Oдлична дебата на Чомовски сега на Канал 5. Епа фино ни кажува човекот каде ќе заглавиме ако сега заостанеме, тоест заостанавме зад Албанија. Стоиљковиќ па ни кажува дека ЕУ си имала проблеми, се теши, оффф, офф.
Потпишале изјава во Софија дека се Бугари, тие и предците, што секако не е шега, туку сега за Бугарија тоа е доказ дека овдека имало Бугари, овдека ова било бугарско итн. Тие 120.000 Македонци и никој друг извршија бришење на својот идентитет и на цела нација, се оспорија од корен. Нивната лакомост и никој друг отвори триста проблеми. И треба секој ден да се повторува ова. Работите не зависат од мене и од мои лични мислења, зависат од пишани докази, договори, документи итн. И што ја споменувате бројката од 3.500 Бугари на попис како мала? Тоа не е мала бројка. За толку мала земја, тоа е повеќе од едно Вевчани, скоро како Пехчево, значи како еден помал македонски град е тоа.
Џабе релативизираш, немаме соседна држава Марс што ќе не уценува и ќе бара Марсовци во Устав. И во Црна Гора имаше неколку души на претходен попис се пишале Лилипутанци, па ништо. Па ако секој ден менуваш нација, не вредиш ништо, дури не заслужуваш ниту некој глуп одговор на некое глупаво прашање.
Ретко да се сложам со тебе, ама за ова 200% се сложувам. Знаеме дека зимаат со цел за подобар живот, подобар стандард, и општо сѐ да се подобри, но сево ова не го менува фактот дека се пишуваат за Бугари. Не се откажувале од македонскиот идентитет, имале само двојно државјанство, а ништо друго не ги интересира, што тоа уствари значи. Бугарите нека тријат раце слободно.
На оваа планета Македонците не се единствени што имале финансиски проблеми, ама се едни од ретките што се продаваат за пасоши, привилегии, па и гратис крвна слика во Пустец и принтер во општина. И џабе смислувале тажни приказни, се немало леб демек. А за што да се нема леб? Нели 34 години бираме власти? Или тие беа потпросечни или што е тука утнато? Друго, зошто си има канцеларии, посредници што си посредуваат за пасоши и влакно не им фали? Ако имаше институции ќе беа во затвор, а на армиски војник од Паланка посредуваше за пасоши, па и ми се закани лично со Каракачанов ќе сум имала проблеми дека сум пишувала против бугарските пасоши. Што има јас тоа ѓубре опортунистичко да го жалам? Што има јас тоа ѓубре да го ценам и почитувам или било кој за нешто да го смета? И народ што има пари да прави нокти секој месец, да прави свадба која чини како гарсониера во помал град, да пуши по 2 кутии цигари денеска, да дреме по кафичи, секој викенд да затвора ресторани до фајронт, не бе, тој народ не е толку сиромашен, туку е економски неписмен, аздисан, па и неработен, алчен, и ич ама ич не е за жалење. На Фб беше пишано и проституцијата е од економски причини.
Дали некој ќе пуши по 5 кутии цигари, дали ќе ги фрла на улица или ќе ги троше во кафана негов проблем, тој си ги печали и дека сака ќе ги троше
Преместувам овде зошто ептен се оди оф топик во темата каде е започнат овој разговор За жал грешка си за овие работи. И во Македонија почна со 5 ама од Македонија научија па сега со 5 таму прават исто како во Македонија со 15. За жал и црногорците си ги продаваат имотите, а голем дел се и истиснати. Улцин, Тузи и уште многу делови. Само погледни кој им е премиер. Плус двојазични се. Дури и естетски, како што пишуваш, веќе почнуваат да не личат на ништо. Бетонизирано до даска. Таму туризмот е разработен и затоа и релативно добро функционираат превозите, барем во лето. А и тие голем дел се албански. Научија финта сега, ако не можат да навлезат со имот, навлегуваат со фирми за брза пошта, маркет и сл. А албанците дискриминираат многу. Ако некој газда на било што е македонец и се замери со албанец, албанец повеќе не му стапнува кај него. Така да, кога ќе речат дека се дискриминирани веќе не е ни смешно, а луѓето и ЕУ паѓаат на овие работи. И ништо нема да е лошо ако се албанци ако имаа добри намери, ама за жал гледаме дека не е така. Ова за политичарите важи, обичното население може дел да биде нахушкано ама веќе и тие знаат дека се манипулирани заради политички поени. Отсекогаш имало населби каде си живееле сите без проблем. Дојдоа политичарите и почнаа етничките проблеми. Ептен отидовме на страна од темата.
