Па не сме ни тука од прв ред, ама барем е за нијанса подобро. Во странство обично тие што не знаат јазик ги вреѓаат, а овие се смеат и работат. Да не се разбереме погрешно, секој бара поубаво и дај боже да си најде и да му се погоди. Ама како е дојдено, нема некоја драстична разлика како кога порано одеа некои.
Па кој оди некаде каде што не знае јазик барем? Мислам да не се лажеме, не можеш без познавање макар основно на јазикот каде што одиш да очекуваш дека ќе те пречекаат со отворени раце. А тоа дали е подобро или полошо од овде може само да си се тешиме тие што сме останале. Кој отиде од моја генерација процвета. И сами велат не е идеално ама како овде не е.
Повеќето што ги знам одат, Германија пример. Не знаат да гукнат. Според мене треба човек да е спремен па да оди.
Моја колешка отиде и е таму скоро две години, и работи онлајн во Македонија. И не се адаптираше, сака дома, сака во овој хаос и претходно учеше германски и сега учи таму и пак не знае. Смета дека младоста поминала, сега тешко се оди, тешко меморира, а има 44 години. Јас лично не би отишла никаде ако не знам јазик, без јазик не, затоа што тоа е основа на се. И колешкава нема да се врати само поради иднината на децата, да живеат во посредена средина. И нема логика барем за мене, да седиш во Германија, на тој стандард да земаш македонска плата. Тоа е жртва за иднината на децата. Со мене на курс по германски одеше еден дечко, 3 месеци таму, 3 овде вози такси, и ем таму престојува, ем пак не му одеше со германскиот, а професорката се чудеше. И шуто и рогато отиде во странство, не се чудете дека не знаат јазик. Ич не ми е чудно ако некој во странство ги навредува нашите што не знаат јазик. И ние овдека наредуваме што некој не знае македонски, а македонскиот не е светски јазик, ниту Македонија е перспективна држава. Ако сме реални, па и нецивилизирано е да се летнеш некаде како мува без глава, а не знаеш да гукнеш, тоа е само алчност, а да не се понуди ич ништо, да не се потрудат ни јазик да научат, посебно во ова време кога и онлајн има курсеви за без пари. А богами и во Македонија не сме граѓани од прв ред, не се знае кој пие, кој плаќа.
@Tanjamm ама па и не е тоа работата, колку да се каже еве Германија сум. Лично, не признавам јазик кој се знае до А2 максимум. Ако не знаеш до кај Б2 буквално не ти вреди. Еве и Германија, да работиш по струка ко од ракав првата реченица е Б2 дека ти треба. Што значи многу наши губат години за да стигнат до некаква посакувана работна позиција. А тука замисли да работиш веќе по струка, да го имаш и пример Б2 германски, па не ти ни треба Германија зашто слободно можеш од дома да си подработуваш. Да не зборувам за другите јазици. И едно време бев за тоа да се жртвуваш (скроз смешен збор ми е сега во овој контекст!) за идни генерации иако сметам дека не треба на готово. Ако самата пример се трудам да (си) овозможам солидно живеење, така треба и децата. Сметам дека многу повеќе вреди да му се пренесе искуството, предизвиците отколку да печалиш (немам ништо против создавање материјално, но не до степен да ми биде таа смислата на моето живеење) деноноќно. Јас верувам дека Македонија може да е уште подобра, ако на функции доаѓаат квалитетни луѓе со крајно здрави морални вредности. И има многу такви индивидуи, само треба да се тргне ова корумпираново. Барем овие протести ми враќаат надеж дека може да се коригира, ако се доволно конзистентни. Ако сите бегаме, на крај и во својата земја ќе сме туѓи и.. не знаеш каде припаѓаш. Чисто за споредба, истите работи кои се случуваа(т) кај нас, веќе ги гледаме и низ соседите, па дури и Германија. Убиства, небезбедност..за ова сме на исто рамниште. Ама, ако сите се трудиме да исправаме некои криви дрини, секако дека ќе сме подобри од сега. Барем самата гледам да делувам каде можам.
