Секако дека Македонецот е крив. Ахмети ти е роден во Зајас, кичевско, не во Париз, Рим, Берлин, Вашингтон, како што инсинуирате дека се „донесени“ од некаде, не се и зошто тоа село е албанско повеќе од еден век? Како тоа е нормално? Како тоа Македонецот не е крив? Криви се Македонците што кажуваат дека Зајас е Македонија, ама не биле способни да го следат Ахмети во 2001 година, криви се тие што се фалеа го имале на нишан, а не го ликвидирале во 2001 година. Вас ве гледам тука многу сте критични за држави што имаат силни тајни служби, ги дискредитирате, не чинеле, а Македонија имала ли тајна служба? Новинарот Гајдов минатата недела на Само вистина кажа дека израелски генерал го прашал како е можно со 10.000 вооружени лица да изгубиме војна во некои си терористи? Еве вас ни Израел не ви чини, геноцидни биле, епа немој со двојни аршини, поддржуваш терористи во Газа, се палиш на Чеченци и Хути, еве ти, плаќај сметки на малцинства, даноци. Нормално дека црно ќе ни се пишува, Македонец освен да трча по казина, брзи кредити не знае друго, евентуално жената му да ја тепа и да се начука, овие прават по најмалку 3 деца. Па види на попис дека секаде се појачани. Проблемите потекнуваат од немање народ, страв, немање свест, ароганција невидена. Ти приметуваш дека Зоран Милановиќ лобира сите да го признаат Косово? Кажи ми зошто Милановиќ лобира за нив, а за нас никогаш не би лобирал? Не не поддржа за почеток на преговори. Зошто? Американец е Милановиќ? Зошто Бошњаците ни се смеат дека нема ние што овде да кажуваме желби, оти во Македонија 40% биле Албанци по нивно, па дури има и Срби што сметаат дека во Македонија има повеќе Албанци од Македонци. Бошњаците и Србите се Американци? Си бил некогаш во Дебар? Знаеш од кога се Македонците малцинство? По вашите фантазии на форумот, народ ич не треба, еве ќе прогласиле дека Сегедин во Унгарија е наш, битни се фантазиите, не реалноста. Требало во 2001 година да го решат Ахмети, ама гледам здрав, прав, влакно не му фали, и така е затоа што ни тогаш ни денес Македонците не си ја сакаа државата и не сакаа да ја бранат. Сега е бетер од катастрофалната 2001 година и Ахмети знае, плус Албанците територијално, демографски, институционално се проширија многу оттогаш, и Македонец може само да молчи, нема избор никаков. Евентуално да бевме спремни како Словенци, да направевме јака економија, средена држава, да влезевме во ЕУ, ама тоа е мисловна именка за нас, немаме капацитет ни 10% како Хрвати и и Словенци, другото е тешење. P.S. Кој народ освен македонскиот има запалено амбасада на велесила и има каменувано три други за комшијата? Ај што во Европа нема таков пример, ни во свет нема. Дури ни џихадистите не правеле така.
Еве му нова мисија на Панче Клошковски - Во следнава година да испотресе све и секого што издавал лични податоци вамте тамте, да смени начин на изработка на лични карти, така што ниеден жив нема да може да направи фејк копија и да постои соодветен начин во банка и секаде каде мора да дадеш лична карта да се провери легитимитет, како што се прави со пари. Или што год да е, само да осигура дека наши податоци се максимално заштитени. МВР се криви за ова колку што се и финансиските друштва. Ама неее, Панчета ќе ве тресе вас обичните смртници дали имате Северна на возачките.
