Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.672
    Допаѓања:
    16.118
    Пол:
    Машки
    Тешко нас, не се нормални овие бе, сами побарале штетен отпад да увезуваат :|

    Пак дури и одлука од ЕУ треба да чекаме, ќе правеле проверка како ќе сме се справеле со ѓубрето нивно т.е. ни се исмејуваат во лице и будали не прават.

    Пу :doh:

    Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето
     
    Последна измена: 2 март 2025 во 00:31
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.858
    Допаѓања:
    20.002
    Пол:
    Машки
    Мизерија од влада, економската сфера не ми се ни коментира. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.212
    Допаѓања:
    12.973
    Мизерија е мал збор. Хаварија. Министерката синоќа пак нешто трескала на Сител. Каква некултура. Мицкоски вели вака нешто „јас 20 години не можам да напредувам, не оти не сум добар, туку поради билатерални спорови“. Пропаганда. Македонија е најсиромашна во регионот и пошироко, криминалот цути, затвореници бегаат од затвори, корупција во секое ќоше, Скопје е еден од најзагадените градови на светот, децата се страшно неписмени, со многу слаби резултати на школо. Судство, здравство, администрација, под нулата. И аматерски е да почнеш мандат со земање кредит. Така и јас би била премиер.

    Го прашуваат Максим што мисли за бугарскиот пасош на министерката Божиновска, вели самата требало да си каже. Истиот Максим што многу критикува, што се расправаше со Бугарите во Софија, сега па сама да си кажела и откако го напнаа за став на Вести, рече вака „ни права ни последна“. Арно, па што се буните дека Бугарија бара Бугари во Устав, се правите жртви, кога во суштина сте манипулатори и користољубци што се продаваат за пинтер во општина Пустец, пасош или гратис крвна слика? Нашиве политичари треба да бидат рендани во Брисел, 10 пати појако од Зеленски во Белата куќа.

    Плати не качуваат, одлична вест за газдите, лоша за работниците. Не знам дали го знаете Жарко Јовановиќ, стендап комичарот од Куманово, дечкото што совршено го имитира говорењето на Груевски, и нели снима видеа и ги објавува и некое чиче од ВМРО му пишал „многу се смееш, немој да плачеш кога ќе дојде Груевски“, демек хумор и сатира му пречи. Ќе му пречи, заостанат во камена доба и му враќам „тоа е хумор, не му се заканувај на дечкото“, ми враќа „Што е мори, мочло ти ли ќе ми кажуваш?“. Отворам да видам кој е, едно чиче. Е ова е просечен Македонец, срамота е вакви дури и во чекалната на ЕУ да примиш.
     
    На DS10 и Dominodancing им се допаѓа ова.