Моја братучетка 5 години живееше во иста куќа со познати од Македонија и непознати луѓе од Босна, Бошњаци муслимани, и учеше јазик за да сега се среди колку толку со куќа земена на кредит, ама па и друг роднина им живее со нив за да делат сметки, а и тој сам не може да плаќа кирија. Значи пак е тоа некој компромис. Замисли 5 години таму со семејство, па ќе ти дојдат твоите, па тие од Босна ќе довлечкаат роднини, свекор, свекрва, што секако не е лесно и не е пријатно. Јас не би сакала да живеам 5 години со маж, дете, и со некои познати и непознати, ама ете некој така направил и веројатно тоа го прават за доброто на децата. Јас не прашувам, мене Германија не ми е сон ни туристички да ја посетам, не па да живеам, ама па многу се фалат и лажат непрашани, ретко кој ја кажува вистината. И се фалат многу. Ќе ти каже некој „земам плата од 5.000 евра“, а толку висока просечна плата нема ни во цела ЕУ.
Ова е веќе до човекот, до каде е желен да прави компромиси. Можеби и нешто над тоа(?). Сфаќам дека животот е скап и влечат кириите, но вака не треба да се прифаќа. Барем не по цена на личен мир и простор. Ама ако така одлучиле, ако тоа им е подобар избор од тука, зошто да не. На крајот, сами си донеле таква одлука.
Директорка на јавна здравствена установа им забрани на новинарите да и' го спомнуваат името. Преку соопштение. Директорка. На. Детска. Клиника. Дали да се смеам или да плачам, еве не знам. Повторувам, д и р е к т о р к а. И докторка.
https://nezavisen.mk/rechisi-1-700-makedonci-vo-2024-godina-dobile-bugarski-pasosh/ Ѓубриња. Читавте дека наша пејачка и актерката Валентина Божиновска договорија да одат во Софија на чествување на Гоце Делчев и тоа го организираше внукот на Делчев, Христо Христов, па откажаа, имало неогласувања. Тој внукот никаде не кажува дека е Гоце Македонец, не. Па не е ни чудо што не исмејуваат сите, и апсолутно ништо не е јасно за странец дали сме Македонци или Бугари, ич ништо не е јасно. И што ќе правиме кога еден ден скоро сите Македонци ќе имаат бугарски пасоши. И доста со тоа „економски причини“; тоа е оправдување за духовната проституција. Во Македонија дали има 10% од населението што не е продадено, што е чесно, што има талент за нешто, спорт, музика, што и да е, другото ги угушува успешно овие.
Treba Mvr ako saka da go pravi sejfsiti sto poskoro i na domasna adresa da se prajkaatkaznite i da ima pogolemi globi za tie bez vozacka da se zajakne sistemot,da se postavat lezecki policajci na pogolemite bulevari i naseljeni mjesta da se sankcionira sekoj službenik koji i da e na pozicija taka ke se jakne sistemot ne vaka bez kontrola !
Дечки што си ја мачите душата на темава , све е веќе видено ,истото истите пак го прават ,ништо на подобро ,од лошо полошо се случува ,ништо не бива скапана земја
Имаше пред некој ден еден статус, Македонија не е проблем што е Северна, туку што е неверна, ако пребарате ќе ви излезе на ФБ, е сега една Македонка кажува дека во Португалија некој продавач ја прашал од каде е, рекла Македонија, па тој поим немал, па барал на телефонот, па излегло ФИРОМ, па девојката објаснувала дека имаме ново име, Северна Македонија. Не е Македонија оската на светот, а Португалија не е на друг крај на светот, па ете не знаеле за нас. Тоа доволно кажува до кај сме со спорт, култура, напредок, туризам, развој, до никаде. Народов во Македонија цело време е во некој занес демек некој со нас се замара, што не е точно, немаме ниту една земја пријател, а и како би имале кога Македонците се единствени на планетава што ги навредуваат, пцујат, па и гроб им копаат на тие малку тук -таму некои пријатели.
Две работи - Македонците се најголеми поддржувачи на Палестинците, но и Трамп им е брат, а Трамп сака Палестинците да ги сели во Египет и Јордан, но тие не ги примаат секако, ама не се доумам дека Македонците со задоволство би ги примиле. Нека ги донесе во Македонија.
https://www.facebook.com/share/129u7i2Dt8d/?mibextid=wwXIfr Починал Игор Југ, на роденденот на неговата ќерка. Неколку часа 3/4 пред да почине има објавено статус. https://newz24live.com/igor-jug-sam...RYHAxbzB85xETYTzOA_aem_dca3u4U0BIz-aacB0tk0kQ