На една од националните ТВ, перат мозок на народ, тоест само прости, ептен прости можат да веруваат во тоа таму што се зборува. Е сега, денеска ќе го викнат Панче, утре некој друг министер од ВМРО и самите со себе прават муабет, се фалат, кажуваат како за овие 6 месеци имало многу промени и уште зборуваат за Заев. Па Заев одамна е обичен граѓанин. Инаку, овие злоупотреби со податоците, да те заглави некој да плаќаш илјадници евра, а не си земал ни денар, значи не знам која опција е поарна, да отидеш да им спалиш канцеларија на тие ФД или да продадеш имот, да се откажеш од македонско државјанство и да не се вратиш тука. Жената со години работела две работи, трпела стрес, а тоа чини здравје, ако има деца, сигурно детета и тепеле за да плаќа долгови на мафијаши. Тој што ја задолжил ти е невиден штетник. На ова време кога секоја будала отиде да работи во Хрватска, Германија, ти да главиш некого со брзи кредити. Не е токму ни тој. Никој не кажа тука ништо за него. Кој е, што е, од каква фамилија е? Некоја јак „домаќин“, воспитан во „семејни вредности“, а такви како него има многу и затоа државава е на ова дереџе. Мрзливи, порочни, глупави, не им се работи, криминогени, само мисли да лаже, краде.
Јас пак на темава, за македонските пеачи дури не се ни исплаќаат парите, ама затоа на шундот и кичот што доаѓа од бившата им држава со задоволство ги исполнуваат сите желби. Какви одроди се собрани во партиите мајко мила... Се огласи Елена Ристеска: Потценувањето мора да престане - секој пејач треба да биде платен
Пред околу месец дена падна настрешница во железничката во Нови Сад. Умреа многу луѓе. Народот бара кривец и излезе на улица да го искаже своето незадоволство (односно западот го турка Вучиќ во амбис, бидејќи не е повеќе послушен).
Тенка е линијата за одлука. Можеби ако ги дигнеш у воздух сосе канцеларија ќе настрадаат невини работници ама подобра одлука ќе биде да ги здрма тие горе во однос да го привлече потребното внимание за сериозноста на ситуацијата. Ако си заминеш од тука, ништо не придонесуваш за да потпомогнеш во изнаоѓање на решение
Одиш таму, го фаќаш за врат вработениот, го тепаш, му нанесуваш телесна повреда, нешто за што тешко дека ќе ти дадат јака казна затвор, со оглед на фактот дека за убиства лежат по неколку години. За мене ни вработените не се невини, не се малолетни, знаат што прават, еве нас дома не манијачат, 4-5 пати се јавуваа да бараат податоци од еден дечко што е 5 куќи од нас и должел пари. Да му пренесеме, бараат информации од нас. И вработените се соучесници во криминалот, имаше во црни хроники дека и самите вработени во ФД давале кредити на пријатели, прибавувајќи туѓи податоци на фб лажејќи ги. За таквите шут карта при следно вработување. Да не им се дава работа. Сите измамени требаше досега да отидат пред Влада и да не си одат дома дури не се реши. Ако власта е толку добродушна кон брзите кредити, еве министерите, пратениците нека ги платат тие долгови настанати од нигде никаде.
Како би ги прокоментирале изјавите на министерката за финансии на нашата земја дека вториот пензиски столб е непотребен и можно е да се укине? Или малтене паралелната изјава на премиерот на нашата земја дека граѓаните сакаат да работат и во недела, па треба да биде работен ден? Или исто така уште една бисерна изјава во ист ден од страна на министерот за внатрешни работи на нашата земја дека граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и луксузното возило, па најверојатно затоа успеал да побегне?
@Ahoy ако го укинат вториот столб, оштетени и измамени ќе бидат вработените. А пари во ПИОМ немаат, и тоа не е моја вина како осигуреник, нека си ги „ловат“ браќата што дуќани имаат, а каса немаат. Македонецот допрва има да осиромашува, просјак нема да му е рамен. Туку нов Заем од ЕУ ќе земаат, 535 милиони. Ужас, поголем ужас здравје. Брзите кредити исто се од времето на вмроните, од времето на Ставрески. Ужас, пропаст. Ја гледавте ли Гордана синоќа на Само интервју? Си кажа Албанија и Црна Гора не биле подобри од Македонија, не напреднале. Која ароганција е тоа, исто како што обичниот народ е арогантен. Гордана немаше авион да отиде во Париз, ама Албанија и Црна Гора не напреднале според неа. Абе си плачеме за нови вета, со боринче си ги бараме. Не заборавајте, Црна Гора годинава и претходно пожари ни има гаснато. Тури пепел на тоа дека Македонија, Македонци знаат да бидат пријатели да почитуваат некого.
