I sega policaecot sto se plasel da ne go udri pajakot posle krevanje na voziloto kje odi na disciplinska. Toa e mentalitetot "gulemci", tie "gulemci" nie "obicni smrtnici", toa e ogromna greska sto nekomu mu godi, zatoa kje vika "ama jas sum funkcioner, ne sum obicen covek". Ozbilno, ajde da vidime realno dali e taka, ispagja ne e. Edna nesrekja i site sme isti, steta ako takvo nesto treba da ne osvesti koj e koj. Zatoa sto nema gulemci, ima samo obicni lugje i normalni smrtnici i site se isti, sekoj raboti za nesto i nekogo. Se dodeka ne se krene svestta na toa nivo, nisto ne pravime.
Вчера на Твитер споделуваа видео на кое Викторија Трајков кажува дека граѓаните треба мирно да спијат, еве дел биле од „ново нормално“, имале лични контакти во САД, и слични фалби и на тоа беше монтирано смеење. Зошто самите Македонци што пукаат сеир на сите што се далеку пред нас, зошто сега не пишете „Трамп не пушти низ вода“, „Колку смотани испаднавме, сите ни се смеат“, „Поради царините ќе осиромашеме уште повеќе“. Зошто двојни аршини? Какви смотаници испаднаа, смешно до невиден степен. Вакво пукање во нога не знам кој си направил. И кој ќе понесе одговорност сега за таа промена на курс во надворешна политика за која согласност немаат од народот и доживеаја дебакл на прва кривина? Замислете да има војна во Македонија, каков став би заземал Трамп во однос на Македонија, само тоа замислете си го.
Одлична политичка одлука на новата Влада (поточно Собрание) да ги поништи политиките наречени "Мила Царовска" во основното образование, како и во законот за учебници. Претседателката мора и треба да ги потпише указите на овие закони, за основно и за учебници, и по нивното објавување во Службен весник да станат законот на земјата. Постепено, чекор по чекор, се поништуваат сите одлуки и законски решенија на радикалните штетници кои беа поставени на високи политички функции. Дури и дел од опозицискиот фронт се дистанцираше од овие радикални штетници со оглед на фактот дека нивните политики резултираа со политички дебакл на, тогаш, позициската партија. Тоа значи дека трајно ја загубија својата политичка сила, а со поништување на УСАИД, загубија голем дел од своите финансиски средства. Сега се што можат да прават е да пишуваат статии на социјалните мрежи.
Вчера се јавија да ни прават анкета на фиксен, Бранчето дали ќе сме го гласале за градоначалник. Како да не. Ни кадар немаат, никој не само ВМРО.
Нека не ве лажат по партии, дестабилизација му е мајката! На улица, на клоци и шуто и рогато. И судија, и министер, и градоначалник, и пратеник и следбеник. После сѐ што се случи изминативе два месеци, денес осудија убиец на само две години затвор. Две години затвор чини еден одземен живот. Седете си дома, ги казнуваме со тие 2% доверба во судството. Ги заболе нив колку имаме доверба... Битно пишувајте дека не е време за протестирање, Сорос е крив за се што ни се случува... Еј, а се кладам дека 90% немате појма кој е и што е Сорос, како викаше еден "ја сум тука за секој случај"... Така и мнозинството, Сорос е крив. Жалам што немав среќа да се родам било каде освен тука. Засрамете се професионални гласачи едни! Бруки!
Како можеше севернава до толку да се избрука светски и да гласа против резолуциите за Палестина??! Македонијооо, прашинко една!
Ај што Трамп не зезна, замислете сега да не зезне и ЕУ, нели ние со Трамп сме, јад и беда, ние до Трамп. Да ве потсетам, Александар Николоски пред некој месец, зборуваше како тоа Малта била дел од ЕУ, мала била, како била Луксембург и балтичките земји, мали биле. Сега во Летонија и Луксембург ни се лечат изгорени од пожарот. Најкритичните во Летонија, државата како Македонија, тој ќе спори како тоа биле во ЕУ. Ем шуто, ем ем ќе се боде, ем дрско, ем арогантно. Едно возило не купија за во Кочани, напротив донираа приватни компании. Јад и беда, ама уста како пештера, се знаат. Шират глупавост, фајде нема никакво од нив.
Извинете ама јас ептен се смеам. Што е бе ова?! https://www.slobodenpecat.mk/skanda...l3rFTVfL87WJA8t3LQ_aem_lSfz9YbgF0jSpa8HnA9J3Q
Како бе вака проверки правел каква е имотната состојба на пациентот Не 20.000 евра мито, туку 100.000 евра барал директорот на Геријатрија !!! Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а другото за помагање при извршување на тоа кривично дело. Првоосомничениот, како службено лице – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, во периодот од 19.03.2025 до 08.04.2025 година, во неколку прилики директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морал да го изврши. Поткупот го побарал од сведок во постапката – давател на доживотна издршка за лице кое боледувало од повеќе состојби и на кое по лекарски препораки и упатување му било потребно болничко згрижување во наведената установа. Кога сведокот се обратил во установата бидејќи состојбата на пациентот се влошувала, била известена дека пациентот е ставен на листа за чекање за прием. По неколку дена добила повик од второосомничениот, кој и закажал средба со директорот на Установата на 19.03.2025 година во вечерните часови во еден угостителски објект во Скопје. На средбата, првоосомничениот лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран, за што имал податоци и за недвижниот имот кој го поседува, па ветил помош за сместување ако биде награден со 100.000 евра. Жената-сведок реагирала дека тоа се многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка. На 03.04.2025 година била реализирана средба меѓу сведокот и помагачот, како лице во кое директорот имал целосна доверба, а на 04.04.2025 година повторно сведокот се сретнал со двајцата осомничени. Конечно било договорено сведокот да даде 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, а доколку првоосомничениот „со проверки“ утврди дека пациентот има и дополнителен недвижен имот тој имот да се продаде за да се обезбеди вкупно побараниот износ од 100.000 евра. Согласно овој договор, на 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на лице место бил фатен од страна на полициските службеници. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Чекајте сега не сфатив, шо изела Цеца? Нели сатот го чапнала, шо не би ме чудело, знае Цеца шо е добро и скапо
Затвореници барале дрога во топче, ама лажеле дека го барале часовникот на едниот и демек кучката Цеца го зела. А, полицајците класично мутави им поверувале и им помагале во барањето.
Ахх тенизчно Јас мислам требале прво да побараат кај господинот и директор Пандов, таму Цеца да не го однела
Оноа као филм според вистинит настан, ама обратно- вистинит настан според филм. Спојлер: Спојлер Башка ова не е мито, ова е изнудување, рекет.
Гага јадат пратениците, јадат "кучињата", само народот скапо плаќа и пак е гладен. Општина Битола потрошила 60 илјади евра за храна за кучиња! (Видео)
Куче никогаш не ми изело домашна, ама здравствената книшка, оние старите зелените што беа, така добро ми ја испартали, што и матичната секогаш ме зезаше за тоа Од кал да е, Цеца да е Цеца гарант одма го има намирисано "скапиот часовник", ама полицајците ко што ни се со ајкју 33, останатото е историја