Искрено да ве прашам, ама да не се лутите. Колку од вас што коментирате за загадувањево бевте минатата Сабота на протест?
Јас уште се чудам што видоа толку фасцинантно луѓево во Панче. Импресиониран од големината...можда му го извадил од гаќи па го импресионирал, друго не ми иде у глава стварно.
Скоро никој нема одговарано за ништо за тони криминал 34 години во Македонија. Aко само прекин на преговорите му е мајката, директно да кажат „не бива од вас држава, мавнете се, не замарајте, и чао“.
На толку петарди, огномети… и додатно вчера со оганот сами сме криви за воздухот.. Очекуваме од власта решение а народот 99% го загади воздухот овие 6 дена.
Никогаш од власта нема да има решение, бидејќи тие ги диригираат загадувачите. Дпне е исто што е сдс. Нема да го решат загадувањето.
Народот нема општествена одговорност. Фрлањето на петарди е казниво со закон, значи сите тие што фрлаат петарди и ви се чини дека е нешто штосно, кршат закони и треба да бидат казнети. Тие што палат оган при вакво екстремно загадување, исто кршат закони и треба да бидат казнети. Со други зборови, пола комшилук и пола држава ви се нелојални граѓани кон државата, кршат закони, општествена свест и одговорност нула, одговорност за своето здравје, нула, башибозук, што ќе им текне, тоа прават. Не се разбираат од збор, добро би било да добијат по некој пендрек и ќе се разберат после.
Никој не пиша за Мијалков. Си ужива човекот во Монако. Како си го крадат народот. Кои штетници. Какви изроди. А цело време пишувате за странски политичари, оној наводно онаму имал имот, овој наводно покрал, некој наводно ќе бегал, за нашиве некако како нормално е некој да покраде, да не лежи и да јаде, пие, по странство. Големите Македонци - овие не се „сатанисти“ според вас. За мене се и повеќе од тоа. И тие се одговорни за оваа мизерија во која е Македонија. Толку мало државиче, а толку криминалци, се чудат што да покрадат и каде да бегаат, а после некој странец ќе ти дава пари да си правиш веце во школо. Мизерија, невидена.
Една Америка не е способна да се справи со пожарите кои и се сконцентрирани само на одреден дел, после @Tanjamm ќе плука по Македонија оти не се справувала со пожарите кои ја зафатија на цела територија... Од како не им помогнаа ни хидрантите на крај се помолија кај Мексиканците и Канаѓаните за помош. Продолжува битката со пожарите во Лос Анџелес, огнената стихија продолжува да го уништува градот
Ние со гранки гасиме пожари, баш е добро што се тешиш. Па и дури мислиш дека е ок да не можеме да гасиме пожари. Сега првпат во живот читав за тој розевиот прав што го користат во САД за гасење на пожарот. Немам видено такво нешто овдека во регионот, дека сме напредни и сензајковци. Патем, луѓето од светиниколско што останаа без куќи, никој уште ни проценка на штети не им направил, не па да ги обештети, па и зборите бе. Си ликувате.
Vladata da pomogne za da ostanete pridonesite isti za početno funkcioniranje na firmite a da se pokacii minimalecot na 500 evra! Treba da se ima svest i za rabotnickata klasa koja treba da prehrani cel mesec! Nivnite plati se pogolemi no treba da se gleda za rabotnikikot.Sramota e!
Вчера еден Албанец од коморите, кажа дека во Косово, на 1.000 евра плата придонесот бил 140 евра. Ама Косово има просечна возраст под 35 години, кај нас е над 44 години, што е ужас. Грујо фрлаше пари за наталитет, ефектот кој е? И за брзите кредити, има во подкастот на ИРЛ, истите се набркани од Косово, откако запленувале депозити на граѓани, а во Албанија исто им одземале лиценци. Значи ние сме бетер, штом не преземаат мерки.
Не можат да ги избркаат брзите кредити, бидејќи државата има голема корист од нив. Лапаат и они пари.
Епа штом е така, а веројатно е, што пискаме дека сме биле спремни за ЕУ, а во суштина државата стимулира криминал? Ако е така, зошто косоварите да не се исмеваат со нас и да не наведуваат како негативен пример, во стил како нашиве што се повикуваат на Босна. Зошто некој косовски политичар да не рече „ние сме поспремни од Македонија за во ЕУ, еве на брзите кредити им одземавме лиценци за незаконско работење, а Македонија го прави обратното, им цвета криминал, даваат кредити на украдени лични податоци и власта си молчи“. Вака ако кажат, ќе биде скроз точно.
Лично гувернерот на Косово веднаш отишол да разговара со брзите кредити, зошто запленуваат депозити на граѓани. Го има човекот во подкастот на ИРЛ. Тоа е грижа за граѓаните. Македонија како да нема гувернер. Масовни измами на секој чекор, сите примаат плати во некои скоро па измислени институции, ама па никој не е надлежен. Дно.
Кај нас државата го краде народот, а народот не реагира на тоа и ,,мудро" си молчи. Како сакаш после да имаме држава. Нека одат вака во Косово да прават нашите политичари, има во контејнер да ги напикаат.