И плус Црна Гора се понуди во времето на короната, нашите државјани да ги донесе од Турција, ама тие се премислиле нешто, не се реализираше летот. Ние на Црна Гора не сме помогнале никогаш, за ништо, а тие се држава со население колку едно Скопје. Гордана сега скоро беше во посета на Црна Гора. Не се срами да каже дека Црна Гора не била подобра од Македонија? Со кое право? Таа оценува во Брисел? Во кое својство дава таква оценка? Епа кога ќе зборувате за лицемерие, ова е пример за лицемерие. И Мицкоски, му избега косоварот од УЧК, па отиде на Косово и се пофали ние меѓу првите сме биле кои сме покажале што е Косово, а после оди на вински саем, пие вино со Вучиќ. Лицемерие, а за осудените во Монструм ќе прашаат некогаш? Како беше, Македонците не биле криви за ништо? Овие не се Македонци? Албанија и Црна Гора си имаат амбасадори тука, треба сега по една протестна нота и закани за вето, оти девалвира напредок на туѓи држави.
Приметив колегиве од жолтиот веќе отвориле тема и веќе се кинат за локалните, да си отвориме и ние една или рано ни е?
Najmala minim plata imame vo regionot! Trosocite na život se zgolemi mora i platite da porasnat! Premnogu narod se ukrade i ovas vlada e dolzna vo kasata da vrati i da se pomogne so pridonesite ili fiskal politika za da se zgolemi plata! Na ovie uslovi min treba da bide 500 evra! Treba i rabotodavcite da imAat svest ako sakast pokvaliteten rabotnnik! Plata min da bide najmalce 500 evra! Kade enGrubi,do kade e konfiskacija na imot na tie sto ukrale od budzetot?
Зошто никој не коментирате дека еден наш државјанин загинал во Украина, борејќи се за Русија, а друг ќе му судат? За плата од 3.000 евра. Ппаапапапп, која алчност, а да го тераш да си ја брани сопствената држава, нема тоа да го прави. Како сме чисти и невини бре? Овие или се Македонци или некои Срби од овде, па се заминати преку Белград. Ете ти и некој познат српски четник загинал во Курск. Какви губитници, истите постојано се маваат во гради ќе оделе на Косово, а ваму загинал од Украинци во Курск, во Русија.
Претставничка од Организацијата на работодавачи се побуни за покачување од 1.800 денари, 30 евра еј. Босна зголеми минималец за 300 евра, овие за 30 евра се ценкаат. Ако се проблем 30 евра, нека затворат фирми и нека бидат работници и тие, а не газди. Скоро гледав едно јутјуб видео од странци за трошоци за живот овде, па ни се смеат кога ќе ги видат трошоците, и кога ќе споредат плати. За жалење сме, нормално. И во Сараево, недвижнините се доста поевтини по квадрат од Скопје. Ова во пракса ќе значи, ако одиме во Босна да се шетаме, ќе се осетиме како копуци, ќе се стискаме дали да ги купиме сувенир, храна, скапо ќе биде според растот на платите, ќе растат и цените, а ние заостануваме. Во пракса, босански граѓанин полесно ќе си купи имот за разлика од македонски во Скопје.
Lugje sto ke se pravi so zagaduvsnjeto? Mnogu nezdrav vozdzh imame i mora vlastite da pocnat nesto da pravat! 20 godino po Edna cevka da se stavaat drzavava ke ni bese gasificirana,! Nema se iste od starovremsko da se Great opstinite na mazut! I zgradive treba da se zabranat da se gradat i toa se ugusivme! Ziva katastrofa sme!
Синоќа Скопје беше најзагаден град во светот, заедно со градови од земјите од БРИКС, Индија и Кина. Ниту еден европски град во првите 10, дури ни во првите 20, евентуално во првите 20 се Сараево, Белград, Приштина, градови на европско тло, ама надвор од ЕУ. Сега проверив, само Сараево е во топ 20 од европските градови, на 18-то место, друг европски град нема таму. Се се тоа градови од Индија, Кина, Пакистан, Киргистан, Виетнам, Бангладеш. Море не тешко да дишеме, да се гушиме, со овој воздух, има да закачиме пневмонии, канцери ќе умираме од болки по дома, здравството ни е катастрофа.