интерес, друго ништо не знаат, ич ништо.
Каков надреализам... онаа несреќа по енергетика - Сања Божиновска, на фб признава дека има бугарски пасош ама не се чувствувала како Бугарка, во коментари вмровци ѝ аплаудираат на искреноста у фазон ,,BRAVOS MINISTERKE SEKOJA CES", а Бугари им се церекаат и ги дупчат. Веќе и имањето бугарски пасош на министри од партија која се декларира како десничарска/патриотска е нормализирано.
Во Молдавија вчера се оддржаа претседателски избори и референдум за промена на уставот со што ќе отворат поглавје со ЕУ. На претседателските избори, Маја Санду (десничарка и про еу) се очекуваше да победи уште во првиот круг, но опозиционерот и про Русија кандидатот изненади кога почнаа да излегуваат резултати, разликата беше помала од 5% во корист на Санду. Иначе анкетите спроведувани претходните недели велеа дека Санду би освоила над 40/45%, а опозиционерот само 9%. Моментално резултатите викат 41% за Санду, 26% за опозиционерот (тешко име има не можам да го запомнам) и двајцата одат во втор круг на 3 ноември. На референдумот кога почнаа да излегуваат резултати разликата беше огромна, над 10% водеше ,,против" и Санду одма излезе рече дека Русија има вмешано прсти. Утрово се будам, разликата беше само 79 гласови во корист на ,,против" и разликата расте во моментов. На вчерашните избори двојна победа за Санду и ЕУ.
Оди објасни се дека немаш заедничка историја со Бугари, кога функционери се пишале Бугари. Оди објасни се дека не е тоа едно исто, кога внук му на Гоце Делчев беше со Максим на емисија, не ни спомна дека е Македонец, не се чувствува така. Зошто внукот на Делчев живее во Бугарија патем? Објасни се дека Вапцаров бил Македонец, кога пишува за Македонија, да, ама книгата „Моторни песни“ е на бугарски јазик. Ајде де, живеел во Пиринска, ок, ама внукот дојде кај Мицкоски, тврди Бугари биле. Скоро сите македонски дејци на Википедија на бугарски јазик се заведени како Бугари. Странец кога чита, ќе сфати дека навистина тоа се Бугари во Македонија, демек еден народ. Марија Пиргова, Македонка од Егејска Македонија пребегана во Бугарија, јавно кажува во Бугарија дека Македонците и Бугарите биле еден народ, па се раздвоиле и жената е навистина убедена во тоа. Оние па во Пустец, се продадоа за едно мерење притисок, до вчера се маваа во гради големи Македонци биле. Пак им мереле притисок, двапати мерење притисок во две години, не е шега, па за 10 години ќе објаснуваат како биле репресирани да се пишат Бугари, морале, притисок им мереле.
Samite Sudii i obviniteli da si biraat strucni lugje koi ke rabotat sovesno,a tie sti zabosavale ttreba da si odgovaraat! Ovvaa vlada ke pravi Reformi ili ke se preslikuvaat edni so drugi koj stavil partisli lugje! Ako treba prav drzavatai reformi nema otstapki od toa!
Па и Македонци тука на форумот маана и најдоа на Хрватска, не била добра по нивните јаки параметри. Имало Непалци, па што ако има? Тие таму се слуги, измеќари на Хрватите за корка леб, не се хрватски државјани и нема да бидат. Ама Хрватите избегале во ЕУ. Да, ама со хрватски пасош, не се пишале Бугари да и не ја довеле во прашање цела историја и постоењето на нацијата. На Хрватите никој не им спори ништо, ниту ги потценува. Хрватите се газди дома, над 90% се во својата држава, а овде баш вчера ми текна на неколку Србинки, чисти Србинки, родени во Србија, донесени како деца во Македонија, откако нивните мајки се премажиле тука за Македонци, сите се пишуваат Македонки, а се чисти Србинки, и така сме ние дојдени на јадни 58% сосе Србинки, Власи, дел од православните Роми итн. Срби има и денес, малку во Книнската краина, ама ако не стане ученик Србин на хрватска химна, ќе го ишамараат и никому ништо, а кај нас е обратно, во Тетово, мајките Македонки испраќаа средношколци во школо и ги чекаа, ги тепале по пат. Хрват може да оди кај сака на територија на Хрватска, нема влакно да му фали, Македонците не, еве колега ми од Тетово не оди во чисти албански села, оти ќе му речеле „абе каур што бараш тука“. И немало да гласаат советниците Македонци за Албанската академија во тие четири општини. Дали ќе гласаат или не, исто му се фаќа, малцинство се, не влијаат на одлуките.
Јашааа Сиљановска Давкова помилува десет осуденици Водачот на „Барон“ осомничен дека неодамна пукаше во Чаир со помилувањето ќе излезе на слобода – Институциите молчат Давкова го помилуваше и Шенол Маслани, брат на Шенки Версаче
@Bratot молам превод за Јашааа? Што ти значи? Нешто како Јухууууу? Утрово пуштив на српскиот канал вести, зборуваа за односите Македонија - Бугарија, за пасошите. Говореше некој експерт Бошњак од Словенија, среќа ги бранеше овие 120.000 продаденковци лажни Бугари. Сиромашни биле. Не се сиромашни со станови во Лисабон, Мадрид, еве Жидас од ТВ не се снимуваше некое време, ама 20 години имал пасош. Јавно објавување на сите Македонци што поседуваат бугарски пасоши.
Овој што го помилувала Гога е осомничен за пукањето во Чаир пред недела дена, ликот бил работно ангажиран надвор од затвор тој период. Инаку во затвор бил ради поседување на нелегално оружје и дрога.Не може некој да ме убеди дека од толку затвореници, баш оваков профил на затвореник заслужува да биде помилуван. За онаа несреќа ,,Двојче" од Битола ми е сфатливо, он е од нивна партија.
Да, така нешто. Владимир Талески Двојче добил помилување само за една година, ќе лежи уште три. Сиљановска Давкова го помилува Владимир Талески, ќе излезе од затвор една година порано
Пример можеше да ја помилува таа жената жртва на семејно насилство (пријавувано) поради кое го убила мажот и', беше кај Ландов во емисија со Катица Јанева кога беше емисијата за Идризово женскиот оддел. Ама не, друг диктира, а столчето е слатко и комфорно.
Мене премногу ме плаши смиреноста на луѓево. Со сдс океј, се пишуваше на велико и само избори, избори се велеше, ќе ги згазиме на избори, уште малку ви иде крајот. Еве дојдоа овие, направија повеќе глупости него гаќи шо сменивме за овие неколку месеци и е многу поштама. Нема квичење за избори, дека се предавници...оти сите што ги гласаа длабоко во себе знаат дека се заебавме на големо. Мицковски мед му тече за Преспански, уште малку и на Бугарите нозе ќе им бацуваат, а предтоа се лупаа во гради за истово. Здравствово само што влегоа го сјебаа за сите пари. Џабе ги испративме ДУИ, другиве од Вреди се исто срање, различно паковање. Којзнае што е следно, ехее тек уште 3 ипол години има време.
Гордана е вазал на албанскиот партнер во Владата, на тие на кои Косово им е татковина. Тие што помилуваат терористи, наркодилери, смееме сатана да ги викаме?