Затоа што нудат илузија на материјална стабилност (но по која цена долгорочно?) Затоа што се водени од темните сили кои бараат можност за расплод, манипулација, вршење лажлива пропаганда (на пр. џабе се трудиш да бидеш добар, само ако си лош „ќе успееш„). Затоа што имаат кармички врзаности со партнерките од некој претходен живот, сега тоа треба да се намири, расчисти но најчесто преку поостапките во меѓучовечките односи само го дозаплеткуваат кармичкото клоче т.е. самите си програмираат лоша судбина. Затоа што нивните женски не се многу подобри од нив самите. Според духовниот закон на привлекување (сличностите се привлекуваат) тие нашле партнерки слични на себе т.е. лоши девојки, само што тоа со надворешната убавина но и козметички сјај (шминка, облека, креми...) честопати е замаскирано за недоволно будните луѓе (читај: мнозинството жители на планетава). Но делумно и затоа што тнр. добри момци, не секогаш се вистински добри - можеби не се физички агресивни и не влегуваат во директен судир со световните закони, но имаат нерасчистени работи со себе а тоа се одразува и на тоа каков магнетизам несвесно зрачат. Туку, прашањево во кој контекст е во темава актуелни политички настани?
Се сетив на Игор Југ и гледав поткаст со него кај Ландов, а ја запознав жена му, убава е, 15 години помлада е од него. Не ми е јасно како лошите момци се привлечни. Имавме една соработничка, убава, младолика, кажуваше дека е тепана од мажот, дека тој се губи, пие, а таа и маж и жена е дома, се на нејзин грб, па на мое прашање како го избрала него, одговорот на другата соработничка беше „ама нејзиниот маж во младоста бил популарен и фраер“, оофофоф фраер, пијаница и неработник. И за тоа се плаќа висока цена, се уништува животот. Повеќето криминалци во државава што беа судени, имаат жени, за разлика од некој добар и фин човек што останал сам.