Значи не се економски причини? Епа колешка ми има бизнис, станови, куќи, ресторан, којзнае колкави заштеди имаат по банки, па зема пасош оти „не барал ни леб ни вода, да стои“, епа тоа бара Бугари во Устав, целосно менување на историја, бришење на нација, држава, комплет бришење на се, настрана голем подбив, дебело заслужен. Биди си искрен, продаденост е и тоа голема, не економски причини. @NoirSerpentine Тузи е албанско и комотно можеш да го споредиш со Тетово или Дебар и слично и за Црногорците е во отпишаните. Ние сме далеку полоши од нив, далеку. Обичен Црногорец не продава така лесно куќа, свесен е за намерите, е сега во згради кој каде сака ќе си купи од инвеститор. За превозници, знам дека има босански, јас се возев со едно Авто Алија, така нешто, кое вози од Тиват до Рожаје. Јас во Подгорица не осетив нешто дека има многу Албанци, што не е случај со Скопје. Музеите им се средени, варосани, овдека се распаѓаат, една фасада не можат да сменат 100 години.
Не е така, ова од тамошни луѓе го дознав, а и од нешто имот што имале познаници таму. Истиснување на големо е, далеку од соживот. Не само двојазичност туку и само албански има делови, нешто слично како и кај нас. Не знам за декларации ама кај нас многу уназадија со декларациите, ништо не се чита плус постојано нѐ ставаа во посебни кластери дури и производни погони што има во Македонија сега некои од нив мора да увезуваат бидејќи повеќе им одговара така за декларацијата на амбалажата (зошто не лепат сите хартиени, тие па не се ни читаат). Плус се на цела територија. Не знам дали на друго место е така, за Македонија неодамна разбрав дека ако не биле роднини, албанците не смееле да го продаваат имотот на друг. Значи купуваат од македонци ама само на свои даваат. Ова ми беше многу чудна информација. Ама повеќето си молчат за ова бидејќи е во нивен интерес. Дури тогаш ми стана јасно колку си се држат меѓусебно. Македонците не се лојални. Нормално е дека се гледа поевтино ама за десет денари бришат лојалност. 2 маркети еден до друг, сите одеа во новоотворениот што било 5 денари поевтино и овој другиот затвори, а исти производи. Има многу македонски бизниси, ама албанец не оди кај Македонец за десет денари поевтино ама Македонец и те како ќе отиде кај Албанец (и сето ова немаше да биде страшно ако немаше дискриминација). На едните не им е важно, ама на другите и те како им е да си пазарат кај „свој“. Плус искуството затворање на дуќани со македонски газди ама во албанско подрачје. Ова не ми е измислица. Никогаш не гледав така на работите и никогаш не ми било важно, дури и се залагав многу да не се гледа кој од каде е, ама ова неодамна го осознав и дефинитивно постои. Стана и многу поизразено во последните години. Не велам дека и македонските бизниси се некои безгрешни зошто сигурно не е така. Ама пак ќе повторам, да имаше поинакви политичари - и македонски и албански кои ќе се залагаат исклучиво за добробит на сите, ништо од ова немаше да биде така. Тие се најодговорни и тие ги прават ваквите поделби. Сакаат да направат држава во држава. Нелегално прават албанска академија на науки и уметности, Таравари вели дека морало да има и албанец истражувач и уште многу други примери. Дали еднаш се слушнало едно нешто добро да се каже од албанските парии за македонците? Никогаш! Секогаш дека албанците се понижувани, невклучени, дека се кревале етнички тензии, а тие се оние кои ги прават. Ништо добро за македонскиот народ.
