Лани ја запознав сопругата на Игор Југ. Жената не делува како лош човек, дури и има луѓе на кои им помогнала. Но, од нивниот пример, народов да изллече поука. Не трчај по партии, не лежи затвор за Грујо, гледај си семејството. Сега читам дека жената била и трудна. Колку што знам таа имаше веќе 3 деца, значи ова било 4-то, а претходно синот од првиот брак му почина. Никој не знаеме до кога ќе сме на овој земски свет, утре може да не снема, но секое дете плус е одговорност плус.
Шесто дете. Баш имаше пишано Игор чекам шесто дете.Е сега не знам дали имал он претходно брак и деца или од овој брак чекаше 6 дете.
Ивана имаше родено 3, значи ова нејзе и е 4-то, едното дете почина, тоа од првиот брак, син му, додека Игор беше во затвор, е сега ако има друго дете од првиот брак, не знам. Ивана е 15 години помлада од него. Не сфаќам. Не ги разбирам луѓето. За партија не треба да жртвуваш ништо, затоа што другите станаа богаташи преку партии, а сироти, баш мислев на некои ликови, да зависеа од тоа сами да се снајдат, леб немаше да имаат. А посебно ако имаш висок притисок, треба да се пази на здравје, строг режим, и самиот висок притисок е ризик за удари, срцеви, мозочни.
Го изгледав делумно поткастот на Игор кај Ландов. Тоа е снимено пред 8 месеци. Се надева дека претседателката ќе ги помилува, но тоа не се случи. Значи беа измамени. Кажа дека за 7 години, неговите 10 пати седеле без струја и никому не му било гајле. Е сега читав по медиуми, дел бил од криминални банди, а имал и пријави за семејно насилство, само не пишува од кога се тие пријави.
другар му е Мујо, а мислам дека и кум. Па сега ти види. Мене не ми делува на чист, дека ги изиграа е факт. Ама и дека влегоа со цел и тоа беше евидентно.
Мујо е кумановска легенда можеби и најголемата, беше припадник на лавовите. Останато ќе го оставам на субјективното мислење на секого, можеш сам да си дознаеш.
Не знаев каде, па ќе пишам овде. Знае ли некој нешто плус за предупредувањето од Велика Британија дека можно е да има терористички напади во Македонија? Сакав да си дојдам на некоја недела, ме фаќа страв, со дете сум.
никад чули или ја дека негледам тв , ама никаде немаше вакво нешто. Ваљда шпиуните знаат повеќе штом ве предупредуваат. Кај нас тука само се штрајкува, тоа е актуелно
Освен онлајн заканите за бомби деновиве за друг терористички напад не сум слушнал Сега брзо уапсија едни вакви кои заговарале терористички напади е сега што се крие позади тоа кој знае.
https://www.express.co.uk/travel/ar...-new-terrorism-threat-warning-north-macedonia Не знам, може не е нешо битно, ама па си нема играчки со вакви работи. Ајде, чешки ништо да не е.
Горан Георгиевски. За некои херој од 2001, за други воен профитер, рекетар, дел од криминалното подземје и слично. Наводно убиен е додека се обидувал да изнуди рекет од сопственик на угостителски објект.
https://zurnal.mk/predupreduvaњe-od-velika-britaniјa-zgolemen-teroristichki-rizik-vo-makedoniјa/ Најдов и на мкд портал, погоре постирав од англиски.
Да, да, имаше предупредување, ризик од тероризам. Сметајте дека ако ние немаме саглам тајна служба, другите имаат и знаат. Тие што се вратија од Сирија, државата ги уапси ли? Се кажуваме дека сме православна земја, ама па ќелии на ИСИС си имаме.
Не се опседнувај со ова, стандардно предупредување е. Нема ништо. Имаше акција во државава, фатија лица кои наводно сакале да извршат терористички напади. А, заканите со бомбите се детски глупости што ги има по цел регион.
Дали забележувате дека лошиве момци во државава секогаш имаат жени, па и помлади жени или се во втор брак? Тоа не е случај си многу фини, добри, чесни момци, кои пак не можеле ни да најдат кандидатка за брак. Чудно. Зошто е така?
Ќе бидам сега малку романтична Оти добриот момак ќе те жртвува тебе за да го спаси светот ама Лошиот момак ќе го жртвува светот за да те спаси тебе