https://24info.mk/makedonski-naviva...LS4GIZR_A-JhTfqinw_aem_T0wCx0bw659W5M8O9ZSPow Плукале, фрлале предмети. Да не се Холанѓаните, Србите и Турците, ќе нема кој да стапне во Охрид и да плаќа јадење и пиење како да е во Париз. Вчера гледав видео од Париз, во центарот на Париз јутјуберката си јадеше полжави во сос за 12 евра. Во срцето на Париз. Тоа е пристојна цена со оглед на нивниот стандард и со оглед дека биле и најпосетен град на светот во минатото. Види ги цените во Охрид. Цени до плафон, а просто секоја година гледам дека хортикултурното уредување е исто, ништо не се сменило за 10 години на пример, ако сум грешка нема ме коригираат охриѓанки. Јас имам гледано Мароканци како влегуваат во ринг да се тепаат оти боксерот Кахаб не победи, ама прво што ми текне кога го видов тоа беше „дивјаци“; „племе“. Скоро гледав кик - бокс, Чеченци во Србија, ај што двајца Чеченци ги победија Србите, ги раскрвавеа, испогребаа, искубаа, па со оние сурати мухаџедински почнаа да прават салта по ринг, да се перчат, да викаат „Алаху Акбар“. Ми се смачи да ги гледам, племе. Размислете си што за нас ќе мисли секој што ќе прочита дека Македонци плукале селектор и мавале со предмети. И може веќе да се смета дека по она тресење на навивачи на граница, забрана за знамиња со Голема Македонија, за Кутлеш во Хрватска, имаме уште една држава непријател. Можеа да ни бидат пријатели и логично би било да ни беа пријатели, ама секој непријателски гест, варваризам доаѓа за наплата, како на пример крволочното убиство на Денис Тот од страна на Македонци.
https://ekran.mk/dlum-gi-povikuva-s...da-mu-pomognat-na-umetnikot-zlatko-krstevski/ Зошто се дозволува воопшто да читаме за вакво нешто? За Пиво фест даваат пари на српски стриптизерки, а ваму некој ќе седи во темници. Зошто тие пари не ги поделат на локални уметници, не мора да пее српски пејач, нека пејат Некст Тајм, Каролина, Калиопи. Кај се пратениците од Прилеп што земаат огромни патни трошоци да помогнат со храна? Кај се? Себични се, нехумани, алчни. И зошто човеков не е вработен во секторот за култура во општината на пример? Поради другите себични и неписмени хорди што се вработуваат од дедо, мајка, татко, син, внук, во администрација, а уште не знаат правопис на мајчин јазик, бедници. И да, многу е бедно и крајно неодговорно на пример, град што нема асален тротоар, да даде 100.000 евра на Дино Мерлин, град на духови за Ден на рудари да плаќа 90.000 евра на Цеца, жена на убиец, лидер на паравојска и многу е мизерно да ја полниш со пари Северина, жена со основно школо, позната по порно, лош родител за што се влечеше во судови или да не вака се промовираат тие „семејни вредности“? Од друга страна спомениците од НОБ нема кој од графити да ги исчисти, скали паднати, ужас.
Уште му се потсмеваат во коментарите на јутјуб да земел нешто да работи, да им се пуштало видеото на студентите по ликовно...
Сериозно? Неписмени. Културно и општествено закржлавени суштества. Знаат ли колку дела треба за една изложба? Знаат ли колку дела треба за 30 изложби? Абе за овој народ, само турско, удри, мавај, барем ќе молчи, вака шири некој прост фанатизам, монструозност. Зошто не е вработен како наставник по ликовни, ако веќе има академија? Затоа што таму е само за мамини, татини синови, веќе пет колена едните исти биле работат во државно, тоест не работат, само земаат плата. Тој одел во странство, ја промовирал земјата, а плукачите не направиле ништо, ич ништо. Кој друг народ вака се исмева со уметници? Па само Македонецот што дреме по кладилници, трча по брзи кредити, смрди на пиво и цигари и цел живот го троши на раскажување глупости. А многу лесно можеш да западнеш во кризи, за два месеци, струја се исклучува, вода исто, и ако го изгубиш чекорот со плаќање на сметки, ќе потонеш.
Видов, барав, секаде има крајно негативни коментари, во смисла „оди копај, си трошел пари, а? кај ти се парите од изложбите?“. А од каде им е дека добивал пари за изложбите, првпат слушам за такво нешто, освен ако во странство давале некој хонорар, што секако ќе се потроши, не може да ти траат тие пари цел живот или да те збогатат. Луѓето се многу прости, препрости, ај што се прости, туку и мрзливи, можат со едно пребарување, да најдат дали сега некаде по светот за учество на изложби се плаќа хонорар. Имал некоја изложба во Јапонија, од светски калибар, добивал награди. Требало досега да го сместат некаде во државно, така да му се оддолжат за придонесот. Му пишале „оди келнер работи“. Човекот има 55 години, дали може да стои цел ден на нозе? Може има болки во кичма, од кај знаеме? Братучед ми на 45 години почна да има проблеми со нозе, вени, мачкаше мастови, примаше инјекции. Му пишале „па толку ти вредат сликите“. Абе човек, па колку и да му вредат, народов ниту се разбира од тие слики, ниту има пари да му плати. Прашање е кој од тие што хејтаат има да извади од џеб 2.500 денари да му купи слика. Додуша обични шкртаници се продаваат за 2.200 денари. Пред 10 години, за вселување купив слика за подарок, чинеше 650 денари, средна големина. И пак ќе кажам, многу се прости, и овдека доаѓале уметници дури и од Аргентина, лично разговарав со едни пензионери, беа на колонија во Пелинце, прават слики, се дружат, шират контакти, сместувањето, храната си плаќа општината, за авионски билети не знам, за сликите не им плаќаат, туку остануваат да ја красат општината и ЈП. И крајно, зошто во општина да работат, мајка, татко, син? Тоа не е имот на татко им. Зошто во просвета работат двајца брачни другари, исто партиски вработени? Што направиле било кој од тие надвор од границите на Македонија?
Еве ја вистинската слика на премиерот, тие од спортската сала вчера се масло на комуњарите. Мицковски се сретнал лично со Трамп, Иванка и зетот, а на внуците им однел по едно ,,најлепше жеље".
Утрово го гледав Гајдов на Тв, и праша зошто Орбан не ставил вето за Бугарија во шенген, да ја натера да не не уценува нас. Мххх, па не сака, нормално. Руското пионче ни даде кредитиче и гласаше против Македонија да почне преговори со ЕУ, за Албанија гласаше За, не истрижа како овци, тоест нашиве уживаа да се фалат како тоа станале овци на Орбан. Нашите се криви и власт и народ. А скапавте да го фалите Орбан, ви беше ретко паметен човек кога правдаше руски тероризам по Украина, ама не се сети на вас, не, јок. Вас би беше за тероризам да оправдате, да се ситите, не за Обран, а на Орбан му е за пари, не за вас. Сега откако Бугарија влезе во Шенген, и Србите ќе ни избегаат за транзит до Грција. Додуша едно веце нема на автопат, ама пак јадеа, пиеја во Валандово, свраќаа во Дојран сериозна бројка од нив, јадеа во гевгелиско, ама добро е сега да се најде некоја вест дека Бангладеш за едно 5 години ќе има раст од 5% и ќе влезе во БРИКС и ќе има нов светски поредок.