КОЈ му дава за право а и онаква храброст на Ахмети да се заканува јавно дека ќе ја дестабилизирал државата и плоштадите ќе биле преполни со демонстрации ако уставен го чепнел законот за јазиците?? Нели овај беше осудуван од Хаг за воени злосторства, до кај е постапкава. Добро американците зарем ќњ му дозволуваат да прави дестабилизација внатре и да го наруши системот на НАТО членка? Шо не го свикаат малце на пеење во Кале. Јас не знам и нив како не им се смачи да ги слушаат истите муабети за тие чизми, пантоломи, униформи дека им биле при рака.. Ова го кажува само лабилна личност. Многу храброст собрал некако на стари години. Нека не заборава дека 2001 го извлекле странските служби.
Вчера на дебата на Канал 5, Јованка кажа дека со овие трендови ќе мора да се зголеми старосната граница за пензионирање. Го обравме бостанот, на старост со еден куп дијагнози ќе треба грбави и болни да работиме нешто, ако воопшто најдеме работа.
Македонија оди по чекорите на западот, таму еве на секое ја зголемуваат старосната граница, ама ние и Германија на пример не можеме ни малку да се споредиме, кај нив скоро сите доживуваат 80-та или 90-та година па понекој и 100-та, кај нас ретко ќе видиш постар од 80 години.
Јованка со нивната политика во 7 години како власт ја уништија Македонија така да добро е и тие што останавме во Македонија
Да, повеќето европјани имаат по 80, 82 години просечен век, кај нас е 74 години, а и пензиите и онака се мизерни и населението е доста болно, погледни ги дека до 50 години имаат сериозни дијагнози, кој кичма, кој дијабетес, кој висок притисок, кој реума. Ако на 50 не може да работи, како ќе тера до 64-65 без примања? Кој ќе го издржува тој човек? За да земеш инвалидска, треба сериозни дијагнози и таа пензија е помала од другите, како социјална помош. Добро, што даваат социјална помош на кој стигнат кога немаат пари за пензии јас не знам. Скрати социјална помош и чао, нека се снаоѓа секој здрав и прав.
Denes citam Minimalnata plata ja zgolemile vo Bosna od 300 na 600 evra mesecno.! Crna Gora 750 evra Pa neli e Mizerno niije da ostanem so minimalec so 450 evra ? Vladara treba da iđ dade nekoi privilegiji za time sto prijavuvaat i da se pokaci Sega pred nova godina na 500 evra za da Mozat gragjanite da si slavime pristojno praznici te Sramota samo ona da se bogatat so djipovi na smetka na rabotnikot!
И јас истото го помислив. Нашиот минималец не е 450 евра и догодина нема да е толку, туку сега е 22.500 денари, а догодина ќе се покачи околу 2.000 денари, значи 24.500, ќе биде 410 евра во март дури, значи во април работниците ќе земат толку, што секако е мизерија. Босна ќе има минималец над 600 евра, еејј боже приказната дека Босна е бетер од нас може да се прогласи за умрено, ние сме бетер од Босна. Таму 3.5 години имаше разорна војна, со 200.000 жртви, па еве ги, пред Македонија се со плати. Значи ние сме екстремно затуцани, екстремно, невредни за коментар дури. Заклучок, со овие плати ние ќе можеме да се шетаме само до Кратово, К.Паланка, Виница, за нас Будва одамна е скапа, сега и Сараево ќе биде скапо или било кој босански град, оти види им ги платите, ќе им растат и цените, а тоа што стоиме во место, е наш проблем.
За жал тоа е веќе реалност. Во многу компании се вработени еден куп пензионери на договор на дело, оти пензиите не им стигаат. Со тие пензии едвај сметки плаќаат. Исто така, се зборуваше неодамна, дека пензионери да имаат поволности за вработување оти наводно немало друг кој да работи.